По повод 2 Август – Денот на Републиката, Државниот архив претстави избор на архивски документи и фотографии од своите фондови и збирки, посветени на историското значење на Првото заседание на АСНОМ и темелите на современата македонска државност. -На 2 август 1944 година, со Првото заседание на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“, беа поставени темелите на современата македонска држава. Со донесените одлуки беше потврдена државотворната ...

Сончево и топло време ќе преовладува денеска во државава. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, слично време со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 38 степени. Топлото време ќе продолжи и до крајот на следната недела кога дневните температури се ...

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина Керим Алајбеговиќ (18 години) пристигна во Торино и се упати на лекарски прегледи за официјализирање на трансфер во Јувентус. Доаѓањето на младиот фудбалер привлече големо внимание особено по неговите добри настапи во дресот на БиХ во бараж дуелите (пред сè со Италија) како и на Светското првенство, каде постигна и еден гол. Заедно со него допатува и поранешниот играч на БиХ и Јувентус Миралем Пјаниќ. ...

Големата награда на Германија би можела да се врати во календарот на формула 1. Разговори за враќање на Ф1 на патеката во Хофенхајм се веќе започнати. Последната трка се одржа во 2019 година. Новите инвеститори се подготвени за нови вложувања и патеката повторно да биде организатор на трка во формула 1. Последните години проширувањето на Ф1 надвор од Европа е поголемо. Голем интерес за организација на трки има во земјите од Африка, Азија, па ...

Со изминувањето на рокот за постигнување резултати за учество на Европското првенство, македонската атлетика ќе има само еден претставник на претстојното Европско првенство што ќе се одржи во Бирмингем, Велика Британија од 10-16.август. Единствениот претставник ќе биде маратонецот Дарио Ивановски, кој ќе настапи на последниот ден (16.август – недела) во утринската програма кога ќе се трча маратонската трка. Ивановски учеството го обезбеди ...

Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња по пет сезони во Европа се враќа во НБА лигата откако потпиша договор со Кливленд. Тој во 2015 година беше избран на драфтот како пик број пет од Орландо и настапуваше во Орландо, Њујорк и Портланд и потоа реши да се врати во Европа. По враќањето настапи во Уникс, а во летото 2022 година мина во редовите на Реал Мадрид, каде беше еден од најдобрите кошаркари. Но, неговото заминување навивачите го сметаат за ...

Репрезентативецот на Египет и поранешен член на премиерлигашот Ливерпул, Мохамед Салах сè уште нема клуб, иако во последно време е поврзуван со трансфер во Турција. Бешикташ беше поврзуван со трансфер на Салах, но сумата што ја побара играчот од 15 милиони евра по сезона се премногу за клубот од Истанбул. Но, сега се појави Трабзон со двегодишен договор и 17 милиони евра по сезона. Клубот од брегот на Црно море сака да ја прекине доминацијата ...

Јунакот на Шпанија – стрелецот на победничкиот гол за шампионската титула во финалето против Аргентина, Феран Торес постои можност да ја напушти Барселона. Шпанскиот репрезентативец сака трансфер во европскиот првак ПСЖ. Договорот на Торес истекува за една година, а Барселона не направила ниту еден чекор за продолжување на неговиот договор. Иако замина Роберт Левандовски, Торес не е во плановите на тренерот Ханси Флик за една од опциите во ...

Расказот „Службен пат до Тирана“, под шифра „Патникот“, е избран за најдобро дело на годинашниот конкурс за наградата „Живко Чинго“ што се доделува во чест на еден од најзначајните македонски раскажувачи. Во конкуренција од 24 доставени авторски трудови, стручната комисија во состав проф. д-р Димитар Пандев, претседател, и членовите Славе Ѓорѓо Димоски и проф. д-р Иван Џепароски, одлучи наградата да му припадне на расказот „Службен пат до ...

Со туристи на подолг престој, попатни посетители и зголемена фреквенција на возила, Дојран го започна илинденскиот празничен викенд. Редици возила беа забележани на граничниот премин „Дојран” пред седум часот наутро, а во уште поголем број колони се чекаше на ГП „Богородица” во Гевгелија. Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во изминатите 24 часа преку граничниот премин „Богородица“ излегле 11.905 лица, додека приближно ...

Со првите CAC и CACIB изложби на фудбалскиот стадион денес започна меѓународната кинолошка манифестација Маврово 2026. На дводневниот настан што го организира кинонолошкото друштво „Скардус“ од Гостивар, годинава се пријавени над 1500 кучиња. Претседателот на друштвото и меѓунарден судија, Миле Алексоски искажа задоволство од покажаниот интерес на одгледувачите и сопствениците за годинешната едиција и посочи дека има кучиња од над 30 држави. ...

