Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Завршена е постапката за избор на проектант за изработка на техничката документација за затворање на нестандардната депонија „Буково“, а во тек се и активностите за изградба на претоварна станица кај Мауцкер и собирен центар во Охрид. Претоварните станици и Регионалниот центар за управување со отпад во Новаци се очекува да бидат функционални во 2030 година. Ова беше истакнато на денешната средба во Општина Охрид, посветена на новиот ...
По години негрижа се менуваат плочки во Старата скопска чаршија, секаде каде што има оштетени и искршени се заменуваат со нови плочи од травертин, соопшти Град Скопје. Увид во работните активности за санација на влезот на чаршијата денеска изврши градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој истакна дека чаршијата е живата историја на Скопје. -Еден од симболите на градот и едно од првите места што ги посетуваат туристите кога ќе дојдат во нашиот град. ...
На денешниот, XVI студиски ден на Институтот за национална историја – ИНИ, се одржа предавањето на проф. д-р Армен Жарноски, на тема: „Урбаната структура на Скопје, Охрид и Штип (XV – XVII век): Анализа на неколку вакафнами“. Беа претставени новоистражени документи за Скопје од периодот пред големиот палеж од страна на војсководецот Пиколомини кон крајот на XVII век, но и за неколку други градови во Македонија. – Студиските денови на ИНИ се ...
Качувањето по повеќе од пет ката скали дневно може да го намали ризикот од срцеви заболувања за дури 20 насто, според истражување на Универзитетот на Тулејн во коешто учествувале речиси 460.000 возрасни лица. Истражувачи од американскиот Универзитет анализирале податоци за 458.860 возрасни лица – на возраст од 38 до 73 години, преземени од базата на податоци „УК биобанк“ (UK Biobank). На почетокот на испитувањата, како и пет години подоцна, ...
Британскиот принц Хари изјави дека би бил подготвен повторно да се приклучи на војската за да се бори против Русија доколку за тоа се појави потреба. Извадоци од интервјуто на Хари беа објавени на последниот ден од големата турнеја во Индија на неговиот брат Вилијам и неговата сопруга Кејт. Хари, кој ја носи и титулата војвода од Сасекс, учествуваше во разговор за поткастот „Украина: Најнови вести“ (Ukraine: The Latest) на весникот ...
Актуелната светска шампионка во маратон, 33-годишната Кенијка Перес Џепчирчир, е суспендирана три години поради употреба на ЕПО, кој ги зголемува црвените крвни зрнца, објави Одделот за интегритет на атлетските спортови (AIU). Џепчирчир, која покрај титулата светски шампион во Токио минатата година, ја носи и титулата олимписка шампионка, исто така, во Токио 2021 година, призна дека ја користела забранетата супстанца. AIU изјави дека ...
Новиот тренер на Манчестер Јунајтед Маурисио Покетино сака да го засили тимот во јануарскиот преоден рок со лев бек, централен дефанзивец и напаѓач, јавија вечерва англиските медиуми. Потенцијалните засилувања се централниот дефанзивец на Евертон Џарад Брантвејт (24), левиот бек на Фулам Антони Робинсон (29), неговиот соиграч Калвин Баси, кој може да игра како лев бек и централен бек, како и напаѓачот на Лидс Доминик Калверт-Луин (29). ...
Германската фудбалска федерација (ДФБ) во целост ја поддржува кандидатурата на Филип Дијало за претседател на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), изјави денеска првиот човек на германскиот фудбал Бернд Нојендорф. Извршниот одбор на Француската фудбалска федерација во вторникот едногласно ја поддржа кандидатурата на својот претседател, кој ќе го предизвика Џани Инфантино на изборите закажани за 18 март во Рабат. „Одржуваме редовни, ...
Трофејниот италијански стратег Антонио Конте изјави дека еден ден ќе се врати на клупата на Јувентус, тимот со кој освои три титули како тренер и каде го помина поголемиот дел од својата фудбалска кариера. Конте во моментов е без тренерки ангажман откога летоска го напушти Наполи, а беше поврзуван и со Манчестер Јунајтед пред Аргентинецот Маурисио Покетино да биде ангажиран на „Олд Трафорд“. Во интервју за италијанските медиуми, Конте рече ...
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) ја разгледа можноста за правно оспорување на правото на Џани Инфантино да се кандидира за нов мандат како претседател на ФИФА, објави „BBC“. Според британскиот медиум, оспорувањето било околу тоа дали неговиот прв мандат, од 2016 до 2019 година, треба да се смета како целосен. Инфантино воведе ограничување од три мандати, но Советот на ФИФА во 2022 година пресуди дека тој прв период е остатокот од ...
