Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Проблемот со депонијата во Струга е голем, пред се затоа што се наоѓа блиску до градот, реката Црн Дрим и Охридското Езеро и бара итно решение, заклучи евроамбасадорот Михалис Рокас по денешната посета на депонијата заедно со градоначалникот Менди Ќура. Тој изрази загриженост и вети дека ќе разговара со властите за прземање итни мерки. – Најпрво дозволете ми да кажам дека сум прилично шокиран од големината на проблемот. Знаев дека депонијата ...
„Ферари“ и официјално го претстави својот прв целосно електричен суперавтомобил со име „луче“, што на италијански значи „светлина“. Ова е историски чекор за брендот, кој успеа да го спои своето препознатливо тркачко наследство со најмодерната технологија на денешницата. За разлика од традиционалните спортски модели со две седишта, „луче“ е замислен како луксузна лимузина со 4 врати и простор за пет патници. Неговиот изглед е создаден во ...
По шест месеци без каков било сигнал од леталото Мавен на НАСА кај планетата Марс, леталото е прогласено за некорисно.Вселенската агенција потврди дека мисијата е завршена по повеќе од една деценија набљудување на Црвената планета. Леталото Мавен, кое беше лансирано во 2013 година со задача да ја проучува атмосферата на Марс од орбита, мистериозно престанало да функционира на почетокот на декември откако се нашло зад Марс. Податоците покажале ...
Во рамки на програма за терапија со животни која привлече внимание во Франција и пошироко, магариња им помагаат на пациенти со ментални проблеми во психијатриска болница недалеку од Париз.Лекувањето се одвива во Вил-Еврар, кој се смета за единствена институција со ваков метод во Франција. Основен дел од терапијата е пациентите да се грижат за животните, водејќи ги на прошетка.Дел од учесниците ја завршија сесијата со прегратка на ...
Италијанскиот тенисер Матео Беретини го предаде мечот од четвртфиналето на Ролан Гарос на сонародникот Матео Арналди поради повреда во вториот сет при водство на противникот од 7:5 и 5:2 во гемови. Беретини во текот на целиот меч имаше проблеми со левата нога. Уште еднаш италијанскиот тенисер мораше поради повреда да го заврши настапот на еден од турнирите. Мечот имаше и пресврти, па од 3:0 за Беретини во гемови, Арналди, кој е на 104.то ...
Руската 19-годишна тенисерка Мира Андреева се пласираше во финалето на Ролан Гарос, откако попладнево во доминантен стил ја совлада Украинката Марта Костјук со 6-1, 6-3 во првото полуфинале на грен слем турнирот во Париз. Иако се очекуваше неизвесен дуел меѓу осмата носителка Андреева и 15-та носителка Костјук, руската тенисерка многу лесно обезбеди пласман во финалето, за само еден час и 15 минути. Во финалето, Андреева ќе игра против ...
Кошаркарите на Њујорк ја продолжија победничката серија во плеј офот од НБА лигата откако ноќеска победија како гости во првиот финален натпревар против Сан Антонио и поведоа со 1-0 во финалната серија. Ова за Њујорк е 12.та победа во низа во плеј офот. Првиот дел им припадна на домашните кошаркари, кои водеа на полувреме со 55:48, но противникот во вториот дел со одличната одбрана им дозволи да постигнат само 40 поени и направи разлика од 17 ...
Грчкиот тренер Василис Спанулис е нов тренер на екипата од Солун Арис. 43-годишниот тренер потпиша договор со клубот на три години. Како што пренесуваат грчките медиуми тој за една година ќе заработува 1,2 милиони евра. Спанулис тековната сезона го предводеше евролигашот Монако, кој во текот на сезоната се соочуваше со многу финансиски проблеми. Како тренер во Грција ја предводеше екипата на Перистери. Арис сезонава го заврши настапот во ...
Светскиот првак Аргентина ги почна своите подготовки за Светското првенство. Аргентинците се во тренинг базата во Канзас Сити. На тренингот беше присутен и капитенот и најдобриот играч на шампионот Лионел Меси, но тој тренираше одделно од тимот. 38-годишниот фудбалер на Интер Мајами ќе го игра своето шесто Светско првенство. Сепак настапот на Меси на натпреварите во групата е неизвесен откако се повреди на последниот натпревар што го играше ...
Кандидатот за нов претседател на Реал Мадрид Енрике Рикелме најави „бомба“ ако победи на претседателските избори во мадридскиот клуб. Тој во емисија на домаќинот му подари дрес на Ерлинг Халанд, а потоа најави уште едно големо име од светот на фудбалот шпанскиот репрезентативец и соиграч на Халанд, Родри. Дека не зборува во празно Енрике изјави дека доколку не победи на изборите ќе плати членарина за 100.000 членови на клубот. Многу брзо по ...
