Објавата се однесува на изјава на францускиот претседател Макрон за новиот нацрт-закон за крајот на животот кој ќе овозможи „помош за завршување на животот“. Предложениот закон се однесува само на возрасни лица кои страдаат од неизлечива болест во крајна фаза, односно за кои нема спас и дека истите одлуката за завршување на својот живот ќе ја носат самостојно. Никој нема да ги принудува на ништо, ниту пак, со сила да ги убива, како што сака да ...

ВМРО-ДПМНЕ нема никаква причина со спин да слави дека Американците ги ставиле Катица Јанева и Стевче Јакимовски на „црната листа“. Посебно за Јанева, која за подзаборавените, е избрана со заедничка одлука на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, на предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Ако веќе се радуваат за Јакимовски, пак, треба да имаат исти аршини и чесно да признаат дека кремот на партијата до пред неколку години, Груевски и Мијалков, исто така се на „црната листа“, пишува ...

Програмата за задолжителна имунизација не е поврзана со Клаус Шваб, ниту пак, со Светскиот економски форум. Парите за вакцините за задолжителната имунизација се обезбедуваат од буџетот на државата. Вакцинацијата е задолжителна затоа тоа што спречува ширење на епидемии ако вакциналниот опфат е над 95 проценти. Станува збор за одлука на национално ниво, донесена по претходна анализа на здравствените власти, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. ...

Тврдењето во објавата дека „таканаречената пандемија била планирана и координирана со децении наназад“, не се темели на факти. Она што беше координирано беше одговорот на пандемијата, односно во повеќе држави беа слични преземените мерки за заштита на населението кои вклучуваа и карантини и носење маски – затоа што тоа е епидемиолошки оправдано и издржано односно станува збор за научно докажани ефикасни мерки. Вирусот беше изолиран на 7 јануари ...

„Договорни услуги“ во износ од стотици илјади евра, платите и придонесите доминантна трошковна ставка во буџетите на локалните власти. Во второто продолжение на „Анализа“ се претставуваат податоци за приходите и трошењата на општините Струга, Тетово, Чаир и Град Скопје, пишува Порталб.мк. Приходи и расходи на општините Поголема наплата од планираното по основ на данок на доход и добивка, помала од данок на имот. Лани Општина Струга по основ еден ...

Американскиот претседател Џо Бајден има маргинална предност од еден процент пред Доналд Трамп во трката за претседателските избори во САД, кои ќе се одржат во ноември, според најновата анкета на Ројтерс/Ипсос, објавена откако двајцата кандидати обезбедија доволна поддршка од своите партии за да се појават на гласачкото ливче. Околу 39 отсто од регистрираните гласачи одговориле дека би гласале за Бајден доколку изборите се одржат денеска, во ...

Израелските одбранбени сили (ИДФ) извршија рација утрово во болницата Ал-Шифа, најголемата болница во појасот Газа, во северниот главен град Газа, пренесува Гардијан. Според ИДФ, Хамас ги користи зградите на болницата како засолниште. ИДФ ги предупреди граѓаните во близината на болницата да се евакуираат во градот Ал-Муваси, 30 километри јужно од болницата. Во рок од неколку часа од почетокот на рацијата, ИДФ извести оти имаат контрола врз ...

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека ја поддржувал идејата за ослободување на опозицискиот лидер Алексеј Навални при размена на затвореници, пред тој да биде пронајден мртов. „Се случува. Нема ништо што можете да направите. Тоа е живот“, бил првиот коментар на Путин во врска со смртта на Навални. Невообичаено било тоа што, оценува Асошиејтед прес, за прв пат во пет години, сега Путин постојано го спомнувал името на Навални, на ...

Доналд Трамп, поранешниот американски претседател кој обезбеди доволно републикански делегати за повторно да ја номинира Белата куќа, изјави дека ќе има „крвопролевање“ ако не победи на изборите во ноември, пренесува Гардијан. Во саботата, во моментот кога поранешниот претседател правеше вербални гафови на предизборен митинг во Охајо, како и за време на изјавите за економијата и автомобилската индустрија, предвиде „крвопролевање“ за земјата, ако ...

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на луѓето да донираат органи за трансплантација, пренесе германската новинска агенција ДПА. Претходните донаторски картички кои претходно беа воведени, ќе ја задржат својата важност, но во иднина секој граѓанин на возраст над 16 години може да ...

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок. Правната основа за мерките е сериозно кршење на човековите права. Според извештајот, министрите за надворешни работи на земјите-членки на состанокот во Брисел се договориле да воведар санкции против претставници на ...