Кошаркарите на Бешикташ направија изненадување и славеа над Реал Мадрид со 83:79 во последниот натпревар од 12. коло во Евролигата. Избраниците на Алимпијевиќ одиграа дисциплинирано, борбено низ сите 40 минути, од четвртина во четвртина ја гредеа предноста и пред последниот период водеа со 64:54. Гостите се заканија во завршницата, ама Бешикташ ги одби нападите и заслужено дојде до триумфот број шест во сезоната. Џефриз уфрли 20 поени, Вокер ...
Актуелниот претседател на ФИФА, Џани Инфантино, на претстојните избори ќе се соочи со конкуренција од поранешниот претседател на Јапонската фудбалска асоцијација, Козо Ташима, и претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Дијало. Прес-службата на ФИФА појасни дека ќе се кандидираат тројца кандидати. Гласањето за претседател на ФИФА ќе се одржи на 18 март 2027 година во Мароко. Материјалите за кандидати веќе се доставени до ...
Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин, во интервју за Фудбалската федерација на Македонија говори за одличните односи со ФФМ и претседателот Масар Омерагиќ, инвестициите во фудбалската инфраструктура, солидарноста во европскиот фудбал и рамноправната позиција на сите национални федерации во УЕФА. Чеферин, кој престојуваше во Македонија на покана на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и го следеше натпреварот ...
Под влијание на јужно воздушно струење во вечерните часови, во текот на ноќта и утре претпладне наместа ќе дува силен југозападен ветер, кој повремено ќе надминува брзина над 80 километри на час. Во текот на ноќта и утре претпладне ќе има врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови, каде што се очекува да наврнат и над 15 литри на квадратен метар, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Како што посочувааат од ...
Поради изведување градежни работи, дел од автопатот од Солун кон граничниот премин Евзони/ Богородица кон нашата земја, од утре наутро до понеделник напладне целосно ќе биде затворен и во двата правци, а сообраќајот ќе се одвива по стариот автопат, јави дописничката на МИА од Атина. Од регионална полициска управа од северна Грција информираа дека „од петок (20 ноември 2026 година) во 8.00 часот до понеделник (23 ноември 2026 година) во 12.00 ...
Културата претставува еден од најсилните и најтрајните мостови што ги поврзуваат народите, државите и цивилизациите. Таа ги надминува географските и политичките граници, создава простор за дијалог, меѓусебно почитување и разбирање и претставува значаен инструмент за градење доверба и развивање на долгорочни меѓународни партнерства. Во современите европски односи, културната дипломатија има сè позначајна улога во афирмацијата на националните ...
Камерниот оркестар „Профундис“ од Скопје и оркестарот „Камерата“ од Нови Сад ќе настапат како еден голем музички состав, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ. Концертната програма обединува четири дела од различни музички епохи и стилови. Публиката ќе има можност да ја доживее возвишената и полифонична звучност на „Фантазија на тема од Томас Талис“ од Ралф Вон Вилијамс, ритмичката динамика и современиот израз на „Последен круг“ од ...
Една од најзабележителните македонски театарски продукции во изминатиот период, претставата „Кокошка“ во режија на Теодора Силјаноска, вечерва, 19 ноември, гостува на 51. издание на Млад отворен театар – МОТ. Со три значајни меѓународни признанија, меѓу кои наградата за најдобра претстава на Интернационалниот театарски фестивал во Приштина и специјалната награда „Метална комета“ на престижниот фестивал „Kolyada Plays“ во Русија, „Кокошка“ се ...
Фестивалот на европски филм „Синедејс“, во соработка со париската маркетинг агенција „Лаки тајм“ (Luckytime), го објавува повикот за учесници на дводневниот тренинг за филмски маркетинг, кој ќе се одржи на 4 и 5 декември во Младинскиот културен центар во Скопје. Настанот е наменет за млади автори, продуценти, студенти и професионалци од областа на филмот, комуникациите и маркетингот, како и за сите љубители на визуелни приказни кои сакаат да ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид на почетокот на градежните активности за целосна реконструкција на крак 38 на улицата „Македонско-косовска бригада“ во Шуто Оризари. – Кога ја барав поддршка од граѓаните, тука ме пречекаа како што умеат вистински домаќини – со кафе, чај и со отворена врата. Ми кажаа дека ретко кој дотогаш дошол во ова маало да ги праша што им е најпотребно. А доволно беше да излеземе пред ...
Треторангираниот светски тенисер, Шпанецот Карлос Алкараз, триумфираше попладнево над Русинот Данило Медведев (АТП-5) со 6:2, 6:4, во дуел од второто коло од групата „Иван Лендл“ на завршниот Мастерс во Торино. Алкараз до победата дојде по еден час и девет минути. Шпанецот трипати го одзеде сервисот на рускиот тенисер, а Медведев не освои ниту еден брејк. Алкараз е прв на табелата од групата „Иван Лендл“ со две победи, а Медведев е втор со по ...
