Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
На локацијата „Школка“ во Градскиот парк денеска во 18 часот почнува 15. издание на фестивалот „Виноскоп 2026“, кој се организира под покровителство на Град Скопје. Фестивалот ќе трае до 17 мај и ќе понуди богата програма за сите љубители на виното, музиката и урбаното дружење. Посетителите ќе имаат можност да дегустираат различни видови вина од бројни македонски винарии и производители на квалитетно македонско вино, претставени на ...
Аргентинецот во редовите на Атлетико Мадрид, Жулиен Алварез е на мета на европскиот првак ПСЖ. Француската екипа планира летово да го договори играчот и да дојде до неговиот потпис. Оваа сезона Алварез одигра одлична сезона и оправдано стана еден од главните фудбалери во Атлетико. Пред ПСЖ за играчот од Мадрид интерес имаше и од шпанскиот првак Барселона. Во врска со обештетувањето се споменуваат високи суми, според договорот, но за ПСЖ ...
Реал Мадрид уште една сезона ќе ја заврши зад Барселона и повторно без освојување на шампионски пехар. Но, кризата на резултати и инцидентите се во центарот на вниманието кај „кралскиот клуб“. Сите тие случувања го загрижија поранешниот играч Германецот Тони Крос. – Ел Класико? Бев среќен што завршува, никогаш претходно не сум имал такво чувство, дури и во делот од сезоната кога беа добри. Целата сезона не изгледаше нормално. Можеби и беа ...
Младиот напаѓач на Челзи, Естевао нема да настапи на Светското првенство. Неговото име го нема на списокот од 55 играчи кој ги објави селекторот на „Кариоките“ Карло Анчелоти, кој е доставен до ФИФА. Фудбалерот на Челзи ја повреди десната тетива на 18.април на дуелот против Манчестер Јунајтед и според медицинските екипи на бразилската репрезентација и на лондонскиот клуб Естевао нема да биде подготвен за Мундијалот. Пред повредата се сметаше ...
Кошаркарот на Мемфис, Брендон Кларк почина на 29-годишна возраст соопшти неговата агенција „Прорити Спортс“. Кларк беше избран како 21.пик на НБА драфтот во 2019 година. Целата своја кариера седумгодишна кариера ја мина како играч на Мемфис Гризли. Во сезоната 2025/26 одигра само два натпревара. На почетокот од сезоната закрепнуваше од повредата на коленото, а потоа имаше нова повреда во декември и ја пропушти сезоната. На 1.април бил уапсен ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва информираше дека во една скопска населба бил заловен волк, кој, како што посочи, незаконски бил чуван како домашно милениче. Според неговата објава на социјалните мрежи, животното било пронајдено со ремче и ланец, по што веднаш биле известени надлежните институции. „Не можам да поверувам дека постојат толку несовесни поединци кои на ваков начин третираат диви животни, а притоа ја ...
Вториот носител на Мастерсот 1000 во Рим Германецот Александер Зверев е елиминиран откако загуби добиен меч во осминафиналето со домашниот тенисер Лучано Дардери со 2-1 во сетови (1:6; 7:6 (12:10) и 6:0). Во вториот сет Зверев пропушт четири меч топки. Првиот сет фавориот го доби со 6:1 во гемови, а во вториот имаше преднист од брејк, а потоа и меч топки, кои не ги искористи. Тај брејкот Дардери го доби со 12:10 на поени, а во решавачкиот сет ...
Раководството на кошаркарскиот клуб Валенсија реши да ги зголеми мерките за безбедност во „Роџ Арена“ за единствената мајсторка од четвртфиналето во Евролигата. Големата загриженост е пред сè поради сопственикот на гостинската екипа Панатинаикос Димитрис Јанакопулос. На Јанакопулос нема да му биде дозволен влез во салата од причина што издржува суспензија од страна на Евролигата (три натпревари). Тој казната ја доби поради непримерно ...
Со скромна церемонија во Босилово, денес беше отворен првиот фудбалски терен во Македонија изграден во рамки на глобалниот проект „FIFA Arena“. На отворањето на новиот терен присуствуваа претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јендреоски, директорот на ФИФА за национални асоцијации, Елкан Мамедов, претставници на локалната самоуправа од Босилово, како и поранешни фудбалери и деца од локалните фудбалски школи. ...
Град Скопје ја модернизира Противпожарната бригада со ново специјално навално противпожарно возило од производителот MAN, наменето за гасење пожари во урбана средина и технички интервенции, соопштија од Град Скопје. -Возилото располага со цистерна од 6.000 литри, пумпа со нормален и висок притисок, витло од 60 метри и современа противпожарна опрема, вклучително и монитор-млазница со далечинска контрола за пожари со висок интензитет, се ...
