
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Припадниците од исламска вероисповед денеска го празнуваат празникот Рамазан Бајрам. Големиот празник го означи крајот на триесетдневниот пост од утро до мрак во кој секој муслиман покрај од храната и пијалакот се откажува и од лоши мисли и дела, посветувајќи се на молитва и на духовност. Како еден од столбовите на исламот, Рамазан е месец на добрина, милост, љубов и простување. Претседателот Стево Пендаровски упати честитка во која токму во ...
Неколку часа траеше патешествието додека кучето Чопер, по кое македонските граѓани трагаа со денови, а кое повторно се најде во рацете на неговите сопственици кои се со потекло од Виетнам, а со привремен престој во Скопје. Тие утре, в сабота, заедно со бездомното куче од скопските улици, ќе отпатуваат за Германија. По објавувањето на сторијата за Чопер на Мета.мк, во 1 часот наутро ни пишаа луѓе кои нè известија дека кучето се наоѓа кај нив, во ...
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека пристапот на премиерот Бенјамин Нетанјаху кон Газа е „погрешен“ и го предупреди Израел да повика на прекин на огнот, пренесува „Гардијан“. Коментарите на Бајден беа некои од неговите најсилни критики досега кон Нетанјаху, во период кога има тензии околу бројот на цивилни жртви од војната на Израел против Хамас и тешките услови во Газа. „Мислам дека тоа што го прави е грешка. Не се согласувам со ...
„Егзодус на докторите и на медицинските сестри“, „Дали планирате уште некој генијален преглод закон со кој ќе ги намалите работничките права?“, се само дел од транспарентите со кои денеска, околу 200 доктори и медицински сестри од Клинички центар го искажаа својот револт пред зградата на Министерството за здравство, барајќи повисоки плати и подобри услови за работа. Протестот го организира Синдикатот на Клинички центар, а се одржа во периодот од ...
Македонските потрошувачи во 2023 година потрошиле вкупно 649,3 милиони евра на виртуелните места за продажба во државата и во странство, соопшти Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ). Ова бројка е за 18 отсто повисока во однос на 2022 година. Вкупниот број на трансакции е исто така зголемен во однос на 2022 година – за 15,2 отсто, односно биле направени 19,29 милиони трансакции во текот на изминатата година. Физичките лица доминираат ...
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Извор, за две кривични дела – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопшти Обвинителството. „Постои основано сомнение дека во временскиот период од 2021 до 03 април годинава, осомничениот татко со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување ги запуштил ...
Компанијата Кепс Монт груп, која има концесија за расчистување на депонијата со згура на топилницата во Велес, поднела жалба до второстепената комисија за управна постапка за одлуката на Општината Велес да не им даде нова Б-интегрирана дозвола. Концесионерот смета дека е оштетен што локалната власт, во образложението на одлуката наведува дека отпадот во депонијата од топилницата не се третирал како историска жешка точка, туку како техногена ...
На социјалните мрежи масовно се споделуваат фотографии од изгубеното куче Чопер, откако видео креаторот и јутјубер Филип Ву со потекло од Виетнам, објави вирално видео на социјалните мрежи. Граѓаните го бараат Чопер, бидејќи кучето има можност од само уште два дена да замине во Германија, каде што ќе оди Филип. Тој планирал да си го земе Чопер со него, откако три месеци го чувал во Скопје. Видеото кое кружи низ социјалните мрежи и моментално има ...
Ги користиме социјалните мрежи и платформи, но колку знаеме кој стои зад нив и колку се тие бизнис-ориентирани? Во оваа епизода ви го претставуваме истражувачкиот новинар Дарен Лукаидс, кој со години ја истражува платформата Телеграм и нејзините добри и лоши страни поврзани со дезинформациите. Покрај ова, во новата епизода на „Шорткат“ информираме за проблемите со кои се соочуваат младите хемичари и нивните ментори кои ја претставуваат земјава ...
Јавното претпријатие „Лајка“ соопшти дека оваа недела, 14 април, организира маскенбал за кучиња во Градскиот парк во Скопје. Претпријатието најавува избор на најдобро маскирано куче и најдобро маскиран сопственик, додека за најдобрите и најиновативни учесници се предвидени награди. „Како и сите настани на ЈП Лајка и овој има за цел да го насочи вниманието на важноста на посвојувањето на бездомно куче“, велат од претпријатието. Настанот ќе се ...
