Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, е уверен дека неговиот соиграч Оскар Пјастри ќе се обиде да му се одмазди во сезоната 2026. Минатата година, Норис го освои шампионатот, додека Пјастри заврши трет, останувајќи во конкуренција за титулата до последното Гран При. – Каков одговор очекувам од Пјастри оваа сезона? Одговор во стилот на Оскар – тој ќе се обиде да се одмазди, обидувајќи се да зборува помалку, а да прави повеќе. Не треба ништо да ...
ГРК Охрид ќе игра со Олимпијакос во четвртфиналето во ЕХФ Европскиот Куп. Вака одлучи денешната жрепка во седиштето на Европската ракометна федерација. Во случај да ја добие пресметката со грчкиот претставник, македонскиот тим во полуфиналето ќе се соочи со поуспешниот од двојката Целје – Бузау. Натпреварите од четвртфиналето се играат на 27/28 март, домаќин ќе биде тимот од Атина, а реваншот е на 4/5 април во Охрид. Другите две двојки за ...
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Јакимовски, ги сподели своите очекувања за претстојниот натпревар со Луксембург. Јакимовски со вкупно 61 поен беше еден од најдобрите во македонскиот состав на двете средби во се постигнати две победи, прво дома, против Азербејџан, потоа и на гостински терен, против селекцијата на Ирска. Треба да продолжиме да ја градиме нашата тимска игра, нашата хемија. Со помош на новиот селектор да го ...
Во насока на стимулирање на социјалната интеграција на невработените лица и подобрување на нивните квалификации за идно вработување, како и на вработени кои сакаат да се докфалификуваат или прекфалификуваат, општина Охрид согласно Годишната програма на одделението за локален економски развој распиша конкурс за спроведување на бесплатни курсеви. Курсевите се наменети за болничари односно негуватели на стари лица, сметководство – основно ниво, ...
Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје соопшти дека вчера почна 8. Меѓународна недела за целите за одржлив развој (SDGs), во соработка со Обединетите нации, чија цел е да се истакне суштинската улога на академијата во зајакнувањето на младите како активни фактори во процесите на одржлив развој. Со наслов „Поттикнување на младинската извонредност: Придонесот на општествените и хуманистичките науки во ...
Фудбалерот на Ал Наср, Кристијано Роналдо, ѝ се обрати на олимписката шампионка од 2010 година, американската алпска скијачка Линдзи Вон, која беше подложена на пет операции по сериозниот пад на Олимписките игри во 2026 година во Италија. Вчера, скијачката објави дека лекарите размислувале да ѝ ја ампутираат ногата. На 8 февруари, за време на спуст трката, Вон, која се натпреваруваше со скинат преден вкрстен лигамент, се удри во една од ...
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, е во преговори со клубот од американската МЛС лига, Орландо Сити. Според „Атлетик“, разговорите се во напредна фаза. Спортскиот директор на Орландо, Рикардо Мореира, неколку пати патувал во Шпанија за да ја договори соработката. Орландо се надева дека ќе го потпише напаѓачот пред да се затвори преодниот рок во МЛС на 26 март. Сепак, Французинот не планира да го напушти Атлетико пред летниот ...
Привремениот тренер на Манчестер јунајтед, Мајкл Карик, ја коментираше победата од 1:0 над Евертон остварена синоќа на гостински терен во 27. коло од англиската Премиер лига. – Беше натпревар со одлична завршница. Немилосрден финиш. Ми се допадна начинот на кој Шешко ја реализираше шансата со вистинска самодоверба. Куња и Мбемо го поставија нападот совршено, а ние сме опасни во контранападот, изјави Карик за „Скај Спортс“. Манчестер јунајтед ...
Аргентинските клубови се согласија да штрајкуваат од 5 до 8 март во знак на протест против гонењето на претседателот на Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА), Клаудио Тапија, објави АП. Најавата за штрајкот следеше по повикувањето на Тапија на сослушување од страна на судија на 5 март во врска со наводната злоупотреба на средствата од социјалното осигурување. Истрагата се базира на жалба поднесена од владината Агенција за собирање приходи ...
Четирикратниот олимписки шампион и најдобар стрелец на сите времиња за машката кошаркарска репрезентација на САД, Кевин Дурант, има намера да се натпреварува на Летните игри во 2028 година во Лос Анџелес. – Да, сакам да играм. Ќе бидам среќен, но морам да останам во најдобра форма. Сакам директорот на тимот Хил и оние што носат одлуки да сакаат да ме вклучат. Не само за моите години служба. Сакам да докажам дека можам да му помогнам на тимот ...
