
Скопје
38ᴼ /
38ᴼ



Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000 студенти, ФИНКИ е најголемата високообразовна установа во државата, но вистински предизвик за управата на факултетот е тоа што институцијата нема доволно простор за да ги смести сите запишани студенти. И покрај тоа што информатиката е една од ...
Финансиска едукација, аспекти на урбано планирање, музикотерапија, јавно говорење, унапредување на кариерни вештини и градење на свој бренд беа само дел од темите на работилници кои студентите имаа шанса да ги посетат викендов во склоп на интердисциплинарна студентска конференција. Повеќе од 300 млади викендов го посетија Охрид на конференцијата која беше организирани од Универзитетско студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. ...
Петнаесетина млади лица од учествуваа на втората обука во рамки на програмата „Новинарство за новата генерација“, на тема „Справување со дезинформации и проверка на факти“, која се одржа од 13 до 15 март во близина на Велес. На тридневната обука во организација на Фондацијата Метаморфозис, заедно со Меѓународниот центар за новинари (International Center for Journalists – ICFJ), младите имаа можност да стекнат знаења за начинот на проверка на ...
Општината Велес не му издаде Б-интегрирана дозвола на концесионерот „Кепс Монт груп“, заради тоа што отпадот во депонијата од топилницата не го третира како историска жешка точка, туку како техногена минерална суровина. Во решението општинарите навеле дека го отфрлаат барањето на компанијата за продолжување на дозволата, бидејќи постоеле опасности, заради начинот на кој се предлага да се работи на депонијата, да се предизвикаат штетни последици ...
Во Клубот на пратеници во Скопје, утре со почеток во 11 часот ќе се одржи трибина на тема „Улогата на младите во зајакнувањето на демократската култура“, во организација на заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска. На настанот се поканети претставници на младинските тела на политичките партии во земјава и претставници на граѓански организации, со цел ...
Екоцидот и официјално е ново кривично дело во македонското законодавство. На 15 март стапија во сила одредбите од измените на Кривичниот законик кои се однесуваат на дела против животната средина и природата. Екоцидот е дефиниран како долготрајно и широко распространето загадување на животната средина кое предизвикува сериозна штета, а казната која е предвидена е од најмалку десет години до доживотен затвор. Измените на Кривичниот законик се ...
Роденденски честитки, флаери и рачно насликан натпис за продавницата, дела на познатиот уличен уметник Бенкси, направени пред тој да стане познат во среда ќе бидат понудени на аукција, објави БиБиСи. Продавачката Ема Хотон, која го познаваше Бенкси пред неговата слава, рече дека споделувањето на нејзината лична колекција значи дека другите ќе ја видат „шармантната и сентиментална страна“ на уметникот. Делото наречено Holywell Row Happy Choppers ...
Еден професор и неговите четворица студенти од Универзитетот во Чикаго им овозможиле на уметниците да ги заштитат своите дигитални дела за да не се користат без дозвола од паметни програми како DALL-E, Midjourney и Stable Diffusion. Тие го покануваат секој програмер кој сака да помогне, да се приклучи на тимот или да придонесе, за во иднина да можеме ги заштитиме и сликите што ги ставаме на социјалните мрежи, а кои во моментов можат да се ...
Извршена е исплата на средства по основ на студентски стипендии, со што сите стари и нови корисници на стипендии ги добија средствата за тековната академска година, заклучно со март, соопшти денеска Министерството за образование и наука (МОН). Во меѓувреме, исплатена е и втората рата на сите студенти кои имаат потпишано анекс кон договорот за стипендија и навремено доставиле спогодба за користење на зголемен износ на стипендија. Со оваа исплата ...
Законот за прогласување на Кањонот Матка за заштитена зона од III категорија– споменик на природата една година стоел во фиоките во Собранието без истиот да се разгледа, а на само два месеци пред изборите пратениците најавуваат дека ќе го стават на разгледување во Собраниската матична комисија за екологија. Со оглед на краткото време до изборите, законот тешко дека ќе биде усвоен, пишува Порталб.мк. Матка е уникатен природен резерват, кој речиси ...
Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Објавувањето на добитникот на наградата се одржа денеска во кафе-книжарницата „Буква“, а за победникот одлучуваше жири-комисија составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева. „Единствен ...
