
Скопје
39ᴼ /
39ᴼ



Собранието денеска го донесе Законот за помилување, предложен од Министерството за правда, со кој претседателот на државата може да даде помилување само за правосилно осудени, а не и за лица кои се гонат кривично или се предмет на истрага. При изготвувањето на законот беа разгледани повеќе компаративни искуства како што се решенијата содржани во правните системи во државите членки на Европската Унија и од оние држави со кои имаме слични правни ...
Уште еден водостопански инспектор си заминал од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), но оваа институција и понатаму не добива зелено светло за да вработува нови. Директорот Сретен Стојковски денеска информираше дека ДИЖС има и помал буџет за оваа година, па ќе пропаднат и плановите да се набават и две теренски возила. Државниот инспекторат во моментов има 29 вработени, од вкупно 53, колку што треба да има според систематизацијата за ...
Голем дел од општините минатата година не успеаа да ги реализираат буџетските планови. Има потфрлање кај наплатата на данок на имот, данок на доход, на добивка. Главен „извор“ на приходи на локалните буџети се државните трансфери. Најголема буџетска „издашност“ се платите, придонесите, комуналиите, пишува Порталб.мк. Стотици илјади евра се трошат и на основа на „договорни услуги“, но и за „привремени вработувања“. Приходи и расходи на општините ...
Справувањето со недостигот на работна сила на Западниот Балкан бара рационален и храбар пристап. Треба прво да видиме што може да се направи во регионот со постоечките ресурси, а не да одиме во потрага по работна сила. Потребено ни е преструктурирање на економијата, инвестирање во технологија и индустрии кои носат поголема додадена вредност и подобро платени работни места“, изјави Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ на Балканскиот форум кој се ...
Антисемитизмот не е и никогаш не бил македонски феномен. На нашиот простор постоел вековен меѓуетнички и меѓурелигиски соживот, и почитување на различностите. Нема посилен доказ за ова од фактот дека голем дел од преживеаните македонски Евреи, оние кои беа спасени и ја избегнаа депортацијата, активно се вклучија во народноослободителната и антифашистичката борба на македонскиот народ. Ова вчера го истакна претседателот Стево Пендаровски, по ...
Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени од јануари до јуни 2023 година, како и Индексот на рационалност каде што се споредени цените по кои различни институции набавувале сосема ист производ или услуга, во случајов услуги за заловување и стручен третман на кучињата скитници. Во клучните наоди е наведено тоа дека секој трет договор за јавна набавка е склучен во постапка во ...
Податоците на Лекарската комора говорат дека 78 отсто од докторите, пријавиле дека биле изложени на некаков вид насилство на работното место, а 80 отсто биле изложени на вербално насилство. Ова го истакна денеска министерот за здравство д-р Илир Демири, по повод одбележувањето на Европскиот ден за подигнување на свеста против насилството врз здравствените работници, 12 Март. „Насилство врз здравствен работник е недозволиво и казниво со закон. ...
Вработени во СВР Скопје извршиле претрес на патничко моторно возило поради сомневање дека во него има наркотични средства, но не нашле дрога во возилото, соопштија денеска во Царинската управа. „На ден 11 март, во попладневните часови, на патниот правец Петровец – Скопје од страна на СВР Скопје е извршен претрес на патничко моторно возило, кое превезувало разна стока, увозно оцаринета на ЦИ Аеродром, поради сомневање дека во возилото се ...
Како доказ за тврдењето дека „17 милиони починале како резултат на ковид вакцинација во светот”, се цитира извештај од септември 2023 година, од канадска група „Correlation Research in the Public Interest”, кој не е прегледан од заедницата. Владините агенции и независни експерти за Франс прес велат дека овие заклучоци се со маани и дека само мал процент од смртните случаи меѓу вакцинираните може да се атрибуираат на вакцините, никако 17 милиони ...
Актуелниот претседател на САД, Џо Бајден и неговиот претходник Донанлд Трамп, вчера и официјално ги обезбедија претседателските номинации на Демократската, односно на Републиканската партија откако ги однесоа одлучувачките победи на прелиминарните избори во сојузните држави Џорџија, Мисисипи и државата Вашингтон, јавуваат светските медиуми. Aмериканските гласачи за осум месеци ќе се соочат со реванш на претседателските избори од 2020 година. ...
