Според новинарот Фабрицио Романо, играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Сезар Паласиос, ќе се приклучи на Фулам. Клубовите веќе се договориле за сите детали од трансферот на 21-годишникот. Фулам ќе плати 10 милиони евра за Паласиос. Реал Мадрид ќе задржи 30 проценти од секој нареден трансфер на фудбалерот. Паласиос одигра 44 натпревари за сениорскиот и младинскиот тим на „Кралевите“ во сезоната 2025/26, постигнувајќи 16 гола и пет ...

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, се збогува со Барселона, каде што играше на позајмица сезоната 2025/26. – Неверојатно сум благодарен на сите во клубот што го направија мојот престој тука толку позитивно и незаборавно искуство. Уживав во секој момент и носам многу посебни спомени со мене. Им посакувам на клубот и на сите негови фанови многу среќа и голем успех во претстојната сезона, напиша Рашфорд на социјалните мрежа. Во ...

Одбранбениот фудбалер на Реал Мадрид, Раул Асенсио, претрпе повреда на мускулот, објави новинарот Фабрицио Романо. Поради повредата на 23-годишниот играч, се очекува да биде надвор од теренот приближно шест недели. Во сезоната 2025/26, дефанзивецот постигна два гола и имаше една асистенција во 34 натпревари. Тековниот договор на играчот е до 2031 година. „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на Асенсио на 20 милиони евра. Post Views: 0 јули ...

Сите 55 членки на УЕФА одлучија да ги бојкотираат турнирите на ФИФА по планот на претседателот Џани Инфантино да продаде удел од Светското првенство на приватни инвеститори, се вели во соопштението на УЕФА. – УЕФА и нејзините 55 асоцијации членки се обединети. Едногласно и недвосмислено го отфрламе предлогот на ФИФА за префрлање на сопственоста на Светското првенство и другите натпреварувања на приватни инвеститори. Светското првенство не ...

Започнаа градежните подготовки за изведба на повеќе градежни зафати за реконструкција на внатрешноста на Спортската сала „Гемиџии“ во Велес. Ќе се реконструираат соблекувалните со тоалетите за спортистите, а потоа и тоалетите за публиката, а во втората фаза ќе се направат и тоалети за лицата со посебни потреби. Што е посебно важно целосно ќе се реконструира водоводната и канализациската мрежа и целосно ќе се смени дотраената електрична ...

На територијата на државата до 19 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор. Од нив, три сè уште се активни, а останатите се изгаснати, соопштија вечерва од Центарот за управување со кризи. Првиот активен пожар е на територија на општина Желино, во регионот на село Горна Лешница, каде горат сува трева и мешана шума. Ниска вегетација е опожарена во општина Валандово, на подрачјето на село Удово покрај реката Вардар. Последниот ...

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности во ООУ „Димитар Македонски“ во населба Лисиче, каде што интензивно се работи на создавање услови за воведување на едносменска настава од 1 септември, согласно со насоките и препораките на Министерството за образование и наука. Летниот распуст се користи за уредување и адаптација на училиштето, со цел учениците новата учебна година да ја започнат ...

Дваесет и четирикратниот шампион на Грен слем турнирите, Новак Ѓоковиќ, потврди дека годинава ќе се натпреварува на Мастерс турнирот во Синсинати. Натпреварувањето ќе се одржи од 13 до 23 август. – Со задоволство објавувам дека оваа година ќе играм во Синсинати за прв пат од 2023 година. Тогаш играв едно од најдобрите финалиња на Мастерс турнири во мојата кариера. Едвај чекам да се вратам и да настапам за вас, го цитираше прес-службата на ...

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Фермин Лопез, призна дека го доживеал „најлошото лето“ . Тој го пропушти Светското првенство во 2026 година поради повреда. – Беше најлошото лето, без сомнение“. Сè одеше добро… Се чувствував како да сум во најдобра форма, а потоа се случи повредата. На почетокот не можев да ги гледам шпанските натпревари, затоа што ме беше тешко бидејќи сакав да бидам таму и да играм, бидејќи бев во најдобра форма. ...

Република Туркије беше земја во фокус на деветтото издание на Beach Film Festival Ohrid, што се одржа од 22 до 26 јули, со поддршка на турското Министерство за култура и туризам и на Генералната дирекција за кинематографија. Фестивалот беше можност турската кинематографија да се претстави пред меѓународната публика, а воедно да се зајакне културната дипломатија, да се поттикне професионалното вмрежување, но и да се промовира Туркије како ...

