Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Фудбалерот на Ливерпул и Холандија, Вирџил ван Дајк, призна дека можеби ќе се пензионира од националниот тим по Светското првенство 2026. – Ќе размислувам за тоа само по Светското првенство. Потоа ќе земам малку време за да се одморам и конечно да се помирам со сè што се случи со Ливерпул минатата сезона. Се надевам дека ќе можам да го направам тоа со трофејот под рака. Тоа би била моја победа, а и ваша. Сите Холанѓани, сите ние заедно, ...
Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, е прогласен за најдобар играч во шпанската лига за сезоната 2025/26. Осумнаесетгодишниот Јамал стана првиот Шпанец кој ја освоил наградата. Наградата за играч на годината во Ла Лига се доделува од 2009 година. Лионел Меси ја освоил наградата девет пати, Карим Бензема двапати, а Кристијано Роналдо, Антоан Гризман, Јан Облак, Марк-Андре тер Штеген, Џуд Белингам и Рафиња ја освоиле по еднаш. Минатата сезона, ...
Британската уметница Ема Франкланд вечерва во Драмскиот театар во Скопје ќе го изведе перформансот „Без извинувања!“, инспириран од акустичниот концерт на групата Нирвана од 1993 година. Како што стои во соопштението на организацијата Хартефакт, делото кое што е создадено и изведено од Франкланд, претставува спој на жива музика, театарска претстава и автобиографско раскажување. Тргнувајќи од спекулативната премиса како би изгледало доколку ...
На првиот кат во Етнокуќата во Кочани синоќа беше отворена изложбата на изработки од обуката за ткаење на вертикален разбој, реализирана пролетва од Здружението „Синтезис“ и Општина Кочани. Во витрините на Етнокуќата се изложени и ткаени, плетени, везени и шиени предмети позајмени од кочанци – сведоштво на богатата локална етнолошка ризница, како и нови изработки со современ уметнички израз. Пред присутните, учесничките во обуката и ...
Отворен е повикот за пријавување научни и стручни трудови за XVII-то стручно советување со меѓународно учество од областа на подземната и површинската експлоатација на минерални суровини, ПОДЕКС-ПОВЕКС 2026. По успешното минатогодишно издание, годинава се очекува уште посилно учество на претставници од академската заедница, рударската индустрија, институциите, регулаторната јавност и креаторите на политики од земјава како и еминентни ...
На астронаутите од Меѓународната вселенска станица денеска им беше наредено да се засолнат во своите летала и да се подготват за евентуална евакуација додека рускиот екипаж се обидува да го санира истекувањето на возух од орбиталната лабораторија, објави американската вселенска агенција НАСА. По кратко време на астронаутите им беше дозволено да излезат од засолништето. Истекувањето на воздух изминатите месеци беше релативно мало, но тоа се ...
Македонската женска одбојкарска репрезентација, предводена од новиот селектор Милош Гавриловиќ, подготвена и со доза на умерен оптимизам го очекува утрешниот почеток на натпреварите во Европската лига, која од оваа година претставува и прв дел од квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2028. „Позитивно расположени влегуваме во ова издание на Европската лига. Свесни сме за квалитетот на противниците со кои ќе се соочиме не ...
Стартен пораз во Европската лига претрпе вечерва македонската машка одбојкарска репрезентација, откако во Струмица загуби од Холандија со 3-0 во сетови. Холанѓаните ја оправдаа фаворитската улога и беа надмоќни во пресметката со избраниците на селекторот Јошко Миленковски во струмичката сала „Парк“. Воведните два сета се одвиваа по идентично сценарио и до средината од периодот беа резултатски израмнети, кога Холандија со серија поени го доби ...
Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во финалето на Ролан Гарос, откако попладнево во четири сета го совлада Чехот Јакуб Меншик со 7-5, 6-2, 3-6, 6-3. Дваесетидеветгодишниот Зверев се избори за своето четврто грен слем финалето, а во претходните три претрпе исто толку порази – на Ју Ес Опен 2020, Ролан Гарос 2024 и Австралија Опен 2025. Во неделното финале, Зверев ќе игра против победникот од втората полуфинална пресметка меѓу ...
Италијанскиот тенисер Флавио Коболи се пласираше во финалето на Ролан Гарос, откако неговиот противник во полуфиналето, сонародникот Матео Арналди се повлече од турнирот непосредно пред почетокот на дуелот. Како што вечерва објави Здружението на тениски професионалци (АТП), Арналди се повлече од турнирот поради „вирусна болест“, Во своето прво грен слем финале во кариерата, Коболи (АТП-14.) ќе игра против треторангираниот тенисер во светот, ...
