Менаџерот на Манчестер Сити можно е да добие големо засилување во тимот во борбата за шампионската титула со Арсенал. Според англиските медиуми станува збор за репрезентативецот на Гана Ентони Семењо (25.години). Се очекува токму овој играч да биде ѕвезда на зимскиот преоден рок бидејќи покрај своите квалитети и игрите што ги прикажува во Буренмут, на располагање ќе биде достапен веднаш бидејќи неговата репрезентација не настапува на АФКОН. ...

Во редовите на повеќекратниот првак на Англија Манчестер Јунајтед се подготвуваат за нови имиња во средниот ред. Планот би требало да се реализира во летниот преоден рок, а целта е да се донесат двајца нови играчи. Во фокусот на вниманието се: Елиот Андерсон од Нотингем Форест, Адам Вартон од Кристал Палас, Карлос Балеба од Брајтон и Алекс Скот од Бурнемут. На ова се надоплува дека од клубот можно е да заминат Бруно Фернандеш, Касемиро и ...

На денешната Новогодишна свеченост во големата сала на Општина Велес беа прогласени најдобрите работници и хуманисти за 2025 година. Добитници на наградата за континуиран придонес во развојот на крводарителството и хуманоста ја доби Ѕвонко Карталов со 117 дарувања крв, за професионален пожарникар – Нихад Бајровиќ во ТППЕ Велес, за најуспешен комунален работник Зоран Силјановски и најуспешен униформиран полициски службеник Игорчо Петровски. ...

Обуки за инклузивен и училишен спорт биле одржани денеска во општина Кисела Вода. Од локалната самоуправа информираа дека станувало збор за две значајни обуки, насочени кон развој на инклузивниот и училишниот спорт на локално ниво. – Првата обука, во рамки на проектот „Движење за сите: Како да создадеме инклузивна настава во училиштата“, беше наменета за наставниците по физичко образование од основните училишта. Наставниците преку соработката ...

Поранешниот германски селектор, Јирген Клинсман, оцени дека Германија има шанса да го освои Светското фудбалско првенство кое идната година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. „Сè е можно. Германија е меѓу фаворитите, заедно со другите големи европски нации. Потоа, тука се и двете големи сили Бразил и Аргентина, кои исто така ќе имаат што да кажат“, изјави 61-годишниот Клинсман, кој како фудбалер ја освои светската титула во 1990 година. ...

„Кога заминува актер, не заминува само човек, заминува цел еден свет, цел еден универзум што тој го создавал на сцена. Со силен аплауз да го испратиме универзумот на Лазе Манасковски“- со овие зборови во името на македонското глумиште директорот на Драмски театар Скопје, Роберт Вељановски, му оддаде последна почит на истакнатиот македонски театарски, филмски и телевизиски актер Лазе Манасковски. Во присуство на семејството, министерот за ...

Општина Битола одржа јавна презентација на Деталниот урбанистички план за новиот реонски центар во Нова Битола. Според предложениот план, во Нова Битола ќе се градат нов спортски комплекс, детска градинка и старски дом, информираа од локалната самоуправа. -На денешната јавна презентација граѓаните имаа можност одблиску да се запознаат со предлог-планот и активно да се вклучат со свои идеи, предлози и забелешки. Овој план претставува визија за ...

Во Средното општинско училиште „Љупчо Сантов“ во Кочани денеска беше промовиран проектот „Зголемување на инклузивноста за млади со посебни потреби преку мултидисциплинарен пристап“, насочен кон создавање инклузивна и поддржувачка средина за младите со посебни потреби. Главната цел на проектот е развој на специјално приспособена програма која вклучува активности од различни области, како што се драма, танц, уметност, јога и спорт, со цел ...

Општина Ѓорче Петров го усвои Буџетот за 2026 година, кој претставува реален, одговорен и развоен финансиски план, насочен кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и забрзување на локалниот развој, се наведува во соопштението од Општина Ѓорче Петров, што МИА го пренесува интегрално. Вкупниот буџет за 2026 година изнесува приближно 1,45 милијарди денари, при што речиси 60% се наменети за капитални расходи – јасен показател за ...

Американската милијардерка Марта Стјуарт (84) му се придружи на својот пријател, раперот Снуп Дог како малцински сопственик во велшкиот фудбалски клуб Свонси. Клубот не ги објави финансиски детали, а сопствениците на Свонси доцна синоќа ја пречекаа Стјуарт. „Со задоволство потврдуваме дека Марта, која изгради долга и успешна кариера како водечки американски експерт за домаќинство и животен стил, тргна по стапките на Снуп и Лука Модриќ и стана ...

