Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Општина Ново Село денеска објави програма за продажба на парцели за викенд куќи близу Смоларскиот водопад, на влезот во селото Смолари од Мокрино, информираа од локалната самоуправа. -Граѓаните имаат можност да добијат свое сопствено катче близу Смоларските водопади и Мокринските извори, а поднесувањето апликации трае до 17 август 2026 година до 15:30 часот, се наведува во објавата. Во понуда се триесетина парцели со по 500 метри квадратни, а ...
Општина Охрид продолжува со реализација на инфраструктурни проекти за подобрување на комуналните услови во градот, при што во тек е доизградба на атмосферски канал на улицата „АСНОМ“ во станбениот комплекс „Бејбунар“, а завршено е партерното уредување на дел од улицата „Шар Планина“. Како што соопшти на својот фејсбук-профил градоначалникот Кирил Пецаков, проектот на улицата „АСНОМ“ опфаќа изградба на 400 метри цевковод „ПЕФ 630“, со вредност ...
Откако во јавноста изби новата финансиска афера во ПОЦ, дека милионски долгови на физички лица и компании, биле отпишани без јавноста да дознае кој точно и зошто бил ослободен од обврската да им плати на паркинзи на Општина Центар, денес, време е проблемот да стигне таму каде што припаѓа, во Јавното обвинителство. Бараме Јавното обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, итно да отворат предмет по допрен глас и да ги ...
„Дали сте за куќа што исчезнува под земја по закана од пожар или торнадо? Токму таа е куќа на иднината“, тврди американската компанија Хајбертек хоумс. Развивме технологија која прави куќата да се спушти под земја веднаш по климатска закана. Свесни сме дека сето ова звучи како филмска сцена, но е вистина, велат од компанијата. На прв поглед, куќата изгледа нормално, но изградена е со посебен механизам кој овозможува целата куќа да се спушти ...
Јапонски автопроизводител „Субару“ пријави безбедносен проблем на повеќе од 541.000 свои теренски возила во САД поради погрешно печатени фабрички налепници. Иако станува збор за безбедносно барање за повлекување, проблемот не е механички по природа, а решението е толку едноставно што повеќето сопственици ќе можат сами да го применат. Проблемот лежи во сертификациската налепница, што според федералните прописи мора да биде на возилото, а во ...
Британскиот автопроизводител „Ленд ровер“ ја претстави електричната верзија на „Рејнџ ровер спорт“ на Фестивалот на брзината во Гудвуд. Новиот модел ќе им се придружи на постојните шестцилиндрични, „В-8“ и „плаг-ин“ хибридни погони. Производителот со ова, навестува дека го задржува истиот опсег на погонски склопови како и претходно, но ветува дека електричниот СУВ-теренец ќе биде „подинамичен и побрз од кога било“, без да се компромитираат ...
Македонскиот игран филм „17“, долгометражно деби на режисерката Косара Митиќ, ја освои наградата „GWFF“ за најдобар меѓународен дебитантски филм на 43. издание на Филмскиот фестивал во Ерусалим. Како што стои во соопштението на продукцијата, наградата била врачена на свечената церемонија одржана синоќа во Ерусалимската кинотека, а за победникот одлучувало меѓународно жири составено од актерката Корина Харфух, продуцентот Марк-Беноа Креансие и ...
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави денеска дека го истражува инцидентот во кој аргентинските фудбалери развиорија транспарент на теренот по полуфиналето на Светското првенство во 2026 година, на кој беше напишано „Фолкландските острови се Аргентински“. По триумфот од 2-1 над Англија, аргентинските фудбалери позираа со транспарентот со порала „Las Malvinas son Argentinas“ (Фолкландските Острови се Аргентински), што предизвика ...
Во првите шест месеци од годинава, историски рекордна фреквенција е регистрирана на граничниот премин „Блато“ на македонско – албанската граница кај Дебар. – На овој премин, во периодот јануари – јуни вкупниот проток на патници изнесува 778.702 наспроти 574.737 во истиот период минатата година. Доколку се направи споредба со 2024 бројот е речиси двапати поголем, кога минале 370.827 патници, изјави за МИА, Стефан Димоски, портпарол на Секторот ...
Деменцијата е седма водечка причина за смрт во светот и една од главните причини за инвалидитет кај постарите лица. Болеста влијае врз меморијата, размислувањето и способноста на луѓето да водат самостоен и нормален живот. СЗО препорачува да се сменат животните навики, со што, иако не постои лек за болеста, ризикот за нејзино појавување може да се намали до 45 отсто „Повеќе од 57 милиони луѓе ширум светот живеат со деменција, а секоја година ...
