Со фокус на женското филмско творештво и визиите на режисерките, синоќа во Кинотеката на Северна Македонија свечено беше отворено петтото издание на Фестивалот на грчки филм во Скопје. Овогодинешното издание се одржува под мотото „Женски поглед: Филм по нејзина мерка“ и е посветено на жените зад камерата, нивниот креативен придонес и нивното место во грчката кинематографија. Фестивалската програма опфаќа три долгометражни и два кратки филма ...

Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам) ја организираше четвртата конференција за дигитализација, годинава под наслов „Powering the Next Generation of Industries“, посветена на развојот на дигиталната инфраструктура и предусловите за привлекување нови технолошки инвестиции. На конференцијата беше нагласено дека дигитализацијата е неопходна за конкурентноста на македонската економија, а за искористување на нејзиниот ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе ја продолжи амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2027 година, откако ќе заврши пленарната седница на која пратениците ќе поставуваат пратенички прашања. За предложениот буџет се поднесени 400 амандмани, со кои се бараат измени и дополнувања на буџетските ставки. Досегашната расправа покажува дека најголем дел од разгледаните амандмани се одбиени од владиниот претставник. Според ...

Министерството за финансии им изрече привремена забрана за одобрување кредити во траење од 30 дена на две финансиски друштва, а покрај забраната, компаниите ќе мора да платат и парични казни. Станува збор за скопското „Тиго фајнанс“ и тетовското „Фикс кредит“, кои се најдоа под засилен надзор по пријави од незадоволни граѓани. Вонредните контроли биле спроведени во изминатите три месеци, а при надзорот биле утврдени неправилности во ...

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, призна дека измените на Кривичниот законик донесени во времето на претходната влада на СДСМ биле грешка и дека не требало да се случат. Во гостувањето во „Ноќно студио“ на 4ТВ, тој најави нов Кривичен законик, ветинг на поранешните функционери и закон за заплена на имот, но и можност за повторно испитување на старите судски предмети. „Се согласувам дека беше грешка измената на Кривичниот законик. Не требаше да ...

Претседателот на Народното собрание на Србија, Александар Чупиќ, денеска ќе ги распише изборите за претседател на Републиката, со што официјално ќе започне изборната постапка за избор на нов шеф на државата. Како што соопшти српскиот парламент, Чупиќ во 12 часот ќе ја потпише Одлуката за распишување на претседателските избори. Потпишувањето ќе се одржи во централната сала на Домот на Народното собрание. Согласно Законот за претседателот на ...

Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин, Јуриј Ушаков, денеска соопшти дека по средбата меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп биле одржани разговори со европската страна во Шенжен, на кои една од главните теми било решавањето на украинскиот конфликт. „Беа разгледани многу прашања, вклучително и различни нијанси на украинското решение“, изјави Ушаков, пренесува руската новинска агенција РИА Новости. Сепак, тој нагласи ...

Европската Унија ја отвора можноста за постепено вклучување на земјите од Западен Балкан во Единствениот европски пазар и пред нивното полноправно членство, а Македонија, Албанија и Црна Гора во наредните недели би можеле да добијат дополнителна финансиска помош од вкупно 338 милиони евра. Ова го најавија претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по самитот ЕУ – Западен ...

Сообраќајот на државните патишта денеска се одвива непречено, но на повеќе патни правци низ земјава се во сила времени измени на режимот на сообраќај поради градежни активности, санации и реконструкции. Од АМСМ информираат дека коловозите се наместа влажни на повисоките места во западните делови од државата, додека во останатите региони претежно се суви. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини ...

Делови од скопската општина Карпош денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето со струја, информираат од ЕВН Македонија. Според најавата, прекините ќе бидат во следните термини и на следните локации: Од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата Козле – крак 6, како и дел од корисниците на улицата Козле. Од 10:00 до 12:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе ...

Собранието на Македонија денеска ќе ја одржи 131. пленарна седница, на чиј дневен ред е поставувањето пратенички прашања до претставниците на извршната власт. Пратениците ќе имаат можност да бараат одговори од премиерот, министрите и другите членови на Владата за актуелните политички и општествени прашања, владините политики, како и функционирањето на институциите. Според воспоставената собраниска практика, седниците за пратенички прашања се ...

Случајот со сомнежите за кардиохируршки операции во приватни болници, извршувани заради профит, сè уште нема разрешница. Иако домашни и странски експертски комисии констатирале пропусти во дел од медицинските досиеја на пациентите, извештајот од странските експерти сè уште не е доставен до Обвинителството. Случајот дополнително се усложнува откако поранешниот министер за здравство Азир Алиу го класифицирал како доверлив, додека актуелниот ...

