Учесниците на Илинденската коњаница синоќа, со развиорени македонски знамиња, пристигнаа во центарот на Велес, каде беа свечено пречекани од претставници на Општина Велес и бројни граѓани. Во нивна чест, а во пресрет на празникот Илинден, во централното градско подрачје беше организирана музичка програма. Делегација на Општина Велес, предводена од заменик-градоначалничката Елизабета Митревска положи цвеќе и се поклони пред споменикот ...

Општинските инспектори и претставници на лиценцираната фирма за постапување со отпадни возила спроведоа акција за подигнување на хаварисани возила низ територијата на општина Кисела Вода. Според податоците од општинскиот инспекторат, од почетокот на акцијата досега се поведени инспекциски постапки за над 100 возила, целосно во согласност со Законот за управување со дополнителни текови на отпад. Најголемиот дел од овие автомобили се веќе ...

Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и Телеком договорија соработка по што големата спортска сала е ребрендирана во „Т Арена“. Целиот Спортскиот центар „Борис Трајковски“ доби нов изглед со препознатливата магента боја на „Т“ брендот. – Ова е убав момент за нас СЦ „Борис Трајковски“ и за Македонски Телеком кој повторно е застапен овде во Арената. Покрај визуелното разубавување и на надворешниот и во внатрешниот простор ова партнерство ќе ги ...

Во светот денес, според научните проценки, се говорат околу 7.500 јазици, а најупотребувани се англискиот, мандаринскиот, хинди, шпанскиот, арапскиот и францускиот јазик. Научниците користеле математичко моделирање и сознанија од антропологијата, лингвистиката и демографијата за да го проценат бројот на јазици што се зборуваат на светско ниво, коишто датираат од пред околу 12.000 години до крајот на последното ледено доба, опфаќајќи ја ерата ...

Вимблдон 2026 постигна рекордна посетеност од 550.151 гледачи во текот на двете недели, што е малку повеќе од минатогодишниот вкупен број, објави ESPN, повикувајќи се на „Ол Ингланд клубот за тенис и крокет“. Зголемувањето на посетеноста на 139-то издание на Гренд слем турнирот на трева беше олеснето од фактот дека првенството беше без дожд за прв пат од 2019 година. Вкупната посетеност ја надмина бројката од 2025 година за 1.381 гледач. Во ...

Европските асоцијации може да го бојкотираат Светското фудбалско првенство, доколку претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), Џани Инфантино, продолжи со својот план за продажба на дел од комерцијалните права на турнирот на надворешни инвеститори, објави „Sky News“. Се очекува федерациите да одржат состанок оваа недела за да разговараат за спротивставување на иницијативата. Претходно, ФИФА ги потврди плановите за создавање ...

Рајо Ваљекано бара привремен стадион откако властите во Мадрид ја суспендираа концесијата на клубот за користење на стадионот „Кампо де Ваљекас“ поради безбедносни причини, објави „IANS“. Заедницата на Мадрид, која е сопственик на стадионот на југот од шпанската престолнина, објави на 28 јули дека ревизијата открила сериозни недостатоци во одржувањето и прекршувања на регулативите. Ревизијата откри прилично лоши резултати во врска со ...

Муин Чабани е назначен за селектор на репрезентацијата на Тунис, објави Фудбалската федерација на африканската земја. Четириесет и петгодишниот тренер потпиша четиригодишен договор со Туниската федерација. Тунис не успеа да ја помине групната фаза на Светското првенство во 2026 година. По поразот од 5-1 од Шведска во првото коло, Сабри Ламуши беше отпуштен. Тој беше заменет од францускиот селектор Ерве Ренар, но под негово водство, тимот ...

Јувентус е заинтересиран да го потпише голманот на Астон вила и аргентинската репрезентација, Емилијано Мартинез, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Според Романо, преговорите во врска со трансферот на 33-годишниот Мартинез во моментов се комплицирани, а дискусиите се целосно прекинати. Финансиската побарувачка на Астон вила се смета за превисока. Мартинез е во англискиот клуб од септември 2020 година, а неговиот договор е до 30 јуни 2029 ...

Во државата нема активни пожари заклучно со 7 часот утрово. Изгаснати се 16-те пожари што биле активни на отворен простор во 10 општини – покажуваат податоците на Центарот за управување со кризи. Според ЦУК, се интервенирало на гаснење два пожари во општина Прилеп, со кои под репетиторот на МТВ и манастирот „Трескавец“ биле зафатени ниска вегетација, шипови и леска, како и ниска вегетација на местото наречено Заград – Десовски пат. Во селото ...

