Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Американскиот милијардер и извршен директор на „Тесла“ и „СпејсИкс“, Илон Маск, изјави дека очекува системите за вештачка интелигенција во следните пет години да ја надминат вкупната човечка интелигенција, а повторно оцени и дека Велика Британија во наредните две децении би можела да се соочи со граѓански судир. Во интервју за британскиот неделник „Економист“, Маск изјави дека роботите во рок од десет години ќе преземат најголем дел од ...
Поранешниот капитен на Англија, Дејвид Бекам, заработил приближно 25 милиони долари од реклами за време на Светското првенство во 2026 година. Според „Мирор“, овој приход ги надминал платите на други познати личности вклучени во турнирот: колумбиската пејачка Шакира, која настапила на церемонијата на отворањето и затворањето, заработила приближно 20 милиони долари, а канадскиот пејач Џастин Бибер, кој извел песна на полувремето од финалниот ...
Владата на Токио донесе одлука вработените во компаниите да се облекуваат поудобно поради екстремните горештини. Ваквите мерки отворија широка дебата меѓу службеничките. „Во април гувернерката на Токио, Јурико Коике ја претстави иницијативата „Токио, супер бизнис“ („Tokyo Cool Biz“), но по три месеци таа се носи со големи критики“, пренесе Би-би-си. – Одлуката за носење кратки пантолони е одлична, но и малку неправедна кон нас кои мораме да ...
Носителот на „жолтата маица“ на Тур Д’Франс, Тадеј Погачар од Словенија е победник на денешната 19.та етапа на престижната трка што се возеше од Гап до Алпе Д’Уез. Тој воедно со овој триумф се зацврсти на првото место во генералниот пласман. Ова за словенечкиот велосипедист е петта етапна победа годинава. Погачар патека во должина од 127,9 километри ја мина за 3 часа 17 минути и 57 секунди. Воедно ова е најдобро време поставено на ...
По шест години во Европа хрватскиот кошаркарски репрезентативец Марио Хезоња е пред трансфер во НБА лигата. Поранешниот шампион Кливленд, покажал интерес за ангажман на Хезоња. Хрватот во моментов е член на Реал Мадрид и има долгогодишен договор, при што ја има активирано клаузулата за непречено заминување од клубот. Преминот на Хезоња зависи и од одлуката на Леброн Џејмс бидејќи од неговиот трансфер зависат премини на неколку играчи во НБА ...
Првиот играч на шампионот во НБА лигата Њујорк Никс, Џејлен Брансон можно е следната година да потпише нов максимален договор вреден 300 милиони долари. Брансон претходната година се договори со клубот и потпиша финансиски поскромен договор за му помогне на клубот да формираат шампионски тим. Прогнозите се дека следната година ќе добие меѓу 280 или 300 милиони долари. Брансон во јули 2024 година потпиша четиригодишен договор за 156,5 милиони ...
Легендата на НБА лигата Леброн Џејмс кариерата ќе ја продолжи во Филаделфија, пренесува ЕСПН. Филаделфија ќе биде четвртиот клуб во НБА лигата на Џејмс, кој претходно настапуваше Кливленд, а потоа Мајами и Лос Анџелес Лејкерс. Филаделфија ова лето прави напори да формира шампионски тим и да стигне до титулата. Со „размена“ во екипата стигна играчот на Бостон, Џејлен Браун. Доаѓањето на Леброн Џејмс треба да претставува засилување во екипата ...
Новиот селектор на германската фудбалска репрезентација на својата прва прес-конференција на оваа позиција упати јасна порака за медиумите – дека приватноста на неговото семејство не смее да биде нарушена. – Ако се однесувате лошо и моето семејство нема мир, ќе заминам. Едноставно ќе се повлечам. Ја сакам оваа работа, но подготвен сум да ја напуштам, ако биде потребно, изјави Клоп. По заминувањето на Јулијан Нагелсман, поранешниот менаџер на ...
Селекторот на Шпанија, новиот светски првак Луис Де ла Фуенте за прв пат јавно прозборе и за инцидентот, кој се случи по завршувањето на финалниот натпревар против Аргентина на стадионот во Њу Џерси. – Во моментите додека го славевме триумфот и не бев свесен што навистина се случувало. Но, она што го видов e неприфатливо. Играчите кои ги предводи одличен тренер, сигурно и самите лошо се чувствуваат поради своите постапки, тие сцени не ...
