Општина Кисела Вода објави два јавни повика за субвенции при набавка на пелети и печки на пелети, наменети за домаќинствата од општината. Средствата од Буџетот за 2026 година ќе се доделуваат преку Архивата, по принципот „прв дојден, прв услужен“. – Со првиот јавен повик се нуди субвенционирање за набавка на пелети, за што е обезбеден буџет од вкупно 2.000.000,00 денари. Општината ќе кофинансира 50 отсто од вредноста на набавените пелети, но ...

Преку апликацијата „Токио енмусуби“, 265 двојки стапиле во брак. Апликацијата помага да дознаеме колку си одговараме со партнерот. Ваквата мерка беше воведена во 2024 година во Токио, со цел да се зголеми наталитетот во Јапонија. Направената статистика покажува дека околу 70 отсто од луѓето заинтересирани за брак, не преземаат иницијатива да најдат партнер. Платформата е достапна само за лица кои навистина сакаат да си ја најдат сродната ...

Автомобилската компанија „Мерцедес-Бенц“ официјално го претстави своето подобрено луксузно камперско комбе „Марко Поло“. Опишано од германскиот автопроизводител како „паметен придружник за луксузни патувања и во секојдневниот живот“, комбето има нов алуминиумски подвижен двоен покрив. Сега тој обезбедува приближно 370 мм простор за глава во задниот дел, што е за 100 мм повеќе од неговиот претходник. Меѓу другите новости се и подобрен систем ...

Патеката Зандворт има нов сопственик. Принцот Бернхард од Оринџ-Насау ги продаде сите свои деловни средства, вклучувајќи ја и патеката Зандворт. Неговите деловни партнери, Мено де Јонг и Коен Грунвелд, станаа нови сопственици. Принцот Бернхард наводно ќе се фокусира на вештачката интелигенција. Тој исто така истакна дека ќе продолжи да биде активен во мотоспортот. – Мисијата е исполнета. Ја вративме Формула 1 во Холандија. Зандворт шест пати ...

Ќерката на Том Круз, Сури го смени презимето во Ноел. Станува збор за средното име на нејзината мајка, Кејти Холмс. Круз и Холмс се разведоа во 2012 година, по што Сури продолжи да живее со мајка ѝ. Наводно, таткото и ќерката немаат близок однос. Сепак и двајцата остануваат воздржани од коментари. Сури Круз моментално студира музички театар на универзитетот „Карнеги Мелон. Нејзината одлука привлече големо внимание од јавноста. Post Views: 0 ...

Ракометната федерација на Македонија го назначи Игор Марковиќ за нов селектор на женската сениорска репрезентација. Марковиќ е роден на 16 декември 1981 година во Цетиње, Црна Гора. Како играч настапуваше на позицијата лево крило и зад себе има богата и успешна кариера. По завршувањето на играчката кариера во 2022 година, Марковиќ целосно се посвети на тренерската работа. Најнапред беше ангажиран во женските младински национални селекции на ...

Новиот главен тренер на француската репрезентација, Зинедин Зидан, ја даде првата изјава по неговото назначување. Прес-службата на Француската фудбалска федерација (ФФФ) денес го објави назначувањето на 54-годишникот за главен тренер на националниот тим. Неговиот договор важи до крајот на Светското првенство во 2030 година. -Ќе ги правиме работите на наш начин. Дидие е Дидие, Блан е Блан, а Зизу е Зизу. Ќе го правам она што го знам, но ќе го ...

Водата во Крушево е исправна за пиење, a Агенцијата за храна и ветеринарство штотуку ја повлече забраната и водата од крушевскиот водовод може да се употребува за пиење. Од прилепскиот Центар за јавно здравје ги добија резултатите и од третиот, последен последователен примерок за испитување, со што е потврдена исправноста на водата во Крушево, која сега ги исполнува условите од правилникот за безбедна вода за пиење. Во водата има законски ...

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума е селектиран во главната натпреварувачка програма за игран филм на 32. Сараевски филмски фестивал, каде што ќе ја има својата европска премиера и ќе се натпреварува за престижното „Срце на Сараево“. Истовремено, филмот ја освои наградата „Камингс“ како победник во конкуренцијата „Во духот на слободата“ на 43. Филмски фестивал во Ерусалим, соопштија денеска од тимот. – Учеството во ...

Македонскиот Културно-информативен центар во Загреб вечер организира аудиовизуелно предавање „Историјата на македонската рок-музика и рок-култура“ на истражувачот, хроничар и автор Тошо Филиповски – најзначајниот документарист на македонската рок-сцена – соопштија денеска од таму. – Вечерта посветена на македонската рок-музика е поддржана од Министерството за култура и туризам, а настанот ќе го отвори директорката на македонскиот КИЦ во ...

