
Скопје
30ᴼ /
30ᴼ



Среде жестоките политички кампањи на претседателските кандидати кои веќе неколку недели се борат за вниманието и гласовите на граѓаните, а меѓу нив и на младите, се наметнува прашањето: што навистина нудат за возврат кандидатите за прв човек/жена на нацијата? Седуммина кандидати влегоа во трката за македонски претседател, а млади лица можеа да се забележат во нивните рекламни видеоспотови, како и на митинзите и средбите со граѓаните. ...
На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) се отвори 12-то издание на Робомак и 4-то издание на Робомак јуниор за средношколци. Станува збор за меѓународен натпревар, семинар и студентска конференција во полето на роботиката, електрониката, автоматиката и вештачката интелигенција, со повеќе од 60 учесници од државата и од странство. Станува збор за најголем настан од ваков карактер во државата. „Покрај практичната работа, ...
Денот на планетата Земја, што традиционално се одбележува на 22 Април, оваа година е посветен на борбата со пластиката и пластичниот отпад. Под мотото „Планета vs пластика“ се започнува кампања за намалување за 60 отсто на целокупното производство на пластика до 2040 година и се апелира за инвестирање во иновативни технологии и материјали за да се изгради свет без пластика. Пластиката е една од најголемите закани за луѓето и биодиверзитетот, ...
Министерството за образование и наука (МОН) објави конкурс за издавање на учебници во деветгодишно основно образование. Се бараат автори по речиси сите наставни предмети за осмо одделение, кои треба да се прават согласно Концепција за деветгодишно образование. Инаку, учениците кои учат по нови наставни програми од септември ќе бидат седмо одделение, што значи дека учебниците за осмо одделение се прават на време, за да нема доцнење, како што ...
Младиот уметник Озбек Ајваз утрово во центарот на Скопје претстави уште две скулптури од неговиот проект за подигнување на свеста и информирање на граѓаните за секојдневната опасност од патогените бактерии кои се појавуваат на места каде што не постојат јавни тоалети и санитарни услови. Во близина на трговскиот центар „Буњаковец“ е прикажана бактеријата Klebsiella, која има потенцијал да биде сериозна опасност за ширење на зараза. Станува збор ...
Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на програмата „Градиме нови мостови“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Целта на проектот е да се зајакне капацитетот на младите луѓе без разлика на етничките разлики да користат стрипови како соодветна културна алатка за промовирање на меѓуетнички дијалог, ...
Промоцијата на Epic Games за демото, односно trial (пробната), верзија на Mirage, најновиот наслов во Assassin’s Creed (AC) серијалот, може да се испроба до 30ти април бесплатно. Дејството на играта се одвива во златната доба на Исламот во Багдад, а за играта имаме пишувано и кога првпат беше првпат најавена. За да го играте демото прво мора да направите акаунт на Epic Games. Следно треба да ја најдете играта во Laucher-от (што мора да се симне ...
Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат во саботите, на 18 мај и на 1 јуни. Дополнително, скопските училишта треба да одработат и денот кога училиштата не работеа на 30 ноември, поради одржувањето на Министерскиот совет на ОБСЕ. На овој допис од вчера, претходел друг допис испратен од МОН до училиштата, на ...
Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е во организација на „Growth Labs Academy“ во соработка со Сојузот на средношколците на Македонија. Организаторите најавуваат дека на настанот ќе бидат опфатени темите за важноста на неформалното образование и континуираното учење, за тоа како средношколците да ја изберат својата ...
На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра платформска игра Ghost and Goblins. Имено, копјето на витезот од Ghost and Goblins служи како инспирација за шлемот на главниот лик во Blasphemous познат по називот „Penitent One”. Мора да се предупреди дека станува збор за игра со „blood and gore”. Овде може да го ...
Пожарите, покрај поплавите, се најчестите природни непогоди кои се случиле во земјата во изминатите две децении. Најчесто ги има во периодот меѓу март и септември, што укажува дека се директно поврзани со влијанијата на климатските промени и покачувањето на просечните температури. И покрај илјадниците хектари изгорени шуми, во последните три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар. Повеќе на оваа тема погледнете во новата ...
