Финалето на Светското првенство во фудбал кое треба да се игра во недела на 19.јули во Њујорк со почеток во 21 часот, можно е да биде одложено. Натпреварот ќе се игра на стадионот на во Њу Џерси кој има капацитет од 82.500 седишта. Неколку дена во пресрет на големиот спектакл организаторите имаат причина за загриженост поради најавата за неповолни временски услови. Се очекува температура од околу 28 степени и можност за грмотевици. Стадионот ...

Фудбалерите на Силекс утре вечер во 20 часот го играат реванш дуелот од првото квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига против лидерот во шампионатот на Белорусија Динамо Минск. По првиот дуел Силекс има предност од 1:0, откако победија на натпреварот одигран во Стара Загора (неутрален терен). – Ова шанса на оваа генерација, која ланската сезона го освои Купот на Македонија, а претходната ја завршивме како вицешампиони. Сега ни треба ...

Актуелниот светски шампион Аргентина успеа да се избори за финалето на Светското првенство откако во полуфиналето вечерва со пресврт стигнаа до победата од 2:1. Аргентина титулата ќе ја брани во недела против селекцијата на Шпанија. Првото полувреме мина со премногу тактика и на полувреме беше 0:0. По десет минути игра англичаните поведоа со голот на Ентони Гордон. Во тогаш започнаа нападите на Аргентина, а голманот на Англија Џордан Пикфорд ...

Пожар попладнево избувна на падините на планината Петрино, во непосредна близина на охридската населба „Бараки“, во северниот дел на Охрид. Веднаш по пријавата, на терен се упатени три екипи на Територијалната противпожарна единица од Охрид, кои интервенираат во обид да го локализираат огнот. Сепак, силниот ветер значително ја отежнува интервенцијата и придонесува пожарот брзо да се шири. Надлежните работат на ангажирање дополнителни ...

Британскиот режисер Кристофер Нолан се одлучи да го брани својот нов филм „Одисеја“ (The Odyssey), којшто е силно критикуван уште пред да излезе во кината. Според „Варајети“, на пример некои гледачи и критичари се осврнуваат на трејлерот и дијалогот во него, дека звучел премногу современо. „Холивуд репортер“ и „Индипендент“, исто така, ја критикуваат употребата на „премногу модерните фрази“ во филмот заснован на епските древнохеленски ...

Македонската ракометарка Елена Ѓорѓиевска е нов член на Црвена Звезда од Белград. Клубот од Србија во новата сезона влегува со големи амбиции, како на домашна сцена така и во евро натпреварите. Поранешната македонска репрезентативка Ѓорѓиевска има богата меѓународна кариера, а последен клуб и беше турски Одунпазари. Претходно има настапувано во екипи од регионот Романија (Крајова, Баја Маре), Унгарија (Алба), Хрватска (Подравка), Црна Гора ...

Македонскиот претставник во УЕФА Конференциската лига Шкендија Тетово утре во Скопје го игра реванш дуелот со Европа од Гибралтар, а по првиот дуел одигран на гостински терен има предност од 5:0. Сепак во редовите на тетовчани истакнуваат дека треба да се игра на високо ниво и реваншот и да се надградува формата за следните европски натпревари. – Резултатот од првиот дуел е добар, но тоа не значи дека треба сега да сме опуштени. Треба да ...

Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,72 метри надморска височина, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Тоа е за 14 сантиметри над просекот за јули утврден на 693,58 метри надморска височина или 62 сантиметри над дозволениот минимум (693,10). Температурата на водата е 23,5 степени Целзиусови и е идентично на месечниот просек. Post Views: 1 јули 16, 2026 Нивото на водата во ...

Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“ и Хрватскиот национален професионален фолклорен ансамбл „Ладо“ одржаа два концерти во Битола и Скопје, приредувајќи незаборавно музичко-сценско доживување за љубителите на фолклорот. Публиката, како што информираа од „Танец“ имаше можност да ужива во внимателно подготвена програма што го претстави богатството на македонската и хрватската традиционална музика и игра. „Танец“ се ...

Шумскиот пожар, кој избувна вчера попладне кај селото Бајково, на планината Огражден, во Општина Ново Село, повторно се активираше откако претпладне беше објавено дека е ставен под контрола. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДСЗ), Стојанче Ангелов информираше дека заради реактивирање на пожарот над село Бајково три ер трактори полетале кон местото на пожарот. Во гаснењето, покрај ер тракторите, учествуваат и екипи на ТППЕ ...

Јавната установа Национален парк „Галичица“ информира дека денеска туристи забележале мечка во реонот над селото Горно Коњско. Од Националниот парк апелираат до жителите, посетителите, планинарите и сите лица кои престојуваат или извршуваат активности во тој реон да бидат особено внимателни и да се придржуваат кон препораките за безбедно движење во природа. Истовремено, од Национален парк „Галичица“ ги повикуваат граѓаните кои се во контакт ...