Во Лондонската клиника, наводно е покрената истрага поради тврдења дека персоналот се обидел да пристапи до приватните медицински досиеја на принцезата од Велс додека таа се лекувала таму. Најмалку еден член на персоналот се обидел да пристапи до белешките на Кејт Мидлтон додека таа била пациент во приватната болница во центарот на Лондон во јануари, објави „Дејли Мирор“, а пренесува „Гардијан“. Се цитира извор кој рекол дека шефовите во ...

Руските команданти им забраниле на војниците да комуницираат со жителите на окупираните територии во Украина, освен во крајна нужност, јавува украинскиот Центар на национален отпор. Борбените дејствија, пак, продолжуваат со нови случаи на загинати цивили. „Во привремено окупираните територии, непријателот им забрани на припадниците да разговараат со локалците, освен ако нивните задолженија не го налагаат тоа. Причина за одлуката е големото ...

Додека војната во Украина продолжува, ризикот од инцидент во тамошните нуклеарни централи не исчезнува, изјави за ДПА претседателката на Федералната агенција за заштита од радијација, Инге Паулини. Украинската нуклеарна централа Запорожје е причина за загриженост особено поради борбите што се одвиваат близина, снабдувањето со електрична енергија и условите за работа. Мора да се направи сè за да се обезбеди ладење на сите безбедносни релевантни ...

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен соопшти дека САД поднела нацрт-резолуција во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) за примирје во Газа, пренесува Гардијан. Блинкен вели оти резолуцијата бара „итен прекин на огнот“ и дека е врзана со ослободувањето на заложниците заробени од Хамас за време на нивниот напад врз Израел на 7 октомври. Блинкен ја информираше јавноста за резолуцијата за време на неговата неколкудневна посета во ...

Популистичките крајнодесничарски партии во земјите на Европската Унија (ЕУ) немаат усогласени ставови и е бесполезно поголемите партии да си ги адаптираат своите политики за да ги усвојат нивните гласачи, покажува нова студија спроведена од организацијата „Европски совет за странски односи“. Во студијата се забележува усвојување на крајнодесничарски политики од поголемите партии, особено во однос на миграција, во обид да се освојат гласачите на ...

Лидерите на земјите-членки на Европската унија вчера во Брисел ѝ дадоа зелено светло на Босна и Херцеговина за отворање на пристапните преговори за членство во блокот, објави Н1. Одлуката на европските лидери следува по препораката на Европската комисија (ЕК), која минатата недела објави извештај во кој констатира дека Босна и Херцеговина доволно ги исполнува условите за почеток на долгиот пат кон членство во ЕУ. БиХ аплицираше за членство во ...

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен пристигна во Тел Авив, Израел, во неговото шесто патување во регионот од почетокот на војната во Газа. Блинкен рече дека за време на разговорите со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот кабинет ќе сподели алтернативи за планираниот копнен напад на Израел врз градот Рафа во јужниот дел на Газа, пренесе Гардијан. Посетата на Блинкен во Израел доаѓа пред гласањето во ОН за нацрт-резолуцијата ...

Русија сега вели дека е во „војна“ со Украина поради наводно мешање на Западот во она што Москва претходно го нарекуваше „специјална воена операција“. Ваква изјава даде портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за медиумот „Аргументи и факти“, кој е во сопственост на општинската влада во Москва, пренесе Радио Слободна Европа. „Ние сме во војна. Навистина, таа започна како специјална воена операција, но штом се формираше клика и колективниот Запад се ...

Нацрт-резолуцијата на САД за прекин на огнот во Газа не помина на Советот за безбедност на САД. Гласањето заврши со 11 гласа „за“, три „против“ и еден воздржан, јави Би-би-си. Русија и Кина ставија вето на резолуцијата што го врзуваше итниот прекин на огнот во Газа со ослободувањето на заложниците што ги држеше Хамас. Против нацртот гласаше и Алжир, додека Гвајана гласаше воздржано. Американскиот претставник во Советот за безбедност на ОН, Линда ...

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, попладнево преку видео порака изјави дека е во рана фаза на лекување, откако тестовите по извршената интервенција во јануари откриле дека има рак, пренесе Би-Би-Си. Во видео изјавата, Кејт вели дека тоа било „огромен шок по неверојатно тешки неколку месеци“. Но, таа испрати позитивна порака, велејќи: „Добро сум и станувам сè посилна секој ден“. Деталите за каков вид карцином станува збор не се објавени, но од ...

Странските агенции објавуваат за стравотен терористички напад каков што со години не е виден во Русија. Дописникот на Би-Би-Си од Москва јавува дека вечерва требало да се одржи концерт во салата „Крокус сити хол“. Напаѓачите влегле во фоајето на преполната сала и отвориле оган врз цивилите. Оттаму додаваат дека напаѓачите на концертната сала биле облечени во воени униформи. Информациите за загинати се различни, а бројките се движат околу 40 ...

