Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Скопје 8 јули 2026 (МИА) - Македонската берза денеска и официјално го почнува проектот што треба да ги поттикне и подготви домашните перспективни компании за пазарно финансирање. Проектот е поддржан од ЕБРД врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка, а ќе се имплементира од PriceWaterhouseCoopers (PwC) Северна Македонија и PWC Хрватска. Во рамки на проектот, најмногу десет компании ќе добијат професионална и независна проценка на ...
8 јули 2026 Семос Едукација и MKJOB, AI платформа за вработување во Македонија, потпишаа договор за соработка со кој на студентите и младите професионалци ќе им овозможат полесен пристап до можности за вработување, практични кариерни алатки и информации за потребите на современиот пазар на трудот. Соработката е насочена кон подобра подготовка на младите за почеток и развој на нивната кариера, преку запознавање со вештините што ги бараат ...
Скопје, 8 јули 2026 (МИА) – Инфлацијата во Македонија продолжува да забавува. Трошоците на живот во јуни на месечно ниво бележат пад од 0,5 %, а со годишна инфлација од 3,4 % (јуни 2026 наспроти јуни 2025) Македонија има релативно пониска и постабилна годишна инфлација во споредба со поголемиот дел од земјите во регионот, кои веќе ги објавија податоците за овој месец. Иако уште е рано да се даде конечна оцена, експертите очекуваат трендот на ...
Скопје, 8 јули 2026 (МИА) - Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска ќе пристигне во Скопје да разговара за патот на земјата кон ЕУ и напорите за реформи, со фокус на спроведувањето на агендата за реформи во рамките на планот за раст за Западен Балкан. До денес земјата доби 142,1 милиони евра во рамките на Инструментот за реформи и раст по напредокот во спроведувањето на клучните реформи. За време на посетата комесарката Кос ќе се ...
Скопје, 8 јули 2026 (МИА) - Министерката за образование и наука Весна Јаневска и првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали, заедно со комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос ќе го посетат Државниот студентски дом „Стив Наумов“, каде се одвиваат активности за темелна реконструкција. На крајот на мај министерката Јаневска направи увид во работите на реконструкцијата на овој студентски дом. ...
Скопје, 8 јули 2026 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски вчера во Анкара, Република Турција учествуваше на повеќе активности и состаноци организирани во рамки на Самитот на Алијансата, меѓу кои и приемот за министри за одбрана, организиран од турскиот министер за национална одбрана, Јашар Ѓулер, Индустрискиот форум како и церемонијата за приклучување на Франција, Финска и Шведска кон Мултинационалната соработка за воспоставување на ...
Скопје, 8 јули 2026 (МИА) - Повеќе кантијанизам од макијевализам. Денеска би дакала да кажам дека мотото „Посилна Европа - посилно НАТО“ според мене значи дека проширена и обединета Европа е посилна Европа. Но, најсилната Европа е Европа што живее во мир и демократија базирана на принципи и вредности. Тоа е мојата порака - истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во кусата изјава за медиумите пред состанокот на Северноатлантскиот ...
Скопје, 8 јули 2026 (МИА) Виолета ГЕРОВ Сега имаме можност, што се случува еднаш во генерацијата, да го оствариме проширувањето. Ова доаѓа со јасни избори. Оние што ги исполнуваат своите обврски напредуваат. Ова го гледаме најјасно во Црна Гора и Албанија. Оние што не ги исполнуваат своите обврски, заостануваат. Во моменти на забрзување, застојот значи фактичко назадување - вели во интервју за МИА еврокомесарката за преговори за проширување и ...
Анкара, 8 јули 2026 (МИА) - Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски денеска на маргините на Самитот на НАТО во Анкара, се сретна со Том Берендсен, министер за надворешни работи на Холандија. Муцунски на Фејсбук објави дека со Брндсен разговарале за билатералните односи, регионалните и европските прашања, како и за партнерството во рамки на Алијансата Тимчо Муцунски е дел од државната делагација предводена претседателката Гордана ...
Скопје, 8 јули 2026 (МИА) - Договорете се, дајте ни текст и ние ќе го прифатиме, нормално, со вклучени препораки на ОБСЕ/ОДИХР и гласање на дијаспората, им порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на СДСМ и Левица во врска со измените на Изборниот законик. Тој ги оцени нивните реакции како политичка гимнастика и естрада. Одговарајќи на новинарски прашања по средбата со комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос, Мицкоски ...