Консумирањето овошни пијалаци во текот на летото, на прв поглед изгледа освежително и здраво. Но, од друга страна, овие навидум здрави напитоци можат да содржат големи количини шеќер, а со тоа да го зголемат нивото на гликоза во крвта. Причина за тоа се скриените шеќери што се наоѓаат во многу популарни летни јадења и пијалаци. Според експертите, проблем честопати не се оброците, туку пијалаците. – Секоја година го слушам истиот муабет од ...

На аукција организирана од аукциската куќа Сотби, вчера по околу десетминутно наддавање помеѓу седум понудувачи, беше продаден скелетот на Т-рекс за рекордни 50,1 милиони долари. Фосилот е ископан во американската сојузна држава Јужна Дакота и, според Сотби, претставува еден од најголемите и најдобро сочувани Т-рекси, досега откриени. Во 2024 година во Њујорк, скелет на стегосаурус беше продаден за речиси 45 милиони долари. Експертите се ...

Холандски археолози открија непозната гробница стара 3.000 години во близина на наоѓалиштето Луксор во Египет. Внатрешноста со натписи и ѕидни слики во боја открива дека гробот му припаѓал на човек по име Пасер, а приказите покажуваат религиозни обреди и патување во задгробниот живот. Гробницата датира од времето на Рамзес II и ерата на моќни фараони. Врховниот совет за антиквитети на Египет неодамна објави дека гробот е пронајден во местото ...

„Д виспер мен“ („The Whisper Man“), нов психолошки трилер со Роберт де Ниро во главната улога. Филмот е базиран на истоимениот бестселер на Алекс Норт. Трилерот се најде на листата на Њујорк тајмс. Приказната е за вдовец и писател на криминалистички романи кој се соочува со најголемиот кошмар на секој родител поради киднапирање на синот. Во очајнички обид да го пронајде, тој е принуден да побара помош од својот отуѓен татко, пензиониран ...

Англискиот првак Арсенал се согласи на трансфер на својот фудбалер од средниот ред Леандро Тросар во редовите на турски Бешикташ. Белгискиот напаѓач доби дозвола од лондонскиот клуб да отпатува во Истанбул и по задолжителните медицински прегледи да ги финализира последните детали за неговиот трансфер во турскиот клуб. Според неофицијални информации, трансферот ќе изнесува околу 20 милиони евра. Триесетиедногодишниот Тросар се приклучи на ...

Веројатно најпознатата топка во историјата на фудбалот повторно ќе биде ставена на аукција, јавија денеска американските медиуми. Станува збор за топката со која беше одигран натпреварот меѓу Аргентина и Англија во четвртфиналето на Светското првенство во 1986 година, кога Аргентинците победија со 2-1 со двата гола на легендарниот Диего Марадона, првиот познат како „Божјата рака“, а вториот прогласен за гол на векот. „Оваа топка беше сведок ...

Капитенот на француската фудбалска репрезентација, Килијан Мбапе, изјави денеска дека ја презема целосната одговорност за поразот од Шпанија во полуфиналето на Светското првенство. „На крајот на денот, кога победувате, ја преземате целата слава. Поразите, исто така, се дел од играта. Како капитен, морам да ја преземам целата одговорност и немам проблем со тоа. Сакавме да одиме во финалето. Не успеавме“, рече Мбапе. Француската репрезентација ...

Поранешниот бразилски репрезентативец Дани Алвеш изјави дека бил посреќен додека бил во затвор, отколку кога заработувал милиони евра како професионален фудбалер, истакнувајќи оти неговата вера во Бога му помогнала да го пронајде внатрешниот мир, објави шпанскиот весник „Марка“. Алвеш, кој настапуваше за Барселона, Јувентус, Севиља, ПСЖ и бразилската репрезентација, неодамна одржа говор во Мадрид во кој зборуваше за своето искуство во ...

Искусниот десен бек на белгиската фудбалска репрезентација, 34-годишниот Томас Мение, ги напушти редовите на француски Лил и потпиша двегодишен договор со англискиот прволигаш Сандерленд. Мение, кој има 83 настапи за Белгија, претходно настапуваше екипи од белгиската, германската и турската лига. „Премиер лигата е една од најконкурентните и највозбудливите лиги во светот и играњето во неа е предизвик на кој се радувам“, изјави Мение. На ...

Утревечер, на големата сцена во Центарот за култура „Марко Цепенков“, од 20 часот, прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрнски“ премиерно ќе ја изведе претставата „Ловец во ‘ржта“ од Селинџер, во режија на Мартин Кочовски. Претставата е голем проект на прилепскиот театар и на режисерот Кочовски. Темата што е поставена на сцена е бунтот на индивидуалецот против општествто, кој е вечен и нема рок на траење. За режисерот Кочовски, само ...