Бразилскиот репрезентативец Нејмар и натаму има проблем со повредата и нема да биде на располагање на селекторот Карло Анчелоти. Бразил пријателски натпревар со Египет ќе одигра во сабота во Кливленд, а Нејмар ќе остане во тренинг кампот во Њу Џерси. Нејмар нема да патува со репрезентацијата во Кливленд. Воедно ќе продолжи со физикална терапија и ќе ја зголемува програмата за заздравување, се наведува во соопштението на бразилската ...
Шкотскиот фудбалски репрезентативец Енди Робертсон (32) потпиша денеска договор со Тотенхем, во чиј редови се пресели без обесштетување откако му истече договорот со Ливерпул. Лондонскиот клуб не ја прецизираше временската рамка на договорот со Робертсон. „Со години му се восхитувам на Робертсон, тој ќе донесе квалитет, искуство и лидерство во нашиот тим“, изјави тренерот на Тотенхем, Роберто Де Зерби, додека спортскиот директор Јохан Ланге ...
Иранските фудбалски репрезентативци, кои сè уште чекаат американски визи за Светското првенство, ги предадоа своите пасоши во Амбасадата на САД во Турција, објави денеска челникот на Иранската фудбалска федерација. Претстојното Светско првенство ќе се одржи во САД, Мексико и Канада, но САД, каде што Иран треба да игра три натпревари од групната фаза, сè уште не издале визи. „Разговарав со ФИФА во четвртокот во врска со американските визи. ...
Крилниот напаѓач на Барселона, Ламин Јамал, е прогласен за фудбалер на сезоната во Ла Лига, објави денеска шпанската фудбалска лига. Осумнаесетгодишниот Јамал ѝ помогна изминатата сезона на Барселона да ја одбрани шпанската титула, стана првиот фудбалер кој ја освои наградата за играч на месецот во лигата три пати во една сезона и заврши како најдобар стрелец на клубот во Ла Лига со 16 голови, а додаде и 11 асистенции. Поради повреда на ...
Српскиот фудбалер Александар Станковиќ е нов играч на Интер Милано, објави денеска италијанскиот клуб. Станковиќ со тоа се врати во Интер, од каде што се пресели во Клуб Бриж во јули минатата година. Италијанскиот првак одлучи да ја активира откупна клаузула во договорот на 20-годишниот српски фудбалер за врска со Клуб Бриж и го донесе Станковиќ од актуелниот шампион на Белгија за сума од 23 милиони евра. Изминатата сезона, Станковиќ одигра ...
Управата за хидрометеоролошки работи најавува променливо облачно и топло време. Во попладневните часови се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. – Заради поголема енергија во атмосферата ќе има услови за појава на краткотрајно невреме, велат од УХМР. Утринските и дневните температури ќе бидат високи. Дневните ќе достигнат до 35 степени во четврток. Post Views: 5 јуни 6, 2026 Управата за хидрометеоролошки ...
Во рамките на фестивалот „Војдан Чернодрински“, в недела (на 7 јуни), во 18 часот ќе се одржи промоција на двете книги со драми во издание на „Арс Ламина“, на еден од најзначајните македонски драмски автори – Дејан Дуковски. На настанот што ќе се одржи во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, покрај Дуковски ќе се обратат и уредничката на книгите Оливера Ќорвезироска и Ана Стојаноска, директорка на фестивалот „Војдан Чернодрински“, која ...
„100 години црква Свети Јован Владимир во село Подгорци (1924–2024)“ е насловена монографијата на отец Ристе Наумоски што беше промовирана во дворот на истоимената црква. Монографијата, според авторот, претставува значаен придонес кон историографијата на Македонската православна црква и кон проучувањето на духовното и културното наследство на Струшкиот регион. – Станува збор за илустрирана публикација од 100 страници, збогатена со околу 100 ...
Македонскиот филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума синоќа ја имаше својата американска премиера на филмскиот фестивал „Трајбека“ во Њујорк. Ова е прво македонско кинематографско остварување што е дел од програмата на овој фестивал. Како што соопштуваат од ПР тимот на филмот, проекцијата се одржала пред преполна сала на Менхетен, во рамките на фестивалот чиј основач е Роберт де Ниро. По прикажувањето на филмот, се ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, вечерва во Прилеп, го прогласи за отворено 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Јубилејниот фестивал започна со изложба „60 години Војдан Чернодрински – Прилеп“ во рамките на којашто на повеќе локации се поставени артефакти од неговата долгогодишна традиција. На свеченоста беа доделени награди за животно дело: на режисерот Сашо Миленковски, на театарскиот деец ...