Денеска времето во Македонија ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови од земјата, каде се очекува да наврнат над 30 литри на квадратен метар. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Утринските и дневните температури ќе се движат во интервал од -1 до 11 степени. Во Скопје ќе преовладува облачно ...

Нови документи на американското Министерство за правда и истражување на BBC отвораат нова, вознемирувачка димензија на случајот со Џефри Епштајн. Повеќе жртви тврдат дека познати модни агенции и нивни агенти ги изложувале на опасност, упатувајќи млади манекенки во домот на осудениот сексуален престапник, и покрај нивните блиски деловни контакти со него. Сведоштвата на жените повторно ја отвораат темата за мрежата преку која Епштајн доаѓал до ...

Грејс Патриша Кели, една од најголемите филмски икони на златното доба на Холивуд и подоцна принцеза од Монако, е родена на 12 ноември 1929 година во Филаделфија, САД. Од млада девојка која сонувала за актерска кариера, таа прераснала во една од најпознатите холивудски актерки, муза на легендарниот режисер Алфред Хичкок и добитничка на Оскар. Сепак, на врвот на славата одлучила да го напушти филмот и да започне сосема нов живот. Кариерата ја ...

Британскиот принц Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон пристигнаа во Мумбај, со што ја започнаа тридневната официјална посета на Индија. Првиот ден го одбележаа со необична спортска активност играње уличен крикет со локални деца и легендарниот индиски крикетар Сачин Тендулкар. Посетата е нивно прво заедничко официјално патување во странство по речиси четири години, а во Индија последен пат престојувале во 2016 година. На првиот ден од посетата, ...

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл одржуваат многу поголем контакт со британското кралско семејство отколку што се претпоставува во јавноста. Ова го тврди Алекс Рејнер, близок пријател на војводата од Сасекс, отфрлајќи ги шпекулациите дека односите меѓу Хари и останатите членови на кралското семејство се целосно нарушени. Иако Хари и Меган се вратија во Велика Британија пред 12 недели, тие сè уште не оствариле средба со кралот Чарлс ...

Македонските претставници Катарина Јовановска и Јасмин Мустафоски освоија вкупно три титули на престижниот меѓународен избор за убавина Miss & Mister Planet 2026, кој изминатиот викенд се одржа во Тбилиси, Грузија. Во женска конкуренција, Македонија ја претставуваше тетовчанката Катарина Јовановска, која со својот настап, харизма и елеганција оствари значаен успех, освојувајќи ја титулата трета придружничка. Одличен пласман забележа и ...

Превенцијата, менталното здравје, физичката активност и здравата исхрана беа во фокусот на учеството на компанијата dm drogerie markt на третото издание на Health & Fitness Forum 2026, коe се одржа на 14 ноември во хотелот DoubleTree by Hilton во Скопје. Настанот, кој собра околу 150 доктори, тренери и експерти од областа на здравјето и фитнесот, беше можност за размена на знаења и искуства, а dm се вклучи со меѓународна панел-дискусија ...

Сите возила во Македонија ќе добијат нови, визуелно идентични налепници, преку кои полицијата и надлежните институции ќе можат електронски да ги проверуваат најважните податоци за автомобилите. Ова е предвидено со измените и дополнувањата на Законот за возила што Владата ги предложи и веќе се во собраниска процедура. Иако на налепниците нема да бидат јавно видливи личните податоци на сопствениците, нивното отстранување, оштетување, ...

Поранешниот американски претседател Џо Бајден упати остри критики кон украинскиот претседател Володимир Зеленски во своите нови мемоари, опишувајќи го како тежок соговорник, темпераментен и тврдоглав во приватните разговори. Бајден наведува дека Зеленски не покажувал доволно благодарност за американската дипломатска и воена поддршка, барем не во мерата што поранешниот американски претседател ја очекувал. Мемоарите под наслов „Вети ми Америка“ ...

Лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, изнесе шокантни тврдења за семејното минато на поранешниот хрватски претседател Фрањо Туѓман, тврдејќи дека неговиот татко наводно го затекнал во кревет со неговата маќеа. Шешељ гостувајќи во утринската емисија „Инфо Јутро“ на српската телевизија „Информер“, зборуваше за настан за кој тврди дека завршил со трагедија во семејството на Туѓман. Според неговата верзија, таткото на поранешниот ...