Со гостиварското комунално претпријатие „Комуналец“ како вршител на должност раководи Алмир Даути. Според градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани, назначувањето било неопходно, со оглед на обврските кои ова јавно претпријатие ги извршува. – Претходно имав средба со раководителите на секторите во „Комуналец“ и им предложив да одредат еден од нив и да ја врши административно оваа функција наредниве два месеци. Ова претпријатие врши и ...

Раководството на Ред Бул разговара за обновување на договорот со холандскиот возач Макс Верстапен, објавува „Bild“. Според германскиот таблоид, договорот на четирикратниот светски шампион со Биковите важи до крајот на 2028 година, но содржи клаузула за предвремено раскинување на крајот од сезоната 2026. Ред Бул верува дека ако Верстапен замине, ќе биде невозможно да се најде еквивалентна замена, па затоа на 28-годишниот возач му е понуден нов ...

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ќе имаат заеднички настап во мешани двојки ма УС опен, како најава на турнирот потврдија организаторите. Тие ќе бидат една од 16-те двојки. Се очекува нивниот настап да привлече големо внимание кај публиката. На овој турнир ќе има и нови правила, а организаторите сметаат дека мечевите ќе бидат пократки и динамични. Во воведните кола ќе се игра на два добиени сета, а сетот ќе се смета за освоен со четири гема, а ...

Роберто Манчини и Антонио Конте во моментов се водечки кандидати за позицијата селектор на италијанската фудбалска репрезентација, објави „Спорт Медиасет“. Претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Џовани Малаго, е за враќање на Манчини, додека клубовите од Серија А вршат притисок врз него да го избере Конте. Двајцата се искусни тренери на националните тимови: Конте го водеше националниот тим од 2014 до 2016 година, додека Манчини ...

Францускиот фудбалски репрезентативец Килијан Мбапе напиша отворено писмо до навивачите по Светското првенство во 2026 година. Во натпреварот за третото место, Франција загуби со 4:6 од Англија. – Се вративме дома без трофеј. Боли, но нема да ве лажам. Ќе биде вака уште некое време. Никогаш не нè напуштивте – дури и во најтешките моменти, дури и кога најмалку ја заслужувавме вашата поддршка. Оваа приказна ја напишаа милиони раце, а не само ...

Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Скалони, им се обрати на навивачите по Светското првенство. Во финалето на турнирот, Аргентина загуби со 1:0 од Шпанија по продолженија. – Ми останува само едно да кажам: Жал ми е што не можев да ви донесам уште еден трофеј и да ви дадам нова радост, дури и само за неколку дена, за да ви помогнам да ги заборавите сите лоши работи во животот. Но, сакам да се сетите што се обидовме да ...

Одбранбениот фудбалер Марк Кукуреља им се обрати на навивачите на Челзи на социјалните мрежи по неговото преселување во Реал Мадрид. Дваесет и осумгодишниот Шпанец претходно потпиша договор со „Лос Бланкос“ до летото 2032 година. – По четири години заедно, дојде време да се збогувам. Благодарен сум на клубот и на очекувањата што ми дозволија да станам подобра личност. Сега можам со сигурност да кажам дека Лондон секогаш ќе биде мој дом, а вие ...

Прес-службата на Француската фудбалска федерација (ФФФ) го објави назначувањето на Зинедин Зидан за селектор на француската репрезентација. Договорот на 54-годишникот е до крајот на Светското првенство во 2030 година. Дидие Дешан ја тренираше француската репрезентација од 2012 година. Тој ја напушти функцијата по натпреварот за третото место против Англија (4:6) на Светското првенство 2026. Зидан ја започна својата тренерска кариера во 2013 ...

Македонскиот народен театар на 9 септември ќе биде домаќин на наградуваната претстава „Уна“ на Звездара театар од Белград, во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски, со Никола Ристановски во главната улога, соопшти денеска МНТ. Создадена според драмскиот текст на Стеван Копривица, инспириран од култниот роман на Момо Капор, како што посочуваат, „Уна“ е современа и длабоко емотивна приказна за љубовта, сеќавањата, минливоста и ...

Дипломатскиот прием што беше организиран во Македонскиот културно-информативен центар во Софија претставуваше уште една значајна потврда за местото и улогата што оваа институција денес ги има во културниот и дипломатскиот живот. Во присуство на претставници на дипломатскиот кор, институциите, академската заедница, културните работници и бројни пријатели на Македонија, Центарот уште еднаш покажа дека претставува важен простор за афирмација на ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска информираше дека учениците во прва година од средните училишта, за првпат ќе добијат бесплатни униформи. -Социјалните разлики неретко стануваат причина за поделби, дискриминација, па дури и булинг и затоа воведуваме мерка со која создаваме порамноправна, побезбедна и попријатна средина за сите ученици. За првпат, секој ученик запишан во прва година во средните училишта ќе добие бесплатна ...

