До петок под влијание на серија на влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град, соопшти УХМР. Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север температурата значително ќе опадне. Во Скопје, до петок ќе биде променливо ...

Црногорскиот поет Андрија Радуловиќ е добитник на годинашната награда „Орфеј“, која ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент” од Скопје. Наградата, како што информираат од Фондацијата, му се доделува за поетски опус со осведочени вредности. Андрија Радуловиќ (Подгорица, 1970) е автор на значаен и обемен опус – четиринаесет поетски книги, меѓу кои се издвојуваат „Огнено ребро“, „Снежна азбука“, ...

Во Битола почна музичкиот камп „Етно Македонија“, на кој годинава учествуваат млади музичари од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Холандија, Турција, Белгија, Португалија, Шведска и Шпанија. Младите музичари за време на кампот ќе подготват концертна програма создадена од традиционални песни и мелодии од нивните земји, информираа од Музичкатс младина на Македонија, организатори на кампот. – Учесниците доаѓаат со по една песна или ...

За состојбата која владее изминативе денови во Гостивар, ќе се дискутира на вонредна седница на Советот на Општина Гостивар. Наскоро треба да се состане и кризниот штаб, на кој треба да се носат одлуки за надминување на проблемите со зголемениот број на заболени, рече градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани. На прес-конференцијата тој посочи дека директорката на ЈП „Комуналец“ е суспендирана заедно со уште неколку лица, кои се ...

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека со ребаласност ќе се обезбедат средства за поврзување на хидросистемот „Лисиче“ со езерото „Младост“, како и дека ова лето попчнува и изградбата на подземна катна гаража. – Би сакал да изразам задоволство за сите проекти што се во фаза на реализација и проекти што ќе се реализираат во периодот што следува. Во врска со цевководот што треба да го поврзе хидросистемот „Лисиче“ со езерото „Младост“, се ...

Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, го сумираше Гран При на Белгија, истакнувајќи дека е многу задоволен од резултатот и дека конечно успеал да ја однесе победата по четири последователни неуспешни трки. – Одлично е да се вратам на највисокото место на подиумот по неколку неуспешни трки. Беше напната трка. Го изгубивме водството поради виртуелното безбедносно возило, но на крајот успеавме. Победата не беше лесна – Шарл Леклер беше ...

Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Меси ги искажа впечатоците по поразот (0:1) од Шпанија ноќеска во финалето на Светското првенство 2026. – Тажен сум, но разбирам дека дадовме сè од себе. Шпанија беше подобра, да бидам искрен. Го загубивме натпреварот и го прифаќаме тоа. Тоа не значи дека ќе заборавиме сè што направивме претходно, па затоа би сакал да им се заблагодарам на моите луѓе, моите играчи и мојата земја, ...

Шпанскиот фудбалер Нико Вилијамс ја посвети својата победа на Светското првенство во 2026 година на својот идол, Нејмар. Во финалето на турнирот, одржано ноќеска на стадионот „МетЛајф“ во Ист Радерфорд, САД, Шпанија ја победи Аргентина со 1-0 по продолжение. Феран Торес го постигна единствениот гол во 106-тата минута, по асистенција од Вилијамс. – Многу сум среќен, за мене ова е најдоброто нешто. Го обожавам Нејмар. Се надевам дека нè гледаше ...

Археолошкото одделение од НУ Музеј Куманово ги заврши овогодинашните истражувања на локалитетот Градиште во Младо Нагоричане, при што беа откриени нови значајни наоди кои дополнително го потврдуваат ритуалниот карактер на дел од населбата и нејзиниот висок степен на развој, соопштија денеска од установата. Ископувањата, како што соопшти археологот Дејан Ѓорѓиевски, годинава биле концентрирани на секторот „долна тераса“, каде што пред неколку ...

ТППЕ Струмица и денеска продолжи со гаснење на пожарот на депонијата кај село Добрашинци и предупредуваат дека ваквите пожари создаваат густ чад и опасни гасови кои можат негативно да влијаат врз здравјето, особено врз децата, постарите лица и лицата со хронични заболувања, објавија денеска пожарникарите. Ги повикуваат граѓаните да избегнуваат движење во близина на депонијата и зоните зафатени со чад. – Доколку почувствуваат силен мирис на ...

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) – Штип го објави Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии за академската 2026/2027 година. Првиот уписен рок ќе се реализира на 19, 20 и 21 август, а системот за електронско пријавувње веќе е отворен, каде идните студенти ќе можат електронски да ги поднесат своите пријави за запишување. Во писменото соопштение на УГД се вели дека според конкурсот, годинава на Универзитетот се предвидени 3.341 ...