Кинески истражувачи развија нов вид литиум-јонска батерија што значително ја намалува опасноста од прегревање и пожар. Новиот пристап на научниците од Универзитетот на Хонгконг ја менува хемијата на батеријата, а не процесот на производство, така што иновацијата може брзо да се воведе во постојните производствени линии, а воедно да се одржат високи перформанси. Концептот, имено, го заменува стандардниот течен електролит во батеријата со ...

Сувото месо, како храна, честопати се наоѓа во многу домаќинства, па познавачите наведуваат дека многу луѓе прават грешки во чувањето. Како правилно да ја складираат оваа храна? Се истакнува, пред сѐ, дека е важно да се обрне внимание на тоа колку долго сувото месо може да остане во фрижидер или замрзнувач, а да се сочува безбедно за употреба. Покрај тоа, сувото месо не е исто во секоја фаза од подготовката. Рокот, на пр. зависи од тоа дали ...

Норвешкиот биатлонец Сиверт Гуторм Бакен почина ненадејно на 27-годишна возраст за време на подготовките во Италија, објави Меѓународната федерација во биатлон (ИБУ). Според информациите објавени во норвешките медиуми, Бакен бил пронајден мртов во хотелска соба во алпскиот град Лавазе, во италијанскиот регион Трентино. Во 2022 година, на Бакен му беше дијагностициран миокардитис, воспаление на срцевиот мускул, поради што не се натпреваруваше ...

Американската Национална кошаркарска асоцијација (НБА) подготвува план за европско натпреварување во кошарка под нејзино покровителство, кое би било организирано по моделот што се применува на северноамериканскиот континент. Според НБА и поддржувачите на планот, ваквото натпреварување ќе претставува суштинска инвестиција во овој популарен спорт во Европа, кој во сегашниот модел „не остварува голем профит“. Противниците на идејата, пак, ...

Калчолигашот Рома го презентираше денеска планот за изградба на нов стадион, вреден 1.5 милијарди евра, кој ќе биде лоциран на периферијата на италијанската престолнина и потенцијално ќе биде домаќин на натпреварите на Евро 2032, чиј заеднички домаќини ќе бидат Италија и Турција. Градежната дозвола треба да ја одобри италијанската Влада, а изградбата треба да почне идниот декември и да трае две години. Планирано е стадионот да се гради на ...

Левиот бек на Лацио, Нуно Тавареш (25), би можел во зимскиот преоден рок да се пресели во редовите на саудиски Ал-Итихад, јавија денеска италијанските медиуми. Тавареш минатото лето пристигна во Лацио од Арсенал, првично на позајмица пред римскиот клуб да го откупи неговиот договор за пет милиони евра во јануари. Оваа сезона, португалскиот фудбалер одигра десет натпревари за Лацио, но три пати беше на клупата во последните пет натпревари од ...

Тренерот на Челзи, Енцо Мареска, потврди денеска дека Лиам Делап и Естевао се подготвени за претстојниот натпревар од Премиер лигата против Астон Вила. „Естевао се врати и ќе биде на располагање за натпреварот в сабота. Исто така и Делап. Двајцата се вратија“, рече Мареска на денешната прес-конференција. Враќањето на Делап е голем поттик за Челзи, бидејќи напаѓачот се враќа порано од очекуваното од повредата на рамото во ремито против Борнмут ...

Во Национална галерија Даут Пашин Амам во Скопје утревечер во 19 часот ќе се одржи ретроспективна изложба на делата на познатиот македонски сликар Кирил Ефремов. Куратор на на изложбата е Горанчо Ѓорѓиевски, а автор на монографското издание е проф. др Владимир Величковски. Публиката ќе има можност да го согледа во целина творештвото и развојниот пат на Кирил Ефремов укажувајќи на неговото место и значење во развојот на македонската современа ...

Општина Илинден успешно ја реализираше обемната акција за пошумување во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“. Во текот на активностите, на повеќе локации беа засадени повеќе од 600 садници од различни видови, со цел унапредување на квалитетот на воздухот, заштита на животната средина и подобрување на условите за живот на граѓаните, се наведува во соопштението од Општина Илинден, што МИА го пренесува интегрално. Акцијата беше спроведена ...

Џекпотот на американската лотарија „Пауербол“ (Powerball) достигна речиси 1,7 милијарди долари пред утрешното извлекување на Бадник, што го прави едно од најголемите извлекувања во историјата на САД. Тоа е четвртиот најголем џекпот во историјата на лотаријата. Никој не ја погоди добитната комбинација на вчерашното извлекување, т.е. броевите 3, 18, 36, 41 и 54, како и црвеното топче 7. Сепак, девет добитни лозови низ целата земја освоија по ...

