Според водечкото саудиско спортско издание „Аријадија“, клубот на Кристијано Роналдо, Ал-Наср, е во длабока финансиска криза. На раководството му е забрането да потпишува нови договори додека не се најде решение. Една опција е продажба на дел од клубот. Долгот на Ал-Наср изнесува приближно 800 милиони ријали (над 200 милиони долари). Сепак, и покрај финансиската криза, Роналдо инсистира раководството на клубот да одобри засилувања за тимот да ...

Ансамблот на КУД „Илинден“ Битола, синоќа во рамки на фестивалот „Илинденски денови“ одржа целовечерен концерт „Џумбиш“, посветен на Македонците муслимани. Во изјава за МИА, Љупка Стефановска, етнокореолог, истакна дека КУД „Илинден“ за прв пат на својот репертоар поставија концерт со сценска адаптација поврзана со традицијата и животот на Македонците муслимани, со посебен фокус на населението од струшкото село Октиси, неколку села од ...

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ги освои квалификациите за 11. трка од шампионатот во Формула 1 во 2026 година во Унгарија. Неговото најдобро време на круг беше 1 минута и 17,207 секунди. Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, беше втор со само 0,012 секунди зад Норис. Третото место во квалификациите го освои уште еден возач на Ферари, Шарл Леклер (+0,238). Четвртото место го освои лидерот во шампионатот, Андреа Кими Антонели (+0,272) во ...

Поранешниот претседател на Светската кошаркарска федерација (ФИБА), Хорацио Мураторе, почина на 74-годишна возраст, соопшти прес-службата на организацијата. Причината за смртта на аргентинскиот функционер не е откриена. Мураторе беше потпретседател на ФИБА од 2009 до 2014 година, а од 2014 до 2019 година беше претседател на ФИБА. Тој ја предводеше Аргентинската кошаркарска конфедерација (1992-2006) и Кошаркарската конфедерација на Америка ...

Поранешниот репрезентативец на Аргентина, Анхел Ди Марија, очекува Лионел Меси да игра за националниот тим уште многу години. -Момците од репрезентацијата заслужуваат многу повеќе од само аплауз за сè што постигнаа во овој период. Бев загрижен за време на секој натпревар од Светското првенство во 2026 година. Овој тим секогаш наоѓаше нешто посебно во себе што им овозможуваше да победат. Во финалето понекогаш победуваш, понекогаш не. Овој пат ...

Агентот Федерико Пасторело, кој го застапува напаѓачот на Наполи, Ромелу Лукаку, одговори на прашање за иднината на неговиот клиент. – Може ли тој да биде втор напаѓач во Наполи? Секако дека не. Тој е извонреден играч и тоа го докажал повеќе пати. Тој е еден од најплодните напаѓачи во светот. Би ни било многу тешко да прифатиме таква ситуација. Секако, може да има одредени хиерархии на почетокот, но потоа сè се одлучува на теренот. Ромелу не ...

Бранителот на шампионскиот трофеј, екиата на Вардар со победа ја почна сезоната 2026/27. На арена „Тодор Проески“ во Скопје, Вардар попладенво ја совлада Брегалница од Штип со 2:0. До три бода денес во стартното коло од новата сезона на убедлив начин дојде и Струга. Стружани на свој терен ја победија Шкендија Арачиново со 3:0. Вчера Тиквеш – Арсими 5:1. Колото утре ќе се комплетира со натпреварите: Силекс – Башкими (почеток 17 часот) Шкендија ...

На територијата на државата денеска до 18 часот се регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е под контрола, а осум пожари се изгаснати. Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во општина Пробиштип во атарот на село Плешинци кон село Стрмош каде гори ниска вегетација, грмушки и ниска шума, во општина Куманово во атарот на село Винце каде гори сува трева и во ...

Жетвата на пченицата во земјава привршува, а по анализите преку средба со земјоделците и откупувачите ќе се дефинира цената и да се види како да им се помогне на земјоделците. По ребалансот на буџетот на име на субвенции на сите земјоделци треба да им се исплатат околу една милијарда и 200 милиони денари, изјави министерот за земјоделство Борче Серафимовски во Прилеп, кој учествуваше на панел дискусијата на партијата „ЗНАМ“. Според ...

Водата во Прилеп е бактериолошки исправна и нема никаков проблем, потврдуваат од прилепскиот Центар за јавно здравје и од ЈП „Водовод и канализација“ од Прилеп. Од почетокот на јули досега, Центарот за јавно здравје кој секојдневно прави анализи на водата за пиење во Прилеп, се земени 55 примероци на вода за пиење од градскиот водовод, берз разлика на потеклото на водата, дали е од регионалниот водовод „Студенчица“ или е од градските извори. ...