Ланскиот освојувач на фудбалскиот куп екипата на Вардар е елиминирана во четвртфиналето на ова натпреварување откако по изведување на пенали како домаќини загубија со второлигашот Охрид во регуларниот дел резултатот беше 1:1, а на пенали 3:2 за Охрид. Ова воедно беше дуели на лидерите во Првата лига (Вардар) и Втората лига (Охрид). Вардар поведе во 60.минута со голот на Бобан Николов по асистенција на Азер Омерагиќ, додека гостите изедначија ...
Министерот за локална самоуправа Златко Перински, градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и директорот на Центар за развој на североисточен плански регион Младен Протиќ денеска извршија увид на ИПА проектот „Урбано зеленило за здраво дишење“, од Програмата Interreg (VI-A) ИПА Бугарија – Македонија по приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ во средното училиште „Перо Наков“. Во рамки на инвестицијата „Зелена урбана површина и ...
Концесионерите на плажите на струшкото крајбрежје да го одржуваат јавниот простор, во спротивно секоја интервенција на екипите на јавното претпријатие „Комунално“ ќе биде фактурирана на одговорните, односно правните лица. Тоа го посочи денеска директорот на претпријатието Ресул Чолаку, по интервенцијата на потегот од хотел „Евро“ кон реката Сатеска. – Деновиве имаме акција за чистење на струшкото крајбрежје. Собрани се големи количини отпад, ...
Состојбата со приватните превозници во јавниот градски превоз е стабилизирана и проблемите кои се појавиле во изминатиот период се надминати. Застојот на дел од автобуските линии бил предизвикан од технички проблеми со АВЛ опремата, односно ГПС валидаторите во автобусите, поради што одреден број возила не можеа навремено да бидат ставени во функција. Овој проблем е целосно решен и скопјани повторно ќе можат безбедно, редовно и навремено да го ...
Во Општина Пробиштип се чистат дивите депонии, акцијата е почната од пред четири дена, а денеска се чистат депониите во село Петршино, вели градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски. Посочува дека следна локација за чистење е во село Турско Рудари, а потоа и во сите останати места. Општина Пробиштип има индентификувано вкупно 14 точки со неправилно одложен отпад, а акцијата има цел враќање на чистотата и уредноста на просторот. – ...
Со засадување на 82 садници покрај спортското игралиште на планината Голак, денеска беше одбележана 82-годишнината од Февруарскиот поход – една од најзначајните операции на македонската антифашистичка борба во Втората светска војна. Активноста се реализираше во рамки на свеченоста организирана од Општина Делчево, која се одржа кај спомен-плочата посветена на Февруарскиот поход на Народноослободителната војска на Македонија. Походот, ...
Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски заедно со своите соработници, изврши увид во градежните работи на реконструкција на улици во населеното место Трн. Реконструкцијата во оваа рурална средина опфаќа пет улици со вкупна должина од над 1.000 метри, сите широки по 3,5 метри и банкини од двете страни широки од половина метар. Вкупната вредност на проектот е 7,2 милиони денари, а средствата се обезбедени од Министерството за ...
Доколку по проверка се утврди дека има лажна дојава за поставена бомба, учениците ќе треба да се вратат на настава, истакна на прес-конференција Назми Даути, од Секторот за јавни дејности при Општина Тетово. Оваа препорака следи по два дена лажни дојави за поставени бомби, по што беше прекината наставата во тетовските основни и средни училишта. Од Општина Тетово информираа дека побарале полицијата да го зголеми присуство пред училиштата, како ...
Свечено беше отворена целосно реконструираната сала „Работнички“ во Градски парк, еден од најстарите спортски објекти во државата. Како што информираат од прес-службата на Општина Центар, салата е реконструирана според стандардите на ФИБА, со целосно обновен паркет, нова фасада, современо ЛЕД-осветлување, енергетски ефикасен систем за греење, ладење и вентилација, нови соблекувални, санитарни јазли и нови столчиња на трибините. Со обновата на ...
Оперите „Тоска“ и „Мадам Батерфлај“ од италијанскиот композитор Џакомо Пучини и балетот „Оревокршачка“ од Петар Илич Чајковски се на мартовскиот репертоар на Националната опера и балет. – Во свет каде вистинските културни доживувања стануваат сè поретки, со особена чест ве покануваме да го доживеете март во МОБ — месец посветен на уметноста, традицијата и извонредноста. Мартовскиот репертоар обединува три дела што претставуваат врв на ...