Скопје, 8 јули 2026 (МИА) - Изминатите две години Владата покажа дека реформите не се декларативна определба, туку конкретна работа што се мери преку резултати, економски показатели и создавање подобри услови за живеење на граѓаните. Нашата цел е изградба на функционални институции, посилно владеење на правото, поефикасна администрација, конкурента економија. Тоа не го правиме зашто некој го бара од нас, туку зашто веруваме дека е ...
Скопје, 8 јули 2026 (МИА) - Еврокомесарката за проширување Марта Кос на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Владата денеска истакна дека Северна Македонија е една од земјите со најдобри постигнувања во делот на реформската агенда со исполнување на 10-те реформски барања, со исклучок на Изборниот законик. Сепак, рече таа, усвојувањето на договорените уставни измени останува неопходниот следен чекор за почнување ...
7 јули 2026 На Самитот на НАТО во Турција, Северна Македонија се претставува со делегација без ниту еден претставник Албанец, се вели во соопштението од ДУИ, што МИА го преенсува интегрално. Ова е одраз на политички менталитет кој ја гледа државата како сопственост на една етничка заедница, а Албанците само како внатрешен декор. Северна Македонија е мултиетничка држава и членка на НАТО благодарение на политичката архитектура изградена врз ...
7 јули 2026 Успехот на Либерално-демократската партија (ЛДП) на меѓународна сцена веќе дава конкретни и брзи резултати во директна заштита на интересите на македонските граѓани. Само еден ден по завршувањето на Конгресот на АЛДЕ партијата во Виена, каде на предлог на ЛДП и сестринските партии од ЛИБСЕН со огромно мнозинство беше усвоена Итната резолуција против малтретирањето на ЕУ-границите, Европската комисија официјално најави воведување ...
7 јули 2026 Вчера беше потпишан договорот со историска тежина за финансирање на втората делница од автопатот Скопје–Блаце, во вредност од околу 200 милиони евра, рече Калтрина Зекољи од ВРЕДИ во изјава за медиуми, што МИА ја пренесува интегрално. Оваа капитална инвестиција става крај на една долга голгота од лаги, одолговлекувања и празни ветувања. Со години, патот Скопје–Блаце беше симбол на разочарувањето и на предизборните ветувања што ...
Куманово, 6 јули 2026 (МИА) - Пожарот што денеска избувна кај месноста „Прмакови ниви“ во Куманово е изгаснат, информираа од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ). На терен интервенирала една противпожарна екипа со две лица, а горела сува трева. Пожарот кај месноста „Прмакови ниви“ е локализиран и изгаснат со брза интервенција на кумановските пожарникари. -На пожарот е интервенирано со една екипа, едно возило и двајца пожарникари. ...
Дебар, 6 јули 2026 (МИА) - Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, денеска престојуваше во Дебар, каде заедно со градоначалникот Фисник Меља, одблиску се запознаа со градежните работи во изградбата на булеварот во населбата „Венец 2“. Градоначалникот Меља изрази задоволство од текот на работите и убедување дека работите ќе завршат во предвидениот рок, за што се ангажирани две компании кои работат паралелено. - Проектот е еден од ...
Скопје, 6 јули 2026 (МИА) - Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва најави дека наскоро ќе има тендерска постапка за целосно сервисирање на жичницата на Водно. Тој уште еднаш нагласи дека до крајот на сезоната, жичницата нема да биде ставена во функција. - Ќе има постапка објавена за скоро време, тендерска, во која ќе треба да се сервисира целосно. Јас кажав дека до крајот на сезоната нема да биде ставена во функција. Ако ...
Скопје, 6 јули 2026 (МИА) - Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски смета дека со пуштањето на мостот „Генерал Михајло Апостолски“ и Градскиот воз, Скопје ќе добие поефикасен и побрз сообраќај. Како што рече вечерва во гостување на ТВ Сител, веќе се работи на адаптирање на линиите на Градскиот воз, кој треба да профункционира од септември. - Мислам дека ќе придонесе за подобрување на состојбите и намалување на сообраќајниот метеж во ...
Скопје, 7 јули 2026 Во рамки на проектната активност за санација и реконструкција на урбаната опрема, Општина Карпош направи замена на старите и оштетени реквизити на уште две детски игралишта. На детското игралиште кое се наоѓа на ул. Никола Парапунов обновени се клупите, поставени се нови лулашки и санирана е останатата урбана опрема во склоп на ова катче, се наведува во соопштението на Општина Карпош кое МИА го пренесува интегрално. На ...
