Си-Ен-Ен Опкружена со гребени и врвови кои нудат пејзажи што го опфаќаат целиот спектар на четири годишни времиња – од електрично зелени падини до снежни карпи – Северна Македонија нуди една од последните шанси на Јужна Европа да го избере помалку патуваниот пат. Порано позната како Македонија по прогласувањето на независноста од Југославија во 1991 година, Северна Македонија е недоволно истражен дел од Балканот чија слоевита историја, од ...

Распространета на 370 километри, преку пет планини и низ шест заштитени подрачја во Северна Македонија, Косово и Албанија, патеката Хај Скардус е еден од најатрактивните туристички белези на земјава и регионот, кој од година во година привлекува сè повеќе туристи. Оние кои ја доживеале ја опишуваат како уникатна „изложба“ на прекрасни пејзажи, богато природно и културно наследство и неодолива рута на вкусна храна. Хај Скардус има вкупно 20 ...

Сите кои ќе сакаат да го посетат Рим, а истовремено и да уживаат во глетката на фонтаната Ди Треви од февруари ќе мора да плаќаат две евра. Одлуката, која ја соопшти градоначалникот на Рим, Роберто Гвалтиери, се очекува на градот да му донесе околу 6,5 милиони евра годишно. Гвалтиери посочи дека пренатрупаноста и зачестените кражби биле една од главните причини за воведување контролиран пристап. Фонтаната Ди треви е една од најпосетуваните ...

Во малото хрватско село Горњи Долац, сместено на северните падини на планината Мосор, се наоѓа едно од највпечатливите божиќни туристички атракции во регионот. Иако селото брои само 11 постојани жители, секоја година го посетуваат меѓу 40 и 60 илјади гости од целиот свет. Зад оваа несекојдневна приказна стои Тихомир Лучиќ, кој без струја и на каменит терен успеал да создаде „Божиќно“ село што, според многумина, може да се спореди и со ...

Историското село Зансе Сханс, близу Зандам, западна Холандија, од претстојната пролет ќе почне да им наплаќа влезница на туристите. Цената на билетот ќе биде 17,50 евра. Селото минатата година го посетиле 2,6 милиони луѓе, што е огромен број за место со само 100 жители. Директорката на Музејот на Зансе Сханс, Марика Вервеј објасни зошто властите сакаат да воведат влезници. Таа, имено, раскажа како посетителите честопати и не знаат дека луѓе ...

Населеното место Хум, коешто важи за најмалиот град во Европа, чува векови историја, традиција, како и автентичниот дух на Истра. Со сѐ тоа, овој хрватски град со само 30 жители, воодушевува генерации посетители. Хум првпат се споменува во пишаните извори во 11. и 12. век, кога играл важна улога како феудално упориште. Неговата историја може да се прочита веднаш на влезот: Градот е опкружен со силни камени ѕидови, додека масивната градска ...

Светскиот рекет број 1, Карлос Алкараз ноќеска загуби од Американецот Франсес Тијафо на ревијален турнир во Њу Џерси. Натпреварот заврши со 2-1, по сетови 6:3, 3:6 и 10:7. Дваесет и двегодишниот Шпанец освои 24 АТП турнири во поединечна конкуренција. Во сезоната 2025, Алкараз освои осум титули, вклучувајќи го Отвореното првенство на САД и Ролан Гарос. Post Views: 8 декември 9, 2025 Светскиот рекет број 1, Карлос Алкараз ноќеска загуби од ...

Без долготрајни екстремни периоди, но со епизодни студени бранови ќе биде оваа зима, покажуваат најновите сезонски климатски очекувања за државава. Средната зимска температура ќе биде над повеќегодишниот просек за околу +1°C. Студени бранови со температури околу или под нормалните се очекуваат кон крајот на декември до средината на јануари, како и кон крајот на февруари, но без сигнали за долготрајни или екстремни зимски студови. Климатскиот ...

Пред претстојните празници, кога традиционално се организираат предновогодишни и новогодишни прослави, забави, а и јавни собири во угостителските објекти, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) апелира до сопствениците и организаторите да постапуваат одговорно и целосно да ги почитуваат прописите за заштита од пожари и за безбедност на посетителите. – Секако и за брза евакуација и при други итни случаи на загрозеност на животот и здравјето ...

Победник на 68-то издание на анкетата на Полската новинска генција (ПАП) за најдобар европски спортист во 2025 година меѓу новинските агенции на Стариот континент е 26-годишниот шведски атлетичар во скок со стап Арманд Дуплантис. Дуплантис, кој е олимписки шампион од Токио и Париз во скок со стап, воедно е апсолутен светски шампион во скок со стап, поставувајќи светски рекорд од 6,30 метри, а исто така го држи и најдобриот резултат во сала на ...

Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола и неговиот тим веќе имаат за цел во летниот преоден рок да донесат играч од средина на теренот. Според британските медиуми фудбалерот на Брајтон, Карлос Балеба (21 година). Балеба е еден од клучните играчи на неговиот тим, а Гвардиола со негов ангажман планира да добие „длабочина“ во својот тим пред сè во средниот ред. Балеба во Брајтон дојде од Лил, а неговиот квалитет е транзицијата од одбрана во ...

Во рамки на истрагата за местење натпревари и обложување во турскиот фудбал, обвинителството во Истанбул денеска објави дека се приведени уште 24 лица, меѓу кои и поранешниот потпретседател на Галатасарај, Ерден Тимур. Потпретседателот на прволигашот Ејупспор, Фатих Кулаксиз, како и функционер од Турската фудбалска федерација, исто така, се уапсени. Турското Обвинителството соопшти дека издало 29 налози за апсење, од кои 14 се за фудбалери ...

Англискиот напаѓач Маркус Рашфорд (28) изјави денеска дека неговата цел е да остане во редовите на Барселона, каде ова лето дојде на едногодишна позајмица од Манчестер јунајтед. Рашфорд добро се вклопи во каталонскиот клуб, постигнувајќи досега седум голови, а додаде и 11 асистенции. „Сè е фантастично, моите соиграчи, тренерот, немам никакви поплаки. Сè се среди, добро се вклопив во тимот и животот во овој град. Се чувствував добредојден од ...

Првата турска драма со карактеристики на реалистичниот „западен театар“, „Бракот на поетот“ од Шинаси, за првпат е објавена во превод на македонски јазик. Делото деновиве излезе од печат во издание на „Матица македонска“, со што македонската читателска публика доби пристап до едно од клучните остварувања во историјата на турската драмска книжевност. „Бракот на поетот“ се смета за пионерско дело на турската драма и означува премин од ...

Народниот театар „Антон Панов“ Струмица, утревечер ќе ja изведе премиерата на претставата „Бегалка“ од Васил Иљоски, во режија на Дамјан Димовски. Како што соопштија од Тетарот, со оваа премиера струмичкиот театарски ансамбал се навраќа кон сопствените историски почетоци. Имено, токму со „Бегалка“, во режија на Димитар Колчаков, на 1 мај 1949 година, официјално е отворен Струмичкиот театар. -Новата сценска поставка претставува симболично ...

Во организација на здружението „Хуманитарен божиќен базар”, со свечена атмосфера, топлина и искрена радост, синоќа во Кичево започна Божиќниот базар, настан, кој секоја година носи посебна светлина во пресрет на големиот христијански празник – Рождеството Христово. Градскиот плоштад се претвори во празнично собиралиште, украсено со божиќни светилки, елки и симболи кои го најавуваат времето на љубовта, надежта и духовното обновување. ...

Во време кога сè почесто се зборува дека вниманието на децата и младите е сè пократко, дека тие сè повеќе се оддалечуваат од вистинските вредности, Бадниковите поворки сведочат за нешто сосема спротивно. Оваа година повторно го надминуваме сопствениот рекорд со бројот на пријавени учесници – во повеќе од 80 градови, општини и населени места низ нашата држава, како и со активно вклучување на македонската дијаспора во Италија, Австрија, ...

Со 16 гласа „за“ на денешната седница на Советот на Општина Велес усвоен е буџетот на општината. Вкупниот буџет изнесува еден милион 636 илјади денари, од кои вкупниот основен буџет е 807.863 денари, што претставува најголем буџет во историјата на општината. – Изминатава година повторно ја завршуваме со одлична реализација и бројни реализирани проекти, а со донесувањето на буџетот за 2026 година продолжуваме со уште позасилено темпо. Заедно ...

Два златника и прстен од византискиот период, стари околу 1.400 години, се пронајдени на археолошкиот локалитет Хирканија, во Јудејската Пустина, околу 17 километри југоисточно од Ерусалим, на територијата на денешниот Западен Брег, соопшти Одделението за археологија при Цивилната управа на ЦОГАТ (COGAT). Манастирот Хирканија бил напуштен кон крајот на 8. или почетокот на 9. век од нашата ера, додека пак артефактите датираат од периодот меѓу ...

Ресторан во Сараево тврди дека го нуди најголемото „капучино“ со јадливо злато во светот. Цената на овој луксузен топол пијалак е 100 конвертибилни марки, или околу 50 евра. Според порталот „Политика“, „капучиното“ е подготвено по барање на гостин кој пристигнал во босанскиот главен град од Грачаница, со посебна желба да го проба кафето со злато. „Гостинот нè замоли да му подготвиме ‘капучино’ во најголемата шолја што ја имаме. Со задоволство ...

Истражувачите со години укажуваат на тоа дека сопствениците на домашни миленици имаат понизок степен на стрес и поголемо чувство на среќа. Сепак, долго време остануваше дилемата дали кучето или мачката навистина го зголемуваат животното задоволство и нè прават среќни. Најновото истражување укажува на тоа дека домашните миленици директно придонесуваат за подобро ментално здравје, а тој ефект, според научниците, е еднаков на вредност од околу ...