Манастирот „Света Марена“ во селото Туминец, Општина Пустец, беше исполнет со голем број верници кои пристигнаа уште од синоќа на одбележувањето на патрониот празник на овој познат духовен храм. Верници од Мала Преспа, поранешни жители и нивни потомци од овој крај, Македонци од Корча, Подградец и други градови во Албанија, како и гости од неколку македонски градови, присуствуваа на празничните богослужби. Одбележувањето традиционално започна ...

Прилепската болница ја изведе првата лапароскопска операција на ингвинална хернија (препонска кила), со што овој зафат за првпат е реализиран во регионот. Операцијата е извршена кај 64-годишен пациент, кој е во добра здравствена состојба и од денеска е пуштен на домашно лекување. – Техниката е врвна, се работи минимално инвазивно низ три мали отвори, со минимална траума. Се внесува поголема мрежа, се осигуруваат повеќе отвори на можни појави ...

Крушево е подготвено за Празникот и за одбележувањето на 123 годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република. Бројни настани опфаќа традиционалната и значајна манифестација „10 Дена Крушевска Република“ која од лани е веќе национална установа. Утревечер од 18,30 часот во центарот на Крушево, пред столбот на Крушевската Република и пред црквата „Свети Никола“, Крушево официјално ќе ги пречека Илинденските коњаници. Се очекуваат ...

Националната установа Народен театар Битола со соопштение за јавност информира дека успешно ја заврши сезоната 2025 /2026 во која реализира меѓународни гостувања, 8 премиерни претстави и за 37 проценти го зголеми бројот на посетители. Успешната сезона за битолските актери заврши во Верона со светска премиера на „Кориолан“ од Шекспир во режија на Џон Блондел, а за успех се смета и учеството во формирањето на Балканска асоцијација на театри и ...

До 13 часот денеска на територијата на државата се евидентирани вкупно пет пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е ставен под контрола, а два се изгаснати. Според информациите од Центарот за управување со кризи, активни се пожарите во општина Долнени, кај селото Вранче, каде гори нива со жито, како и во општина Кичево, зад спортската сала „Јанчица“, каде е зафатена сува трева. Под контрола е пожарот во општина Кавадарци, кај ...

Германскиот автопроизводител „Ауди“ го претстави новиот „Ку-9“ (Q9) – првиот луксузен СУВ-теренец од целосна големина во својата историја. Новиот модел се одликува со пространа кабина, врвна технологија и напредни системи за помош при возење, а првите испораки се очекуваат во четвртото тримесечје од 2026 година. Со должина од 5,31 метри, „Ку-9“ е најголемиот автомобил „Ауди“ произведен досега. Стандардно располага со седум седишта, а како ...

Меколи Калкин, детето-ѕвезда на првите два филма од серијалот „Сам дома“, наводно, разговарал со „Дизни“ за можно враќање во приказната. Според наводите што новинарот Мет Белони ги објави во својот подкаст, продукциската куќа е заинтересирана за американскиот глумец како Кевин Мекалистер кој сега е родител. Според замислата претходно претставена од самиот Калкин, навестеното продолжение би го следело возрасниот Кевин кој се соочува со ...

Американскиот глумец Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал беа принудени да го напуштат својот дом во југоисточна Франција, откако разорни шумски пожари го зафатија подрачјето каде што живеат со своите деветгодишни близнаци, Ела и Александар. Во писмо до градоначалникот на Брињол, Дидие Бремон, брачниот пар изрази страв дека не знае дали нивниот дом ќе ја преживее катастрофата. Тие порачаа дека, без оглед на исходот, ќе останат дел од локалната ...

Меѓународен тим научници почна истражување на локалитетот Дурупанар во источна Турција, со цел да се утврди дали објектот со форма на брод содржи остатоци од арката на Ное. Во рамки на истражувањето ќе бидат применети современи методи, меѓу кои подземно геофизичко снимање, дигитално мапирање, анализа на почвата и дупчење. Локалитетот за првпат ќе биде предмет на сеопфатно научно истражување. Со истражувањето раководи професорот Ченкер Атила ...

Во аптеката на манастирот „Свети Марко“ во Фиренца е пронајден рецепт за Кока кола, од 19 век. Рецептот е најден за време на чистењето на архивите. На веќе пожолтен лист биле запишани состојките на пијалакот, што се смета за предходник на денешната Кока кола. Според историските записи, тие биле увезени од Јужна Америка. Денешната Кока кола била произведена во 1886 година, од американскиот фармацевт Џон Смит Пембертон. Тој првично го направил ...

Еди Хау во блиска иднина ќе се повлече од функцијата тренер Њукасл, објави новинарот Фабрицио Романо. Според Романо, во клубот веќе е донесена одлука за промена на тренерот. Њукасл го разгледува германскиот тренер Матијас Џајсле, кој работи во саудискиот клуб Ал Ахли од 2023 година, како наследник на Хау. За менаџер на Њукасл, Хау беше назначен во 2021 година. Под негово водство, тимот го освои Англискиот Лига Куп во сезоната 2024/25. Во ...

