Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Кошаркарската федерација на Македонија со особено задоволство ја поздравува официјалната одлука на КК Арис од Солун, со која клубот потврдува дека нема никакви пречки Ненад Димитријевиќ да биде на располагање на македонската репрезентација од 16 август 2026 година и му посакува успех на нашиот национален тим. Оваа порака претставува значаен гест на спортска коректност и почит кон националните селекции, за што искрено му благодариме на ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за четвртиот мерен период за учебната 2025/2026 година. Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година, за третиот мерен ...
Почна санацијата на мостот „Естакада“, еден од најфреквентните влезови и излези од Скопје, кој претставува важна сообраќајна артерија за илјадници граѓани што секојдневно патуваат кон и од општините во овој дел на градот. Проектот, како што информираат од Град Скопје, опфаќа реконструкција на пристапните рампи на површина од 10.000 квадратни метри, при што ќе се изврши гребење на постојниот асфалт и вградување на два нови асфалтни слоја. ...
Во тек е санација на оштетувањата предизвикани од невремето на коритото на река Серава, информираше градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски. Преку објава на својот Фејсбук профил, Костовски посочува дека издаден е налог за работа и од вчера активно се работи на санирање на оштетувањата на коритото на реката. По големото невреме, вели, биле забележани оштетувања на одредени делови од коритото, по што била формирана комисија која ги ...
Актерот Бен Афлек, во придружба на шампионот од квизот „Ризик“ („Џепарди“), Џејми Динг, освои милион долари на квизот „Кој сака да биде милионер“, по што добивката ја донираше на хуманитарната организација „Истерн Конго инишатив“ (Eastern Congo Initiative). Организацијата, основана во 2010 година од Афлек, има за цел да им пружи помош на локалните заедници во Демократска Република Конго. Победата на Афлек доаѓа една година по триумфот на ...
На повеќе локации во Струга од 5 до 9 август ќе се одржи 10-тото јубилејно издание на фестивалот на краток филм Дрим Шорт. Организаторот, тимот на Дрим Шорт, соопшти дека главната програма на фестивалот ќе се одржи во Паркот на поезијата, додека останатите настани се распределени во Јуроп хаус Струга, мезебар Кингстон и кафе бар Дуќан. – Десет години пловиме… Имавме мирни утра каде што сѐ изгледаше можно, но имавме и бури што нѐ тестираа дали ...
Во текот на јули, во просек дневно се регистрираа по околу 15 пожари на отворен простор. Благодарение на навремените интервенции на пожарникарите, како и поддршката од воздухопловните средства на Дирекцијата за заштита и спасување, сите пожари беа успешно ставени под контрола и изгаснати. Ова го соопшти денеска во изјава за медиумите директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Посочи дека врнежите во текот на ...
Јавното претпријатие „Лајка“ – Скопје, „Европска куќа“ и Алпинистички клуб – Скопје успешно ја реализираа креативната „upcycling работилница“ на Средно Водно, каде старите алпинистички јажиња добија нов живот како издржливи поводници за кучињата згрижени во прифатилиштето, соопштија попладнево од јавното претпријатие. – На работилницата учествуваа голем број граѓани кои преку својата креативност и ангажман придонесоа за изработка на 53 ...
Фудбалската федерација на Азија (АФЦ) се придружи на критиките кон претседателот на ФИФА, Џани Инфантино приватни инвеститори да купат дел од комерцијалните проекти поврзани со Светското првенство и со другите натпреварувања на ФИФА. АФЦ во петокот објави дека е заедно со УЕФА и КОНКАКАФ (Северна и Централна Америка и Кариби). Овие две организации претходно жестоко се спротивставија на идејата на Инфантино. УЕФА се закани со бојкот, а ...
Завршен и необјавен филм во којшто глуми Николас Кејџ, мистериозно исчезна од студио на Нетфликс. Следствено, продуцентот загрижен за можна појава на пиратски изданија и примероци, тврди дека проектот е уништен и бара отштета. Стрим-гигантот отфрла секаква вина. Бараната отштета е 105 милиони долари. Продуцентот Сајмон Афрам тврди дека копија од неговиот филм „Fortitude“ (Стаменост) е украдена од холивудското студио на Нетфликс. Адвокатите на ...