Во среда, на 20 март, со почеток во 12 часот на малата сцена во Театар Комедија ќе се одржи јавна промоција на книгата „Комичното и хуморот“ од професорот Иван Џепароски. Книгата ќе ја претстават писателот и професор Александар Прокопиев и професорката и театролог Ана Стојаноска. Книгата е сочинета од девет поглавја, за кои професорот Џепароски во прологот ги „групира“ во три групи: За комичното, За комедијата, За црниот хумор, За иронијата ...
Сите четири национални паркови во земјава „Пелистер“, „Маврово“, „Галичица“ и „Шар Планина“, поднеле проекти до Министерството за животна средина кои треба да се финансираат од државниот буџет. Министерството годинава одлучи за првпат да додели државна помош на овие институции и со тоа директно да учествува во заштитата на природата. Предвидени се 20 милиони денари, а финансии ќе добие секој национален парк. Два од националните паркови, ...
Децата што примиле три дози ДиТеПер вакцина во последните шест месеци ќе може да посетуваат градинка, но под услов да се ревакцинираат во наредните шест месеци. Практично, рокот за ревакцина е скратен на 6 месеци, наместо како што беше досега, на една година. Ова е предлогот на Комисијата за заразни болести кој ќе му биде доставен на разгледување на министерот за здравство Илир Демири. „Овие деца кои ја завршиле примовакциналната серија во овие ...
Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против три лица од виничкото село Трсино, за кои постои сомнение дека ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз две жени и им нанеле телесни повреди. Од обвинителството соопштуваат дека додека жените биле во дворот од нивната куќа, тројцата мажи ја прескокнале оградата од дворот и се упатиле кон нив, држејќи во рацете тврди предмети – дрва и цевки. Жените се скриле во помошен ...
Тимот на „Култура Бета“ и „ПНВ Публикации“ ги избра младите поети што ќе читаат на настанот „Скопје СИ ТИ“ по претходно распишаниот конкурс за песни на тема урбана поезија. На „Скопје СИ ТИ“ ќе читаат Јулија Ангелова, Андреј Анѓеловиќ, Виктор Бучковски, Иво Донев, Марко Иван Кочишки, Нино Наумовски, Дарио Постоловски, Теодора Прокоповска, Михаела Стефановска, Методија Тасевски, Крсте Трифунов и Розе Ускоска. „Скопје СИ ТИ“ ќе се одржи на 24 ...
Во обид да се зајакне партнерството со Гренланд, остров богат со ретки суровини од стратешко значење за зелената транзиција во Европа, Европската комисија (ЕК) ќе ја отвори својата канцеларија на автономната данска територија во петок, на 15 март. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, заедно со данската премиерка, Мете Фредериксен ќе ја отворат канцеларијата на ЕК во главниот град на Гренланд, Нук. Гренланд и Фарските ...
Законот за прогласување на кањонот Матка за споменик на природата, веќе една година стои неразгледан во фиоките во Собранието, а на само два месеци пред изборите, пратениците најавуваат дека ќе го стават на разгледување во Собраниската матична комисија за екологија. Ова е централна тема во новата епизода на „Шорткат“. Информираме за одржувањето на првиот Национален студентски форум, за новите температурни рекорди и за проблемот со кои се ...
Mинистерството за образование и наука (МОН) го објави четвртиот јавен повик за финансиска поддршка на основци и средношколци од семејства чии приходи во месецот не надминуваат 50.000 денари. Постојано се објавуваат нови повици, а во меѓувреме, стотици родители досега не добиле финансиска помош за ниту еден месец, иако уредно и навремено доставиле потребни документи. Иако премиерот Димитар Ковачевски во декември лани, најави дека во наредните ...
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, во својата предизборна програма пред локалните избори од 2021 година, насловена како „За Охрид гарантираме, создади нова иднина“, вети дека студентите и невработените лица ќе добијат субвенции за курсеви по информатика, математика и англиски јазик. Конкретно, на ова предизборно ветување, иако е модифицирано, во моментов не се работи, односно невработени и студенти не користат субвенции за англиски јазик, ...
Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Бирото за јавна безбедност до Основното јавно обвинителство Скопје поднело кривична пријава против Д.Б.(45) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Од МВР велат дека во периодот од 19.02.2022 до 17.03.2023, кога ја вршел на функцијата директор на Фондот за ПИОСМ, пријавениот Д.Б. ...
Сите нејаснотии околу одлуката за забрана за прием на деца во градинките во државата без примена ДиТеПер вакцина, ќе бидат разгледани и разјаснети утре на вонреден состанок на членовите на Комисијата за заразни болести. Ова денеска го изјави министерот за здравство Илир Демири, после реакциите на родители чии деца се одбиени за прием во градинка, односно не ги примаат додека чекаат термин за ревакцина. „Секој коментар кој ќе го даде Комисијата ...
„Јас сум поделен на два света. Во моментот едното дете ми се наоѓа тука, другото го одземаа. Воопшто не ми е важно каде ќе ја дочекам разрешницата, туку конечно да ја дочекам за да ја донесам одлуката дали ќе продолжам на овој свет или кај другото дете“, изјави денеска пред Врховниот суд, таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски. Највисоката судска инстанца донесе одлука со која ја одби неговата жалба. Тој останува во истражниот затвор во ...
Рехабилитацијата на автопатската делница Катланово-Петровец е во завршна фаза и се очекува да биде пуштена во нормална употреба до крајот на овој месец. Станува збор за делница од 10 километри меѓу селата Катланово и Петровец, која со рехабилитацијата добива уште една коловозна лента, односно целосно автопатски профил. Претходно беше завршен десниот коловоз, односно насоката Петровец-Катланово и истиот е пуштен во сообраќај под времен режим. ...
Собранието на Република Северна Mакедонија на денешната седница го изгласа Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи. Со Законот се уредуваат условите и начинот за трговијата со земјоделски и прехранбени производи. Неговата примена се очекува да влијае во намалување на цените на земјоделските и прехранбените производи, а и на квалитетот на производите. За прв пат во државата се ...
Одлична е веста за завршувањето со работа и пуштање во употреба на браната „Конско“ во гевгелиско, со што се обезбедува вода за наводнување на илјадници хектари земјоделски површини во реонот на гевгелиско поле. Сепак, еден детаљ не соодветствува на вистината. Браната со инвестиција од 40 милиони евра не е најголем инвестициски проект во последните пет децении. Тоа беше браната „Св. Петка“ која на крајот во 2012 г. чинеше околу 75 милиони евра, ...
Онлајн инфлуенсерот Ендру Тејт и неговиот брат Тристан се во 24-часовен притвор во Романија, по британска потерница, изјави нивниот претставник за односи со јавност, а пренесоа неколку светски медиуми. Гардијан јавува дека апелациониот суд во Букурешт денеска ќе одлучува дали ќе ги екстрадира браќата во Обединетото Кралство. Тејт и неговиот брат Тристан биле приведени вчеравечер под обвинение за сексуални престапи и експлоатација на луѓе во ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, потврди дека комисијата денеска ќе препорача отворање на пристапните преговори меѓу Европската Унија и Босна и Херцеговина. Таа оцени дека Босна и Херцеговина постигнала поголем напредок откако добила кандидатски статус отколку за повеќе од една деценија. „Денеска, ќе му препорачаме на Советот да ги отвори пристапните преговори со Босна и Херцеговина“, рече Фон дер Лајен во говорот на ...
Оружја, муниција и други компоненти од новиот пакет воена помош од САД за Украина ќе бидат доставени на земјата многу набргу, преку претходно воспоставените канали, соопшти Генерал мајор Пет Рајдер, портпарол на Пентагон на брифинг за медиумите. Како што пренесе украинската државна новинска агенција ukrinform.net, новиот пакет помош вреден 300 милиони американски долари, на украинските вооружени сили ќе им обезбеди борбени капацитети за неколку ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) извести дека претпладнево во Битолско се превртела цистерна со плин. Според досегашните информации, нема поголема опасност за населението. Сообраќајката се случила пред 9:30 часот во близина на битолското село Вашарејца. На местото на несреќата интервенирале четиримина пожарникари, а на увид излегла екипа на СВР Битола. Се чека механизација за да се подигне и одвезе цистерната. Возачот на камионот е лесно ...