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, има намера да добие бонус од 80 милиони евра за продолжување на договорот со „Лос Бланкос“. Според новинарот Пепе Алварез, 26-годишникот сака да ги зголеми и своите права за имиџ од 50 проценти на 80 проценти. Поради барањата на Винисиус, неговата иднина во клубот останува под знак прашалник. Крилниот напаѓач е во Реал Мадрид од 2018 година, а неговиот договор важи до летото 2027 година. Во сезоната ...

Европските фудбалски претставници ја разгледуваат номинацијата на претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, за функцијата претседател на ФИФА, објавува Политико. Дискусиите за ова прашање започнале за време на Светското првенство во 2026 година. Една од наведените причини се извештаите дека сегашниот претседател на ФИФА, Џани Инфантино, планира да продаде дел од комерцијалните права на Светското првенство. Во меѓувреме, претставниците на ПСЖ ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, го сподели своето мислење за создавањето комерцијална структура за продажба на дел од правата за Светското првенство. – Ова е прекрасна можност за забрзување на развојот на фудбалот низ целиот свет. Но, ова е само предлог, а не обврска. Изборот е на нашите асоцијации-членки на ФИФА и ние сме тука да разговараме со сите, напиша Инфантино на социјалните мрежи. На 28 јули, ФИФА ги потврди плановите за ...

Под влијание на топла воздушна маса од југ за време на продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, соопштува Управата за хидрометеоролошки работи. Дневната температура насекаде ќе биде над 32 степени Целзиусови, а во некои места ќе надмине 40 степени. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Post Views: 1 јули 31, 2026 Под влијание на ...

Во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес беше промовирана најновата стихозбирка „Не ми е стр(а)в“ од велешката поетеса и професорка д-р Снежана Петрова Џамбазова, вработена во Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ во Скопје. Петрова Џамбазова е автор на повеќе научни трудови од областа на македонскиот јазик, како и на повеќе стихозбирки за возрасни и деца. Нејзини творби се објавувани во списанијата „Огледало“, ...

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер, претседател на Европската асоцијација на истражувачи и професори и еден од најистакнатите современи европски интелектуалци и промотори на академската и културната соработка, е добитник на Светската награда на хуманизмот за 2026 година, што во чест на делото на Свети Климент Охридски ја доделува Охридската академија на хуманизмот. Наградата за Бенедиктер му се доделува како признание за исклучителниот негов ...

Општина Ѓорче Петров ќе обезбеди 2.720.000 денари за поддршка на проекти од областа на културата во 2026 година, преку Јавниот повик за финансирање на културни програми и иницијативи. Со предвидените средства, како што информираат од локалната самоуправа, ќе биде реализирана разновидна културна програма наменета за сите генерации, со цел збогатување на културниот живот во општината и поттикнување на креативното изразување. Во рамки на ...

Амазонската дождовна прашума важи за една од најнепрекинатите природни области во светот, но според новите откритија, таа изгледала многу поинаку пред речиси две илјади години, објави „Сајенс-алерт“ (ScienceAlert). Цивилизацијата Аквири, која постоела од околу 600 година пр.н.е. до 850 г. н.е., преобразила голем дел од југозападен Амазон, со своите населби и градењето загадочни земјени структури. Наодите првично објавени во списанието „Нејчр“ ...

Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација – НАСА соопшти дека новиот вселенски телескоп „Ненси Грејс Роман“ е подготвен за лансирање на 30 август, речиси девет месеци пред предвидениот рок. Телескопот, вреден околу четири милијарди долари, ќе биде испратен во вселената со ракетата „Фалкон хеви“ на „Спејс-Икс“. Телескопот ќе патува до Лагранжовата точка Л-2, оддалечена повеќе од милион километри од Земјата, каде што ќе ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.81
27%
1015
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
2.68
51%
1014
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.71
32%
1013
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
1.43
35%
1016
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.56
27%
1015
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 24ᴼ
0.96
72%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
1.79
42%
1014
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
0.66
64%
1015
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.31
45%
1015
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 26ᴼ
0.45
43%
1015
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 32ᴼ
1.79
33%
1013
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
3.23
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3836

Currency

71.8674

Currency

37.3567

Currency

38.0586

Currency

66.1057

Currency

7.89933

Currency

0.67321

Currency

0.33925

Currency

0.52457

Currency

1.12287

Currency

0.55908

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.19

Кобалт

56.29

Бакар

13.13

Платина

52920.13

Паладиум

40863.60

Родиум

265243.66

Сребро

1873.42

Калај

54.92

Злато

130712.08

Иридиум

252383.36