Тренерот на премиерлигашот Тотенхем, Томас Франк, застана зад својот дефанзивец Мики ван де Вен, откако стратегот на Ливерпул, Арне Слот, го обвини дека со неодговорен старт тешко го повреди напаѓачот Александар Исак. „Очигледно не се согласувам, зборуваме за дефанзивец кој ќе направи сè за да спречи тимот да прими гол. Топката се лизна на негова страна и тој прави сè што може за да го блокира ударот“, им рече Франк на новинарите. „За жал, ...

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Џенаро Гатузо, изјави дека е опседнат да обезбеди пласман на Светското првенство 2026, откако Италија ги пропушти двата последни мундијалски турнири. Италија не успеа да обезбеди директно место на Светското првенство 2026, но ќе има дополнителна можност преку европските плејоф натпревари. Избраниците на Гатузо во март во Бергамо ги очекува натпревар против Северна Ирска, а во другото ...

Министерството за култура на Индија, организатор на меѓународната изложба на уметност за деца „Fragrance of Art Buds” додели седум награди за членови на Детско ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“-Битола. Наградите од Индија во Битола ќе бидат врачени на ученичката Ана Марија Спировска која доби златен медал „Винсент Ван Гог“, златен медал со учество на следна изложба на Сирма Спирковска, а фестивалски награди ќе бидат доделени и на Анабела ...

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, на средбата со медиумите порача дека ФФМ во 2025 ја исполнила целата програма што ја најави на почетокот на неговиот мандат. Тој зборуваше за изборот на нов селектор, реформите во младинските категории, стабилизацијата на финансиското работење, судиските стандарди, инфраструктурните проекти и понатамошната реорганизација. Омерагиќ истакна дека во фудбалот е воведен нов ...

Со свечен настан, АД МЕПСО одбележа 20 години од своето оформување како клучна институција во македонскиот електроенергетски систем. Јубилејот беше одбележан во присуство на членовите на Управниот и Надзорниот одбор, министри, пратеници, градоначалници, амбасадори и претставници на дипломатскиот кор, претставници на енергетскиот сектор, домашни и меѓународни партнери, медиуми, како и бројни колеги – активни и пензионирани, меѓу кои и ...

Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините од снег. Наместа во источните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 25 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 4 до 9 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до ...

Откако минатата учебна година беше зголемен бројот на ромски образовни медијатори во основното образование од 40 на 50 лица кои им помагаат на младите Роми да се вклучат во воспитно – образовниот процес и да нема осип на ученици од училиштата, оваа година за прв пат, Министерството за образование и наука воведе ромски образовни медијатори и во средното образование. Преку јавен повик беа одбрани 20 лица кои ќе работат со средношколци од ...

Невзат Бејта, кандидатот за градоначалник на Гостивар на повторените избори на прес-конференција ја обвини претходната локална власт дека направила злоупотреби при јавни набавки чија вредност е повеќе милиони денари. Денес сме тука за отворено да зборуваме за злоупотребите и лошото владеење на Арбен Таравари, кој со години се обидуваше да ги скрие зад пропагандата и лажниот имиџ на „успешен менаџер“, рече Бејта. Тој во обраќањето пред ...

Во кумановската болница на детското одделение хоспитализирани се 35 дечиња, информираа денеска педијатрите од установата. Поголем дел се со температура, грип, компликации од респираторни вирози, бронхит и бронхопневмонии. – Најмалото пациентче е доенче, три недели, две деца сè со потешка клиничка слика, едното е на кислородна терапија, другите се стабилни и се надевам дека пред празниците ќе си бидат во домовите, изјави началничката на ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонреден инспекциски надзор во девет новогодишни куќарки во градската чаршија во Струга и издаде решенија за забрана за работа поради неисполнување основни хигиенски услови. На угостителите им се изречени парични казни од по 200 евра во денарска противвредност, а издадени се и налози за нивна регистрација во Агенцијата како оператори со храна. – Со контролата спроведена на 22 овој месец, ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
87%
1017
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.57
91%
1018
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
3.09
92%
1024
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
74%
1017
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
7.13
86%
1021
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
1.79
95%
1023
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
5.81
91%
1015
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
81%
1015
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
93%
1016
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
13.89
70%
1020
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
4.63
59%
1021
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
1.54
60%
1019
Currency

61.645

Currency

52.3489

Currency

70.6084

Currency

37.0277

Currency

38.2492

Currency

67.4979

Currency

7.57719

Currency

0.68231

Currency

0.33754

Currency

0.5249

Currency

1.19434

Currency

0.57584

Иридиум

212342.22

Бакар

11.67

Родиум

352854.44

Рутениум

45750.51

Платина

69349.16

Алуминиум

3.08

Паладиум

5562.08

Злато

162791.45

Калај

46.26

Цинк

3.29

Сребро

2644.72

Кобалт

64.04