Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Англискиот фудбалер Фил Фоден го продолжи договорот со Манчестер Сити до 2030 година, објавија од клубот. Фоден иако се подготвуваше за заминување по релативно слабата сезона, сепак се реши да остане во клубот со кој има освоено 19 пехари, еден во Лигата на шампионите и шест титули Премиер лигата за осумгодишниот престој. Неверојатно чувство, од причини што тука сум од мали нозе и од младинските категории стигнав до првиот тим. Ова е совршен ...
Јужнокорејското Обвинителство побара затворска казна од една година за сопственик на ресторан со две „Мишелин ѕвездички“, обвинет за ставање мравки како додаток во десертите на гостите, објавија тамошните медиуми. Судските документи не го именуваат ресторанот, ниту сопственикот. Обвинителите во понеделникот побарале и казна од 20 милиони вони (околу 12.200 евра) за ресторанот, бидејќи мравките не се меѓу 10-те видови инсекти дозволени во ...
Биографски приказни, продолженија на големи франшизи и оригинални блокбастери ја одбележаа првата половина на 2026 година. Некои филмови ги надминаа очекувањата на публиката, а дел од нив постигнаа светски рекорди. Прв на листата е биографскиот филм „Мајкл“, посветен на животот и кариерата на Мајкл Џексон. Филмот ја надмина границата од една милијарда долари заработка ширум светот. Со Џафар Џексон во главната улога, се најде на листата како ...
Легендата на алпското скијање Американката Линдзи Вон и натаму има здравствени проблеми и води голема борба по падот на олимпискиот спуст во Кортина д’Ампецо. Таа во интервју за магазинот „People“ искрено зборуваше дека одењето сè уште го има со проблеми и во одредени моменти е вознемирувачко. – Мојот скочен зглоб и натаму е скршен и тоа ме вознемирува, изјави 41-годишната Вон. Бројната армија фанови на Вон очекуваа враќање, но таа и по ...
Извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф, истакна дека германскиот тим не очекувал толку смирен и одмерен пристап од Андреа Кими Антонели, што е сосема нетипично за 19-годишниот возач, кој е само во својата втора сезона во Формула 1. Волф е импресиониран од смирениот пристап на Антонели кон борбата за титулата. – Сите сме изненадени. Првата сезона беше како што се очекуваше, имаше светли моменти кога неговиот талент навистина блесна, но и ...
Македонскиот тенисер Калин Ивановски ја продолжи серијата победи откако денеска на мечот од првото коло на ИТФ турнирот М25 Олерсбах го победи Александер Чајка од Русија со 2-1 во сетови (6:7(7), 6:2 и 6:4) за 2 часа и 45 минути игра. Ивановски има 14 победи во 15 одиграни мечеви во 2026 година. Македонскиот тенисер стартуваше одлично во мечот и по еден брејк имаше водство од 3:0 во гемови, но ривалот успеа да направи пресврт и со два брејка ...
Фудбалерот на Тотенхем, Кристијан Ромеро, дефинитивно ќе го смени клубот во летниот преоден рок, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Според Романо, 28-годишниот Аргентинец би можел да се пресели во Интер. Италијанскиот тим веќе работи на договор. Наскоро ќе следат директни преговори со застапниците на фудбалерот. Во меѓувреме, Барселона го разгледува Ромеро само како опција ако нивните централни дефанзивци си заминат. Ромеро е во Тотенхем од ...
Шпанскиот фудбалски гигант е на прагот да добие големо засилување и тоа во името на шпанскиот репрезентативец Родри. Според бројните шпански медиуми Родри и Реал Мадрид се пред постигнување на договор. Најверојатно „кралскиот клуб“ ќе нема проблеми за ангажманот на капитенот на шпанската репрезентација, особено што и тој е подготвен на некои отстапки за да помогне трансферот да се реализира. Воедно се очекува неговиот сегашен клуб Манчестер ...
Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во обраќањето на свеченото отворање на Интернационалниот фестивал „Играње во Подградец“, рече дека фолклорот претставува мост на пријателство, разбирање и соработка меѓу народите. Во своето поздравно обраќање, Стерјовски истакна дека за него претставува особена чест да биде дел од фестивалот, кој, како што рече, ги промовира најдобрите вредности на ...
Кризниот штаб формиран за справување со состојбата во Гостивар по епидемијата ги започна првите активности за обезбедување техничка вода за граѓаните. На состанокот на градоначалниците од Полошкиот регион присуствуваше и претставникот на Централниот кризен штаб, Горан Савовски, кој побара информации за расположливите ресурси и капацитети на општините. – Денешниов состанок беше свикан за да видиме кој со какви ресурси од општините располага, ...