Актерката Дона Милс привлече големо внимание откако на 85-годишна возраст отвори профил на платформата „Онли фанс“ Одлуката ја донела за да биде поблиску до обожавателите. – Воопшто не ми пречи што сум најстара креаторка на оваа социјална мрежа. Според мене дигиталните медиуми нудат можност за поинаков начин на комуникација со публиката која ми пружи многу во текот на мојата актерска кариера. Сакам само да ѝ се оддолжам, наведе Милс. ...
„Амазон“ вчера соопшти дека само годинава ќе потроши дополнителни 20 милијарди долари за проширување на својата инфраструктура за вештачка интелигенција наведувајќи ги нагло повисоките цени на мемориските чипови и зголемената побарувачка за компјутерски капацитет – јавува ДПА. Главниот извршен директор Енди Џаси на конференциска врска со аналитичарите ја зголеми прогнозата на компанијата за капитални расходи на 220 милијарди долари од ...
Ретки, стари, но целосно функционални ретроконзоли „Нинтендо фамикомбокс“ (Nintendo Famicombox) се пронајдени во познат „хотел за љубовни средби“ во Јапонија. Пред точно 40 години, во 1986, во Јапонија „Нинтендо“ воведе комерцијален 8-битен „Фамиком“-систем, наречен „Нинтендо фамикомбокс“. Тој беше дизајниран да собере до 16 дискови за игри, овозможувајќи лесно префрлување на наслови и беше наменет за употреба во хотели. До игрите обично ...
Тихокеанската островска држава Науру официјално го промени своето име во Република Наоеро, враќајќи се на своето традиционално име, потег за кој властите велат дека има за цел зајакнување на националниот идентитет и зачувување на културното наследство. Парламентот на Науру во мај го усвои уставниот амандман со кој се менува името на земјата и првично планираше да одржи национален референдум. Но, претседателот Дејвид Адеанг вчера објави на ...
Новиот менаџер на Челзи Чаби Алонсо, кој како репрезентативец на Шпанија остави белег со освоена светска титула во 2010 и две титули во 2008 и 2012 година се осврна на моменталната состојба во светскиот фудбал откако ФИФА изјави дека ќе продолжи со консултациите за план за привлекување приватни вложувања за Светското првенство и другите турнири. – Фудбалот мора да биде за луѓето, а не во приватни раце. И мислам дека начинот на кој го сакаме е ...
Македонскиот народен театар новата сезона 2026/2027 ќе ја почне со премиера на претставата „Три сестри“, според драмата на А. П. Чехов, во режија на Нела Витошевиќ, која ќе се одржи на 25 септември. Новата сезона во МНТ носи важна новина за публиката – воведување превод на англиски јазик за дел од претставите во однапред определени термини. На тој начин театарот станува уште подостапен за странската публика и за сите љубители на уметноста што ...
Пред многубројна публика во македонскиот КИЦ во Загреб се одржа аудиовизуелно предавање „Историја на македонската рок музика“ на Тошо Филиповски. Вечерта посветена на рок-музиката и рок-културата предизвика голем интерес кај публиката, која, покрај предавањето, имаше можност да ја разгледа и поставената изложба. На настанот присуствуваа високи претставници на дипломатскиот кор, локалните и државните институции, почитувани гости и многубројна ...
На Марс е откриено пространо подрачје покриено со необични шестоаголни структури што потсетуваат на саќе. Ваквите необични структури се откриени од роверот „Кјуриосити“ (Curiosity) на НАСА, кој во тој момент се движел по планината Маунт Шарп. Така наречените полигонални пукнатини и претходно биле забележани на Црвената Планета, но на помала површина. – Откритието на роверот навистина нè изненади, пред сè поради нивната голема ...
Париз доби уште едно место каде што високата мода, современиот дизајн и омиленото хоби на Французите – кафето, се совршено споени. Имено, француската луксузна куќа „Сен Лорен“ (Saint Laurent) отвори кафуле во рамките на својата позната концептуална бутик-галерија „Рив Дроат“ (Rive Droite), сместена во срцето на француската престолнина. Новото Кафе „Сен Лорен“ брзо ја освои елитата и се претвори во собиралиште за тамошните модели, уметници, ...
Првакот на Англија, Арсенал прави напори да го засили својот состав за новата сезона и одбраната на титулата. Прва мета како засилување е капитенот на Њукасл Бруно Гимараеш и репрезентативец на Бразил, пренесува Би-Би-Си Спорт. Позитивен момент е и тоа што и фудбалерот го посакува овој трансфер, а Арсенал веќе понуди 70 милиони фунти, кои Њукасл ги одби. Лондонскиот клуб е подготвен да ја зголеми понудата на 80 милиони фунти. Бруно за Њукасл ...