Македонскиот народен театар (МНТ) на 29 септември ќе биде домаќин на Казалиште „Марин Држиќ“ (КМД) од Дубровник, кое пред скопската публика ќе ја изведе претставата „Види како Локрум мие заби“, работена според драматизација на истоимениот роман на хрватската писателка Ивана Ловриќ Јовиќ. – „Види како Локрум мие заби“, во режија на Паоло Тишљариќ, е емотивна и длабоко интимна приказна која се одвива во текот на една ноќ – помеѓу моментот кога ...

Со првата клапа на 27 јули официјално започна снимањето на долгометражниот игран филм „Мравки“, нов македонски филм во режија на Марјан Гавриловски. Снимањето ќе се одвива во наредните 24 снимачки денови на повеќе локации низ Скопје и Дебар. Филмот е црна комедија со елементи на трилер, а сценариото го потпишува Никола Кузелов, додека продуцент е Ромир Јакупи. Директор на фотографија е Фејми Даут. „Мравки“ ја раскажува приказната за необичен ...

Земјотрес со епицентар во соседна Албанија утрово е почувствуван во Струга и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е на речиси 144 километри југозападно од Скопје со Рихтерова локална магнитуда 4. Post Views: 0 јули 30, 2026 Земјотрес со епицентар во соседна Албанија утрово е почувствуван ...

Шпанскиот фудбалски великан Реал Мадрид оствари рекордни 1,221 милијарди евра приходи во сезоната 2025/26, и покрај тоа што не успеа да освои ниту еден трофеј. „Оперативните приходи, без приходите од трансфери на играчи, достигнаа 1,221 милијарди евра, што е зголемување од 3,1 отсто во однос на претходната финансиска година“, се вели во соопштението на клубот. Реал Мадрид со тоа првпат ја надмина границата од 1,2 милијарди евра приходи, ...

Бесплатен ќе биде влезот за навивачите кои ќе сакаат да ја бодрат Шкендија на реванш натпреварот од Конференциската лига против словенечки Браво на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, одлучи денеска раководството на македонскиот вицешампион. Шкендија в четврток од 20 часот во Скопје го пречекува словенечкиот тим во реванш натпревар од 2. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига на кој за пласман во следното коло ќе треба да ...

УЕФА денеска остро го отфрли најновиот план на ФИФА за продажба на малцински удел на нов комерцијален субјект поврзан со Светското првенство (СП), истакнувајќи оти тоа е „линија што раководните тела на фудбалот никогаш не треба да ја преминат“ и оти „фудбалот не е имот на ФИФА за продажба“. Реакцијата уследи откако ФИФА објави дека планира да го зголеми своето финансирање за развој на фудбалот на повеќе од 10 милијарди долари преку новата ...

Избувна пожар попладнево во велешката месност Дорутовец, по бензинската станица на „Макпетрол“, пред влезот во Велес, од десната страна на патот гледано во насока кон градот. Како што информира Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), поради ветрот и опасноста пожарот да се прошири, раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, активираше два авиона „ер трактор“ на ДЗС. На терен се и пожарникарите на ...

Црковниот одбор на манастирот „Света Марена“ во селото Туминец, Општина Пустец, Албанија, ги поканува сите православни верници да присуствуваат на традиционалната манастирска слава посветена на светата великомаченичка Марена (Марина), која ќе се одржи на 29 и 30 јули. Во поканата се наведува дека на прославата се добредојдени верници од Мала Преспа, Македонија, Албанија и дијаспората, со цел заеднички молитвено и свечено да го одбележат ...

Компанијата „Ербас“ успешно заврши маратонски тест лет на авионот „А350“ што траеше повеќе од 24 часа и предизвика големо внимание на интернет. Британските медиуми објавија дека авионот „Ербас А350“, што полета од аеродромот во Мелбурн слета на пистата на „Ербас“ во Тулуз по 24 часа минати во воздух. Тест летот е клучен чекор во проектот „Санрајз“ на австралиската авиокомпанија „Квантас“, што има за цел да ги опслужи најдолгите комерцијални ...

Одлуката на компанијата „Сони“, да ги повлече од производство дисковите за новите „плејстејшн“ игри, би можело сериозно да влијае врз глобалниот пазар за стари видеоигри, чија вредност во моментов се проценува околу 7,2 милијарди долари, се наведува во соопштението на истражувачката куќа „Дејтаинтел“. Според анализите на пазарот, веќе користените игри, до 2034 година би можеле да достигнат вредност од околу 13,8 милијарди долари. Од јануари ...

Британскиот глумец Дејвид Џонсон ќе го глуми насловниот суперхеројски лик во новото продолжение на „Црниот Пантер“. Тој ќе го глуми Тусен – возрасниот син на Т’Чала – херојот од првиот дел. Веста беше објавена за време на овогодишниот „Комик-кон“ во Сан Диего, САД, каде што „Марвел“ (Marvel) претстави некои од плановите за претстојните филмови. Претставувањето на продукциската куќа, очекувано, привлече големо внимание, најмногу поради филмот ...