Неготинската градоначалничка Марија Нацева информираше дека денеска била во посета на општина Гостивар, каде што била дадена донација од 22 тона вода за пиење. – Денес како градоначалник на општина Неготино бев во посета на општина Гостивар каде што доделивме донација од 22 тона вода за пиење односно 32 палети се со цел олеснување на секојдневието на гостиварчани кои извесен период се соочуваат со недостиг на чиста вода – соопшти Нацева на ...
Вчерашното невреме во Кочани остави паднати дрвја, повредени стебла и крошни, скршени гранки, кои блокираа дел од сообраќајниците во Кочани. Делови од градот останаа без електрично напојување и вода од градскиот водовод, а по улиците можеа да се забележат делови од лимени покриви, ќерамиди и жици. -Од вкупно 58 евидентирани пријави, најголем дел, односно 40 % се однесуваат на паднати и скршени дрвја. Невремето предизвика незначителни штети и ...
Електричните автомобили по првпат ги надминаа сите други видови погонски склопови во продажбата во Германија. Оваа бројка претставува огромна промена на најголемиот европски пазар на автомобили, што традиционално се поврзува со дизел-автомобилите, способни да минат стотици километри со брзина на автопат без никакви проблеми. Според податоците од Германскиот федерален орган за моторен транспорт (КБА), Германците регистрирале 84.057 нови ...
Американските медиуми ги објавија хонорарите што големите ѕвезди од „Одисеја“ (The Odyssey), наводно, ги добиле за филмот, наведувајќи колку заработиле по сцена. Како што се очекуваше, Мет Дејмон, кој ја има главната улога, добил најмногу пари. Најновото кинематографско дело на британскиот режисер Кристофер Нолан се прикажува во киносалите ширум светот од минатата недела (17 јули), носејќи ја на големото платно легендарната приказна за Одисеј ...
Марк Ентони и неговата сопруга Надија Фереира го добија нивното второ заедничко дете, ќерката Мајла. Пејачот среќната вест ја сподели преку фотографии со своите обожаватели на „Инстаграм“. „Колкав благослов е да можеме со вас да го споделиме доаѓањето на нашата драга Мајла. Не можете ни да замислите колкава среќа владее во нашиот дом“, напишаа Ентони и Фереира. Двојката со објава на „Инстаграм“ во јануари потврди дека го очекуваат своето ...
Белата куќа ќе дозволи британско-американските „инфлуенсери“, обвинети за повеќекратни кривични дела, вклучувајќи силување и трговија со луѓе, браќата Ендру и Тристан Тејт, да бидат екстрадирани во Велика Британија, и покрај притисокот од блиски луѓе до американскиот претседател Доналд Трамп, објави британскиот дневен весник Телеграф, повикувајќи се на неименуван американски извор. Тој тврди дека ниту Трамп нема да ја блокира екстрадицијата ...
Јапонците пронајдоа иновативно решение за спас од екстремните температури. Таканаречениот „човечки фрижидер“ е специјално дизајнирана кабина наменета за брзо разладување на телото. „До хиемон бокс“ е дело на јапонската компанија СДРС, производител на системи за ладење и автомати за продажба. Неговиот изглед е инспириран од разладните автомати за продажба, кои се препознатлив дел на Јапонија. Кабината одржува внатрешна температура од 15 ...
Родната куќа на Адолф Хитлер во австрискиот град Браунау ам Ин денеска, по неколкугодишно реновирање, ќе се отвори како полициски центар. Како што е познато, потегот треба да спречи зградата на границата со германската покраина Баварија да биде собиралиште на неонацисти, како во минатото. Родното место на Хитлер постојано привлекуваше крајно-десничарски елементи. Куќата каде што првично живеел Хитлер (роден 20 април 1889 година), долго време ...
Дилемата меѓу возачите за тоа на колкаво растојание може да биат регистрирани од камерите за брзина и понатаму е присутна во секојдевното возење. Тоа зависи колку возилото ќе навлезе во зоната каде што камерата може соодветно да ја измери брзината. Сето ова зависи и од видот на системот што се користи. Според експертите, фиксните камери не можат да снимаат на стотици метри одалеченост. Нивните системи работат во точно определена зона на ...
Тренерот на Ливерпул, Андони Ираола, објави дека дефанзивецот Конор Бредли нема да може да закрепне од повредата до почетокот на сезоната 2026/27. – На крајот на краиштата, ако го имаме целосно здрав Конор Бредли, ќе бидеме многу среќни, подготвени да продолжиме и нема да си ги поставуваме овие прашања. Мислам дека ситуацијата е тешка бидејќи му веруваме на Конор долгорочно, знаеме дека го сакаме како наш десен бек, но во моментов, би рекол, ...