Кошаркарите на Денвер по продолжение ја совладаа Минесота во последниот (петти) натпревар од Божикната програма во НБА. Дуелот беше завршен по продолжение, а Никола Јокиќ запиша 56 поени, со 15 скокови и 16 асистенции. Ова е за првпат кошаркар да има постигнал 55 поени со по 15 и повеќе скокови и асистенции. 20-тиот натпрвар на Божик го одигра Леброн Џејмс, но неговиот тим ЛА Лејкерс загуби на домашен терен од Хјустон со 119:96. Инаку ...

На Светското првенство што следната година ќе се игра во САД, Канада и Мексико само две репрезентации според трасфермаркт ќе имаат вредност над една милијарда евра. Тоа се Англија и Франција. На клупски план дури седум екипи имаат вредност над една милијарда. Најголема вредност има екипата на Реал Мадрид-1,38 милијарда. Цената е висока поради договорите на Килијан Мбапе, Џуд Белингам, Винисиус и Валверде. На втората позиција е Арсенал – 1,29 ...

Буџетот на Општина Штип за 2026 година е проектиран на над две милјарди денари, од кои над една милјарда денари се средства во основниот буџет на општината, истакна денеска градоначалникот на Штип, Иван Јорданов. Тој најави дека буџетот за 2026 година ќе биде донесен на седница на Советот на Општината во понеделник. – Тенденција на општината е да го зголемува буџетот, а со тоа да се зголемуваат и капиталните инвестиции. Јас сум оптимист и ...

Советот на Општина Карпош заседаваше по шести пат, при што советниците расправаа и полноважно одлучуваа по околу триесетина точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Првенствено, мнозинска поддршка доби Предлог – Решението со кое беа именувани претседател и членови на Комисијата за изработка на Програмата за работа на Советот за 2026 година. Советот ја изгласа и Одлуката за утврдување надоместок на членовите на Општинска изборна комисија – ...

Советот на Општина Аеродром денеска го усвои Буџетот за 2026 година, кој претставува најголем и најкапитален буџет досега. Со овој буџет се обезбедуваат конкретни и одржливи решенија за унапредување на квалитетот на живот на граѓаните и се поставуваат јасни насоки за развој на општината, се наведува во соопштението од Општина Аеродром што МИА го пренесува интегрално. Вкупната финансиска рамка изнесува: · Основен буџет: 1.302.567.000 денари · ...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков е уверен дека пресметката која е направена за исплата на платите во културата е точна бидејќи, како што вели, таа е во согласност со Министерството и со Владата. Нагласува дека првпат откако тој е министер за култура и туризам Колективниот договор е признаен и се обезбедени дополнителни средства за исплата на платите, а не да се обезбедуваат со кратење од други ставки. Вели дека се поднесени жалби ...

Општина Аеродром изрече забрана за работа на два угостителски објекта. Инспекциските служби, како што посочуваат од општината, по пријави од граѓаните, излегоа на терен и извршија инспекциски надзори при што констатираа дека локалите не се придржувале до законските прописи, па затоа е донесена оваа санкција. -Доколку не ги почитуваат законите и прописите за работа, ќе следуваат и кривични пријави. Инспекциските служби продолжуваат со ...

Следува период на стабилно, но студено време, со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат под нулата. Особено студено ќе биде во првите денови од следната седмица, кога на одделни места температурите ќе се спуштат и до -10 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во деновите од викендот се очекува да дува засилен до силен северен ветер, кој локално ќе достигнува брзина и над 60 километри на час. Post Views: 5 декември ...

Оваа 2025 година јасно покажа дека културата и туризмот не се трошок, туку стратешка инвестиција во идентитетот, меѓународната видливост и економскиот развој на државата. Со зголемен буџет, рекордна реализација на програмите, конкретни капитални инвестиции и силно меѓународно присуство, покажавме дека кога има визија, одговорност и транспарентност резултатите се видливи и мерливи, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков во својот ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
1016
weather icon

Белград

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
91%
1018
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
91%
1024
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
93%
1016
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
5.94
91%
1019
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 1ᴼ
2.24
95%
1023
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
5.36
91%
1015
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
1014
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1016
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
14.4
77%
1020
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
4.63
48%
1022
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 11ᴼ
3.09
58%
1019
Currency

61.6317

Currency

52.3489

Currency

70.6084

Currency

37.0277

Currency

38.2492

Currency

67.4979

Currency

7.57719

Currency

0.68231

Currency

0.33754

Currency

0.5249

Currency

1.19434

Currency

0.5752

Иридиум

212342.22

Калај

46.26

Платина

69349.16

Цинк

3.29

Алуминиум

3.08

Кобалт

64.04

Родиум

352854.44

Сребро

2644.72

Паладиум

5562.08

Злато

162791.45

Бакар

11.67

Рутениум

45750.51