Со конференција што денеска ја организираа МОН и Здружението САНО беше означен крајот на првото полугодие за децата кои наставата ја следеа онлајн затоа што се во болница или на подолго домашно лекување. Во моментов се вклучени 35 деца откако од 1 септември законски се овозможи воведување на формалното образование во здравствени установи. Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека со завршувањето на првото полугодие, „со ...

Денеска е реализирана исплата на средства во вкупен износ од 39.065.031 денари кон 663 оризопроизводители, информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Исплатата, како што велат, се однесува за финансиска поддршка од 6 денари по килограм предадена оризова арпа во откупувачки центри, за периодот од 1 март до 30 септември 2025 година. -Со ова се опфатени сите оризопроизводители од минатата реколта. Нашата цел ...

Македонската ракометна репрезентација по четирите дена подготовки во Скопје денеска заминува за Пореч, Хрватска како втор дел од подготовките за претстојното Европско првенство. Селекторот Кирил Лазаров за Пореч ќе смета на 20 ракометари. На 28. декември (недела) македонските ракометари ќе одиграат и контролен натпревар со Хрватска. Репрезентацијата ќе биде комплетна на 2. јануари во Скопје кога голманот Мартин Томовски ќе се приклучи на ...

Синоптирачарите за утрово најавуават облачно време, во крајните југозападни делови од државата со услови за слаби врнежи од дожд и снег. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени. Во Скопје, променливо облачно, во текот на денот со сончеви периоди. Ќе дува ...

Љубителите на класичната музика ќе имаат можност да уживаат во вечер исполнета со емоции, виртуозност и уметничка инспирација. Младиот и исклучително талентиран пијанист Арда Мустафаоглу вечер ќе одржи пијано концерт во Cevahir Mall Skopje. -Публиката ќе биде поведена на музичко патување каде секој тон носи приказна, а пијаното станува глас на емоциите. Настапот ветува длабоко доживување на класичната музика, во кое тишината, прецизноста и ...

Народниот музеј синоќа во Ликовниот салон во Велес свечено ја отвори археолошката изложба на камени споменици „Memento vivere“ на која е претставен само дел од нивната богата збирка со околу 100 камени споменици. Анита Василкова-Мидоска, кустос, советник археолог од оваа установа е авторка на изложбата на која преку археолошки предмети и фотографии се презентирани најзначајните примероци од оваа збирка што соджи архитектонски елементи, ...

Жителите на Општина Кисела Вода добија можност правилно да го одлагаат текстилниот отпад, откако беа поставени специјални контејнери за текстилен отпад пред сите месни заедници. Со ова, Кисела Вода воспоставува функционален и одржлив систем за селектирање и рециклирање на текстилен отпад, во соработка со лиценцираната компанија ЕКО-ТЕКС ГРУП ДОО Скопје, овозможувајќи правилно одлагање на употребената облека и домашниот текстил и активно ...

Градоначалникот на Оштина Новаци Стевче Стевановски во обраќање до јавноста извести за опасности на регионалниот патен правец Новаци – Маково, предизвикани од свлечиште. Деформацијата во моментов ја санираат екипи на РЕК Битола и ЈП за одржување на патишта, информира Стевановски. -Ве информираме дека, согласно информација доставена од РЦУК – Битола, а добиена од РЕК Битола во текот на ноќта значително се влоши состојбата на регионалниот патен ...

Фудбалерите на Работнички во пролетниот дел од сезоната во домашното првенство ќе ги предводи Муарем Муарем, откако вечерва тој е назначен за нов тренер на скопскиот прволигаш. Муарем доаѓа на клупата на Работнички за кој настапуваше како фудбалер на местото на Србинот Ален Тупајиќ, кому претходно оваа недела му беше врачен отказ. Работнички го заврши првиот дел од сезоната на претпоследното на табелата во Првата македонска фудбалска лига со ...

„Репрезентацијата е над секое име и над секој поединечен интерес. Лични битки и фрустрации не ѝ носат ништо добро на Македонија“, порача денеска раководителот на скаутинг службата во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Николче Новески. Реакцијата на долгогодишниот македонски репрезентативец доаѓа како одговор на критиките што поранешниот селектор Игор Ангеловски ги упати на адреса на раководството на ФФМ по повод изборот на новиот ...

Играчот на Сакраменто Кингс Расел Вестбрук одигра одличен натпревар против Детроит Пистонс – 26 поени, 6 скокови и 4 асистенции. Неговата екипа загуби со 136:127, а тој доби и казна. НБА лигата го казни со 2.000 долари по завршувањето на натпреварот. Тој е казнет поради симулирање односно обид да „изглуми“ лична грешка (флопинг). Ова пред сè имаше големи реакции на социјалните мрежи. Многумина сметаат дека Вестбрук не направил грешка за да ...

