
Скопје
38ᴼ /
38ᴼ



Лука Павиќевиќ од оваа академска година е бруцош на најпрестижниот универзитет во светот, Харвард. Студира Историја на Факултетот за науки и уметности, а веќе е ангажиран и како истражувачки асистент по предметот Политика на американското образование. За тоа како е да се биде македонски студент на Харвард, дознајте во новата епизода на „Шорткат“. Во оваа епизода информираме за протестниот маратон на ФИНКИ што се одржа во вторникот, како и за ...
Царински инспектори од мобилен тим на секторот за контрола и истраги спречија обид на двајца сопружници нелегално да изнесат од државата девизи во вредност од 16 илјади долари, соопштија во Царинската управа. „Сопружниците кои се македонски државјани, на излез од државата на граничен премин „Богородица“ на прашање од страна на мобилни инспектори дали имаат нешто да пријават одговориле дека немаат ништо. Но, при извршена детална контрола на ...
Експремиерот Димитар Ковачевски, во јавно обраќање од собраниската говорница, во декември минатата година најави дека повеќе од 105.000 ученици во основното образование и во средното образование, во наредните 6 месеци ќе добиваат по 1.200 денари, односно 1.800 денари, секој месец. Но, дел од родителите со ниски месечни примања, односно со примања кои не надминуваат 50.000 денари, иако уредно и навреме поднеле документи уште кога мерката беше ...
Излезе втората епизода на поткастот „Чекајќи го ГУП-от“ направен од организацијата „Културно ехо“. Поткастот покрива теми поврзани со урбанизмот, архитектурата и, како што велат тие, „просторното (не) планирање на Скопје“. Поткастот може да се следи на овој линк. Водителка на емисијата е Дафина Шекутковска, претседател на организацијата „Културно ехо“, а нејзиниот соговорник е архитектот и поранешен урбанистички инспектор Костел Шекутковски. ...
Поради интензивните климатски промени и зголемувањето на температурите, мечките почесто ја прескокнуваат зимската хибернација и остануваат активни во текот на годината, што влијае на нивниот животен циклус, изјави за ФоНет Неда Богдановиќ, истражувач на Биолошкиот факултет на Универзитетот во Белград, пренесе Н1. Таа објаснува дека мечките, како и некои други помали цицачи, одат во хибернација поради падот на телесната температура во текот на ...
Платформската игра „Iselts“ иако се класифицира како „Метроидвенија“ игра. Негативните работи како тешкотијата на играта се намалени на минимум, всушност и нема голема разлика ако ја играте играта на најлесно или на најтешко што ја прави попристапна и за повозрасните и за новите генерации. Повелете и погледнете го трејлерот за Iselts: Арт стилот во играта е сличен на анимеата од Studio Ghibli, a најмногу потсетува на атмосферата во Howl’s ...
Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски, вчера изрази поддршка за протестот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), а даде и предлог-решение на проблемот со кој се соочува овој факултет. Деспотовски предложи Бирото за развој на образованието (БРО) да се пресели во сегашните простории на ТИРЗ, а ФИНКИ да ги преземе бараките што ги бара на Техничко-технолошкиот ...
Никогаш, од 1881 година и откако германските метеоролози систематски ја мерат температурата, немало потопол март во земјата од оној што штотуку заврши, соопшти германската метеоролошка служба DWD, а пренесе германската новинска агенција ДПА. Просечната температура во Германија бИЛА 7,5 степени, четири степени над меѓународно важечкиот референтен период од 1961 до 1990 година. Споредено со претходниот споредбен период од 1991 до 2020 година, ...
Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува Би-би-си. Коментарите на поранешен претседател на Европскиот совет доаѓаат по нов напад на Русија врз Украина. Украинскиот премиер Денис Шмигаљ изјави оти украински сили собориле 58 дрона и 26 ракети и дека енергетската инфраструктурата била оштетена во шест региони во ...
Пукање во основно училиште во Финска ова утро резултираше со повреди на тројца ученици од 13-годишна возраст. Финската полиција уапси осомничено лице, кое исто така има 13 години, пренесува Би-би-си. Нападот во градот Вантаа, четвртиот најнаселен град во државата, се случил пред 9 часот наутро. Полицијата апелираше на локалното население да остане во своите домови. Учениците тукушто се вратиле во училиштето Виертола, по велигденските празници. ...