По силното невреме што неодамна ја зафати Општина Чешиново-Облешево, локалната самоуправа згрижи неколку млади штркови кои паднале од своите гнезда. За птиците секојдневно се обезбедуваат соодветна нега, храна и вода, сѐ до нивното целосно закрепнување. Од Општината информираат дека два од згрижените штркови веќе се подготвени повторно да полетаат, додека за останатите ќе продолжи грижата сѐ додека не бидат способни да се вратат во природата ...

Советот на Општина Кочани на денешната 16. седница ја усвои Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на висината на стапките на данокот на имот за подрачјето на Општината, со што овој данок се зголемува за 40 отсто. Одлуката беше донесена со 12 гласа „за“ и 7 „против“. За неа гласаше мнозинството – советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, двајцата независни советници од „Сакам живот во Кочани“ и советникот Аки Акиов. ...

Шпанскиот национален тим ќе плати приближно 30 проценти од наградниот фонд за освојување на Светското првенство во 2026 година во даноци, објави „Фокс њуз“. Победникот на турнирот ќе добие уплатница со 15 милиони долари даноци. Според американскиот медиум, ФИФА обично преговара со земјите домаќини на Светското првенство за ослободување на националните федерации од даноци. Сепак, американските власти ги сметаа шпанските репрезентативци за не ...

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Родри, е блиску до трансфер во Реал Мадрид, објави новинарот Матео Морето. Според Морето, 30-годишниот Шпанец веќе се договорил за личните услови со мадридскиот клуб. Тој сега чека клубовите да постигнат договор за трансферот. Родри е во Манчестер сити од летото 2019 година. Тој има 298 настапи за тимот, постигнато 28 гола и 32 асистенции. Неговиот договор со „Граѓаните“ истекува во летото 2027 ...

Победникот на УС опен во 2020 година и поранешен трет светски рекет, Доминик Тим, ја започна својата фудбалска кариера, објавија австриските медиуми. Триесет и двегодишниот Австриец потпиша професионален договор со ФК Баденер, кој игра во осмата дивизија на Австрија. Тим се пензионираше од тенисот пред две години. – Слушнавме дека е добар фудбалер. И покрај неговиот статус во Австрија, тој нема да добие никаков посебен третман во тимот, рече ...

Со свечена програма на новиот парк-плоштад во населеното место Марино, Општина Илинден го одбележа патрониот празник – „Илинден, 2 Август“. Голем број граѓани присуствуваа на одбележувањето на Денот на Општината, кое годинава помина во празнична атмосфера, исполнета со музика, заедништво и достоинствено чествување на еден од најзначајните датуми во македонската историја. Пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Илинден, Александар ...

По повод 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, денеска беше организиран бесплатен панорамски разглед на градот – патување низ историјата, спомените и духот на старо Скопје. Како што објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил, со панорамски автобус и стручно водство од туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, граѓаните имаа можност да ...

Арсенал е подготвен да се приклучи во трката за напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, објави „The Times“. Лондонскиот клуб ја чека разврската на преговорите на аргентинскиот репрезентативец со Барселона пред да испрати понуда до Атлетико. Дваесет и шестгодишниот Аргентинец има тековен договор со Атлетико Мадрид до 2030 година. „Transfermarkt“ ја проценува неговата вредност на 100 милиони евра. Во сезоната 2025/26, Алварез одигра 49 ...

Тренерот на Манчестер јунајтед, Мајкл Кaрик, го изрази своето восхитување од игарата на Пари Сен-Жермен. -ПСЖ победува… Но, јас го претпочитам нивниот стил на игра. Ми се допаѓа начинот на кој функционираат во центарот на теренот, нивната интеракција, нивните кратки додавања. За играч од средниот ред (Керик играше на таа позиција во својата кариера), навистина е возбудливо да се гледа како се пробиваат во просторот. Сон на секој играч од ...

Тренерот на Манчестер сити, Енцо Мареска, ги коментираше информациите за можниот трансфер на играчот од средниот ред Родри во Реал Мадрид. – Секогаш има многу гласини околу одличните играчи. Тоа не ме загрижува – тоа е сосема нормално. Шпанија го освои Светското првенство, а Родри беше прогласен за најдобар играч на турнирот. Секој тренер би сакал да има играч како него во својот тим. Мислам дека е закажан за операција во понеделник. После ...

Неодамна во Пекинг беше објавена научната монографија Теорија на писмото: типови, структура и промена од Игор Радев. Ова, како што наведува Радев, е веројатно прво дело од македонски автор напишано на кинески јазик и издадено во Кина. -Изданието на над 350 страници беше објавено од страна на реномираната издавачка куќа за научна литература Чжонгхуа шуџју (中华书局) и е поддржано од програмата за издаваштво на Центарот за меѓународна јазична ...

Во организација на Здружението „Кочанска коњаница – Осоговски Елит“, а во соработка со Битолската коњаница „Галоп“, денеска во Кочани се одржа културно-историската манифестација „Илинденски коњанички собир“ – Кочани 2026. Свечениот коњички марш започна утрината од источната страна кај Градскиот стадион „Никола Мантов“, продолжи низ Стришани и се упати кон Алејата на ангелите во Градските гробишта во Кочани, каде што коњаниците положија цвеќе ...