Апелацискиот суд во белгискиот град Антверпен му изрече парична казна од 25.000 евра на еден адвокат поради „злоупотреба на постапката со неправилна употреба на вештачката интелигенција“. Во образложението на пресудата се наведува дека адвокатот е казнет затоа што до Судот поднесувал приговори генерирани од вештачка интелигенција, кои биле „апсолутно бесмислени“. – Тие беа некохерентни, целосно ирелевантни и содржеа неважни аргументи, ...

Роботот „Олаф“, создаден по истоимениот лик на „Дизни“ е новиот „крик на технологијата“ водена од вештачка интелигенција. Се чини, инженерите од истражувачкиот центар на компанијата, просто, го оживеаја омилениот „снешко“ од поновата ера, т.е. од филмовите „Снежно Кралство“ (Frozen). Според стручњаците, роботот, сo својата позната насмевка, говорот и мавкањето за поздрав кон луѓето што минуваат, претставувал необичен предизвик. Инженерите, ...

Поранешната детска ѕвезда на „Бродвеј“, Имани Дија Смит – можеби најпозната по улогата на младата Нала во мјузиклот „Кралот лав“, е пронајдена убиена во семејниот дом во Едисон, Њу Џерси, САД, пренесува порталот „Дисинсајдер“. По нејзината смрт, тетката на Смит, Кира Хелпер соопшти дека младата глумица зад себе оставила тригодишен син, како и нејзините родители и браќа. Жртвата имаше 25 години. Според Канцеларијата на окружниот обвинител на ...

Канадскиот пејач Џастин Бибер на својот Инстаграм профил сподели емотивни пораки, потсетувајќи се на предизвиците во кариерата и личниот живот. Бибер призна дека поминувал низ болка и стрес во музичката индустрија, но дека денес е на пат кон исцелување, прошка и лична обнова. Тој истакна дека за него Божиќ има големо значење, празник за љубов, прошка и време за размислување, што всушност очекуваш од животот. Воедно пејачот ни открива дека е ...

Легендата на НБА лигата Леброн Џејмс (40 години) вечерва ќе го игра својот 20-ти натпревар на Божик. Неговата екипа Лос Анџелес Лејкерс за противник ќе го има тимот на Хјустон. Леброн Џејмс е рекордер со досега одиграни 19 натпревари, прв е на листата на стрелци со 507 поени, има и 143 скокови, 137 асистенции (втор на листата) и 28 украдени топки (втор). Со своите екипи Џејмс има постигнато 11 победи, а има играно за Кливленд, Мајами и Лос ...

Германската фудбалска федерација (ДФБ) им изрече казни на германските клубови во трите професионални лиги од вкупно 12 милиони евра за сезоната 2024/25, наведувајќи оти дека казните се главно поради употреба на пиротехнички средства од страна на навивачите, јави денеска агенцијата ДПА. Вкупната сума за казните е малку помала од претходната сезона. Највисоки казни платил Келн, нешто повеќе од 900.000 евра, по што следува Ајнтрахт Франкфурт, ...

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Фермин Лопез, изјави денеска оти посакува целата своја кариера да ја помине во каталонскиот клуб. „Се надевам дека мојата иднина секогаш ќе биде со Барселона“, изјави 22-годишниот Лопез. Лопез се пресели од академијата на Бетис во младинската академија на Барселона во 2016 година. Во дресот на Барселона досега одигра 108 натпревари, постигнувајќи 26 голови. Договорот на Лопез со Барселона е до лето ...

Менаџерот на Ливерпул Арне Слот една од причините за лошиот пласман на табелата ја најде во слабата игра на екипата по прекините. Од стартот на сезоната Ливерпул од прекини има постигнато само три голови, а по слободни удари, корнери и центаршутеви има примено дури 11 голови. Податокот е фрустрирачки за „црвените“ и Слот тука ја „бара“ причината зошто екипата не е подобро пласирана и има лоша гол-разлика. – Невозможно е да бидеме во ТОП 4 или ...

Според најновото американско истражување недоволниот сон го скратува повеќе животниот век отколку исхраната, физичката активност и социјалните односи. Американските научници проценуваат дека околу 16 отсто од светската популација постојано пати од несоница, додека податоците на Националната фондација за квалитет на спиењето покажуваат дека дури 60 отсто од возрасните Американци не спијат доволно. Несоницата се карактеризира со тешкотии при ...

Според шведски епидемиолози и токсиколози од Универзитетот во Лунд, лицата со тетоважи на телото имаат зголемен ризик од добивање рак на кожата, особено меланом. Истражувањето опфатило речиси 3.000 лица со дијагностициран меланом и околу 8.500 здрави испитаници. Според резултатите, 22 отсто од лицата со меланом биле тетовирани, наспроти 20 проценти без ни една тетоважа. По добиените резултати истражувачите утврдиле дека најголем ризик од ова ...

