Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Од невремето што го зафати Скопје откорнат е кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, а имам информација и за голем број паднати дрва во општина Гази Баба, информира градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски во објава на Фејсбук. Стефковски вели дека е активиран кризниот штаб на Општината и формирани се тимови за делување. – Веднаш штом се создадат услови ќе се излезе на терен и ќе се делува – најави Стефковски. Post Views: 2 јули 22, 2026 ...
Во невремето проследено со пороен дожд и силен ветер што го зафати Скопје попладне во 17 часот е предизвикана материјална штета, на улиците има паднати покриви и дрвја врз автомобили, како и паднати семафори.Дел од улиците се блокирани за сообраќај. Невреме во тој период го зафати и Куманово, каде исто така има паднати дрвја и бандери, а откорнати се и покривни конструкции на неколку локации. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави ...
Сите расположливи екипи на општина Карпош се излезени на терен, постојано добиваме дојави од граѓаните за паднати дрва, кровови од згради,…Засега нема информации за повредени лица, информира во видео обраќање градоначалникот на Карпош Сотир Лукровски. Тој соопшти дека се направени неколку тимови на критичните места и оти ќе се дејствува секаде. – Има јавувања од граѓани кои сакааат да помогнат. Засега апелирам граѓаните да излезат на улиците ...
Поради невремето проследено со силен ветер, кое попладнево го зафати Скопје до овој момент преку Единствениот број за итни повици 112 се евидентирани повеќе од 1.000 повици од граѓани, информира во објава на директортот на Центарот за управување со кризи Мухамед Али. Во Скопје е пријавена падната кровна конструкција од зграда на ул. „Женевска“ бр. 10, при што се оштетени повеќе патнички возила. Регистрирани се и паднато дрво врз моторно ...
Општина Центар информира дека сите расположливи служби се максимално мобилизирани и интензивно работат на расчистување и санирање на последиците од силното невреме што го зафати градот. – Веднаш е свикан кризниот штаб, по што уследија теренските активности. Приоритет се јавните површини, општинските сервисни улици и отстранувањето на откорнатите дрва и оштетените покривни конструкции. Во моментов, активностите се најинтензивни во Капиштец , ...
Експертски тимови од Јавното претпријатие „Водовод“ од Скопје попладнево се во Гостивар, со цел да утврдат, но и да преземат мерки за враќање на нормалното водоснабдување на градот Гостивар, откако се случи епидемијата со труење од водата за пиење, информираше на денешната прес-конференција Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, а на која присуствуваа и министерот за здравство, Сашо Клековски, директорот на СОЗР Ивица Томовски и ...
Поради силното невреме што пред малку го зафати Скопје, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со сите надлежни служби и јавни претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза и навремена интервенција, информира грдоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој во Фејсбук објава нагласи дека се во постојана координација со ЦУК, МВР, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и со сите надлежни институции. -Сите расположливи капацитети се ...
Остри критики на адреса на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) изнесе претседателот на шпанската фудбалска лига (Ла Лига), Хавиер Тебас, обвинувајќи ги нејзините челници дека донесуваат одлуки во лични интереси, а не во интерес на фудбалот. По враќањето од Њујорк, каде што го следеше финалето на Светското првенство во кое Шпанија ја освои титулата, Тебас во интервју за италијанскиот весник „Ла Газета дело Спорт“ истакна дека многу од ...
Нови судски документи објавени во Соединетите Американски Држави откриваат дополнителни детали за обвиненијата за силување, трговија со луѓе и други тешки кривични дела против браќата Ендру и Тристан Тејт, кои се наоѓаат во притвор во американската сојузна држава Флорида и се спротивставуваат на барањето на Велика Британија за нивна екстрадиција. Според федералните судски списи, во кои се содржани искази на жени доставени до британските ...
Еден од најтрофејните и највлијателни европски кошаркарски стратези Светислав Пешиќ ќе биде главен предавач на дводневен стручен семинар што на крајот од август во Скопје ќе ги собере сите македонски кошаркарски тренери. Како што соопшти денеска Македонската кошаркарска федерација (КФСМ), годинашната задолжителна тренерска клиника ќе се одржи на 24 и 25 август со учество на прославениот 76- годишен српски тренер чија кариера повеќе од четири ...
Иако ги обедини титулите европски и светски првак, селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте (65), не е ниту меѓу десетте најплатени селектори на Светското првенство 2026. Британскиот весник „Мирор“, објави дека Де ла Фунте се наоѓа на 15. место според заработката во конкуренција на 48. селектори кои ги предводеа своите репрезентации на Светското првенство 2026. Годишната плата на шпанскиот селектор изнесува два милиони евра. На врвот е ...
Со метална конструкција на галериите со витражи и стакла почна превентивно да се заштитува Македониумот во Крушево во кој со години протекува. Работите се изведуваат под стручен надзор на прилепскиот Завод и музеј и треба да завршат до крајот на месецов. Оваа мерка е поради протекување во Споменикот од прва категорија кој во ноември 2025 година е прогласен за културно добро во опасност. – Со цел да се заштитат галериите со витражи кои имаат ...