Шведската модна компанија „Ејч енд ем“ (H&M) објави во својот полугодишен извештај дека ќе затвори 170 продавници ширум целиот свет оваа година за да го приспособи своето работење на моментните пазарни услови. „Ејч енд ем“ во извештајот наведе дека во годината до 31 мај веќе го намалила бројот на своите продавници за 128 малопродажни објекти, од 4.166 на 4.038 продавници. Тоа претставува намалување од три отсто, а брендот истовремено ...
Претседателот на Аргентина, Хавиер Милеи изјави дека нема да присуствува на финалето на Светското првенство поради суеверие, продолжувајќи ја традицијата која трае повеќе децении. Ова суеверие датира од Светското првенство во 1990 година, кога тогашниот претседател Карлос Менем ја посети фудбалската репрезентација на Аргентина кратко пред да претрпи шокантен пораз од Камерун (0-1) на отворањето на мундијалскиот турнир во Италија. Менем ...
До понеделник времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Особено топло ќе биде во деновите од викендов кога дневната температура локално ќе достигне 40 степени – соопшти УХМР. Во вторник се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. В среда ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе опаднат за неколку степени. Post Views: 2 јули 18, 2026 До понеделник времето ќе биде сончево и многу ...
Од 21 до 23 август ќе се одржи 38. издание на фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“, кое ќе обедини дваесетина поети, музичари и уметници од Ирска, Хрватска, Србија, Црна Гора, Бугарија и Македонија. Програмата ќе започне на 21 август во 21 часот во Велестово со поетскиот портрет на Јовица Ивановски, едно од водечките имиња во македонската современа поезија, по што ќе следува „Имаго“ ‒ интернационално поетско читање, на кое ќе настапат ...
Општина Кочани ја распиша 41. објава за отуѓување градежно земјиште во државна сопственост, со која се ставени на продажба шест градежни парцели, од кои пет се со намена индивидуално домување и една за хотелски комплекс. Две од парцелите за индивидуално домување се наоѓаат на улицата „Пиринска“, и по една на улиците „Боро Ефремов“, „Кирил и Методиј“ и „Боро Ловџија“. Површините на парцелите се движат од 173 м2 до 438 м2. Парцелата за хотелски ...
Дресот што бразилската фудбалска легенда Пеле го носеше во финалето на Светското првенство во 1958 година е продаден за 4,88 милиони долари на аукција во „Сотби“. Бразил во финалето го совлада домаќинот Шведска со 5-2, а тогаш 17-годишниот Пеле постигна два гола и ја освои првата од трите светски титули во својата кариера. Пеле по финалниот натпревар одигран на 29 јуни 1958 во Стокхолм му го подари дресот на соиграчот Диди, кој подоцна го ...
Гумите за сите сезони (All-weatheр) стануваат сè поголем тренд на возачите. Со нивно користење се намалува потребата за нивна замена двапати во годината. Заштедуваат време и пари за сезонска монтажа, со редовно одржување. Според производителите на гуми, редовната ротација на тркалата меѓу предната и задната оска игра значајна улога во нивната издржливост и трајност. Со тек на времето се оптоваруваат оските на возилото. Кај автомобилите со ...
Јапонскиот парламент денеска ги усвои измените на Законот за царската куќа, што на одредени поранешни гранки на царското семејство им овозможува повторно да се стекнат со царскиот статус, а правилото само мажи да го наследуваат престолот остана непроменето. Првата значајна промена на законот во 1947 година предвидуваше дека мажите над 15 години од поранешни царски семејства, кои потекнуваат од машки императори, може да бидат усвоени во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија, најави синоќа портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит. „Се радуваме на финалниот натпревар в недела и знам дека претседателот се радува на доаѓањето. Неговото присуство ќе го заокружи она што беше најгледаното, најбезбедното и најуспешното Светско првенство“, рече Ливит. Портпаролката на Белата куќа рече дека не знае дали ...
Ансамблот „Студио Фолклор“ од Скопје ја донесе победата за Македонија, освојувајќи го првото место на престижниот „International Folk Festival Tirana“, каде што настапија фолклорни ансамбли од девет држави од Европа, Азија и Африка. Со извонредни настапи, богата кореографија и автентична изведба на македонските народни песни и ора, членовите на ансамблот достојно ја претставија Македонија, оставајќи силен впечаток кај публиката и стручното ...