Деновите пред гласањето на претстојните избори, 23 април и 7 мај, ќе бидат работни за сите училишта. Притоа, во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе се реализира од 7 до 11 часот, со скратени наставни часови за сите одделенија и класови, соопшти денеска Министерството за образование и наука (МОН). Во останатите училишта каде не се спроведува гласање, наставата се реализира вообичаено и согласно предвидениот дневен ...
„Театарот ги обединува младите“ е името на меѓународниот проект, на кој може да се пријават сите заинтересирани средношколци, информираат во „Перипетија продукција“. Оттаму велат дека учесниците ќе имаат можност да истражуваат во текот на 10 театарски работилници со уметници од разни области, како и да бидат дел од кампот кампот во Скопје од 27 до 31 август, заедно со свои врсници од Грција и Србија. „Освен тоа, младите ќе учествуваат во ...
Од 26 до 28 април ќе се одржи второто издание на Стартап Викенд Охрид, во просториите на универзитетот „Св. Апостол Павле“. Станува збор за глобален настан, хакатон кој има за цел да ги поттикне младите професионалци, фриленсери и стартап ентузијасти, на едно место да оформат тим со кој ќе развијат бизнис идеја од концепт до прототип, и тоа за 54 часа, односно за еден викенд. Тимовите ќе ги доразвијат своите идеи со поддршка на над 20 ментори – ...
Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките коишто се финансираат со пари од родителите во училиштата“. Истражувањето спроведено во 96 основни и средни училишта во 8 општини во земјава открива дека набавките за осигурување, за униформи за учениците, за фотографирање, за ужина итн., се спроведуваат во постапки за кои нема јасно дефинирани правила кои би ...
Играта „Ghostrunner“ со сајберпанк тематика, паркур скокање и прекачување каде играте „уличен самурај” што користи надградена катана и кибернетски импланти, е достапна за бесплатно преземање од „Epic Games“ до утре, четврток, 18 април. Повелете и погледнете го трејлерот за играта: Практично, идејата за “блејдмастер” што користи само техничка катана со натчовечка брзина и сила зајакната од разни механички имплантации, е една од архетипските идеи ...
Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на ланската работа на „Ало Бушавко“ – телефонска линија за поддршка за деца и млади, која Првата детска амбасада во светот Меѓаши го води 30 години. Телефонскиот број е 070390632 и е достапен 24 часа во денот, а може да се посети веб-сајтот на „Ало ...
Правете бекап на дигиталните податоци, бидејќи ако чувате сè на лаптоп и ако случајно се оштети некој диск, ќе изгубите сè. Лозинките што ги креирате да бидат доволно долги и силни. На Инстаграм не постирајте во живо каде сте, бидејќи со Geospy лесно ќе ве лоцираат. Не одговрајте на мејлови или пораки од некој случајно избрано корисничко име. Ова се само дел од советите кои ги дадоа професорите и младите што учествуваа на денешниот вебинар ...
Во четврток во уметничкиот центар Арт Хаб ќе биде отворена изложбата на скулптури од керамика на Боро Новаковски – Новак. На изложбата ќе бидат презентирани ретките сочувани дела на Новак, чијашто кариера како керамичар започнува во средината на 50-тите години. „Неговите првични обиди за изработка на керамички скулптури биле скромни, обидувајќи се да додаде украси и бои на грнчарски производи. Сепак, набрзо го менува овој приод, фокусирајќи се ...
Вкупно 14 училишта во Македонија се затвориле во период од само една учебна година, покажуваат најновите бројки за бројот на училишта, паралелки и ученици, кои денеска ги објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Во учебната 2021/2022 година, во државата имало 976 училишта, а веќе следната учебна година, 2022/2023, оваа бројка е 962. Во основното образование лани имало 10.997 паралелки и 182.245 ученици, а година пред таа имало 11.057 ...
Новата книга на реномираната авторка Румена Бужаровска „Господ, па Америка“ ќе биде промовирана вечерва, во „Јавна соба“ во 19:30 часот. Станува збор за збирка есеи, во издание на „ТРИ“. Есеите претставуваат „разголување на ставовите, спомените и размислувањата на авторката, како и на современото американско општество“. Настанот ќе го модерира Ивор Мицковски. Есеите беа претходно објавени на српски јазик во „Велике приче“, а сега го добиваат ...