Од денеска почнуваат настаните на „Студентска Уметничка Пролет“ што ги организира Europe House Скопје во соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ). Серијата настани ќе траат до 26 април, а се посветени на збогатувањето на културно-уметничката понуда на кампусот, како и промовирањето на интердисциплинарниот пристап кон знаењето меѓу студентите. „Целта на овие настани е да се обединат и поврзат студентите од различни факултети преку ...
Сите млади студенти, новинари, членови на граѓанскиот сектор, активисти или ентузијасти ги повикуваме да аплицираат на обуката поврзана со „прибанкинг“ (prebunking) односно разни превентивни стратегии за спречување на ширење на дезинформации. Ова е последната од трите обуки во рамки на програмата „Новинарство за новата генерација“. Најдобрите шестмина учесници од трите работилници ќе имаат можност за едномесечно платено практикантство во еден од ...
По светскиот успех на играта „Фајтс ин тајт спејсес“ („Fights in tight spaces“), излезе и втор дел наречен „Најтс ин тајт спејсес“ („Knights in tight spaces“). За оваа игра моментално има бесплатна демо верзија на Steam. Играта е тактичка, а борбите се слични на „Heroes of Might and Magic“ серијалот, како и на серијалот игри „Banner Saga“. Борбата изобилува со атрактивни движења кои се позајмени од боречки вештини и филмови, а кога ја играте се ...
Двете преработени игри „Outer Worlds“ и „Thief“ се бесплатни за превземање на „Epic Games“. Нормалните цени на игрите се 60 евра за „Outer Worlds“ и 20 евра за „Thief“, а ова се игри од познати фирми, односно од девелоперите Obsidian и Eidos напоредно. „Outer Worlds“ најчесто се споредува со игрите „Fallout“ и „Star Wars Knights of the Old Republic“ серијалот, бидејќи содржи слични елементи, а исто така и самиот вселенски брод во играта и ...
Чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС ќе започне деновиве, по пауза од седум месеци. Ќе треба да се ископаат нови 450 тони на HCH отпад и 250 тони на HCH контаминирана земја од четвртиот лот на депонијата, а работите на терен се очекува да бидат завршени до крајот на јуни. Опасниот отпад, како и претходните количини, дел по дел до следната година, ќе се транспортира до постројки за уништување во Германија и Франција. Сепак, од ...
Популарното српско списание „Политикин забавник“, кој годинава прославува 85 години од првиот број, објави стрип на ромски јазик. Станува збор за стрип јунакот Дикан – „најмладиот Стар Словен“, на авторите Лазо Средановиќ и Никола Лекиќ. Во последните два броја на познатиот „Политикин забавник“, кој излегува од 1939 година, вклучен е додаток со стрипот „Дикан“ во две продолженија, за првпат на српски и на ромски јазик. Денес, 8 Април, се ...
Најновите научни истражувања, зајакнување на регионалната соработка и креирање на цврсти врски помеѓу академската и деловната заедница ќе бидат во фокусот на научниот конгрес „Science@FEEIT”, која ќе се одржи од 9-12 мај 2024 година во Скопје. „Science@FEEIT” е во организација на Факултетското студентско собрание (ФСС) при Факултетот за електротехнички и информациски технологии при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, кој годинава ќе се одржи по ...
Милиони луѓе низ Мексико, САД и Канада ќе патуваат да го видат целосното затемнување на сонцето, кое ќе започне ова попладне, пренесува Гардијан. Затемнувањето прво ќе може да се види на западниот брег во Мексико, па ќе се „придвижи“ североисточно низ САД и Канада, по т.н. „патот на тоталноста“. Патот на сенката на месечината од запад кон исток ќе трае околу еден час. Околу 31 милион луѓе живеат во патот на тоталноста на затемнувањето. Целосно ...
Вчера, на 6 април, српската и некогашна југословенска група „Бајага и инструктори“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје го повтори својот прв концерт одржан на истото место 40 години претходно. На сцена заедно со фронтменот Момчило Бајагиќ – Бајага беа и членовите на легендарната постава од осумдесеттите, гитаристот и пејач Живорад Миленковиќ – Жика и клавијатуристот Александар Локнер, кои наспроти напредната возраст од над 65 години ...
Технолошката компанија „Мета“ – сопственик на Фејсбук и Инстаграм, вчера најави големи промени во своите политики за дигитално создадени и изменети содржини, пред изборите кои ќе ја тестираат нејзината способност да ги контролира измамничките содржини генерирани од технологиите за вештачка интелигенција. Како што пренесе Гардијан, „Мета“ во мај ќе започне со примена на етикетите „Направено со вештачка интелигенција“ (Made with AI) и тоа на ...