Екипата на Тиквеш со убедлива победа против Арсими го стартуваше новиот шампионат во Првата фудбалска лига. Кавадарчани беа доминантни во текот на целиот натпревар и остварија победа од 5:1, а сепак најубавиот гол на дуелот го постигнаа гостите. Тиквеш поведе во 18.минута со голот на Емануел Лавал, а предноста на кавадарчани ја зголеми Н’Фали Сила во 27.минута. Со прекрасниот еврогол Алјбин Рамадани во 33.минута намали на 2:1. До крајот на ...
Денеска на планината Баба, на врвот Пелистер (2.601 м.н.в) падна снег, информираа од ЈУ национален парк „Пелистер“. Од јавната установа потврдија дека промнеливото време и ниската температура, дождот го претворија во снег, со што како што велат Пелистер како крал на планините во Македонија и понатаму е непредвидлив и моќен. Фотографијата е на вработените од пунктот на Националната радиодифузија на врв Пелистер, посочија од ЈУ НП ...
Сточарите бараат итна вакцинација на овците за да се спречи ширењето на болеста сипаници кај малите преживари. Предупредуваат дека ситуацијата е алармантна и дека не е доволно да се врши само идентификација и утврдување на жариштата, заболените грла и зафатените стада. Тие денеска, на состанок во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), биле информирани дека в понеделник ќе се одржи средба со ветеринарните служби, за да се дефинираат ...
Заложбите, посветеноста и заедничката работа на локалната и централната власт, институциите и сите чинители вродија со плод. Искрено се радувам на одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, со која Охридскиот регион не е впишан на Листата на светско наследство во опасност, а е даден дополнителен рок до 1 февруари 2031 година за реализација на препораките, напиша на својот фејсбук-профил градоначалникот на Општина Охрид, Кирил ...
Надлежните институции веќе постапуваат по пријавата, која пристигнала до Град Скопје, за појава на непозната материја, која од реката Лепенец се влевала во реката Вардар. Како што информира скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук, по пријавата инспекциски служби на Градот, но и на Министерството за животна средина веднаш излегле на терен. -Пред околу околу час и половина, до нас како град Скопје пристигна пријава за непозната ...
По повод годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, Град Скопје организира бесплатен панорамски разглед на градот. Како што информираат од Град Скопје, со панорамски автобус и професионален туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, граѓаните ќе имаат можност да го запознаат Скопје какво што било пред земјотресот, да ги откријат приказните за објектите што биле ...
Инвестиција од над 28 милиони денари за реставрација и модернизација на Старата скопска чаршија – соопшти градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, по извршениот увид во градежните активности. -Со инвестиција од над 28 милиони денари, на Старата чаршија ѝ ги враќаме функционалноста, современиот стандард и достоинството што го заслужува. Ја модернизираме инфраструктурата, а истовремено го зачувуваме нејзиниот идентитет и историски ...
Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте, изјави дека неговиот тим сè уште не го достигнал својот врв и оти најдоброто допрва доаѓа за репрезентацијата која под негово водство веќе ги обедини титулите европски и светски првак. Во интервју за шпанскиот весник „Марка“, по триумфот над Аргентина во финалето на Светското првенство, Де ла Фуенте рече дека чувствува гордост, емоции и наклонетост кон обединетата земја. ...
Шпанскиот фудбалски стратег Пеп Гвардиола (55) ја отфрли понудата да биде нов селектор на четирикратниот светски првак Италија, јавија денеска италијанските медиуми. Според истите извори, Гвардиола за својата одлука со писмо го известил новиот технички директор на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Паоло Малдини. Поранешниот трофеен тренер на Манчестер Сити, Баерн и Барселона, наводно, по неколкудневно размислување, сепак, одлучил да ...
Англискиот репрезентативец во редовите на Баерн Минхен, Хари Кејн, ќе почне преговори со раководството на германскиот првак за нов договор. Капитенот на англиската репрезентација има договор до крајот од сезоната, а како што објави денеска Би-Си-Си, раководството на Баерн сака да го задржи во тимот. Според истиот извор, Кејн е информиран за намерите на клубот и се очекува преговорите да напредуваат во следните неколку недели. Кејн во 2023 ...
Илинден не е само датум – тој е симбол на слободата, достоинството и непокорот на македонскиот народ. Наша должност е да ја чуваме традицијата, да им оддадеме почит на хероите и да ги пренесеме нивните вредности на идните генерации, порачуваат од Здружението на граѓани „Осоговски елит“, организатори на настанот што утре ќе се одвива во Кочани. Тие ги повикуваат граѓаните заедно и достоинствено да ги испратат кочанските коњаници на нивниот пат ...