Претседателот на Конфедерацијата на Северна, Централна Америка и Кариби (КОНКАКАФ) Виктор Монталијани сериозно ја разгледува можноста за кандидатура за претседател на ФИФА. Според британските медиуми, тој би можел противкандидат на Џани Инфантино. Монталијани има амбиции да биде претседател на ФИФА, но ќе мора официјално да поднесе кандидатура до 18.ноември, кога истекува рокот за пријави. Инаку, негов приоритет сега е ре-избор на позицијата ...

Општина Битола обезбеди бесплатен автобуски превоз за сите заинтересирани битолчани на традиционалната Семакедонска средба што утре ќе се одржи во потпелистерското село Трново. Од Секторот за односи со јавност на Општина Битола соопштија дека бесплатен автобуски превоз до црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во село Трново ќе има од 9 часот на автобуските стојалишта во градот, како и во населените места Кукуречани, Горно Оризари, Бистрица ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави видео од Градскиот парк со порака дека по силното невреме што пред некокку дена го зафати главниот град, Градскиот парк повторно го враќа својот сјај. – Повеќе од 100 дрвја беа соборени, пешачките патеки беа затрупани, а значителна штета беше нанесена и на урбаната опрема. Благодарение на брзата реакција и посветената работа на екипите на јавните претпријатија на Град Скопје, првиот дел од ...

Претседателот на ФИФА Џани Инфантино се откажа од предлогот дел од комерцијалните права од Светското првенство да бидат под капа на инвестициски фонд. Ова се случи по силниот притисок во рамки на светската федерација и со заканите за бојкот од страна на европските федерации. Инфантино планираше да формира компанија вредна 20 милијарди долари која би управувала со комерцијалните работи на ФИФА, заедно со женското Светско првенство и Светското ...

Поранешниот селектор на Хрватска, Златко Далиќ под чие водство оваа репрезентација имаше забележителни резултати во моментов има три понуди да преземе репрезентација. Сите три понуди се од азискиот континент. Како најсигурна се смета понудата од Обединетите Арапски Емирати во висина од пет милиони евра годишно, а има најави за уште две понуди од Саудиска Арабија и Јужна Кореја. Според најавите можно е со Далиќ трансфер да направи комплетниот ...

Управата на Реал Мадрид испратила ултиматум до бразилскиот репрезентативец Винисиус: продолжување на договорот според условите на клубот или крај на соработката веќе ова лето. Според шпанска Марка, која ја пренесува информацијата „кралскиот клуб“ не сака да се откаже од услугите на играчот, но не сака да дојде во ситуација Винисиус да ја игра последната сезона од договорот и потоа без обесштетување да си замине. Од Реал Мадрид се категорични ...

Шампионот на Италија екипата на Интер договори ново засилување. Аргентинскиот репрезентативец Кристијан Ромеро треба да го напушти лондонскиот премиерлигаш Тотенхем. Според аргентинскиот ЕСПН, двата клуба се договориле за трансфер вреден 40 милиони евра. Ова ќе биде враќање на Ромеро во италијанскиот фудбал откако претходно настапуваше за екипите на Џенова, Јувентус и Аталанта. Тотенхем најпрво бараше повеќе пари, но сепак се договори и тоа ...

Со доделување на награди за најдобрите културно уметнички друштва, фолклорни групи и поединци, синоќа во Битола заврши 56 издание на фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“. Со одлука на стручно жири за најуспешна група која презентира изворна-традиционална музика и игра-обред, прогласена е женската група „Теута“ од Тетово, за најуспешна група која презентира староградска музика и игра прогласен е ансамблот за народни песни и ...

Со кревањето на знамето на Крушевската Република на Гумење и свечена програма, вечер во Крушево почнува традиционалната манифестација „10 Дена Крушевска Република“, со која стартуваат чествувањата по повод Илинден – Денот на Републиката и 123-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република. Програмата започнува претпладне со положување цвеќе на гробот на Дамјан Груев, по што делегација на манифестацијата и на Општина Крушево ќе ...

Повеќе од четвртина, односно 27,5 отсто од населението на Европската Унија постаро од 16 години, не можело да си дозволи една недела годишен одмор надвор од домот во текот на 2025 година, објави Евростат. Европската статистичка служба наведува дека уделот на граѓаните кои не можеле да одвојат пари за седумдневен одмор е зголемен за 0,5 отсто во однос на 2024 година, но истовремено бил за 7,7 отсто понизок отколку пред 10 години, во 2015 ...