Гугл наводно подготвува планови за наплата на функциите за пребарување надградени со вештачка интелигенција, што би било најголемото менување на моделот на приходи на компанијата до сега, пишува Гардијан. Ваквата наплата е природна последица на огромниот трошок потребен за обезбедување на услугата, тврдат експертите, и ќе овозможи секој водечки играч во секторот да нуди разновидни модели на претплата за да ги покрие трошоците. „Пребарувањето со ...
Денес, со почеток во 19:00 часот во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоција на стрипот „Скрши што судбината гради“ од Гаја Смилевска. Стрипот црпи инспирација од историски настани од средновековието и Византиската империја која владеела на овие простори, а авторката преку ликовите ја тематизира релацијата на младите луѓе со домот градејќи имагинарна авантура. Промоцијата ќе биде во вид на разговор на авторката со визуелните уметници ...
Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје потпиша договор со Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски „АНТЕВО ПЕРО“ за добивање дигитализирани материјали од неговиот опис, како и правата за дигитализација на книги и некнижен фонд од неговата приватна архива. Од библиотеката велат дека целокупното творештво на Анте е од непроценливо значење за македонската култура и дека како институција се чувствуваат должни да го промовираат ...
Загриженост и разочараност искажаа денеска Коалиција Маргини и „ТрансФормА“ од одлуката на Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје во последен момент да ја откаже дискусијата наменета за студенти насловена „Патот на Транзицирањето“, која се однесуваше на аспектите на медицинските услуги и грижа во процесите на потврдување на родот на трансродовите и родово различните лица. Оваа одлука, велат од Коалицијата, беше резултат на паниката, ...
Македонските средношколци кои заедно со нивните ментори се истакнуваат на меѓународни натпревари по хемија, од година во година се соочуваат со истиот проблем – финансиски ограничувања кои ја попречуваат нивната желба целосно да им се посветат на овие престижни настани. И покрај постојаните апели до државните институции и приватните компании, одржливо решение за овој траен проблем нема. Додека учениците значително се вложуваат во подготовката за ...
Лука Павиќевиќ, доскорешниот претседател на Сојузот на средношколци, од оваа година академска година е бруцош на најпрестижниот универзитет во светот, „Харвард“. Иако е на почеток на студиите, неговиот професор по Политика на американското образование, Пол Питерсон, веќе го ангажирал како негов истражувачки асистент. Со Лука поразговаравме за тоа како е да се биде македонски студент на најстариот универзитет во САД, за дигитализацијата и ...
Денеска во Скопје важи посебен режим на сообраќај, поради митинг на партијата ВМРО-ДПМНЕ, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Новиот режим започна вчера, со подготвките за денешниот митинг. Булеварот „Илинден“ ќе е затворен за сообраќај во двата правци од мостот „Гоце Делчев“ до булеварот „Климент Охридски“. МВР соопшти дека во текот на денот, по потреба, ќе бидат затворени и други сообраќајници на поширокото централно подрачје. ...
Прашкаста материја, шише со течност и остатоци од бела прашкаста материја биле пронајдени при контрола на работното место на полицискиот службеник А.М. од Полициската станица Охрид – обезбедување на вила Бела, во сопственост на МВР. Полицаецот, како што објави МВР, одбил да соработува и не дозволил да му биде извршено испитување за присуство на метаболити од наркотични средства во урината во Институтот за судска медицина во Скопје. „Исто така, ...
Играта Undawn, каде играчот треба да ја преживее зомби апокалипса, која се прослави со тоа што Вил Смит глуми во неа, испадна тотално промашување. Иако имаше 2 милиони пред-регистрации за играта, таа заработи само 287.000 долари, додека буџетот за развивање на играта чинеше дури 140 милиони долари, за кои се шпекулира дека голем дел биле потрошени за Вил Смит. На играта работеле преку 300 девелопери и кинеската компанија „Тенсент“ по ова фијаско ...
Лука Павиќевиќ од оваа академска година е бруцош на најпрестижниот универзитет во светот, Харвард. Студира Историја на Факултетот за науки и уметности, а веќе е ангажиран и како истражувачки асистент по предметот Политика на американското образование. За тоа како е да се биде македонски студент на Харвард, дознајте во новата епизода на „Шорткат“. Во оваа епизода информираме за протестниот маратон на ФИНКИ што се одржа во вторникот, како и за ...