Меѓународниот Аеродром Скопје доби награда за квалитет на аеродромските услуги (ASQ) за 2025-та година за „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“ од Меѓународниот совет на аеродроми (ACI). Концесионерот ТАВ Македонија денеска соопшти дека наградата која скопскиот аеродром ја добива 11 пат е уште едно признание од патниците во заминување кои што ги пополнуваа анкетите за задоволство од квалитетот на аеродромските услуги, преку кои се ...
Патот кон Теферич е затворен за сообраќај и интензивно се работи на изнаоѓање на најбрзото и најбезбедно техничко решение за трајна санација на оштетувањето, објави денеска на „Фејсбук“ градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска. Стаменкоска-Трајкоска информира дека денеска повторно извршиле увид на терен со градоначалникот на општина Сопиште, Јане Мицевски, и по извршените стручни анализи, во координација со сите ...
Младите вработени лица во Германија пријавуваат значително повисоки нивоа на стрес од повозрасните, според ново истражување на агенцијата „Југов“ (YouGov), нарачано од осигурителната компанија „Свис лајф“ (Swiss Life). На анкетата 48 отсто од испитаниците од Зет-генерацијата (родени меѓу 1997 и 2012) рекле дека доживеале прилично висок или многу висок стрес на работа, учење или обука, двојно повеќе од 20 отсто меѓу генерацијата бебе-бум ...
Пазарот на трудот забрзано се менува под влијание на вештачката интелигенција, автоматизацијата, зелената транзиција и демографските поместувања. Додека дел од професиите тивко исчезнуваат, други бележат силен раст, особено таму каде што човечкиот фактор останува незаменлив. Според анализа на дневниот весник Д Телеграф (The Telegraph), која се однесува на состојбата во Велика Британија, трендовите се јасни: рутинските и административните ...
Кинески научници развија генетски модифицирана сорта домати со необичен мирис на пуканки, користејќи ја алатката за генетско уредување ЦРИСПР/Цас9 (CRISPR/Cas9) – технологија чиј развој беше награден со Нобелова награда за хемија во 2020 година. Веста беше објавена во весникот (South China Morning Post). Доматите со „изненадувачка арома“ се одгледани во експериментална стаклена градина во источната кинеска провинција Чжeџијанг. Според ...
ЈЗУ Општата болница во Кочани прими донација од 90 комплети S-Touch C1 ракавици за пасивна рехабилитација во насока на обезбедување соодветна медицинска и рехабилитациска поддршка за настраданите во пожарот во Кочани. – Секој комплет се состои од терапевтска ракавица, контролор и клон-ракавица и претставува современо технолошко решение за спроведување на пасивни рехабилитациски третмани кај пациенти со нарушена моторика на горните ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус три до три, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. Во ...
Најстудено изутрина во 7 часот е во Берово, каде се измерени -3 степени, по што следуваат со – 2 Скопје-Петровец и со -1 Крива Паланка, Тетово, Битола, Демир Капија и Струмица. Во Охрид, Претор, Прилеп, Штип, Велес, Кавадарци, Гевгелија и Попова Шапка, 0 степени, Скопје-Зајчев Рид, 1, Mаврови Анови, 2, Kрушево и Виница 3, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 91 ...
РУБИНШТАЈН–ТАЈБИ СИНДРОМ/ RUBINSTEIN–TAYBI SYNDROME MKБ-10 Q87.24 ПРЕВАЛЕНЦА – забележана кај приближно 1/125 000 – 300 000 живородени деца. ВОВЕД Рубинштајн–Тајби синдром (РТС) е ретка конгенитална генетска состојба која настанува поради мутација или делеција на CREBBP, кој се наоѓа на хромозомот 16, и/или генот EP300, лоциран на хромозом 22. Се карактеризира со карактеристичен фенотип, интелектуална попреченост и мултисистемски зафат. Често ...
„Како Министерство подготвуваме документ што ќе се нарекува стратегија за оризопроизводство бидејќи ни е важно како држава да ја одржиме оваа стратешка култура поради регионот и поради квалитетот на овој препознатлив бренд“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостување на ТВ „Стар“. Министерот потсети дека оризот веќе е прогласен за стратешка земјоделска култура. „Еден сегмент што треба ...