Италијанскиот вицешампион Наполи попладнево официјално го потврди заминувањето на тренерот Антонио Конте, прецизирајќи оти двете страни спогодбено го раскинале договорот. Заминувањето на Конте доаѓа откако Наполи, во чиј редови настапуваше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, не успеа да ја одбрани шампионската титула и ја заврши сезоната со трофејот во италијанскиот Суперкуп. Клубот од Неапол го освои второто место во Серија А, со 11 ...
Голманот на македонската фудбалска репрезентација Столе Димитриевски ќе остане во редовите на Валенсија до јуни 2028 година, откако шпанскиот прволигаш објави попладнево дека ја искористил опцијата за продолжување на соработката за уште две сезони. Димитриевски дојде во Валенсија во 2024 година и откако подолг период беше резервен голман, на средина од изминатата сезона се избори за место во почетниот состав, одигрувајќи 33 натпревари во Ла ...
Манчестер Сити најави судска постапка против Реал, откако кандидат за нов претседател на шпанскиот клуб, Енрике Рикелме, објави дека ќе ги доведе во Мадрид двајцата фудбалери на премиерлигашот Ерлинг Халанд и Родри. Рикелме, кој е против кандидат на Флорентино Перез на клупските претседателски избори, во средата во телевизиско гостување покажа дрес на Кралскиот клуб со презимето на Халанд. „Тој има откупна клаузула и би сакал да дојде во Реал ...
Германскиот фудбалски прволигаш Баер Леверкузен го назначи денеска Шпанецот Карлес Мартинез Новел за нов тренер на местото на Каспер Хјулманд. Данецот Хјулманд беше селектор на Данска од 2020 до 2024 година пред да седне на клупата на Баер, а неговиот 42-годишен наследник доаѓа од францускиот клуб Тулуз. Мартинез Новел и Баер потпишаа договор до јуни 2028 година. „Мартинез Новел е тренер со јасни принципи и модерен поглед на фудбалот. Убедени ...
Португалскиот стратег Жозе Мурињо (63) поднесе тужба до највисокиот Европски суд за човекови права поради кршење на неговото право на слобода на изразување додека беше тренер на турскиот фудбалски гигант Фенербахче. Тужбата до Европскиот суд за човекови права е поднесена во март 2025 година, речиси шест месеци пред Фенербахче да го отпушти, откако Мурињо не успеа да го однесе турскиот клуб во Лигата на шампиони. Мурињо, како што јавија ...
Првиот човек на турскиот фудбалски гигант Фенербахче, Садетин Саран, е осуден денеска затворска казнa во траење од две и пол години, по обвинението за поттикнување нелегално обложување. Пресудата е изречена по големата истрага што минатата есен ја почна Турската фудбалска федерација (ТФФ) за нелегално обложување во домашниот фудбал, пренесуваат турските медиуми. Според порталот „Хаберлер“, обвиненијата против Саран произлегуваат од наводите ...
Американските војници и воени ветерани, како и вработените во екипите за итни интервенции и нивните семејства ќе имаат бесплатен пристап до 4.547 билети за претстојното Светско првенство, обезбедени со донација од 2,25 милиони долари од Банката на Америка и непрофитната организација „Вет Тикс“. Донацијата вклучува билети за натпревари во сите 11 градови домаќини на Светското првенство во САД, од 12 јуни до 19 јули. Билети ќе бидат достапни за ...
Рекордни 1.248 фудбалери од 449 клубови од 71 држава се регистрирани за претстојното Светско првенство, а најмногу од Манчестер Сити, вкупно 19. Следуваат минхенски Баерн со 18, Арсенал и ПСЖ со по 16 и Барселона со 15 фудбалери. Најмногу фудбалери настапуваат за англиски клубови – 205. Во германските клубови играат 108 фудбалери кои ќе настапат на Светското првенство, додека 86 од нив играат во Франција и Шпанија. Следуваат Италија (71), ...
Шестото издание на Фестивалот за класичен балет и модерен танц ќе се одржи од 6 до 9 јуни во Македонскиот народен театар, во организација на Детскиот културен центар – Карпош. Како што соопштуваат организаторите, ова уникатно културно случување, единствено од ваков тип во нашата земја, веќе шест години претставува значајна референтна точка за сите љубители на балетската уметност и современиот танц. Како што истакна директорката д-р Билјана ...