Политичките лидери кои се претставуваат како „возрасни“ додека го забавуваат темпото на климатските активности, го туркаат светот кон подлабока катастрофа, предупреди поранешен шеф за животна средина на САД, а соопшти Гардијан. „Ние сме забавени од оние кои се сметаат за возрасни и веруваат дека декарбонизацијата со брзината на којашто бара климатската заедница е нереална“, рече Тод Стерн, кој служеше како специјален пратеник за климатските ...
Успехот на ChatGPT и другите интелигентни апликации создаде впечаток во јавноста дека сега човечките обврски ќе бидат значително олеснети и во иднина сè ќе биде автоматски, без да се свесни за проблемите што ги имаат овие програми и колку лесно можат да донесат погрешни одлуки. Со оглед на тоа што вештачката интелигенција несомнено ќе остане дел од нашето секојдневие, важно е да бидеме информирани за нејзините придобивки, но и подготвени за ...
Единаесет млади научници успешно спроведоа 11 научно истражувачки проекти, соопшти Македонското еколошко друштво (МЕД). Оттаму информираат дека станува збор за проекти кои се занимаваат со истражување на биолошката разновидност, но и проекти од областа на заштита на животната средина и кревање на јавната свест. Младите научници, во присуство на своите колеги и некои од менторите, ги презентирале извештаите од нивните проекти. „И покрај тоа што ...
Живееме во време кога да се одржува сајбер хигиена е исто како да се одржува лична хигиена. Taa мора редовно да се одржува, а веќе кога ќе премине во навика, станува едноставна дневна рутина. Прашањата за тоа како да се одржува сајбер хигиената, како да ги заштитите и чувате вашите лозинки, да се заштитите од фишинг пораки, да направите бекап на податоците, да инсталирате антивирусни програми, да ја задржите својата онлајн приватност ќе се ...
Девелоперот на популарната MMO RPG игра „Елдер скролс онлајн“, Мат Фирор вели дека „Метаверзумот (на Закерберг) не е успешен токму поради тоа што се игнорираат игрите кои развиваат виртуелни светови веќе 20 години”. „Тоа не е нешто ново, престанете да го претставувате како новитет”, додава тој. Кога прв пат беше најавен „Метаверзумот“ во 2022 и 2023 година, при што беа презентирани аватари, веројатно гејмерите што веќе играа ММО-а како Elder ...
Дарен Лукаидс работи како истражувачки новинар од 2008 година, во Лондон и во Барселона. Главен интерес му се конспиративните групи, групи кои шират дезинформации на социјалните платформи и истражувања за начинот на кој функционираат истите, со посебен акцент на Телеграм. Неговите стории се објавувани во престижни медиуми, како WIRED, Гардијан (The Guardian) oпен Демокраси (open Democracy), разобличувајќи ја поврзаноста меѓу политиката и ...
Министрите на НАТО вчера во Брисел го разгледуваа предлогот на генералниот секретар Јенс Столтенберг за посебен фонд од 100 милијарди евра за долгорочна воена поддршка на Украина, објави германската новинска агенција ДПА. Столтенберг предложил „да се создаде плик со 100 милијарди евра за следните пет години“, рече белгискиот министер Хаџа Лахбиб пред почетокот на дводневниот состанок. „Ќе ја анализираме одржливоста на тој предлог“, рече тој. На ...
Закажување лекарски преглед, купување билет за воз, дури и закажување состанок со пријателите – денес луѓето прават речиси сè со мобилен телефон или компјутер. Во Германија, сепак, сè уште има милиони луѓе кои никогаш не се појавиле на интернет. Сè на сè, ова се околу пет отсто од германското население на возраст меѓу 16 и 74 години, или 3,1 милиони луѓе, објави Федералниот завод за статистика, а пренесе германската новинска агенција ДПА. ...
Пожар избувна денеска во Универзалната сала во Скопје. Гори куполата која беше поставена пред точно две седмици. Во моментов големи пламени јазици и чад се издигаат над тој дел од градот. Дежурните пожарникари на телефонскиот број 193 потврдија дека се работи за објектот Универзална сала. На терен се повеќе противпожарни возила. Последен пат, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, во февруари најави дека Владата ја презема ...