Со расчистување на теренот, подготовки на површините и оформување на патеките и останатите планирани содржини почна изградбата на нов парк во Струмица, во населбата „Карпош“, објавија од Општината. -Овој нов парк опфаќа вкупна површина од 14.000 квадратни метри. Ќе има хортикултурно уредување со засадување на голем број дрвја, грмушки и ароматични растенија, претежно автохтони видови, тревни површини, заштитно рабно зеленило, костенова ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски одржа работна средба со претставници на винарници членки на здружението „Вина од Македонија“, како и со претставници на други поголеми винарници. На средбата, како што соопшти МЗШВ, се разговарало за актуелните состојби и предизвици во секторот, како и за потребата од координиран пристап меѓу институциите и винарската индустрија. Министерот Серафимовски ја истакнал ...
Во првата половина од 2026 година Холивуд се соочи со големи финансиски загуби поради филмските неуспеси. На петто место се најде филмот „Меланија“. Автобиографијата оствари заработка од околу 16,7 милиони долари, со буџет од 40 милиони долари. Филмот беше претставен во над 20 земји, но со мал интерес од публиката. Веднаш под него е „Невестата“, во режија на Меги Џиленхол, со Џеси Бакли и Кристијан Бејл во главните улоги. Филмот заработил ...
Во кинескиот град Чонгќинг се случува природен феномен, спојување на реките Џиалинг и Јангце. Реката Јангце има жолтеникава вода богата со седименти, додека реката Џиалинг се одликува со бистра зеленикава боја. Реките со различни нијанси се среќаваат кај водите на Чаотјанмен, формирајќи јасно видлива и остра граница меѓу нив. Ваквиот необичен феномен привлече големо внимание од посетителите. – Ваквиот феномен најчесто се појавува во текот на ...
Позната далматинска Фејсбук-страница го разбранува интернет-просторот со идејата за забрана за фотографирање фискални сметки… Сѐ почна со фотографија направена со вештачка интелигенција на којашто авторот предупредува дека лажните сметки и лажните фотографии му штетат на хрватскиот туризам. Корисниците, очекувано, веднаш почнаа да се расправаат во коментари, за правата на потрошувачите, високите цени и слично. Секое лето, омилената навика на ...
Македонскиот народен театар (МНТ) ја заокружи сезоната 2025/2026 со 12 премиерни проекти, бројни домашни и меѓународни гостувања, значајни фестивалски награди и одбележување на 80 години од своето постоење, а новата сезона 2026/2027 ќе ја отвори со премиерата на претставата „Три сестри“ од Антон Павлович Чехов во режија на Нела Витошевиќ. Како што соопшти МНТ, премиерата е закажана за 25 септември, а од денеска во продажба се билетите за ...
Водата од градскиот водовод на Валандово од денес е повторно во целосна употреба во согласност со документот издаден од надлежната Агенција за храна и ветеринарство, со кој се укинува досегашната забрана за пиење на водата – соопшти денеска на прес-конференција градоначалникот на Валандово, Ѓоко Камчев. Првичната информација се објави во средата преку соопштение на ЈП „Комунален сервис“ од Валандово, во кое беше наведено дека во согласност со ...
Општина Бутел донираше 22.000 литри вода за пиење за потребите на граѓаните на Гостивар, како поддршка поради актуелната состојба со водоснабдувањето во градот. Како што соопштија од Општина Бутел, локалната самоуправа презела активности за обезбедување помош за гостиварци, при што била организирана испорака на вода за пиење. – Локалната самоуправа презеде активности за поддршка и помош на граѓаните на Гостивар и обезбеди вода за пиење, ...
Во Ликовниот салон во Велес е отворена изложбата „Фрагменти од несвесното – синергија на звук и слика“, на која со своите дела се претставуваат уметниците Никола Пијанманов, Стефан Младеновски, Тони Попов и вајарот Андреј Митевски. Изложбата беше збогатена со музички импровизации на Славчо Коцев од Велес и Бојан Петков-Шамба од Скопје, инспирирани од изложените дела. Како што информира историчарот на уметност и куратор на изложбата Јасмина ...
Министерот за локална самоуправа, Иван Стоиљковиќ, денеска од Кочани соопшти дека повредените во пожарот во „Пулс“ што беа згрижени и медицински третирани во болници во Србија ќе можат и последната фаза од лекувањето да ја реализираат во медицински установи во таа држава, на начин што сите трошоци за нивното лекување ќе ги покрие српскиот Фонд за здравствено осигурување. Министерот Стоиљковиќ на почетокот на неделата беше во работна посета на ...