Почнаа градежните активности за адаптација на просторот на Клиничка болница-Штип, каде што од септември ќе се отвори Ургентниот центар. Заради овие активности сите пациенти и услуги адекватно ќе се третираат со најавување и закажување на телефонот во дежурната амбуланта. -Ве известуваме дека поради реконструкција и изведување на градежни активности во делот од ЈЗУ Клиничка болница -Штип ,каде што е планиран Ургентниот центар во наредните два ...

Најмалку 15 лица се уапсени за време на немирите што избувнаа во центарот на Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на Светското првенство – објавија аргентинските медиуми. – Тројца полицајци се повредени во нападите. Исто така, регистрирани се кражби на телефони и лични предмети. Официјални извори потврдија дека најмалку 15 лица се уапсени во врска со овие инциденти – објави TN. По поразот на Аргентина од Шпанија, илјадници ...

Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Скалони, објави дека има намера да го одработи својот договорот до крајот, а потоа не е сигурен дали ќе остане на функцијата. -Ќе продолжам како селектор на Аргентина до декември. А потоа веројатно ќе заминам, рече Скалони ноќеска на прес-конференцијата по поразот од Шпанија во финалето на Светското првенство во 2026 година (0:1 по продолженијата). Скалони му се заблагодари на ...

Шпанскиот фудбалски репрезентативец, Феран Торес ги сподели своите емоции по победата над Аргентина (1:0 во продолжение) ноќеска во финалето на Светското првенство 2026. -Многу ме критикуваа, но судбината им дава големи работи на оние што ги заслужуваат. Ова не беше моја цел, тоа е целта на 47 милиони шпански навивачи, го цитира новинарот Фабрицио Романо 26-годишниот фудбалер. Торес влезе како замена во 62. минута и го постигна победничкиот ...

Шпанскиот играч од средниот ред Родри е прогласен за најдобар играч на Светското фудбалско првенство 2026 година во изборот на Светската фудбалска федерација (ФИФА). Триесетгодишниот фудбалер не успеа да постигне гол во осум натпревари на турнирот. Во финалето, Шпанија ноќеска ја победи Аргентина со 1:0 по продолженијата. Родри претходно го освои Европското првенство во 2024 година и Лигата на нации 2022/23 со Шпанија. Тој постигна четири ...

Шпанскиот дефанзивец Пау Кубарси ја доби наградата за најдобар млад играч на Светското првенство 2026. Деветнаесетгодишникот ги одигра сите осум натпревари на турнирот без замени и доби само еден жолт картон. Шпанија прими еден гол на Светското првенство 2026, што е рекорд за екипите што го освоија Светското првенство. Шпанскиот голман Унаи Симон е прогласен за најдобар голман на Светското првенство 2026. Голманот бранеше на сите осум ...

Од денеска до 23 јули во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, поради што ќе биде воведен посебен режим на сообраќај во Скопје – соопшти МВР. Посебниот режим на сообраќај ќе се применува во поширокото централно подрачје на Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски ...

Театарската претстава „Која е Лорет“ од Флоранс Кадије, во режија на Драгана Милошевски-Попова, а во изведба на Театарот за деца и младинци од Скопје, синоќа беше дел од драмскиот репертоар на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Претставата, која отвора важни прашања за идентитетот, припадноста и прифаќањето на различностите, пред охридската публика ја донесе приказната за Лорет – девојче со Даунов синдром, кое не е дефинирано преку ...

Културно уметничкото друштво „Илинден“ од Битола освои сребрен медал на светскиот фолклорен натпревар „World Folk Dance competition“ кој синоќа заврши во Истанбул, Турција. Во конкуренција на 41 фолклорна група од светот, битолчани го освоија второто место и сребрениот медал во категоријата автентичен фолклор. На светскиот фолклорен натпревар во Истанбул, ансамблот на КУД „Илинден“-Битола настапи со сценската адаптација „Русински мегдан“ ...

На свечена церемонија во Хрватскиот државен архив, по повод 60-годишнината на Меѓународната смотра на фолклорот во Загреб – најугледната хрватска манифестација посветена на зачувувањето, презентацијата и промоцијата на традициската култура и нематеријалното културно наследство – македонскиот КИЦ во Загреб доби благодарница за креативен придонес и успешна взаемна соработка во продлабочувањето на соработката меѓу Македонија и Хрватска во ...

Културно уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани деновиве го претставува македонскиот фолклор и традиција во Хрватска во рамките на 60-тата јубилејна меѓународна смотра на фолклорот во Загреб. На Етно фестивалот во Бенковац, северна Далмација викендов ја освои и наградата за „Изворност“. Друштвото, како што истакна претседателот, Тошо Чочороски настапило на култни места низ Загреб: на големата отворена сцена на Трг Бана Јелачича, на сцената ...

