
Скопје
38ᴼ /
38ᴼ



Одговорноста за нападот во концертната сала во Москва ја презеде Исламска држава. Русија, пак, се обидува одговорноста да ја префрли на Украина, иако нема никакви докази за тоа. Украина демантира каква било поврзаност со терористичкиот напад. Досега се уапсени 11 лица, од кои четворица државјани на Таџикистан се обвинети дека директно учествувале во нападот. Во ниту една изјава досега, ниту од руска ,ниту од која било друга страна не се спомнала ...
Откако Русија ја нападна Украина во 2022 година, Зеленски стана постојана цел на хомофобични дезинформации во склоп на реториката на Кремљ, која го врамува конфликтот како борба против Западот и западните вредности. Таква е и оваа објава која прикажува монтирана фотографија од наводен бакнеж помеѓу Зеленски и Макрон. Вистината е дека станува збор за монтажа од две посебни фотографии каде што украинскиот и францускиот претседател си ги бакнуваат ...
Во објавата се опишува наводна техника за која се тврди дека лицето што има срцев удар може да си помогне и да преживее со повеќекратно силно кашлање. Но, медицински професионалци од различни делови на светот и сервиси за проверка на фактите пишуваат дека оваа метода не е делотворна и нема да помогне при случаи на срцев удар, кога најдобриот совет е веднаш да се повика итна медицинска помош, пишува Вистиномер. Текстот го објавуваме во целост: ...
Исламска држава презеде одговорност за нападот. Истрагата за терористичкиот напад уште трае, а обвинувањата кои Москва ги упати дека Западот и Украина стојат зад терористичкиот напад ја ставаат Русија пред голем проблем, а тоа е што не може да ги докаже непоткрепените тврдења. На 7 март, Соединетите Американски Држави издадоа предупредување за потенцијален терористички напад во Русија, повикувајќи ги Американците во Русија да избегнуваат масовни ...
Во објавата што ја рецензираме невистинито се тврди дека вработените во болниците ги убивале луѓето кои биле хоспитализирани со користење на погрешни протоколи. Се пласираат невистини и за лекот „ремдесивир“ дека трајно им ги оштетил бубрезите на оние кои го примиле, иако постојат докази дека самата болест ковид-19 предизвикува компликации со бубрезите, а не лекот. Исто така, во објавата се шири и дезинформацискиот наратив од периодот на ковид ...
Структури кои во текот на ковид пандемијата жестоко споделуваа дезинформации за вакцините, маските, мерките за заштита од ковид и сето тоа го ставаа во еден кош на „глобална контрола на населението од страна на сатанистичкиот Запад и неговата агенда за депопулација“, не престанаа да шират невистини ниту по завршувањето на пандемијата. Тие само продолжија надградени со нов наратив за поддршка на Русија во војната со Украина, истовремено ...
Само по основ на потрошувачки кредити граѓаните должат скоро 2 милијарди евра. Кредитните услови, пред сè, преку каматите и провизиите, ќе олеснуваат, пишува Порталб.мк. Со почетокот на оваа економска година банкарите очекуваат зголемена побарувачка на кредити – и од страна на фирмите и од граѓаните. Просечната камата на вкупните кредити на ниво од 5,55% Минатата година помина во знакот на „поскапи“ кредити поради заострената монетарна политика ...
Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на активност е повеќе намалена кај жените отколку кај мажите, што е слично и со глобалните трендови. Ова го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на работилницата „Улогата на жената во ...
Пред Бранденбуршката порта во Берлин, Германците со пушење марихуана ја прославија легализацијата на канабисот, која стапи на сила на сила во неделата на полноќ. Стотици луѓе се собраа во опуштена атмосфера, а некои дури и танцуваа на реге звуците на реге, пишува германската новинска агенција ДПА. Пред портата, која е симбол на Берлин, на настанот бил поставен лист од канабис висок неколку метри, а точно на полноќ многу луѓе запалиле цигари и ...
Дел од мостот Френсис Скот Ки во американскиот град Балтимор се урна откако товарен брод удри во него утрово. Повеќе автомобили завршија во реката Патапско, јави Гардијан. Бродот Дали, под знаме на Сингапур, удрил во мостот, по што се запалил, пред да потоне. Во видео споделувано на социјалната мрежа „Х“ се гледа како голем дел од мостот долг 2,6 километри паѓа во водата. BREAKING: Footage of the Francis Scott Key Bridge collapsing just outside ...