Леонид Волков, долгогодишен помошник на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, вети дека ќе ја продолжи борбата против рускиот претседател Владимир Путин, откако беше нападнат со чекан пред неговиот дом во Литванија, пренесува Гардијан. „Ќе работиме и нема да се откажеме“, рече тој во видео објавенo на Телеграм денес, тврдејќи дека нападот што го остави со скршена рака е „карактеристичен бандитски поздрав“ од послушниците на Путин. ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска го предупреди Западот дека Русија е технички подготвена за нуклеарна војна и дека доколку САД испратат војници во Украина, тоа ќе се смета за значителна ескалација на конфликтот, пренесоа светските медиуми. Путин, говорејќи само неколку дена пред изборите на 15-17 март, на кои е речиси сигурно дека ќе добие уште шест години власт, рече дека сценариото за нуклеарна војна „не брза“ и дека не гледа потреба ...
Не постојат никакви задни намери или заткулисни игри со вакцинацијата против пертусис. Ниту ковид вакцините, ниту вакцината против голема кашлица имаат за цел геноцид на луѓето. Ова е теорија на заговор која ја шират антиваксерите и која нема никаква медицинска поткрепа. Големата кашлица е акутна заразна болест која лесно се пренесува и може да биде фатална особено за малите деца. Најдобрата превенција против пертусис е вакцинацијата, пишува ...
Помина нацрт-законот за забрана на ТикТок во Америка во Претставничкиот дом со 352 гласови за, наспрема 65 гласови против. Одлуката сега е во рацете на Сенатот, но сè уште не е јасно кога и на кој начин ќе гласаат членовите, јави Би-би-си. Одлуката може да доведе до отстранување на ТикТок од сите американски продавници за апликации, освен ако кинескиот технолошки гигант „БајтДенс“ не го продаде својот удел во платформата. Во меѓувреме, ...
Толкувањето на песната „Californication“ на култните The Red Hot Chili Peppers, како да содржи предвидувања за тоа што се случува денес во светот. Таа стана кластер од теории на заговор како на пример: „Земјата е рамна”, „Човекот никогаш не стапнал на Месечината”, „Масони”, „Видовити шпиони”, „Лажни космонаути” и многу други. Поентата е во тоа што оваа песна беше популарна пред повеќе од 20 години, а ова е спотот од песната тематски направен ...
Во периодот до 17 март 2024 година ќе се снима мултиетничкиот краток филм „И покрај сè“ кој промовира дијалог и соработка помеѓу младите од различно етничко потекло. Филмот ќе се снима на повеќе локации низ Скопје, а премиерно ќе биде прикажан во април. Филмот е во режија на м-р Кузман Кузмановски, а директор на фотографија е Филип Кондовски. Главните улоги ги толкуваат Бехреда Решит, Петар Мароски, Ива Илијевска, Бора Јовановска и Идеал ...
Компанијата „Airbnb“ (Ербиенби) најави дека воведува глобална забрана за употреба на безбедносни камери во имотите што се изнајмуваат преку нејзината платформа. Промените во политиката на компанијата ќе стапат на сила на крајот од следниот месец, јави Би-би-си. Платформата за изнајмување преку Интернет вели дека целта на овој чекор е да се поедностават правилата за безбедносните камери и да се даде приоритет на приватноста на гостите. ...
Алатките за вештачка интелигенција како ChatGPT брзо ги вадат на виделина текстовите кои инаку тешко се пребаруваат на интернет и умеат да решаваат сложени задачи. Тоа ја отвора вратата за мамење, па образовната политика детално ја истражува употребата на вештачка интелигенција во училиштата. Помладите пак, од друга страна, ја гледаат вештачката интелигенција повеќе како можност отколку како закана, пишува германската новинска агенција ДПА. ...
Традиционалната Недела на франкофонски филм во знак на одбележување на месецот на Франкофонијата ќе се отвори в петок, 15 март 2024 година, во 20 часот, во Кинотеката на Северна Македонија, со проекцијата на швајцарскиот филм „Блех-музика“, на режисерот Франсоа-Кристоф Марзал, од 2019 година. Неделата на франкофонски филм ја организира Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со Амбасадите на Швајцарија, Романија, ...
Овогодишниот избор за стрип на годината ја потврди популарноста на италијанските и други увозни стрипови, но и високото мислење на публиката од регионот за водечките домашни автори. Stripovi.com е највлијателниот портал за стрипови во регионот на бивша Југославија, основан во Загреб од 2001 година како комбинација на форум и онлајн енциклопедија. Оваа онлајн заедница од 2007 година организира избор за најдобар стрип на годината, по углед на ...