Приказна за животен пат кој не бил однапред испланиран, но бил обликуван од подготвеноста да се препознаат и прифатат можностите, вака ја опиша својата прва книга „Ништо случајно“ на синоќешната промоција авторката Нина Ангеловска Станков. – Многу често велиме дека ништо не е случајно. Верувам дека кај мене беше токму така. Работите доаѓаа навидум случајно, но всушност доаѓаа затоа што бев подготвена да ги препознаам. Затоа што работев за ...
Со Националната стратегија за развој на туризмот 2027 – 2032 поставуваме цврсти темели на еден современ, одржлив и амбициозен пристап, кој треба да ја трансформира нашата земја во препознатлива, квалитетна и конкурентна туристичка дестинација во регионот и пошироко – рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков во обраќање на првата јавна расправа за Националната стратегија. Љутков очекува оваа стратегија да даде јасни одговори и ...
Изминатите два дена Виница живееше во духот на одбележувањето на значајниот јубилеј – 20 години од формирањето и работењето на Локалниот археолошки и историски музеј „Теракота“, главен презентер на светски афирмираните теракотни икони од Виничкото Кале. -Во текот на претходните две децении, музејот се изгради во вистински чувар на нашето културно и историско наследство, институција која успешно ја претставува Виница на културната мапа на ...
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, потпиша 67 решенија за доделување еднократна парична помош за набавка на велосипеди. И оваа година Општина Илинден ја реализира мерката за субвенционирање на велосипеди, со цел да се поттикне нивно почесто користење како еколошко и здраво превозно средство, како и да се промовираат здравите животни навики кај граѓаните. Преку оваа мерка, општината продолжува активно да придонесува за ...
Во Општина Ѓорче Петров во соработка со Агенцијата за вработување на Република Македонија и Локалниот младински совет денеска се одржа информативен и едукативен настан посветен на можностите за младите, нивното вработување, личен развој и градење успешна професионална иднина. На настанот, како што информираат од општинската прес-служба, беа презентирани мерки, програми и услуги кои им стојат на располагање на овие лица, со цел тие навремено ...
Ве известуваме дека Општина Бутел во соработка со Град Скопје започна активности за изградба на пешачка патека и чистење на коритото на река Серава во Бутел 1. По повеќе од 20 години, се реализира едно од најголемите барања на граѓаните на Општина Бутел. Проектот напредува со одлична динамика и предвидува изградба на нова патека во должина од 1.590 метри, со ново осветлување, нови клупи и хортикултурно уредување на просторот. Истовремено, ќе ...
Општина Кисела Вода континуирано вложува во создавање на современи услови во училиштата, преку редовни инфраструктурни подобрувања и модернизација на објектите. Изминативе неколку месеци се работеше на повеќе градежни зафати, реконструкции и набавка на опрема, со единствена цел да се унапреди квалитетот на наставата за секој ученик, пишува во денешното соопштение на локалната самоуправа. – Имено, во ООУ „Партенија Зографски“ се реализираше ...
Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка доживеа елиминација во четвртфиналето ан Ролан Гарос и повторно остана без пехарот на овој турнир. Таа во денешниот меч водеше против Дијана Шнајдер со 1-0 во сетови и 5:3 во гемови во вториот сет, но не стигна до полуфиналето. – Сакам да се повлечам од тенисот. Се надевам дека за неколку дена ќе се вратам на вистинскиот пат – психички. Имав шанса се да завршам во вториот сет, но таа „додаде гас“ и ...
Светската фудбалска федерација ФИФА воведува нова генерација полуавтоматски офсајд технологија која ќе биде користена на СП 2026 во САД, Канада и Мексико. Новата технологија ќе овозможи носење побрза одлука, а помошните судии нема да мораа да го чекаат крајот на акцијата за да сигнализираат офсајд. Доколку играчот биде повеќе од 10 сантиметри во недозволена позиција, помошниот судија со аудио сигнал во реално време ќе добива информација. ...
Иднината на британскиот актер Том Харди во популарната серија „Земја на мафијата“ и понатаму останува неизвесна откако во јавноста се појавија неколку спротивставени информации за неговиот статус во продукцијата. Според различни извори, актерот или добил отказ или сам одлучил да ја напушти серијата. Според британските медиуми, засега не е јасно дали Харди ќе се појави во третата сезона од серијата, која веќе е предмет на продукциски планови. ...
Праисториско пештерско живеалиште, кое според научниците претставува највисок ваков локалитет досега откриен, укажува на постоење на организирано општество со развиени економски активности во високопланинските предели. „Мистериозната древна населба е откриена на изненадувачки голема надморска височина на шпанските Пиринеи“, објави „Сајанс фокус“ (Science Focus). Според нова научна студија, праисториската пештера позната како „Кова 338“ (Cova ...