Од почетокот на јули Националната установа Музеј на тетовски крај почна со истражувања на нов локалитет во близина на Стенче. Под Брегови Долна Цеста село Стенче е именувано местото од мештаните каде на една нива во септември 2025 година се најдени керамички остатоци при копање за градежни работи. Се наоѓа на околу километар и половина од центарот на селото во правец кон запад, односно во близина на крстосницата што води кон Волковија и ...
Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија отворена беше изложбата „Архитектура на невидливото“ на македонскиот академски ликовен уметник Страхил Петровски, настан што претставува значаен придонес во афирмацијата на современата македонска визуелна уметност надвор од границите на државата и уште една потврда за динамичната програмска активност на Македонскиот културно-информативен центар во Софија. Изложбата нуди внимателно ...
Општина Кисела Вода доби нов, современ спортски комплекс во населбата 11 Октомври Бараки, кој претставува прв спортски проект од ваков вид на нејзината територија. Лоциран во непосредна близина на Паркот на шахот, овој простор е функционално дизајниран за да ги унапреди условите за рекреација и за развој на спортот на отворено. Централно место во комплексот зазема модерниот Калистеник парк, кој се простира на површина од 380 квадратни метри. ...
Финалето на Светското фудбалско првенство во кое в недела во Њу Џерси ќе играат Аргентина и Шпанија ќе биде само втор официјален натпревар меѓу двете репрезентации во историјата. Единствениот натпревар досега беше одигран во Бирмингем во групната фаза на Светското првенство во 1966 година, кога Аргентина победи со 2-1. Аргентинците и Шпанците одиграа 13 пријателски натпревари, на кои Аргентина победи шест пати, Шпанија пет пати, а два ...
Тренерот на Силекс, Александар Васоски не го криеше разочарувањето по елиминацијата во воведното коло во Конференциската лига, откако освојувачот на македонскиот Куп загуби синоќа на пенали во Скопје од Динамо Минск. Силекс го пречека лидерот о белоруското првенство со гол предност од првиот натпревар, а откако реваншот во регуларниот дел и продолженијата заврши со идентично водство на Динамо Минск, белорускиот тим победи во пенал серијата со ...
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави денеска дека Словенецот Славко Винчиќ ќе биде главен судија на финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина. Неделното финале ќе биде четврти натпревар на овогодишното Светско првенство за словенечкиот арбитер кој ги судеше дуелите од групната фаза меѓу Бразил и Мароко (1-1) и Јордан – Алжир (1-2), а беше главен судија и во шеснаесетфиналето меѓу Мексико и Еквадор (2-0). ...
Рибниот фонд во Мавровско Езеро во пресрет на Светското првенство во спортски риболов на крап, е збогатен со нова количина риби. Од јавната установа Национален парк Маврово, информираат дека вчера во соработка со EDS Energy Delivery Solutions, е реализирано порибување на најголемата водна површина во паркот со 460 килограми крап. – Оваа активност претставува значаен придонес кон зачувувањето и унапредувањето на рибниот фонд, како и кон ...
Гром предизвика пожар во атарот на селото Макреш, во општина Старо Нагоричане, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) и Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Старо Нагоричане. Во пожарот изгореле стрниште, сува трева и нискостеблеста шума на површина од околу 15 хектари. Според информациите од ТППЕ Старо Нагоричане, на терен интервенирале две противпожарни возила и шест пожарникари, со помош на двајца ...
Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека барањето на ФК Вардар за одложување на натпреварот од 1. коло на Прва МФЛ за сезоната 2026/2027 не е прифатено. Календарот за натпреварување во Прва и Втора МФЛ и Купот на Македонија за сезоната 2026/27 е веќе усвоен од органите на ФФМ и поради специфичниот распоред на натпреварите, не постои можност за негово дополнително менување. Во новата сезона Прва МФЛ ќе се игра по систем ...
До 18 часот денеска во државата се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор, од кои еден е активен, еден е ставен под контрола, а три се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен е пожарот во општина Старо Нагоричане, во атарот на селото Канарево, каде гори ниска вегетација. Под контрола е пожарот во општина Ново Село, кај селото Бајково, кој зафатил ниска вегетација и мешана шума. Според ЦУК, изгаснати се три ...