Американската музичка суперѕвезда Тејлор Свифт ѝ подари милион долари на добротворната фондација „Храна за Америка“ или „Фидинг Америка“ (Feeding America), како и милион долари на „Американското здружение за срце“. Нејзината втора донација е во чест на нејзиниот татко, Скот Свифт, кој бил подложен на операција за петкратен „бајпас“ оваа година – по што неговата ќерка се смести кај него за да му помогне во заздравувањето. Овие донации ...

Жител на американската сојузна држава Арканзас синоќа го освои џекпотот од 1,817 милијарди долари на лотаријата „Пауербол“, со што беше ставен крај на тримесечниот период без добитник. Последен пат џекпот на „Пауербол“ бил освоен на Бадник во 2011 година, а сега станува збор за четвртиот најголем џекпот во историјата на САД, кој беше освоен по 46 последователни извлекувања без главен добитник. Новиот добитник треба да одлучи на кој начин сака ...

Технолошки визионер, дисидент на Кремљ, агент на ФСБ, апсолутист за слобода на говорот, здравствен гуру – ова се само дел од епитетите што обожавателите и критичарите му ги припишуваат на Павел Дуров изминативе 10 години. Рускиот технолошки претприемач ја основа руската верзија на „Фејсбук“, пред да ја создаде апликацијата за пораки „Телеграм“, да лансира свој екосистем за криптовалути и да натрупа богатство коешто се брои во милијарди. Сѐ ...

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров изврши принудна измена со составот на ракометари кои се подготвуваат за настап на претстојното Европско првенство, откако на подготовките во Скопје се повреди кружниот напаѓач Валентин Карасманакис. Ракометарот на Алкалоид се здоби со скршеница на прстот на десната рака и ќе ги пропушти натпреварите на Европското првенство. На местото на повредениот Карасманакис е повикан ...

Претседателот на турскиот фудбалски гигант Фенербахче, Садетин Саран, е приведен во Истанбул во рамки на проширена истрага за дрога во која се вклучени истакнати личности од светот на забавата и медиумите во Турција Саран, кој има турско и американско државјанство, бил приведен во средата, само неколку часа откако форензичките тестови откриле траги од наркотици во неговите примероци од коса, објави државниот радиодифузен сервис ТРТ. Минатата ...

Поранешниот професионален покер играч Џејмс Борд е прв кандидат за преземање на англискиот фудбалски клуб Шефилд Венздеј. Најстариот клуб во светот, основан во 1867 година, е во банкрот од октомври, а одборот денес објави дека е постигнат договор со потенцијален купувач. Борд ја започна својата кариера работејќи за компании за коцкање пред да заработи 4,3 милиони долари играјќи покер. Сега тој раководи со Short Circuit Science, компанија која ...

Прославувањето на Божик во Белгија е вкоренет во нејзината христијанска култура, но на чествувањето се „накалемуваат“ многу традиции, често со пагански елементи, а, исто така, и со значителни комерцијални интереси. Ова е заклучокот од дебатата на белгиското државно Радио 1, посветено на одбележувањето на Божик, кој во Белгија согласно Грегоријанскиот календар се празнува на 25 декември. Божик стана многу комплексна прослава во чиј центар на ...

Членови на Мото клубот „Носачи на крстот“ вчера и денеска како Дедо мраз на мотор со приколки полни со новогодишни пакетчиња ги израдуваа децата од велешките градинки. Освен во велешките градинки тие вчера поделија новогодишни пакетчиња и во градинките во Градско и село Караслари. Досега поделени се околу илјади новогодишни пакетчиња – донација од Општина Велес, информира за МИА, Бобан Мијајлевски од Мото клубот „Носачи на крстот“. Во ...

Кошаркарската федерација на Македонија денеска, во Скопје, го одржа редовното годишно Собрание. На Собранието беа присутни 39 делегати од 45 (делегати, претставници од клубови и здруженија и асоцијации) со право на глас. На седницата беа донесени одлуки за усогласување на регулативите и нормативите со ФИБА стандардите, како и регулација на актите на Олимпискиот комитет и правните норми. На собирот на највисокото тело на федерацијата се ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
87%
1017
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.57
91%
1018
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
3.09
92%
1024
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
74%
1017
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
7.13
86%
1021
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
1.79
95%
1023
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
5.81
91%
1015
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
81%
1015
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
93%
1016
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
13.89
70%
1020
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
4.63
59%
1021
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
1.54
60%
1019
Currency

61.645

Currency

52.3489

Currency

70.6084

Currency

37.0277

Currency

38.2492

Currency

67.4979

Currency

7.57719

Currency

0.68231

Currency

0.33754

Currency

0.5249

Currency

1.19434

Currency

0.57584

Кобалт

64.04

Платина

69349.16

Паладиум

5562.08

Рутениум

45750.51

Цинк

3.29

Калај

46.26

Бакар

11.67

Злато

162791.45

Сребро

2644.72

Родиум

352854.44

Алуминиум

3.08

Иридиум

212342.22