Повеќе од 140 лица се повредени и 115 загинаа откако вооружени напаѓачи отворија оган на концерт во Крокус, предградие на Москва вчера, соопштија руските разузнавачи. Напаѓачите употребиле запалива течност за да запалат делови од концертната сала и при нападот биле облечени во воени униформи. 11 лица се уапсени а 4 од нив биле директно вклучени во нападот, јавува Би-би-си. Безбедноста е зајакната низ Русија, а настаните се откажани бидејќи ...

Централната команда на американската војска (ЦЕНТКОМ) соопшти дека американската војска извршила напад во самоодбрана врз три подземни складишта на јеменските бунтовници Хути во областите на Јемен кои се под контрола на групата. Од командата кажуваат дека Хутите истрелале четири противбродски балистички ракети во Црвеното Море од областите во Јемен што ги држат под нивна контрола. Хутите напаѓаат трговски и воени бродови во Црвеното Море и ...

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, се „длабоко трогнати“ од пораките за поддршка добиени откако таа ја објави дијагнозата на рак, изјави портпаролот на палатата Кенсингтон, oбјави „Гардијан“. Кејт Мидлтон во петокот рече дека е подложена на превентивна хемотерапија, откако тестовите направени по нејзината операција на абдоменот во јануари, открија дека има рак. 42 годишната сопруга на престолонаследникот, ...

Не е исполнето изборното ветување за 2020 година на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за изградба на осум спортски сали за основните училишта во Тетово. Од осумте ветени спортски сали изградена е само една, пренесува Порталб.мк. Во изборната програма 2020-2024, на последните парламентарни избори со која настапуваше ДУИ, во делот за капиталните проекти во образованието се спомнува изградбата на осум спортски сали во основните училишта во ...

СВР Тетово поднело кривична пријава против 36-годишен прилепчанец Х.Т.поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ и „давање лажен исказ“. „На 30.11.2023 на социјалната мрежа Фејсбук, на објава на портал, објавил коментар со кој поттикнал омраза и нетрпеливост. Во службен разговор во полициска станица, пријавениот изјавил дека му бил хакиран профилот на ...

Воведувањето на ETIAS, специјалното овластување за патување кое ги опфаќа поголемиот дел од европските земји од 2024 година е одложено за мај 2025 година. Ова овластување е услов за влез за граѓаните кои патуваат без виза во која било од 30 европски земји. ETIAS ќе се применува и за граѓаните на Северна Македонија кои планираат да патуваат во ЕУ. Ова овластување е врзано со пасошот на патникот и важи до три години или до истекот на рокот на ...

Владата на на вчерашната седница донесе одлука со којашто се намалуваат коефициентите за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата. Со Одлуката, се намалуваат коефициентите на платите на именувани функционери во Владата, национални координатори и други функционери, на директори и други именувани лица на органи во состав на министерствата, на директори и други именувани лица на самостојни органи на државната управа, на ...

Вработени во подрачната единица на Центарот за јавно здравје Берово минатиот месец пријавиле епидемија кај заболени деца кои престојуваат во детска градинка. Регистрирани биле 12 деца, лабораториски потврдени на салмонелоза, пишува во новиот билтен на Институтот за јавно здравје за движењето на акутните заразни заболувања во државата во месец февруари. Откако надлежните направиле епидемиолошко истражување, дале препорака за безбедно чување и ...

weather icon

Скопје

38ᴼ / 38ᴼ
1.54
19%
1011
weather icon

Белград

29ᴼ / 28ᴼ
2.06
32%
1015
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
1.54
46%
1014
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
3.09
30%
1014
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
4.82
35%
1013
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 28ᴼ
2.06
50%
1014
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
5.14
25%
1013
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
3.09
49%
1013
weather icon

Подгорица

37ᴼ / 37ᴼ
4.12
16%
1012
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 29ᴼ
6.17
40%
1015
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 29ᴼ
3.09
31%
1014
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
7.2
39%
1015
Currency

61.53

Currency

52.2238

Currency

71.3036

Currency

34.2221

Currency

38.3778

Currency

65.7502

Currency

7.28976

Currency

0.66451

Currency

0.36143

Currency

0.52409

Currency

1.30996

Currency

0.61091

Алуминиум

2.59

Иридиум

142542.81

Кобалт

42.99

Никел

15120.00

Рутениум

24370.27

Калај

33.93

Сребро

1189.48

Злато

107277.33

Бакар

10.07

Паладиум

36426.80

Платина

44823.37

Родиум

176829.11

Цинк

2.71