Италијанскиот фудбалски стручњак, Роберто Манчини, ќе се врати во италијанската репрезентација, објави новинарот Фабрицио Романо. Според Романо, назначувањето на 61-годишниот Манчини наскоро ќе биде официјализирано. Манчини претходно работеше во Лацио, Фиорентина, Интер, Манчестер сити, Галатасарај, Зенит и Ал-Сад. Тој беше и селектор на Италија и Саудиска Арабија. Манчини ја тренираше италијанската репрезентација од 2018 до 2023 година. Под ...

Македонскиот фудбалски прволигаш ГФК Тиквеш ги засили денеска своите редови со Бразилецот Жоао Габриел Фереира Сантос – Ренатињо. Млад, технички квалитетен и гладен за успех, тој доаѓа во Кавадарци за да биде дел од новото поглавје на ГФК Тиквеш. Веруваме дека со својата енергија, талент и посветеност ќе придонесе за успесите што ги градиме заедно“, соопшти прволигашот од Кавадарци. Ренатињо е најновото летно засилување во кавадаречкиот ...

Шпанскиот фудбалер од средниот ред Родри беше подложен на мала операција на грбот, објави денеска неговиот клуб Манчестер Сити. Родри, кој во 2024 година ја освои „Златната топка“, а беше прогласен за најдобар фудбалер на Светското првенство на кое ја предводеше Шпанија до титулата претходно овој месец, имаше проблеми со грбот пред конечно да одлучи да се оперира. „Играчот од средниот ред имаше проблеми веќе некое време, но сега е опериран за ...

НУ Центар за култура Битола, во рамки на фестивалот „Илинденски денови“ и во соработка со Музеј на Македонија, приреди промоција на репринт Албум на македонски народни носии издадени во 1963 година со цртежи од Олга Малахова и Олга Бенсон, збирка чиј уредник е Вера Кличкова. Пред аудиториумот во Битола, Александар Ристовски, директор на Музеј на Македонија, истакна дека репринт изданието е изработено затоа што е многу вредно. – Музејот на ...

Актерот, писател и музичар Игор Џамбазов е годинашниот добитник на престижната награда „Васил Иљоски“, што Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ја доделува за особен придонес во театарската уметност. -Со особена чест и задоволство, Фестивалот и Советот на фестивалот „Денови на комедија 2026“ ја доделуваат престижната награда „Васил Иљоски“ на Игор Џамбазов, истакнат актер, писател, музичар и еден од ...

Добро е што се гради. Со овој проект на реалокација од централниот буџет кон општините имаме повеќе од 1.200 проекти коишто се градат и добро е што Македонија е едно големо градилиште. Дел од проектите се завршуваат, дел се во процес на реализација, многу мал дел ќе отпочнат и очекувам да следната година ја заокружиме со овој процес на овие проекти од првиот и вториот повик и веќе да размислуваме за третиот повик што мислам дека ќе биде исто ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на резултатите во земјоделството, во делот на наводнувањето, тутунот и лозарството, изјави: „Најпрвин треба да споменеме како беше и како е. Не треба да заборавиме дека акумулациите коишто се користеа за наводнување на земјоделските поседи во август месец 2024 година беа на 8%. Денеска се над 70%. Со домаќинско ...

Националниот парк Шар Планина соопшти дека, во координација со надлежните државни институции, започнала демонтажата и изнесувањето на цевководите од малите хидроцентрали „Пена 84“ и „Пена 85“ во долината на Лешница, оценувајќи дека станува збор за значаен чекор кон обновување на природниот екосистем. Од НП Шар Планина посочуваат дека токму на Светскиот ден на заштитата на природата сакаат да испратат порака дека природата се штити со ...

Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за демографија и млади, Ѓоко Велковски, и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, денеска извршија увид во реализацијата на повеќе инфраструктурни проекти во општината, меѓу кои реконструкцијата на улицата 9, изградбата на новиот стадион, како и новата централна кујна во детската градинка „Гоце Делчев“. Како што информира градоначалникот на општина Илинден, Георгиевски, во тек е ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.81
27%
1015
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
2.68
51%
1014
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.71
32%
1013
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
1.43
35%
1016
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.56
27%
1015
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 24ᴼ
0.96
72%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
1.79
42%
1014
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
0.66
64%
1015
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.31
45%
1015
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 26ᴼ
0.45
43%
1015
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 32ᴼ
1.79
33%
1013
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
3.23
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3836

Currency

71.8674

Currency

37.3567

Currency

38.0586

Currency

66.1057

Currency

7.89933

Currency

0.67321

Currency

0.33925

Currency

0.52457

Currency

1.12287

Currency

0.55908

Сребро

1873.42

Калај

54.92

Родиум

265243.66

Платина

52920.13

Паладиум

40863.60

Бакар

13.13

Алуминиум

3.19

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Злато

130712.08

Цинк

0.00