Велес,17 јули 2026 (МИА) – Дваесет и седумгодишен машиновозач од Велес е повреден при судир на две локомотиви што се случил вчера околу 03:00 часот на Железничката станица во Велес, информираат од СВР Велес. Според полицијата, несреќата се случила околу 3 часот при премостување на влечните локомотиви од еден на друг колосек, кога една локомотива удрила во друга паркирана локомотива, во која се наоѓал машиновозачот Т.Р. (27) од Велес. ...

Скопје, 17 јули 2026 (МИА) - Полициските службеници од РЦГР Север денеска околу 08:00 часот постапувајќи согласно Оперативниот план за спречување на криумчарење преку државната граница, на подрачјето на с. Танушевци, поточно на граничната линија помеѓу с. Танушевци и с. Мијак, забележале лица како вршат претовар и размена на стока во товарно возило „фолксваген“ со косовски национални ознаки и товарно возило „пежо“ со скопски регистарски ...

Скопје, 17 јули 2026 (МИА) - Спортско-авантуристички предизвик 24h Адреналин, во кој двајца учесници, во рок од 24 часа, ќе се обидат да поврзат девет различни активности низ воздух, земја и вода ќе се одржи на 26 јули во Македонија. Предизвикот, како што најавува организаторот, ќе започне со изгрејсонце на аеродромот Стенковец, а ќе заврши доцна навечер на брегот на Охридското Езеро. Во текот на еден ден, учесниците ќе поминат стотици ...

Скопје, 17 јули 2026 (МИА) - Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва присуствуваше на Пиво фест во Прилеп. -По одбележувањето на роденденот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола, вечерва присуствував и на Пиво Фест во Прилеп. Имав можност да се сретнам и да разговарам со голем број граѓани, во пријатна атмосфера исполнета со музика, традиција и позитивна енергија, наведува Мицкоски во објавата на Фејсбук. Тој ...

Скопје, 18 јули 2026 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до ...

Скопје, 18 јули 2026 (МИА) - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Дебрца каде ќе изврши увид на градежни активности на реконструкција на локален пат од село Мешеишта до село Волино. Во рамки на посетата на општината, како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски ќе изврши и увид во реконструкција на улица во с. Волино-Делница 1: Манастир „Св. Петка“. Предвидено е изјава за ...

Скопје, 18 јули 2026 (МИА) - Министерот за здравство Сашо Клековски во 11:30 часот ќе ја посети Општата болница - Гостивар откако повеќе граѓани со симптоми на повраќање, дијареа и температура побараа лекарска помош. Министерството за здравство соопшти дека предвидено е изјава да даде министерот Клековски. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради ...

Прилеп, 18 јули 2026 (МИА) - Со бројни посетители од повеќе градови од земјава и странство и со познатиот пенлив пијалак и вкусна скара почна 23-тиот Пивофест во Прилеп којшто ќе трае до доцна во ноќта во недела. Организаторите ветуваат тридневна забава со познати музички ѕвезди. - Означуваме старт на 23-тото издание на Фестивалот на пивото во Прилеп. Имаме гости од повеќе страни, се надевам во следниве два фестивалски дена ќе имаме гости и ...

Скопје, 18 јули 2026 (МИА) - На 66-годишна возраст почина Нури Бајрами, поранешен заменик-претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, долгогодишен новинар и главен уредник на ТВ2 и правник по професија. Информацијата ја соопшти неговиот син Арианит Бајрами преку својот Фејсбук профил. Бајрами од 2019 до февруари 2024 година беше дел од ДКСК. Тој речиси една деценија работеше како новинар и главен уредник во ТВ2. Во текот ...

Гостивар, 18 јули, 2026 (МИА) – Прогласување епидемија во Гостивар нема да има, сè додека не се утврди причината за големиот број заболени и со стомачни тегоби. Потребни се повеќе епидемиолошки анкети за да најдеме кој е причинителот, рече министерот Сашо Клековски по посетата на гостиварската Општа болница. Тој информираше дека бројот на пациенти кои се јавуваат со слични симптоми е ист како и изминатите денови. - Првите пациенти се јавиле ...

Скопје, 18 јули 2026 (МИА) - Регистрирани се вкупно пет пожари на отворен простор низ државата во текот на денов до 13 часот, а од нив, сѐ уште активни се три, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи. Ниска вегетација гори во село Желино. Опожарена е ниска вегетација и кај патарината кон Гостивар во општина Боговиње. Третиот активен пожар е на територија на општина Крива Паланка, во подрачјето на место викано „Думачка Маала“. ...