Сѐ уште е на сила забраната за пиење и домашна употреба на водата во Крушево откако Центарот за јавно здравје од Прилеп констатира дека бактериолошки е неисправна. Така ќе биде додека не стигнат сите три последователни примероци за анализа, потврдуваат од Центарот. Денешните резултати од анализата на првиот примерок земен во средата, по воведувањето на забраната, покажаа исправност, но водата не смее да се употребува додека не се потврди од ...

Четириесет и едногодишниот кошаркар Леброн Џејмс потпиша со Филаделфија. Договорот беше објавен на 24 јули. Џејмс прифати соработка за 3,88 милиони долари оваа сезона. На ранг-листата на плати во НБА за претстојната сезона, Џејмс е на 291. место, изедначен со центарот на Њу Орлеанс Сеинтс, ДеАндре Џордан, објави „Sportrac“. Џејмс претходно играше за Кливленд кавалирс, Мајами хит и Лос Анџелес лејкерс. Тој е четирикратен шампион на НБА и ...

Андреа Пирло треба да биде новиот селектор на Италија. Како што пренесуваат италијанските медиуми и познатиот италијански фудбалски новинар Фабрицио Романо, Пирло постигнал устен договор со фудбалската федерација на Италија. Тој дал согласност за планот на Паоло Малдини и Леонардо и во следните денови се очекува да биде потпишан и официјалниот договор. За 47-годишниот Пирло ова би требало да биде најголем предизвик во тренерската кариера. Со ...

Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, има желба за соиграч во клубот од Саудиска Арабија да го има својот сонародник Бруно Фернандеш од Манчестер јунајтед, објави „365Scores“. Четириесет и едногодишниот Португалец лично се обидува да го убеди Фернандеш да се приклучи на Ал-Наср, надевајќи се дека ќе го искористи тоа што преговорите за продолжување на договорот на играчот со Манчестер јунајтед досега не успеаја. Роналдо, исто така, бара ...

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) нема да ја истражува можната вмешаност на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во поништувањето на црвениот картон на напаѓачот на американската репрезентација, Фоларин Балогун, на Светското фудбалско првенство 2026, објави „The Athletic“. „FairSquare“, организација која ги промовира човековите права и управувањето со спортот, поднесе жалба до ИОК, тврдејќи дека Инфантино можеби го прекршил принципот на ...

Колумбискиот репрезентативен играч од средниот ред, Џејмс Родригез, би можел да ја продолжи кариерата во Италија. Според „Marca“, Лацио и неколку мексикански клубови покажуваат интерес за 35-годишниот Колумбиец, кој ја напушти Минесота јунајтед пред неколку дена и стана слободен агент. Џејмс играше за американскиот клуб од февруари. Тој играше во шест натпревари од МЛС и имаше две асистенции. На Светското првенство 2026 година, Џејмс настапи ...

Во изминатите 24 часа до 08 часот изутринава најмногу дожд наврнал во Претор, 26 литри на метар квадратен, по што следуваат Битола, Струмица и Попова Шапка, 7, Охрид, Маврови Анови и Пожаране, 6, Крива Паланка, 5, Скопје-Петровец и Крушево, 4, Прилеп, 2, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес, Берово, 1 литар – покажуваат мерењата на Управата за хидрометероролошки работи (УХМР). Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална ...

Љубителите на уметноста од вечерва во Битола може да ја погледнат изложбата на фотографии „Унгарска свадба“ од авторот Јозеф Марк Горач, уметник кој дејствува во повеќе области на визуелната уметност и унгарската традиционална култура. Изложбата за отворена ја прогласи директорот на НУ Центар за култура Битола, м-р Сашо Илковски, кој истакна дека изложбата се совпаѓа со мотото на фестивалот „Илинденски денови“ – „Точка на поврзување“. – ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.81
27%
1015
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
2.68
51%
1014
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.71
32%
1013
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
1.43
35%
1016
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.56
27%
1015
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 24ᴼ
0.96
72%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
1.79
42%
1014
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
0.66
64%
1015
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.31
45%
1015
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 26ᴼ
0.45
43%
1015
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 32ᴼ
1.79
33%
1013
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
3.23
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3836

Currency

71.8674

Currency

37.3567

Currency

38.0586

Currency

66.1057

Currency

7.89933

Currency

0.67321

Currency

0.33925

Currency

0.52457

Currency

1.12287

Currency

0.55908

Платина

52920.13

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.19

Паладиум

40863.60

Рутениум

53852.50

Калај

54.92

Родиум

265243.66

Сребро

1873.42

Злато

130712.08

Иридиум

252383.36

Бакар

13.13

Цинк

0.00