Пет традиционални народни носии од охридско струшките етнички предели беа претставени на 6-тиот Меѓународен фестивал на традиционална носија во Замора, Шпанија. Љупчо Милошески кореограф во културно уметничкото друштво „Илинден“ од Струга информира дека дел од членовите ги претставиле носии од градот Струга и етничките предели: Охридски крајбрежни села, Охридско-струшко поле и Малесија. Носија од етничкиот предел Малесија, односно од селото ...
Под слоганот „Наша Европа – растеме заедно!“, Садиме 2500 садници! денеска успешно се реализираше акцијата за пошумување над велешкото езеро „Младост“ во реонот „Бела Вода“, во која беа засадени 2500 садници со јасен и јавор. Настанот се одржа по повод Денот на Европа, во организација на Делегацијата на Европската Унија во земјата и мрежата на Јуроп Хаус во Велес која ги набави садниците од ЈП „Македонски шуми“ – Шумско стопанство „Бабуна“ ...
Неколку градови низ светот не го доживуваат летото само како сезона, туку како постојана борба со екстремната топлина во текот на целата година. На овие места, горештината е „дел од идентитетот на градот“. Сепак, луѓето продолжуваат да живеат во овие жешки средини, приспособувајќи се, преживувајќи и усовршувајќи ја употребата на крема за сончање и следејќи го УВ-индексот. Следат некои од најжешките места во светот каде што живеат луѓе, ...
Филмски ѕвезди од целиот свет се очекуваат на отворањето на Филмскиот фестивал во Кан денеска, со посебна почит и почест кон новозеландскиот режисер Питер Џексон – автор на познатиот серијал „Господарот на прстените“. Се очекува 64-годишниот филмаџија да присуствува на свеченото отворање Фестивалот на Азурниот Брег на Франција. Тој ја опиша својата претстојна награда за животно дело како едно од најголемите достигнувања во својата кариера. ...
Актерката Сиена Милер се породи и го доби своето трето дете на 45-годишна возраст. Таа претходно отворено говореше за мајчинството и за тоа дека бременоста во четириесеттите е „најдобрата работа“, бидејќи носи многу повеќе искуство во споредба со периодот кога за првпат станала мајка. -Едноставно се случи. Имам мало бебе покрај себе. Во моментов се адаптирам на петчленото семејство, што за мене претставува голем предизвик. Малку ми е тешко да ...
Членот на младинската школа на ШК Алкалоид Стефан Мелник беше повикан за настап во репрезентацијата на слабовидни и слепи шахисти, која учествуваше на Светското екипно првенство во шах во издание на IBCA (Интернационалната Брајова шаховска асоцијација). Тој беше најмладиот член на репрезентацијата и единствениот играч под 18 години на целиот турнир, кој се одигра во Црна Гора, а на кој учествуваа 21 репрезентација. Македонската селекција беше ...
Милвоки е отворен за понуди за размена за двократниот МВП на НБА Јанис Антетокумпо, објави ESPN, повикувајќи се на клупски извори. Се очекува 31-годишниот Грк да биде многу баран. Тој би можел да биде разменет за млад талент од висок калибар и/или голем број пикови на драфтот. Бакс одржаа разговори за размена на напаѓачот пред крајниот рок за размена во февруари, бидејќи лидерот на франшизата изрази увереност дека е време да се разделат. Тие ...
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, го коментираше поразот (2:3) од Болоња синоќа во 36. коло од Серија А. – Кога притискаш, мора да го правиш правилно, бидејќи ако не го правиш внимателно, само трчаш наоколу залудно. Можевме да бидеме порешителни во нашиот пресинг, но ова не е прв пат оваа сезона да изгубиме вака. Очигледно, треба да бидеме порешителни на почетокот на натпреварот, бидејќи ова постојано се случува. Успеавме да се опоравиме, се ...
Во последните години, сè поизразен станува проблемот со недостиг на медицински кадар, особено медицински сестри, истакна на денешната прес-конференција Билјана Рогожарска, претседател на Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки-Штип, а организирана по повод Денот на медицинските сестри. Голем број здравствени установи се соочуваат со недоволен број вработени, што создава дополнителен притисок врз постојниот персонал. За поголема ...
Здружението на копаничари на Македонија – ЗКМАК, ја одржа 39. колонија во Бигорскиот манастир, придружена со 70. изложба на разни дрворези, со поддршка и соработка на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер и Бигорскиот манастир, како уште едно значајно сведоштво за живото продолжување на традиционалната уметничка резба. Во колонијата, која траеше четири дена, а заврши денеска, учествуваа десетина копаничари од Здружението, ...