Скопје, 18 јули 2026 (МИА) - Институтот за јавно здравје, соопшти попладнево дека по добивање на барање од страна на Јавното обвинителство, веднаш е излезено на терен на посочените локации во Гостивар и земени се примероци за микробиолошки и физичко-хемиски анализи. По враќањето на екипата на ИЈЗ од терен, во раните утрински часови во четврток, веднаш се отпочна постапката за анализа на примероците. -Согласно известувањето од ЈЗУ Општа ...

Скопје, 18 јули 2026 (МИА) - Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески во седиштето на Асоцијацијата на европски комори во Брисел оствари средба со Ваутер ван Хилк, потпретседател на Eurochambres и генерален менаџер на Федерацијата на белгиски комори и со генералниот секретар на EUROCHAMBRES Бен Бутерс. На средбата е разговарано за натамошното унапредување на соработката меѓу Стопанската комора и EUROCHAMBRES, како и за поактивно ...

Скопје, 18 јули 2026 (МИА) - За првпат имаме една ретка ситуација во истовреме да се градат шест автопатски делници, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски кој е задоволен од реализацијата на инфраструктурните проекти во државава. Мицкоски, кој денеска заедно со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, беше во посета на Дебрца, во изјава за медиумите изрази очекување автопатот Кичево - Охрид да биде завршен и пуштен во ...

Скопје, 18 јули 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски очекува зголемување на цената на горивата со оглед на ситуацијата на Блискиот исток, но најавува и намалување на акцизите и кај дизелот и кај безоловните горива. - Немаме правено калкулација за покачувањата, но ќе има секако бидејќи нафтата и бензините драматично пораснаа изминатава недела, а и курсот на доларот е малку посилен во споредба со претходната недела. Како Влада ја ...

Охрид, 18 јули 2026 (МИА) – Преку политиката за поддршка на општините и релокација на средства од централниот буџет кон општините реализирани се голем број инфраструктурни проекти, дел од нив се отпочнати, дел се во фаза на изработка...Станува збор за околу 1.200 проекти, нешто до сега што се нема случено. Кога на тоа ќе се додадат и сите останати капитални инвестиции доаѓаме на навистина импресивен начин на водење и реализација на ...

Скопје, 18 јули 2026 (МИА) - Управата за јавни приходи најостро го осудува физичкиот напад и попречувањето на службените лица при извршување на нивните законски овластувања за време на даночна контрола на локалитетот Куклица. - Ниту еден службеник не смее да биде изложен на насилство, закани или притисоци додека ја извршува својата законска должност. Нападот врз даночен контролор не е само напад врз вработените во Управата за јавни приходи, ...

Охрид, 18 јули 2026 (МИА) – Завршена е реконструкција на локалниот пат од Мешеишта до Волино во општина Дебрца, како дел од проектот на Министерството за транспорт за поврзување на локалните патишта. Од овој пат се поврзуваат неколку населени места на автопатот Охрид-Кичево, за што во изминатиот период работевме посветено за да можеме да испроектираме и да изградиме вкупно 18 километри пристапни патишта кои претходно не биле предвидени, рече ...

Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва оцени дека државата се движи добро и е пофункционална во многу области за разлика пред две години. Она на што треба да се работи, според претседателката, се борбата против корупцијата и криминалот и партизацијата. - Мислам дека се движиме добро. Сигурно е пофункционална од она што беше во многу области бидејќи, ако напредувате со планот за раст, пакетот на закони ...

Скопје, 17 јули 2026 (МИА) - Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи информира дека во општина Шуто Оризари почнуваат конкретни градежни активности за реконструкција на улицата кон Горно Оризари, која со децении беше во катастрофална состојба. -Денес сум во Горно Оризари, во општина Шуто Оризари, каде започнуваме конкретни градежни активности за подобар и подостоинствен живот на жителите од овој дел на Скопје. ...

Скопје, 17 јули 2026 (МИА) - Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вечерва од Битола, по повод одбележувањето на роденденот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола, во обраќањето пред членовите, ветераните, Унијата на жени и поддржувачите, порача дека довербата од народот е најважна и ниту една функција, ниту позиција не може да биде поважна од тоа. Тој, во својата објава на Фејсбук, посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е најсилно ...