Доколку платеното политичко рекламирање не биде укинато, потребно е Министерството за правда и Државната изборна комисија (ДИК) да донесат подзаконски акти за подобро да го уредат водењето на Регистарот за радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (портали), како и за подобро да ја уредат постапката за исплата на финансиските средства, покажува последното истражување на Центарот за управување со промени (ЦУП). Дополнително, ...
Директорот на струшкиот затвор предложил, а Кривичниот совет при одделението за организиран криминал и корупција прифатил ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков да излезе од затвор четири месеци порано. Тој наместо на 25 април 2025 година, ќе излезе од струшкиот затвор на 25 декември годинава. „Кривичниот совет при одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по предлог на Директорот на КПД Струга за условен отпуст на осудениот С.М., ...
Согласно информациите добиени од Амбасадата на Република Грција во Скопје, почувајќи од утре на полноќ, па до полноќ во среда, царинските служби во Грција ќе одржат дводневен штрајк, соопшти Царинската управа. „На граничните премини Богородица – Евзони, Дојран – Дојрани и Меџитлија – Ники товарниот сообраќај ќе биде во целосен прекин во наведениот период, освен за расипливи стоки. Патничкиот сообраќај ќе биде дозволен периодично (не е познат ...
Државната комисија за спречување на корупцијата ја објави листата на институции кои не ја исполниле законската обврска за доставување на податоци за моторните возила со кои располагаат, ниту доставиле информација дека не располагаат со службени возила. Станува збор за 1069 институции, меѓу кои и Град Скопје, Министерството за политички систем, Министерството за животна средина, за образование, за надворешни работи, за правда, финансии, транспорт ...
Неопходно е да станеме посвесни за дезинформациите во нашите физички и дигитални светови. Дезинформациите ја рушат довербата во институциите и затоа е потребна перманентна борба против различните актери кои ги шират, а овде најважна улога имаат токму проверувачите на факти. Ова беа заклучоците од отворањето на денешната конференција насловена како „Бранејќи ја демократијата на Балканот: Заштита на интегритетот на информациите во дигиталната ...
Државните институции и сите засегнати страни имаат должност јавно да се изјаснат кога се загрозени проверувачите на факти и да сторат сѐ за да им обезбедат безбедна работна средина, рече ЕУ амбасадорот Дејвид Гир при отворањето на денешната регионална конференција „Бранејќи ја демократијата на Балканот: Заштита на интегритетот на информациите во дигиталната ера“, со која Антидезинформациска мрежа на Балканот го одбележува Меѓународниот ден на ...
Освен домашни, балканскиот регион е изложен и на надворешни влијанија кога станува збор за дезинформации, а побивање на истите е клучно за заштита на демократијата. Ова беше заклучокот од првата сесија на денешната конференција „Бранејќи ја демократијата на Балканот: Заштита на интегритетот на информациите во дигиталната ера“ по повод Меѓународниот ден на проверката на факти. Филип Стојановски од Фондацијата Метаморфозис посочи дека ...
Издигнувањето на важноста на фактите не е должност само на професионалците, туку претставува заедничка задача која вклучува учество на јавноста од сите сегменти на општеството. Со засилувањето на проверката на факти и промовирањето на кредибилни извори во новинарското известување, ние можеме да поттикнеме здрав информативен екосистем во кој фактите би доминирале. Ваква порака упати Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис по повод 2 ...
„Демократијата во ризик: Избори во ерата на дезинформации“, е насловена втората сесија од регионалната конференцијата, со која Антидезинформациската мрежа на Балканот го одбележува Меѓународниот ден на проверката на факти. Активисти и новинари од земјите во регионот споделија искуства кои се однесуваат на дезинформациите, посебно во периодот на предизборија. Владимир Ерцег од Центарот за истражување, транспаренстност и отчетност (ЦРТА) во ...
Ако ја добијам вашата доверба и во следните пет години ќе продолжам да работам за плата, а не за проценти, ќе продолжам да ги третирам сите луѓе на еднаков начин независно на кој народ му припаѓаат или за која партија гласаат, ќе продолжам да соработувам и да ги почитувам младите луѓе чиј професионален успех не се должи на партиски или фамилијарни врски, ќе продолжам да им помагам на понижените да добијат човечки третман и правда во заедницата ...