Преку проект ќе се обезбедува пропусната способност на Отовичка река која со вода го снабдува велешко езеро „Младост“. Со реализација на овој проект во текот на летово ќе се исчистат околу 800 метри од коритото на Отовичка река во продолжение на претходно исчистеното. Како што денеска информира за МИА, градоначалникот Марко Колев ќе се чисти Отовичка река на потег од под мостот на автопатот Велес-Скопје, па се до средина на населбата Отовица. ...
Општина Штип денеска на свечен начин ги промовираше првенците на генерацијата од основните и средните училишта во Штип. По четврти пат се доделуваат прзинанија и парични награди за најдобрите ученици во една генерација. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов истакна дека со оваа манифестација се вреднуваат нивните постигнувања на државни и меѓународни натпреварувања. Порача дека вложувањето во образованието е вложување во иднината на ...
Општина Дојран објави повик со кој бара организатор на културно лето, манифестација која ќе обезбеди културни и забавни случувања во период од два месеци во текот на летната сезона. Во јавниот повик објавен на општинската веб страна е наведено дека се бара заинтересирано правно лице или здружение на граѓани со кое ќе се склучи меморандум за организирање на манифестацијата со назив ,,Дојранско културно лето-Дојрански ракувања”. Настаните е ...
Македонскиот плејмејкер Ненад Димитријевиќ својата кариера ќе ја продолжи во грчки Арис од Солун. Според информациите од грчките медиуми се очекува играчот и клубот наскоро да постигнат договор. Од вчера на клупата на оваа екипа е грчката кошаркарска легенда Василис Спанулис, а воедно Димитријевиќ беше првиот избор на тренерот за новата сезона. Оваа сезона македонскиот кошаркарски интернационалец ќе ја заврши во Баерн, кај Светислав Пешиќ и ...
Драматургот на Театар Комедија, Дарко Спасов е годинaшен добитник на престижната Меѓународна награда „Претнар“ – почесна титула „Амбасадор на словенечката книжевност и јазик“. Како што соопшти Театар Комедија, ова високо меѓународно признание се доделува во рамките на фестивалот „Лириконфест“ во Словенија на личности кои со својата долгогодишна и посветена работа дале значаен придонес во меѓународното вмрежување и промоција на поезијата, ...
Општина Ѓорче Петров во соработка со питомците од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ и Универзалната единица за заштита и спасување при општината денеска реализираше акција за чистење на локалитетот Крст во Кучково. Акцијата беше организирана во рамки на цивилно-воена соработка со цел подигнување на јавната свест за заштита на животната средина, одговорно однесување кон природата и зачувување на природните локалитети во општината. ...
Обдукцијата спроведена на данскиот остров Анхолт покажа дека пцовисаниот грбав кит, кој во јавноста беше познат како Тими, всушност бил женка. Испитувањето на телото сè уште е во тек, а причината за смртта на животното засега останува нејасна – соопштија денеска данските власти. Тимот експерти што ја извршија обдукцијата откриле грло на матка кај китот, пренесе телевизијата „Њуз 5“ (News5), која во живо го пренесуваше процесот. Експертите, ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со соопштение се огласи во врска со реакцијата на ФК Шкендија. Соопштението на ФФМ го пренесуваме во целост. Со жалење констатираме дека ФК Шкендија наместо да преземе одговорност за инцидентите што се случија на финалниот натпревар од Купот на Македонија, повторно сме сведоци на обид вниманието да се пренасочи кон ФФМ и нејзините одлуки. Никакви уцени, притисоци или закани нема да ја поколебаат ...
Во Охрид викендов ќе се одржува јубилејното десетто издание на спортско-рекреативната манифестација „Охрид трчаТ“, која ги обединува спортот, рекреацијата и промоцијата на здравите животни навики. Во рамки на тридневната програма се предвидени повеќе спортски, едукативни и забавни содржини, а главните настани ќе се одржат в недела, кога ќе се трчаат полумаратонот на 21 километар, рекреативната трка на пет километри, штафетниот полумаратон и ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска порача дека интензивно работат на подобрување на состојбата со отпадот во главниот град, се набавуваат возила, контејнери, се зголемува ефикасноста во работењето на ЈП „Комунална хигиена“, при што очекува од септември состојбата значително да се подобри. – Очекувам дека од септември темата за отпадот повеќе да не биде третирана во јавноста на начинот на кој беше досега. Навистина е тешко. ...