За ширењето на дезинформациите е одговорен процесот преку кој луѓето разменуваат информации, па наместо разменување информации, целта станува ширење хаос, тензии и поделба. Ова го истакна д-р Неријус Малиукевичиус, истражувач од Литванија, од Институтот за меѓународни односи и политички науки на Универзитетот во Вилнус, кој денеска одржа предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Д-р Неријус Малиукевичиус е водечки литвански експерт за ...
Три прототип замки за заловување рисови се поставени во Националниот парк „Маврово“. Нив во изминатиот период ги креираа група студенти од природни и технички науки во координација со Македонското еколошко друштво. Студентите работеа на изнаоѓање иновативен начин да се заловат рисовите, кои се загрозен вид на раб на изумирање, за понатаму да се следат, истражуваат и заштитат од истребување. Прототип замката помага безбедно да се залови рисот и ...
Германскиот канцелар Олаф Шолц повика на прекин на огнот во Појасот Газа, „по можност веќе за време на Рамазан“. Тој вчеравечер преку видео порака рече дека примирјето треба да обезбеди ослободување на израелските заложници и поголема хуманитарна помош за Палестинците, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Убеден сум дека мнозинството Израелци и Палестинци сакаат мир“, рече Шолц. Тој рече дека е вознемирен поради зголемената загриженост на ...
Основното јавно обвинителство Битола поведе истрага против 21-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – силување дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. „Во периодот од август до крајот на декември 2023 година, осомничениот во стан на улицата Прилепска во Битола, во повеќе наврати вршел полови дејствија врз 14-годишно девојче“, соопштува Јавното ...
Охридската полиција поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Охрид, поради сомнежи за сторено кривично дело „убиство во обид“ како и против охриѓанецот Е.М.(21) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“. Од СВР Охрид известуваат дека на 8 март годинава, околу 11.30 часот, првопријавениот охриѓанец, во стан на улицата „ Карпош Војвода“ во Охрид, сопственост на второпријавениот, по претходна расправија ја ...
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги потврди имињата на носителите на пратеничките листи. Листата во првата изборна единица ќе ја предводи Мицкоски, во втората носител ќе биде Владо Мисајловски, во третата Драган Ковачки, во четвртата Александар Николоски, а во шестата Дафина Стојаноска. За петтата изборна единица сè уште не е дефинирано имeто на носителот. Мицкоски изјави дека ќе водат позитивна кампања која ќе биде насочена на нудење ...
Здружението на новинарите на Македонија ги додели годишните награди „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело, „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство и награда за новинарско известување на теми од локално и регионално значење. Истовремено беа доделени и четири признанија за посебен придонес во промоција на професионалното истражувачко новинарство. Комисијата за награди во состав Жана Божиновска, Ристо Тасев и Ведат Мемедалија, наградата за ...
Во манипулирано видео од новински сегмент на Франс24 се вели дека официјалната посета на Емануел Макрон е откажана оти француската тајна служба пресретнала информации околу можен атентат на францускиот претседател. Не само тоа, туку атентатот ќе го извршеле украински оперативци, со цел да може да се префрли вината на Русија. А, крајната цел била Украина да добие поголема финансиска и воена помош, па дури и да вмеша НАТО членка во војната. Веста ...
Во периодот од 1 до 7 март се регистрирани 50 нови случаи на голема кашлица, според последниот извештај на Институтот за јавно здравје. Од нив, пет лица се хоспитализирани, од кои четири се помали од една година, а едно спаѓа во категоријата на лица од една до четири години. Најголем дел од заболените лица имаат меѓу 10 до 14 години, а најстарите имаат 40 години. Според извештајот, заклучно со 7 март, во државата се регистрирани вкупно 173 ...
Албанската партија ДУИ, која по 2001 година е најдолго на власт и која е одговорна за политичките интервенции во правосудниот систем, и како резултат на тоа и на намалувањето на довербата на граѓаните во правосудниот систем, на последните парламентарни избори вети, но не го оствари проектот за „ветинг“. Овој проект предвидуваше контрола на политичарите, обвинителите, судиите и униформираните работници. ДУИ пак вети ветинг во време кога ...