Сликата „Расцветани костени“ (Châtaigniers en fleurs) на холандскиот сликар Винсент ван Гог беше продадена за повеќе од 190 милиони долари на аукција во Sotheby’s во Њујорк, со што беше поставен нов аукциски рекорд за дело на уметникот. Продажбата беше неизвесна до последен момент поради спор со наследниците на поранешниот сопственик, еврејскиот издавач Самуел Фишер, кои тврдеа дека сликата била продадена под принуда за време на нацистичкиот ...

Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), во рамките на третото издание на Мисирковите денови, беа промовирани две научни монографии посветени на животот, делото и мислата на Крсте Петков Мисирков, еден од најзначајните личности во македонската национална и културна историја. Станува збор за книгите „Социолошкиот дискурс на Крсте Петков Мисирков: За македонскиот идентитет и за нацијата“ од проф. д-р Ганка Цветанова и ...

Вечерва, во 20:00 часот, во Големата сала на Македонската филхармонија, Камерниот оркестар „Профундис“ од Скопје и оркестарот „Камерата“ од Нови Сад ќе настапат како еден голем музички состав, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ. Музичарите од двата града ја споделуваат сцената во изведба во која оркестарот е вистинскиот главен актер. Наместо два ансамбли што настапуваат еден покрај друг, публиката ќе слушне една музичка целина, ...

Националниот џез оркестар на 21 ноември ќе настапи на завршната вечер на 35. издание на престижниот Guimarães Jazz фестивал во Португалија, заедно со познатиот американски џез-вокалист Курт Елинг (Kurt Elling), под диригентство на маестро Џијан Емин. Концертот ќе се одржи во Centro Cultural Vila Flor во Гимараеш, каде македонските музичари ќе ја претстават својата изведба пред меѓународната публика. Курт Елинг е еден од најпознатите светски ...

Во 2028 година Скопје цела година ќе биде во фокусот на европската културна јавност. Титулата Европска престолнина на културата отвора можност градот да привлече туристи кои досега можеби не го избрале за дестинација, да угости меѓународни уметници и да воспостави нови партнерства со европски културни институции. Но значењето на оваа титула е многу пошироко од организацијата на концерти, изложби и фестивали. Станува збор за можност Скопје да ...

Јубилејниот концерт ќе се одржи на 24 ноември 2026 година, со почеток во 20 часот, во Музејот на ВМРО во Скопје. Настанот е посветен на четврт век уметнички пат исполнет со солистички и камерни настапи, меѓународни соработки и посветеност на македонското музичко творештво. Јубилејот претставува можност за средба со публиката и споделување на музиката што ја одбележува нејзината изведувачка кариера. Како гостинка, во изведба на четирирачно ...

Македонската филхармонија в четврток, со почеток во 20 часот, ќе го одржи традиционалниот роденденски концерт по повод 82 години од своето формирање. Концертот е насловен „Заратустра“, а публиката ќе има можност да ужива во настапот на британската трубачка Матилда Лојд, под диригентската палка на маестро Конрад ван Алфен. На програмата се Концертот за труба и оркестар во Ас-дур од Александар Арутјуњан и познатата тонска поема „Така зборуваше ...

Со две претстави од меѓународната програма, вечерва (24 ноември), завршува 51. издание на Меѓународниот театарски фестивал МОТ, кој повеќе од пет децении е важен дел од културниот живот на Скопје. Во 20 часот, во салата „Фросина“ во МКЦ, ќе биде изведена претставата „Мојот маж“ во режија на Марија Манганари, во продукција на грчкиот театарски колектив „Процес“. Инспирирана е од истоимената збирка раскази на Румена Бужаровска и ги обработува ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
75%
1019
weather icon

Белград

6ᴼ / 3ᴼ
10.8
87%
1010
weather icon

Загреб

2ᴼ / 1ᴼ
3.09
91%
1011
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
48%
1019
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.43
85%
1020
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.0
97%
1011
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
3.58
75%
1023
weather icon

Тирана

15ᴼ / 12ᴼ
1.54
66%
1015
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
8.23
100%
1013
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
5.14
75%
1021
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
5.66
94%
1014
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
90%
1024
Currency

61.602

Currency

56.257

Currency

73.637

Currency

37.169

Currency

39.409

Currency

67.388

Currency

8.437

Currency

0.68309

Currency

0.35309

Currency

0.52334

Currency

1.1106

Currency

0.60857

Иридиум

326330.08

Рутениум

58675.11

Платина

40574.24

Кобалт

33.53

Бакар

10.79

Паладиум

26878.02

Цинк

3.66

Сребро

1298.30

Калај

40.99

Злато

113582.16

Алуминиум

2.79

Родиум

286141.64