Германскиот министер за правда Марко Бушман ги поддржува барањата фотографиите и филмовите направени со помош на вештачка интелигенција (ВИ) да бидат означени, пренесува германската новинска агенција ДПА. Сликите носат со себе емоција на автентичност, која може да се злоупотреби, изјави Бушман за редакциската мрежа Германија. Поставувањето на обележје, додаде тој, не е пречка за креативноста. „Но, би станало полесно да се препознае дали сликата ...
Во пресрет на парламентарните и претседателските избори, за кога се очекувани голем број на митинзи, јавни дебати, можностите новинарите да бидат изложени на зголемен ризик на работното место се реални. Секогаш кога има избори, таа година бројот на напади над новинарите се зголемува за четири пати. Ова беше истакнато на денешниот настан што го одржа Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) заедно со претставници на Министерството за ...
Сите рокови предвидени за донесувањето на Законот за климатска акција во Собранието на РСМ се пробиени. Иако владата во својата програма има ветено дека ова законско решение ќе биде усвоено во 2022 година, законодавниот дом до денешен ден ова го нема направено. Министерството за животна средина и просторно планирање дури на почетокот од август годинава ја објави финалната нацрт-верзија на Предлог-законот за климатска акција, а тој допрва треба ...
Во манипулативна објава се пласира старо видео снимено пред два месеца од турканиците во зградата на МРТ, притоа се тврди дека ова се случува сега откако Владата наводно укинала одлука на министерот за внатрешни работи. Всушност, станува збор за поништување на одлука за прераспределба на еден вработен на работно место во Ново Село – во Одделот за издавање лични документи, како што информираше и самиот Тошковски, а не во Скопје, како што сака да ...
Воведувањето на комунална полиција во општините, која ќе се грижи за локалниот комунален ред, чистота и зачувување на животната средина, останува ветување кое нема да биде исполнето во мандатот на оваа Влада. Иако оваа нова служба беше предвидена во Програмата на Владата 2020-2024 во делот за животна средина како проект кој ќе започне да функционира уште во 2021 година, сепак, ниту три години подоцна, на улиците нема комунални полицајци. Не е ...
Децидната изјава на Ковачевски дека СДСМ има најголем коалициски потенцијал нема силни аргументи за да биде потврдена како факт. Историјатот на создадени и растурени коалиции од 2016/17 до сега што ги направи СДСМ за да обезбеди мнозинство во Собранието, големите отстапки што ги направи во однос на т.н. „црвени линии“, падот на рејтингот до степен да е тешко да се надева на мандат за да го покаже својот „коалициски потенцијал“…сето тоа укажува ...
Против укинување на задолжителна вакцинација се произнесе и Уставниот суд кој во 2014 година расправаше по иницијатива во која се бараше укинување на задолжителната вакцинација. Судот оцени дека со редовната вакцинација не се штити само лицето кое се вакцинира, туку се создава и колективен имунитет помеѓу населението, што ја спречува циркулацијата на инфективните агенси. Исто така, тврдењето во објавата дека „многу деца се трајно оштетени или ...
Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на пензионерите, туку на влијателни, квалитетни луѓе надвор од партиските табори – аналитичари, експерти, колумнисти… Токму нив ги повика Силјановска да не гледаат сеир отстрана, туку да се вклучат во политичката арена и институционално да ја водат битката за да ...
Иако човекот на фотографијата наликува на шефот на Вагнер, сепак на фотографијата има детаљ кој покажува дека не се работи за него. Како што пишува Њузвик, ушите на Пригожин се поинакви отколку тие на личноста на фотографијата. Исто така, ако веруваме дека Пригожин е уште жив, за што нема кредибилен доказ, не е логично зошто човекот кој водеше пуч против лидерството на Кремљ во јуни 2023 година, би ризикувал да се експонира при патување во јавен ...
Наспроти тврдењето во објавата, пертусисот постои и не е измилен. Според последните информации (22.03.2024) говорат дека бројот на заболени од голема кашлица достигна до 251 случај во државата. Извештајот на Институтот за јавно здравје, покажува дека најмногу заразени има во Скопје, дури 88 отсто од заболените. Не е точно ниту дека ковидот бил виртуелен. Во нашата земја, од почетокот на ковид пандемијата заклучно со 21.03.20224 година, ...