Во Кавадарци денеска беа одбележани 132 години од формирањето на првиот комитет на Македонската револуционерна организација (ТМОРО), веднаш по Солунскиот. Бројни делегации положија цвеќе пред спомен – плочата во строгиот центар на градот. Историски час одржа Марија Михова, кустос историчар во Музеј галеријата во Кавадарци. Таа потсети дека историјата на македонскиот народ е исполнета со буни и востанија кои имале за цел ослободување на ...

Советниците на денешната седница на Советот на Општина Кисела Вода едногласно дадоа поддршка за иницијативата за меѓуопштинска соработка со Град Скопје, со што се овозможува пробивање на улицата „Димо Хаџи Димов“ како значаен чекор во насока на решавање на долгогодишниот проблем со застојот на возилата во овој дел од општината. Овој проект ја потврдува важноста на заедничкото дејствување меѓу Општината и Градот Скопје, што е клучно кога ...

Пред затворањето на петтото издание на филмскиот фестивал „Преку езерото“ во Дојран, претставници од филмските екипи на бугарскиот филм „Плот“ и српскиот „Кармадона“ разговараа за состојбите и предизвиците со кои се соочува кинематографијата во регионот. Бугарскиот филм „Плот” кој публиката го проследи вчеравечер, инспириран е од вистински искуства и го истражува односот меѓу телото и душата, болеста и прифаќањето, а според продуцентот на ...

Ве охрабрувам да го изгласате овој ребаланс на буџет, бидејќи таму се предвидуваат и плаќањата за нашите земјоделци, порача од говорницата на македонското Собрание, заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Албрим Хоџа, кој денеска одговараше на пратенички прашања поставени од пратеникот Борислав Крмов од Левица. Пратеникот Крмов праша до каде е решавањето на проблемот со откупот на млекото во Пијанечко-малешевскиот ...

Општина Карпош направи нов чекор кон развој на одржлива урбана мобилност, откако градоначалникот Сотир Лукровски потпиша меморандум за соработка со компанијата Avant Car, за реализација на проект, поточно за давање услуга со воведување и имплементација на Систем за дистрибуција на електрични автомобили. Согласно своите надлежности, Општина Карпош ќе ја разгледа можноста за изнаоѓање на паркинг места и локации за поставување на електрични ...

Во следните денови времето ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометоролошки работи. Особено топло се очекува да биде во петок и за време на викендот, кога дневните температури да достигнат до 39 степени. Post Views: 2 јули 15, 2026 Во следните денови времето ќе биде ...

Килограм „вранец“ ќе се откупува за 21,8 денар, а „смедеревка“ за 20 – новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, денеска, ги соопшти откупните цени за грозјето во кавадаречкото село Сопот. – Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја утврдува производната цена на винското грозје за двете најзастапени сорти во согласност со Законот за виното и методологија за пресметка на трошоците за ...

Ученикот Матеј Спасиќ од средното техничко училиште „Наце Буѓони“ од Куманово го освои првото место на националниот Microsoft Office Specialist (MOS) натпревар и ќе ја претставува Македонија на светското првенство што ќе се одржи во Анахејм, Калифорнија. -Очекувам силна конкуренција и можност повторно да се натпреварувам со најдобрите ученици од целиот свет. Најважно ми е да го претставам достоинствено моето училиште и Македонија, а секако ќе ...

Со инвестиција од над шест милиони евра, обезбедени преку Министерството за животна средина и просторно планирање, започна целосното уредување на коритото на Сува Река во Општина Сарај. Проектот опфаќа 12 километри од селото Бојане до Глумово, каде што реката се влева во Треска, и ќе се реализира етапно до 2029 година со цел трајно решавање на проблемот со поплавите и заштита на животната средина. Градоначалникот на Општина Сарај, Мухамет ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.84
33%
1017
weather icon

Белград

26ᴼ / 23ᴼ
2.68
61%
1015
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.84
46%
1014
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.36
37%
1018
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.5
36%
1016
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
0.97
71%
1016
weather icon

Атина

29ᴼ / 25ᴼ
0.89
44%
1014
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.85
55%
1016
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
2.98
47%
1017
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 21ᴼ
3.13
57%
1016
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 28ᴼ
2.24
36%
1015
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
1.57
100%
1015
Currency

61.52

Currency

53.3836

Currency

71.8674

Currency

37.3567

Currency

38.0037

Currency

65.8747

Currency

7.90563

Currency

0.66388

Currency

0.33961

Currency

0.52362

Currency

1.12294

Currency

0.55998

Алуминиум

3.19

Бакар

13.13

Злато

130712.08

Родиум

265243.66

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Сребро

1873.42

Кобалт

56.29

Калај

54.92

Паладиум

40863.60

Иридиум

252383.36

Платина

52920.13