Премиерлигашот Челзи стартувал преговори со Брајтон за ангажман на Дени Велбек пренесуваат англиските медиуми. Играчот има уште една година од договорот со Брајтон. Новиот менаџер на Челзи, Чаби Алонсо во искусниот напаѓач гледа квалитетно решение како на теренот, така и во соблекувалната. Ова би значело менување на клупската политика на клубот, кој последните сезони купуваше пред сè млади играчи. Велбек (35 години) ланската сезона за Брајтон ...

Собранието на Црна Гора денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за здравствено осигурување, со кои на жените со дијагностицирана секундарна дисменореа – болни менструални циклуси проследени со грчеви, гадење и замор – им се овозможува право на два дена платено отсуство месечно. Тоа право, како што пренесуваат „Вијести“, се однесува на жени кои имаат болни менструални циклуси предизвикани од органски причини, како што се ...

Тур Д‘ Франс остана со истиот победник Словенецот Тадеј Погачар, кој по петти пат победи на престижната велосипедска трка. Честитки за словенечкиот велосипедист стигнуваат од сите страни, а Американецот Ленс Армстронг во својот поткаст изјави дека Погачар е најдобар спортист во светската историја. – Момчето е најголем на сите времиња. Може да победи на секоја вид подлога и на секоја трка. Едноставно дадете му стартен број и не е важно дали е ...

Леброн Џејмс ќе го носи бројот 23 во Филаделфија 76ерс, објави тимот во понеделникот, официјално објавувајќи го потпишувањето на договорот со водечкиот стрелец во НБА на сите времиња. Сиксерс објавија фотографија од синиот дрес на Џејмс како виси во нивниот шкаф со круна на своите страници на социјалните мрежи, оддавајќи почит на неговиот прекар „Кралот Џејмс“. Истовремено е наведен и листата играчи на екипата на официјалната веб-страница на ...

Кошаркарскиот клуб Пелистер го доведе и второ засилување за сезоната 2026/27. По потписот на Благој Димитриев, нов член на битолскиот клуб е Алонзо Едвард Денинг. Се работи за кошаркар кој доаѓа од Соединетите Американски Држави, но неговото потекло е од Македонија и поседува македонско државјанство, што значи во нашето првенство ќе настапи како домашен играч. Алонзо игра на позицијата крилен центар и пред да дојде во Македонија настапуваше ...

Македонскиот народен театар новата сезона 2026/2027 ќе ја започне со премиера на претставата „Три сестри“, според драмата на А. П. Чехов, во режија на Нела Витошевиќ, која ќе се одржи на 25 септември. Новата сезона во МНТ носи важна новина за публиката – воведување превод на англиски јазик за дел од претставите во однапред определени термини. На тој начин, театарот станува уште подостапен за странската публика и сите љубители на уметноста кои ...

Со благослов од Бигорскиот манастир, денеска коњаницата „Патот на Црешовото топче“ го продолжи патот кон Крушево. Традиционално, во пресрет на големиот национален и црковен празник Илинден, денеска во Бигорската свештена обител повторно одекна коњскиот топот на родољубивата коњаница „Бигорски Манастир – Патот на Црешовото топче“. -Продолжувајќи го повеќегодишното предание на благодарствено сеќавање на илинденските херои, триесетина коњаници ...

Со завршувањето на Светското првенство се повеќе се интензивираат фудбалските трансфери пред почетокот на новата сезона. Премиерлигашот Ливерпул како цел го има францускиот репрезентативец Бредли Баркола, кој според француските медиуми одбил да го продолжи договорот со ПСЖ и сака трансфер. Но, се очекува преговорите да бидат тешки бидејќи ПСЖ за Баркола, кој има уште две години од важечкиот договор ќе бара сума од 165 милиони евра, поради ...

Основното јавно обвинителство Скопје нареди да се спроведуваат истражни постапки против вкупно четири лица кај кои во текот на викендот беа откриени одредени количества наркотична дрога, со што беа исполнети елементите на кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик. Како што информираат од ОЈО, во првата истрага се опфатени ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.81
27%
1015
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
2.68
51%
1014
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.71
32%
1013
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
1.43
35%
1016
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.56
27%
1015
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 24ᴼ
0.96
72%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
1.79
42%
1014
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
0.66
64%
1015
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.31
45%
1015
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 26ᴼ
0.45
43%
1015
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 32ᴼ
1.79
33%
1013
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
3.23
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3836

Currency

71.8674

Currency

37.3567

Currency

38.0586

Currency

66.1057

Currency

7.89933

Currency

0.67321

Currency

0.33925

Currency

0.52457

Currency

1.12287

Currency

0.55908

Сребро

1873.42

Платина

52920.13

Злато

130712.08

Алуминиум

3.19

Бакар

13.13

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Калај

54.92

Родиум

265243.66

Кобалт

56.29

Паладиум

40863.60