Израел ја откажа посетата на Вашингтон на која требаше да се разговара за планираната офанзива на јужниот град Рафа во Газа, на што САД се противат, јави Гардијан. Посетата беше откажана по гласањето на Советот за безбедност на ОН за резолуцијата за прекин на огнот. САД се воздржаа од гласање, со што овозможија резолуцијата да помине. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги обвини САД дека се повлекле од „принципиелната позиција“ со тоа што ...
Британскиот суд ја одложи својата одлука за екстрадицијата на Џулијан Асанж во САД. Основачот на Викиликс доби одложување на борбата против екстрадицијата, откако судиите одлучија дека тој може да го однесе случајот на жалбена расправа, но само доколку администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден не може да му даде на судот соодветни гаранции, јавуваат британски медиуми. Британскиот суд им даде на САД рок од три недели за да обезбедат ...
Државната полиција на Мериленд соопшти дека шесте лица кои беа исчезнати по уривањето на мостот Френсис Скот Ки во вторникот во Балтимор, Мериленд, сега се претпоставува дека се мртви, пренесува „Гардијан“. Властите соопштија дека по несреќата, две лица биле спасени од водите на реката Патапско. Џефри Прицкер, високиот извршен директор во „Браунер Билдерс“, фирма-работодавач, рече дека за шестмина се претпоставува дека се мртви, со оглед на ...
Шефот на украинските воздухопловни сили, денеска изјави дека Русија во текот на ноќта лансирала 13 беспилотни летала Шахед во Украина, од кои 10 биле соборени во регионите Харков, Суми и Киев, пренесе „Гардијан“. „Противавионски ракетни единици, опрема за електронско војување беа вклучени во одбивањето на воздушниот напад“, рече Микола Олешчук. Во меѓувреме, украинската морнарица тврди дека потопила или онеспособила една третина од сите руски ...
Над сто пратеници од парламентот на Велика Британија, заедно со уште 27 британски политичари, се потпишаа на писмо до државниот секретар Дејвид Камерон, во кое се бара Обединетото Кралство да престане да продава оружје на Израел, пренесува Гардијан. Во писмото стои дека е неприфатливо продажбата на оружја на Израел да продолжи како што досега. Се истакнува дека неодамнешна истрага на ОН покажала дека двајца британски доктори биле убиени во ...
Саудиска Арабија е избрана да биде претседавач со комисијата на Обединетите Нации што ја промовира родовата еднаквост, а одлуката е критикувана од групи за човекови права поради исклучително лошото досие на кралството кога станува збор за правата на жените, пишува Гардијан. Амбасадорот на Саудиска Арабија во ОН, Абдулазиз Алвасил, беше избран за претседател на Комисијата за статусот на жените, со акламација во средата, бидејќи немаше ривалски ...
Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш тие ќе бидат соборени од руските сили, рече рускиот претседател Владимир Путин. Зборувајќи со пилотите на руските воздухопловни сили, Путин кажал дека воената алијанса предводена од САД се проширила кон исток кон Русија од падот на Советскиот Сојуз во 1991 година, но дека Москва ...
Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија. Во првите месеци на ковид-пандемијата во 2020 година, тој волонтирал во ургентен центар во Њујорк, град кој се соочувал со исклучително висок број на заболени во тој период. Како што раскажува тој, додека работел таму, имал директен контакт ...
Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили од различен тип. „Украинските воздушни бранители соборија 84 воздушни цели, вклучувајќи 58 беспилотни летала Шахед, 17 крстосувачки ракети Kh-101, 5 водени воздушни ракети Kh-59 и 4 крстосувачки ракети Искандер-К. Благодарни сме на нашите ...
Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени, но, според британската хуманитарна организација „Набљудување на сириски човекови права“, има најмалку 40 жртви. Хезболах вели дека најмалку 36 сириски војници и шест членови на Хезболах се убиени. Групата ...