Штабот за заштита и спасување при Општина Кочани и Локалниот совет за превенција денеска одржаа итна седница со единствена точка на дневен ред – заштита и превенција од пожари – со посебен акцент на состојбата со Градската депонија во Кочани. Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, кој воедно е командант на Кризниот штаб оцени дека состојбата на Градската депонија е алармантна и е ангажиран максимален капацитет на човечки ресурси ...

Селекторот на Франција, Дидие Дешан, ги објави своите планови да остане во фудбалот. Педесет и седумгодишниот тренер ја напушти репрезентацијата по натпреварот за третото место одигран ноќеска (4:6) против Англија на Светското првенство во 2026 година. -Не знам што ме чека, но ќе биде нешто различно – и нешто добро. Ќе го направам тоа со истото срце и истата страст. Нема да се преобразувам како слаткар, политичар или нешто друго. Ќе останам ...

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе и Аргентинецот Лионел Меси се на врвот на листата на најскапи играчи што играле во финале на Светско првенство. Според порталот „Трансфермаркт“ вредноста на Мбапе во времето на финалето на Светското првенство во 2022 година била 160 милиони евра. Тој е најскапиот играч што играл во едно мундијалско финале. Меси е втор. Во времето на неговото учество во финалето на Светското првенство во 2014 година, ...

Поранешниот шпански фудбалски репрезентативец, Андрес Иниеста, и поранешниот аргентински напаѓач, Марио Кемпес, го донесоа трофејот на стадионот „МетЛајф“ пред финалето на Светското првенство 2026. Иниеста го освои Светското првенство со Шпанија во 2010 година, додека Кемпес го освои Светското првенство во 1978 година со Аргентина. На церемонијата им се придружија познатиот шпански тенисер Карлос Алкараз и јужнокорејската актерка и супермодел ...

Фудбалерот и капитен на Аргентина, Лионел Меси, стана вториот играч во историјата што играл во три финалиња на Светските првенства. Меси вечерва го започна финалето на Светското првенство 2026 година против Шпанија. Претходно, Меси играше во финалето на Светското првенство во 2014 година (против Германија, 0:1) и Светското првенство во 2022 година (против Франција, 3:3, пенали, 4:2). Првиот играч што играше во три финалиња на Светските ...

Шпанската репрезентација го освои Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико. Во финалето, Шпанија ноќва ја победи Аргентина со 1:0 по продолженија. Феран Торес го постигна единствениот гол во 106. минута, по асистенција на Нико Вилијамс. Двајцата играчи влегоа како резерва за време на натпреварот. По основните 90 минути резултатот беше нерешен 0:0. Шпанија доминираше во текот на сите 120 минути и сосема заслужено го освои ...

ТППЕ Струмица уште од раните утрински часови е ангажирана на гаснење на пожарот на депонијата кај село Добрашинци. На терен интервенираат две противпожарни возила и шест пожарникари-спасители, кои континуирано работат на локализирање и целосно ликвидирање на пожарот, објавија пожарникарите доцна попладнево. Се додава дека во интервенцијата активно е вклучено и ЈПКД „Комуналец“ – Струмица, чија механизација работи на затрупување на депонијата ...

Ред Бул ја отфрли понудата за купување на својот втор тим од Формула 1, Рејсинг Булс, објави „GP Blog“ повикувајќи се на „The Times“. Понудата за тимот со седиште во Фаенца наводно вредела три милијарди долари и била формирана со учество на фондови со седиште во Абу Даби. Понудата ја подготвиле Дин Атју, поранешен советник на поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун, и финансиерот Ендру Хариот. Претходно се очекуваше Атју да ја предводи ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
1.98
33%
1017
weather icon

Белград

29ᴼ / 25ᴼ
3.13
58%
1014
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
1.13
48%
1014
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.1
36%
1018
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.45
35%
1016
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
0.82
66%
1015
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.79
43%
1014
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.04
61%
1016
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
2.88
51%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
3.13
48%
1017
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 31ᴼ
3.33
36%
1015
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
2.57
76%
1015
Currency

61.5217

Currency

53.3836

Currency

71.8674

Currency

37.3567

Currency

38.0586

Currency

66.1057

Currency

7.89933

Currency

0.67321

Currency

0.33925

Currency

0.52457

Currency

1.12287

Currency

0.55908

Бакар

13.13

Родиум

265243.66

Паладиум

40863.60

Алуминиум

3.19

Платина

52920.13

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Злато

130712.08

Сребро

1873.42

Калај

54.92