Општина Кисела Вода денес беше домаќин на висока делегација од Република Турција, предводена од проф. д-р Бора Акинџе од реномираниот Универзитет „Абдулах Ѓул“, препознаен како еден од најодржливите универзитети во светот. Оваа значајна посета, посветена на одржливоста, иновациите и развојот на нови меѓународни партнерства, претставува важен чекор кон зацврстување на билатералната и институционалната соработка. Во составот на делегацијата ...
Тренерот на Лос Анџелес лејкерс, Џ.Џ. Редик, одговараше на прашања по поразот на тимот од Оклахома Сити со 110:115 ноќеска во четвртиот натпревар од четвртфиналето на НБА плејофот. Оклахома Сити ги доби сите четири натпревари од серијата (4-0) и се пласираше во полуфиналето на НБА плејофот, каде што ќе играат против победникот од натпреварот Сан Антонио – Минесота (2-2). – Кога завршува сезоната, секогаш има виор од емоции. Секако, ...
Тренерот на Тотенхем, Роберто Де Зерби, упати замерки на своите фудбалери за прикажаната игра синоќа во ремито 1:1 со Лидс на домашен терен во 36. коло од англиската Премиер лига. – Игравме без страст, многу брзавме. Судијата исто така беше вознемирен денес. Не знам. Не можам да ги разберам поплаките за вчерашниот ВАР на средбата Вест Хем – Арсенал, бидејќи гостинскиот голман Давид Раја не беше фаулиран 100 проценти, туку 200 проценти, ако ...
НУ „Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј – Струмица“ почна со реализација на проектот за конзервација на фрескоживописот во црквата „Свети Константин и Елена“ во село Мокрино, Општина Ново Село-едно од најзначајните духовни и културно-историски обележја на Струмичкиот регион, информираа од оваа установа. Се наведува дека храмот, изграден во 1870 година, претставува вредно сведоштво за богатата духовна традиција, уметничкото ...
Синоќа со претставата „Шиндлеровиот лифт“ на домаќинот Камерни театар 55 се отвори седмиот фестивал РУТА, кој се одржува од 11 до 16 мај во Сараево. Во текот на шесте фестивалски дена, публиката ќе има можност да ги проследи и останатите претстави на театрите членки на РУТА: „Мајки“ на Казалиште „Улисис“, „Гидионовиот јазол“ на Београдско драмско позориште, „Смртно сериозно“ на МГЛ, копродукцијата „Замолчувањето на Сократ“ на ЦЗК Тиват и ...
Јубилејното 70. издание на музичкиот натпревар за песна на Евровизија почнува вечерва во Виена. Австрискиот главен град е украсен со срца и слоганот „Обединети во музиката“ за седмицата кога пејачи од 35 земји ќе се натпреваруваат за музичката круна на Стариот Континент. Оваа година, пет земји – Шпанија, Ирска, Холандија, Словенија и Исланд – го бојкотираат натпреварот во знак на протест против учеството на Израел. Сепак, израелскиот пејач ...
Трикратниот шампион на Грен слемот „Ролан Гарос“, Швајцарецот Стен Вавринка, и неговиот сонародник Гаел Монфис, кој исто така се пензионира, добија вајлд карти за Отвореното првенство на Франција, објави „ESPN“. Четириесет и едногодишниот Вавринка го освои „Ролан Гарос“ во 2015 година и моментално е рангиран на 125. место. Триесет и деветгодишниот Монфис, кој стигна до полуфиналето на турнирот во Париз во 2008 година, моментално е рангиран на ...
Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, одговори на прашање за неговата иднина по поразот на неговиот тим од Оклахома Сити со 110:115 во четвртиот натпревар од четвртфиналето на НБА плејофот. Договорот на 41-годишникот со Лејкерс истекува на крајот од сезоната. – Мојата иднина? Не знам, очигледно. Сè уште нè боли тој пораз. Вечерва, не знам што носи иднината. Немам што да докажам во оваа лига… Сè сум направил, сè сум видел. Само ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повика младите центарци да се пријават за субвенции за обука и полагање за возачка дозвола Б-категорија. Тој посочи дека интересот за оваа мерка е зголемен и дека субвенциите претставуваат значајна поддршка за младите и нивните семејства. „Ме радува што годинава имаме зголемен интерес за оваа мерка. Субвенциите не се само олеснување за семејниот буџет, туку и вистински чекор кон ...
Учесник во реалното шоу „Сурвајвор“ – Грција сериозно е повреден во несреќа што се случила вон натпреварувачкиот дел додека натпреварувачот ловел риба во океанот во Доминиканската Република, каде што се снима шоуто, по што грчката телевизија „Скај“ соопшти дека го прекинува емитувањето, јави дописничката на МИА од Атина. Реалното шоу е во продукција на турската „Аџун Медија“ од каде што информираа дека во текот на вчерашниот ден се случила ...