Американскиот производител на автомобили Џенерал моторс (ГМ) денеска најави дека до крајот на годината ќе почне сопствен систем на вештачка интелигенција за автомобили, кој би требало да биде подобро приспособен на потребите на возачите од општите ВИ асистенти. Новата ГМ технологија ќе биде подлабоко интегрирана со возилото, неговите системи и податоците за работата на автомобилот од неодамна воведениот асистент на Гугл, Џеминај, напомена ...

Во новата сезона ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе настапат со неколку нови имиња, а едно од нив е Алекса Колаковиќ. Тој до неколкуте денови во „градот на ракометот“ ги пренесува впечатоците и ја најавува сезоната. – Многу сум среќен што дојдов во клуб и град со голема историја и традиција. Задоволство е да се работи со легенда како Лино Червар, но и со квалитетни соиграчи во тимот. Битола е прекрасна, гледам дека сега има и многу туристи, ...

Светската фудбалска федерација ФИФА до 14. август треба да донесе одлука за можно проширување на Светското првенство од 48 на 64 репрезентации. Според Скај спортс, ФИФА започнала консултации за новиот формат на натпреварување и планира зголемениот број репрезентации да биде веќе од СП 2030 година. Оваа идеја е поддржана од КОНМЕБОЛ (Федерација на Јужна Америка) која смета дека треба повеќе натпревари да се одиграат во земјите од Јужна ...

Европската фудбалска федерација УЕФА ги објави термините за одигрувањето на дуелите од третото квалификациско коло од Конференциската лига меѓу Шкендија и Хибернијан. Првиот дуел се игра на стадионот на шкотскиот тим во Единбург на 6.август со почеток во 21 часот. Реванш дуелот е закажан за 13.август во Скопје на Националната Арена Тодор Проески со почеток во 20 часот. Инаку, на 3.август (понеделник) ќе бидат извлечени и двојките за плеј-оф ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид ја отвори Летната школа за учење македонски јазик, на која учествуваат деца на наши иселеници од повеќе држави ширум светот. Летната школа се одржува од 31 јули до 6 август и има за цел да им овозможи на младите генерации од дијаспората да го изучуваат македонскиот јазик, да ја запознаат нашата култура, историја и традиција и уште повеќе да ја зацврстат врската со својата татковина. – Македонскиот ...

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, денеска оствари работна средба со градоначалникот на албанската Општина Либражд, Мариглен Диша, на која се разговараше за продлабочување на соработката меѓу двете општини. Во фокусот на разговорите биле можностите за реализација на заеднички проекти и искористување на средствата од ИПА III Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија 2021–2027. Посебен акцент бил ставен на ...

Локализиран е пожарот на градската депонија „Сува Река“ кај Валандово што избувна денеска по 13 часот. На терен се делуваше и со два ер – трактори. – Пожарот е целосно локализиран, а на терен дежураат единиците на ТППЕ Валандово и вработените во ЈП Македонски шуми од подружницата Валандово – изјави градоначалникот на Општина Валандово, Ѓоко Камчев. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираа дека ветер го проширил пожарот на околната ...

Во врска со регистрираната појава на бела отпадна пена во реката Вардар кај вливот на реката Лепенец на 24 јули Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), во координација со сите надлежни институции, веднаш презеде серија вонредни теренски и лабораториски активности, соопшти Министерство за животна средина и просторно планирање. Инспекторите на ДИЖС, како што се посочува, спроведоа вонредни инспекциски надзори кај индустриските субјекти ...

Американскиот кошаркар Лесли Ворнер (28 години, 201 см) е најновото засилување на МЗТ Скопје. Тој денеска официјално стави потпис на договорот со македонскиот кошаркарски првак. Станува збор за искусен крилен кошаркар, кој зад себе има богато европско искуство. По четирите години минати на Универзитетот Рио Гранде, првиот ангажман во европски клуб го имаше во австриски Грац во сезоната 2021/22, која ја заврши во редовите на британски Њукасл. ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.81
27%
1015
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
2.68
51%
1014
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.71
32%
1013
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
1.43
35%
1016
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.56
27%
1015
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 24ᴼ
0.96
72%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
1.79
42%
1014
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
0.66
64%
1015
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.31
45%
1015
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 26ᴼ
0.45
43%
1015
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 32ᴼ
1.79
33%
1013
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
3.23
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3836

Currency

71.8674

Currency

37.3567

Currency

38.0586

Currency

66.1057

Currency

7.89933

Currency

0.67321

Currency

0.33925

Currency

0.52457

Currency

1.12287

Currency

0.55908

Калај

54.92

Злато

130712.08

Паладиум

40863.60

Алуминиум

3.19

Родиум

265243.66

Цинк

0.00

Бакар

13.13

Сребро

1873.42

Платина

52920.13

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29