Реал му го продолжи договорот на играчот од средниот ред Арда Гулер, објави прес-службата на клубот од Мадрид. Новиот договор на 21-годишниот фудбалер е со важност до 30 јуни 2032 година. Неговиот претходен договор беше со важност до летото 2029 година. Ѓулер се приклучи на Реал Мадрид од Фенербахче во 2023 година. Тој одигра 126 натпревари за шпанскиот клуб, постигна 22 гола и 32 асистенции. Со Реал Мадрид, турскиот репрезентативец ја освои ...
Македонската фудбалска репрезентација идниот март ќе игра плејоф за опстанок во Б дивизијата на Лигата на нации (ЛН), а со завршувањето на последното шесто коло, избраниците на Гоце Седлоски ги дознаа и своите потенцијални противници. Ждрепката е закажана за в петок во седиштето на УЕФА во Нион, кога ќе се одлучи која од четирите второпласирани репрезентации во дивизија Ц, Естонија, Белорусија, Естонија и Фарските Острови, ќе биде противник ...
Водата во Скопје е безбедна за пиење, информираат попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Во текот на денов од страна на секторот Санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје земени биле 44 примероци од водоводната мрежа на град Скопје од кои два примерока од бунарскиот потег Нерези – Лепенец. Од јавното претпријатие потсетија дека на сите примероци им се изработува физичко-хемиска и микробиолошка ...
Сакам на македонски да се пишуваат и книгите што денес уште не умееме да ги замислиме. Да има млади луѓе што со доверба ќе пишуваат на овој јазик и ќе кажат нешто што ние не сме го кажале, рече денеска Раде Силјан на свеченоста во Друштвото на писателите на Македонија, по повод 40 години од објавувањето на „Пронајден облик“ (1986), неговата прва книга со критики и есеи. Јубилејот беше одбележан со промоција на неговата нова книга „Поетски ...
Оперската дива Ана Дурловски, во гостувањето во емисијата „Ништо лично“ со Антонио Димитриевски, отворено проговори за еден од најтешките периоди во животот на нејзиното семејство, за последиците од настаните на 27 април, односот на институциите кон неа и нејзиниот сопруг Игор Дурловски, но и за љубовта и поддршката што ги добиле од граѓаните. Иако зад себе има импресивна меѓународна кариера и настапи на најпрестижните светски оперски сцени, ...
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, денес го објави поширокиот список со играчи кои ќе конкурираат за настап на Светското првенство 2027. На списокот на Лазаров се наоѓаат: Голмани: МАРТИН ТОМОВСКИ, ВАСИЛ ГОГОВ, НИКОЛА МИТРЕВСКИ, ИВАН ГАЛЕВСКИ и МАРКО КИЗИЌ. Леви бекови: ФИЛИП КУЗМАНОВСКИ, ДМИТРО ГОРИГА, ПАВЛЕ АТАНАСИЈЕВИЌ, МИХАЈЛО МЛАДЕНОВИЌ и ЕМИЛИЈАН ЃОРГОСКИ. Средни бекови: МАРКО МИТЕВ, ИГОР ЃОРГИЕВ, ДАМЈАН ...
Македонската фудбалска репрезентација назадуваше две позиции на најновата ФИФА ранг листа објавена денес. По двата пораза, од Шкотска и од Словенија, во ноемврискиот прозорец, Македонија so 1339,35 бода се најде на 73. место на ФИФА-рангирањето. Во октомври „Црвено-жолтите“ беа на 71.позиција. Лидер и натаму е Шпанија, пред Аргентина и Франција. Во Топ 10 се наоѓаат и: Англија, Мароко, Португалија, Бразил, Белгија, Холандија и Колумбија. ...
Астон вила објави продолжување на договорот со играчот од средниот ред Амаду Онана. Англискиот клуб оваа информација ја сподели на својата веб-страница. Времетраењето на новиот договор на 25-годишникот не е прецизирано. Претходниот договор на Белгиецот траеше до летото 2029 година. Онана моментално закрепнува од операција на коленото. Играчот од средниот ред ја претрпе повредата додека играше за Белгија на Светското првенство во 2026 година. ...
По повод 152 години од раѓањето на Крсте Петков Мисирков (1874 – 1926), Институтот за македонски јазик, кој го носи неговото име, денеска организира работилница „Еден ден со Мисирков по еден век без него“. Предавачи беа вработени во Институтот, а на интерактивниот настан учествуваа ученици и студенти. Работилницата ја отвори директорката Елена Јованова-Грујовска, којa истакна дека Мисирков е еден од клучните претходници на современата ...