Скопје, 18 јули 2026 (МИА) - Со ВМРО-ДПМНЕ на власт образованието се враќа во фокусот државните приоритети. Заврши времето на хаос во образованието и неизвесноста на наставниците и учениците. Наставниците добија предвидливост и редовно покачување на платите, додека учениците стабилен наставен процес со учебници по сите предмети во своите раце, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ во соопштение што МИА го пренесува интегрално. За разлика од претходните ...

Скопје, 18 јули 2026 (МИА) - Европската комисија го потврди она што го зборува СДСМ со месеци, - Христијан Мицкоски и ВМРО вршат системски притисок врз судството и обвинителството а корупцијата е неказнива. Европската комисија во својот најнов Извештај за владеење на правото јасно и недвосмислено нотира мешање и притисок врз судството и обвинителството од страна на претставници на власта, оценува СДСМ во соопштение што МИА го пренесува ...

Скопје, 18 јули 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска преку Фејсбук информираше за остварена средба со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау, во рамки на работната посета на Вашингтон. - Нашите две земји имаат блиски и усогласени позиции за широк спектар политички, економски и безбедносни прашања. Во отворен, пријателски и содржаен разговор ја ...

Скопје, 18 јули 2026 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид на проштална средба ја примила амбасадорката на Хеленската Република во Скопје, Софија Филипиду. Реафирмирајќи го ставот дека регионалната соработка е особено важна за помалите земји, Сиљановска Давкова истакнала дека од Грција очекува да биде меѓу најсилните поддржувачи на патот на македонските ЕУ интеграции. -Според мене, со влезот ...

Скопје, 18 јули 2026 (МИА) - Изјава на премиерот Христијан Мицкоски кој денеска е во посета на Општина Дебaрца каде ќе изврши увид на градежни активности на реконструкција на локален пат од село Мешеишта до село Волин. Во рамки на посетата, како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски ќе изврши и увид во реконструкција на улица во с. Волино-Делница 1: Манастир „Св. Петка“. Скопје, 18 јули 2026 (МИА) - Изјава на премиерот Христијан ...

Скопје, 18 јули 2026 (МИА) - Реконструкцијата на Охридскиот аеродром се одвива според утврдената динамика. Прогресот е околу 80 до 90 проценти и се очекува реконструкцијата да биде завршена согласно утврдениот рок односно до крајот на летото. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека се работи паралелно на четири проекти и дека реализацијата оди добро. - Таму имаме четири проекти што се одвиваат паралелно. Прогресот ...

Скопје, 18 јули 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски во врска со актуелната состојба во Гостивар каде голем број граѓани се жалат на стомачни тегоби, нагласи дека се преземат сите мерки и оти ќе има одговорност за случајот. -Во овој момент сите институции се на терен, се преземаат мерки, се испитуваат мостри од водата и имаме процес кој го води и Обвинителството. Мислам дека многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило, ...

Скопје, 18 јули 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска коментирајќи го последниот извештај на Европската комисија за правосудството, изјави дека судството нема да добие повеќе пари се додека не почне да испорачува, а негова работа, посочи, како премиер е да критикува се додека не види напредок во испораката на правдата. -Пари повеќе нема да добијат. Пари нема да добијат, иако се бара и во Законот за јавно обвинителство да се стави ...

Скопје, 17 јули 2026 (МИА) - Со Мицкоски и ВМРО за две години животниот стандард на граѓаните е целосно урнисан. 73% од граѓаните имаат плата под просекот, Мицкоски го урниса животниот стандард, стои во соопштението од Социјалдемократскиот сојуз што МИА ви го пренесува во целост. Платите се најниски во Европа - граѓаните осиромашуваат, народот живее многу полошо од пред 2 години. Податоците на УЈП за 2025 година покажуваат дека дури 73% од ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
5.7
27%
1013
weather icon

Белград

30ᴼ / 30ᴼ
4.0
54%
1016
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
3.86
46%
1018
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
0.3
31%
1012
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
2.53
31%
1012
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.34
65%
1020
weather icon

Атина

35ᴼ / 34ᴼ
4.47
36%
1010
weather icon

Тирана

37ᴼ / 37ᴼ
3.91
17%
1011
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
3.93
28%
1013
weather icon

Букурешт

37ᴼ / 36ᴼ
2.73
38%
1011
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
44%
1019
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 26ᴼ
3.57
44%
1010
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Бакар

13.23

Злато

139576.04

Алуминиум

3.28

Платина

56038.75

Калај

56.36

Родиум

278103.96

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Паладиум

43628.56

Сребро

2044.16

Иридиум

252383.36