Скопје, 7 јули 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска го посети домот на сограѓанката Снежана Чупевска, корисничка на бесплатниот „Сервис за стари лица“, за да се информира како се реализира проектот и какви придобивки носи услугата за повозрасните жители на општината, соопшти Општина Центар. Герасимовски во оваа пригода изјави дека во моментот услугата ја користат 73 граѓани, а вкупниот капацитет на ...
Новаци, 7 јули 2026 (МИА) - Општина Новаци изврши целосна замена на старите, оштетени и дотраени сообраќајни знаци на регионалните патни правци низ општината. Од Општина Новаци информираат дека активноста е реализирана во соработка и со целосна поддршка од ЈП „Македонија пат“ – подружница Битола, со што е зголемена безбедноста на патиштата во овој дел на Пелагонија. -Заменети се сите оштетени патокази со нови, а на локациите каде што ...
Битола, 7 јули 2026 (МИА) - Советот на Општина Битола донесе одлука за бесплатно користење и паркирање на јавните паркиралишта на ЈП „Паркинзи“ за лица со аутистичен спектар. Повластената паркинг карта може да ја користат на паркинг зоните Б1, Б2, Б5, Б7, Д1, Х1, А8, А10 и А2, одлучија битолските советници. Од Општина Битола информираа дека картичката е со важност од една година и се издава на барателот по претходно поднесено барање, таа не е ...
Скопје, 7 јули 2026 (МИА) - Град Скопје издвои финансиска помош од 1.200.000 денари за справување со последиците од земјотресот во Венецуела - објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на „Фејсбук“. - Скопје многу добро знае што значи болка по разорен земјотрес. Нашиот град ја носи таа лузна длабоко во својата историја, но ја носи и најсилната порака, дека кога е најтешко, човечноста мора да биде најгласна. По катастрофалниот земјотрес во 1963 ...
Куманово, 7 јули 2026 (МИА) - Привршува реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „11 Октомври“ во Куманово, соопштија денеска од Општина Куманово. Со проектот, вреден 24,5 милиони денари, (24.575.304,31) надлежните велат дека се обезбедува посигурно и поквалитетно водоснабдување за жителите. По завршувањето на градежните работи е предвидена целосна санација на коловозот и нормализирање на сообраќајот. - Со оваа инвестиција ...
Битола, 7 јули 2026 (МИА) - Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ (УКЛО) Битола, во соработка со компанијата МИКРОДЕЛ, реализираа иновативен проект за промоција со примена на холограмска технологија. Станува збор за современ и атрактивен пристап на презентација што претставува една од првите имплементации на холограмска технологија за промоција на високообразовна институција во ...
Скопје, 3 јули 2026 (МИА) Пишува: Дарко ЈАНЕВСКИ На стогодишнината од Младотруската револуција, во 2008 година, Фондацијата на тогаш моќниот Велија Рамковски, нè преплави со рекламни спотови во кои Младотурската револуција од 3 јули 1908 година ни беше прикажана како еден од настаните што водел кон денешната самостојност на Македонија. Почнало наводно од Илинденското востание, па преку Младотурската револуција, сè до Ченто и референдумот во ...
Меки, воздушести и вкусни, овие крофни се печат во рерна, па се полесна варијанта од традиционалните пржени крофни. Совршени се за појадок, десерт или слатко уживање со шолја кафе или чај. Состојки: 20 грама свеж квасец 3 лажици кристален шеќер 500 грама брашно за квасно тесто ⅓ лажичка сол 200 мл топло млеко 1 кесичка ванилин шеќер 100 грама растопен путер 1 жолчка Мармалад или чоколаден крем, по желба Шеќер во прав за наросување Подготовка: ...
Париз, 6 јули 2026 (МИА) - Продажбата на нови автомобили во Франција се зголеми за 11,4 отсто во јуни на годишно ниво, со 188.787 нови патнички возила регистрирани минатиот месец, според податоците објавени денеска од Француската автомобилска платформа (ПФА). Растот на продажбата продолжи во јуни, но францускиот пазар на автомобили сè уште не го достигна нивото што го имаше пред корона-пандемијата, според „Ле Фигаро“. ПФА, којашто ги поврзува ...
Каракас, 6 јули 2026 (МИА) - Од речиси 50 лица кои живееле во нејзината станбена зграда, само тројца биле извлечени живи. Карина Бланко не била во својот дом кога земјата почнала силно да се тресе. По силните потреси, таа избегала надвор заедно со останатите жители. - Кога сфатив колкави се штетите почнав да викам по мојата ќерка. Влегов во автомобил и возев најбрзо што можев, изјави Бланко. На 24 јуни два силни земјотреси ја погодија ...