САД планира да даде оружја вредни милијарди долари на Израел, велат два извори за Гардијан. Ќе се предадат повеќе од 1800 MK84 бомби кои тежат 900 килограми и 500 MK82 бомби кои тежат 200 килограми, пишува Вашингтон пост. MK84 бомбите се користеле од израелските сили во сегашната војна во неколку бомбардирања со висок број на жртви. Вашингтон инаку одвојува до 4 милијарди долари годишно од својот буџет за да го финансира воениот буџет на Израел. ...
Холандската полиција извести оти има заложничка криза во централниот град Еде. Во кафуле се држат заложници. Ослободени се тројца заложници, но не е јасно уште колку заложници сè уште се во кафулето. Голем број специјални единици беа забележани во центарот на холандскиот град, каде беа евакуирани околу 150 домови. Холандските медиуми известуваат дека забележале робот за деактивирање бомби околу кафулето. Нема знаци дека станува збор за ...
Заложничката криза во холандскиот град Еде која се одвиваше денес заврши со ослободување на сите заложници кои беа држени во ноќен клуб. Лицето што ги држело заложниците излезе од клубот со кренати раце и беше уапсен. Иницијално беа ослободени тројца заложници, а подоцна беше ослободен четвртиот заложник. Голем број специјални единици беа забележани во центарот на холандскиот град, каде беа евакуирани околу 150 домови. Холандските медиуми ...
Папата Франциск во својата Велигденска порака денеска упати апел за прекин на војните во Газа и Украина. Тој повика на прекин на огнот во борбите меѓу Израел и Хамас во Газа, како и ослободување на сите заложници што ги држи Хамас. „Мирот не се постигнува со оружје“, рече Папата во своето традиционално обраќање на Велигден во Ватикан. Десетици илјади верници се собраа на плоштадот Свети Петар за да го слушнат папата Франциск како ја води ...
Израелски воздушен напад во Газа усмрти седум работници од хуманитарната организација Светска централа кујна (СЦК), пренесува Гардијан. Жртвите потекнуваа од Австралија, Велика Британија, Палестина, Полска, а еден од загинатите имал двојно државјанство од САД и Канада. Светската централна кујна, која беше клучна во доставата на хуманитарна помош преку новиот поморски коридор од Кипар, соопшти дека работниците патувале во две возила на кои било ...
Во два часот по полноќ, односно на 31 март наутро, започнува летно сметање на времето, што значи дека стрелките на часовникот ќе се поместат за еден саат понапред. Односно, наместо да е два часот, ќе биде три часот, со што утрешниот ден ќе биде за час покус. Во Северна Македонија важи средноевропското зонско време. Имаше напори и во нашата држава и во Европската унија да се укине менувањетo од зимско во летно сметање на времето и обратно, но тие ...
Христијанските верници денеска го прославуваат големиот христијански празник Воскресение Христово -Велигден според Грегоријанскиот календар. Претседателот Стево Пендаровски, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски и до сите верници со поздравот – Христос воскресна! Во честитката Пендаровски пишува дека во овој поздрав е сублимирана сржта на христијанската вера дека Бог во Исус Христос целосно се поистовети ...
Два крака од пожарот над селото Вешала во Општината Тетово се изгаснати, а третиот сѐ уште е активен, информираат денеска од Центарот за управување со кризи. Пожарот бил подметнат вчера, како подготвка за сеидба на обработлива површина и е раширен на непристапен терен каде гори ниска вегетација, папрат на површина од два до три километри, а зафатил и дел од букова шума. Како што информираше ЦУК, за за негово гаснење била побарана и воздушна ...
Ноќта помеѓу саботата и неделата, Русија истрела 14 крстосувачки ракети и нападна со 11 беспилотни летала, балистичка и наведувана ракета кон територијата на Украина. Силите за противвоздушна одбрана на Украина уништиле 18 воздушни цели, девет крстосувачки ракети и девет летала, соопшти командантот на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, Микола Олешчук, пренесува Укринформ. Украинските медиуми пренесуваат изјава на францускиот ...
Владеачката СДСМ денеска ја промовираше новата изборна програма насловeнa како „Програма за европска иднина“ и кандидатите за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина за претстојните парламентарни избори. На настанот се обратија носителите и коносителите од сите шест изборни единици, претседателот на партијата, Димитар Ковачевски, претседателката на ЛДП Моника Зајкова, Оливер Спасовски, Фатмир Битиќи, Сања Лукаревска, Љупчо Николовски, ...