Тренерот на Ливерпул, Андони Ираола, сака да ги задржи во тимот фудбалерот од средниот ред Алексис Мекалистер и голманот Алисон. – Мислам дека Алексис беше еден од најдобрите играчи на тимот во последните неколку години и имаше многу добро Светско првенство, па затоа е нормално другите клубови да ги сакаат нашите најдобри играчи. Но, јас сакам да ги задржам моите добри играчи. Се радувам на потпишувањето нови играчи, а не на губењето на оние ...
Марк ван Бомел ќе биде нов селектор на репрезентацијата на Белгија. Договорот ќе важи до крајот на Европското првенство во 2028 година, објавија некои белгиски медиуми. Наводно, сите услови од договорот со 49-годишниот Холанѓанец веќе се договорени. Ван Бомел претходно ги тренираше Антверпен, Волфсбург и ПСВ, а беше дел и од тренерските штабови на репрезентациите на Холандија до 17 години, Саудиска Арабија и Австралија. Претходен селектор на ...
Го преживеа катастрофалниот земјотрес, но не и вчерашната бура. И часовникот на Старата железничка станица е оштетен од невремето. Под силниот налет на ветерот, стрелката која ги покажува минутите е извиткана нанадвор. Еден од најпрепознатливите симболи на метрополата го покажува точното време кога, на 26 јули 1963 година, Скопје беше погодено од најголемата катастрофа во поновата историја. Иако половина од Железничката станица се урнала во ...
Невреме проследено со силен и обилен дожд во Битола го одложи концертот на ансамблот „10-те бузуки на Домна“ од Грција коj требаше да настапи на „Локум фест“ во рамки на фестивалот „БитФест“. Од прес-центарот на Битолското културно лето информираа дека концертот е презакажан за 6 август и ќе се одржи во Хераклеја. „10-те Бузуки на Домна“ е познат грчки музички ансамбл специјализиран за изведба на традиционална и современа музика со доминантна ...
Министерството за локална самоуправа (МЛС) во рамки на координираниот институционален одговор на кризата со водоснабдувањето, итно обезбеди донација од 50.000 литри вода за пиење за жителите на Општина Гостивар. -Во моменти кога граѓаните се соочуваат со сериозни предизвици реагираме брзо, одговорно и солидарно. Со оваа донација даваме конкретен придонес во надминувањето на состојбата и испраќаме јасна порака: институциите се рамо до рамо со ...
Во водата за пиење од градскиот водовод во Валандово е утврдено зголемено ниво на арсен, соопшти денес ЈП „Комунален сервис“ од Валандово. Според информацијата објавена на социјалните медиуми од страна на јавното претпријатие, присуството на арсен во водата за пиење е утврдено во добиените резултати од извршените анализи од Институтот за јавно здравје – Скопје. – Поради наведеното, се препорачува водата од градскиот водовод во Валандово да не ...
Од синоќа, во текот на целата ноќ, како и денес, екипите на Општина Чаир продолжуваат со работа на терен за санирање на последиците од невремето и што побрзо нормализирање на состојбата во погодените подрачја. Како што информираат од локалната самоуправа, сезонските работници, две екипи за сечење и кастрење дрвја, компанијата ангажирана од Општината, како и четири камиони, континуирано се ангажирани на расчистување на секундарните улици и ...
Скопските општини ќе формираат комисии пред кои граѓаните ќе можат да ги пријават штетите предизвикани од невремето. Во координација со Град Скопје, ќе се врши стручна процена на пријавените штети, по што, согласно законската регулатива и расположливите можности, ќе започне постапка за поддршка на граѓаните при санацијата на оштетувањата на објектите за домување, најави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски по Координативниот состанок со ...
Клиничка болница-Штип денеска ги извести сите болници и здравствени домови во Источниот регион пациентите кои се со скршеници во наредните денови да не ги препраќаат или да ги транспортираат на штипското Одделение за ортопедија. Причината е штетат од синоќешното невреме, по кое од силниот ветар кој се движел со брзина од 134 километри на час падна дел од кровната конструкција на Клиничка болница-Штип. -Ве известуваме дека поради вчерашната ...
Во Општина Кисела Вода денеска беше одржана конститутивната седница на новоформираниот Совет на стопанственици, на која пред претставниците на локалната деловна заедница беа презентирани најновите владини мерки за поддршка на стопанството и вработувањето. На седницата, како што се наведува во соопштението од Општина Кисела Вода, присуствуваа заменик-министерот за економија Марјан Ристески и заменик-директорката на Агенцијата за вработување ...