Почина фудбалската легенда на Италија и Милан, Франко Барези (66 години) веста за смртта ја потврди и неговиот клуб Милан. Барези повеќе од една година имаше здравствени проблеми. Барези беше заштитен знак на Милан, откако целата кариера ја мина клубот за кој дебитираше во 1978 година и одигра 20 сезони. Мина и низ тешкиот период во клубот кога се наоѓаше во Серија Б. Но, беше и дел од големиот Милан од крајот 80-тите и почетокот на 90-тите ...
Досегашниот менаџер на Ливерпул, холандскиот стручњак Арне Слот ги изненади сите со својата одлука. Тој реши да ја одбие можноста да биде селектор на репрезентацијата на Холандија. – Сакам да останам во европскиот клупски фудбал, изјави Слот. Последните денови се појавија информации дека е главен кандидат за нов селектор на Холандија, но сепак до соработка меѓу холандскиот тренер и фудбалската федерација на Холандија нема да дојде. Тоа значи ...
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата по повод одбележувањето на 2. Август – Ден на Републиката – Илинден упатува апел до сите учесници во сообраќајот за зголемена одговорност и почитување на сообраќајните правила и прописи. За време на претстојниот празничен викенд, нагласуваат од РСБСП, се очекува зголемена раздвиженост на сите категории учесници во сообраќајот особено на патните правци кон туристичките места Охрид, ...
По најавата на УХМР за топлотниот бран што ќе ја зафати земјата во наредните денови, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) предупредува дека на удар се и животните поради што е неопходно нивно соодветно згрижување. Според АХВ, доколку животните се држат во несоодветни услови, кога температурите се исклучително високи, во објекти со висок процент влага и недоволна вентилација, може да дојде до топлотен удар. Сончаницата, пак, се појавува ...
Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, рече дека извршниот директор Тото Волф му кажал за потенцијално унапредување во Мерцедес уште пред две години. Во тоа време, трансферот на Луис Хамилтон во Ферари сè уште не беше објавен. Антонели ја прескокна Формула 3 и се префрли во Формула 2 откако освои титули во италијанското и германското првенство во Формула 4 во 2022 година и на Европското и регионалните првенства на Блискиот Исток во 2023 ...
Екипата на Шкендија ќе играат во 3. квалификациско коло во Лигата на Конференции, откако вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје ја совлада екипата на Браво со 3:1. До потребната победа со два голови разлика тетовци дојдоа со пресврт. Словенечкио тим прв дојде во водство преку Станковиќ во 17. минута. Во 36. минута Браво си постигна автогол, преку Јован и со 1:1 се отиде на полувреме. Во 50. минута Криезиу донесе водство за ...
Фудбалската федерација на Македонија го поддржува ставот на УЕФА околу котроверзниот план на ФИФА за продажба на дел од комерцијалните права за Светското првенство. – Едногласно и недвосмислено го отфрламе предлогот на ФИФА за пренесување на сопственички удели во Светското првенство и другите натпреварувања на ФИФА на приватни инвеститори. Светското првенство е наследство, а не инвестициски производ. Светското првенство не смее да се третира ...
Италијанскиот шампион Интер договори соработка со одбранбениот фудбалер Џон Стоунс. Клубот од Милано објави потпишување двегодишен договор, со Стоунс. Претходно, 32-годишниот Стоунс го напушти Манчестер сити по десет сезони, а неговиот договор истече на 30 јуни. Во сезоната 2025/26, дефанзивецот одигра 18 натпревари за клубот од Манчестер во сите натпреварувања, без да постигне гол. Со Манчестер сити освои шест титули во англиското првенство ...
Локализиран е пожарот кај тетовското село Лешница, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) и нагласува дека во неговото гаснење учествувале и два авиона на Дирекцијата за заштита и спасување. -Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамет Али, веднаш по добиената дојава за пожарот во реонот на Лешница кај Тетово, лично излезе на терен со цел да ги координира активностите на надлежните институции за локализирање на пожарот. Во ...
Министерството за здравство информира дека го задолжило Центарот за јавно здравје – Скопје вечерва да спроведе дополнителна терестичка (од земја) адултицидна дезинсекција во населбата Драчево. – Оваа активност претставува превентивна мерка што се реализира врз основа на стручната информација и проценката на ризик изготвени од Центарот за јавно здравје – Скопје за состојбата со комарците и потребата од дополнителна адултицидна дезинсекција, ...