Со илјадници години, еповите „Илијада“ и „Одисеја“ се гледаат низ двојна призма: од една страна како основа на западната литература, а од друга – како сплет од имагинација, народна традиција и поетска слобода. Додека Хајнрих Шлиман успеа да ја убеди научната заедница во XIX век дека Троја навистина постоела, владетелот на островот Итака – лукавиот Одисеј остана во сферата на митот… Се чини – до неодамна. Имено, по долгогодишни ископувања во ...
Дваесет и деветгодишната Кристијан Фејт Медисон, мајка на малолетен син, изврши самоубиство по постојана комуникација со „Чет-ГПТ“, поврзана со религијата. Таа во јуни, минатата година си го одзема животот фрлајќи се пред автомобил во утринските часови. Тужбата против компанијата „Опен-АИ“ е поднесена минатата година во јуни, од страна на нејзините родители. Во неа се наведува дека ВИ ги поддржувала нејзините религиозни заблуди, со што ја ...
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Маслинко и во следната сезона ќе го носи дресот на МЗТ Скопје, откако ја продолжи соработката со македонскиот шампион за уште една година. За 29-годишниот крилен центар ова ќе биде седма сезона во тимот од Аеродром, каде што првпат пристигна во 2017 година. Во сино-белиот дрес досега освои три шампионски титули (2019, 2025 и 2026), како и три трофеи во Купот на Македонија (2018, 2025 и 2026), ...
Многу корисници на мобилни телефони избираат едноставен пин за својот уред. Најновите анализи на случаи со масовно протекување на податоци покажуваат дека лесната комбинација на бројки значително им ја олеснува работата на кибер-криминалците при обидите за хакерски напад. – Промената на пин-кодот е едноставен, но исклучително важен чекор за подобра заштита на личните податоци и банкарските сметки, предупредуваат експертите. Анализите на ...
Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, синоќа одржа говор за време на прославата на репрезентацијата по освојувањето на Светското првенство во 2026 година. – Беше емотивно и гордо искуство да се претставува прекрасна земја со толку страсни и лојални навивачи. Преплавени сме од радост, рече селекторот пред почетокот на парадата во Мадрид. Шпанскиот тим беше пречекан во главниот град од приближно два милиона навивачи. Автобусот што ги носеше ...
Зинедин Зидан стана нов селектор на француската репрезентација, објави инсајдер Фабрицио Романо. Според Романо, 54-годишниот фудбалски стручњак веќе потпишал долгорочен договор. Усен договор бил постигнат уште во ноември и никогаш не бил доведен во прашање, и покрај интересот за него од неколку клубови. Дидие Дешан беше на чело на француската репрезентација од 2012 година. Тој ја напушти функцијата по натпреварот за третото место против ...
До петок, под влијание на серија влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно со повремени поројни дождови и грмежи. На повеќе места се очекува нестабилност, а локално процесите ќе прераснат во краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата, до петок ќе има пообилни врнежи од дожд, а поради продор на постудена воздушна маса од ...
Пожарникарите од ТППЕ-Свети Николе синоќа по силниот ветар гаснеле пожари во кругот на поранешната фабрика „Овчеполка“ во општина Свети Николе и во село Сарамзалино во општина Лозово. Горела трева, но поради силниот ветар во опасност биле и куќите во непосредна близина. -Во 18.21 часот по силниот ветер, интервенирано е со четири противпожарни возила на запалена трева, ниска вегетација, кровна конструкција од магацин и неколку мали помошни ...
Најпознатиот мачор во Велика Британија, Лери, вчера го пречека својот седми „цимер“ на „Даунинг стрит“ 10 откога почна да талка по ходниците на домот на британскиот премиер пред повеќе од 15 години. „Политичарите доаѓаат и си одат, мачето останува“, се вели во објавата на профилот на Лери – @Number10cat на „Икс“, додека го чекаше доаѓањето на новиот британски премиер Енди Бурнам, кој го наследи Кир Стармер. Мачорот веќе ги даде своите ...
Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња кариерата ќе ја продолжи во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА. Според инсајдерот на „Соло“, Чема де Лукас, Хезоња го известил Реал Мадрид дека ќе игра во странство следната година. Договорот на Хезоња со шпанскиот клуб е до 2029 година, но вклучува клаузула за трансфер доколку добија поволна понуда од странство. Оваа клаузула истекува на 20 јули, па денес играчот го известил клубот дека има намера да ...
Проектот за филтер-станицата во рамки на изворот Вруток, кој се однесува на гостиварскиот водовод, е завршен во 2014 година и е предаден на стопанисување на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Гостивар, изјави денеска министерот на прес-конференција посветена на состојбата со водоснабдувањето во Гостивар. Одговарајќи на новинарско прашање за проектот реализиран со поддршка на Швајцарската амбасада и за активностите преземени од ...
Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, го сподели своето мислење за изгледите на тимот за претстојната Голема награда на Унгарија. Хамилтон верува дека патеката „Хунгароринг“ треба добро да му одговара неговиот болид, дозволувајќи му на Ферари да се натпреварува за првите места. – Ферари треба да изгледа силно на унгарската патека. Ако можеме да го најдеме совршениот баланс во болидот и да избегнеме какви било грешки, тогаш мислам дека можеме да ...
Репрезентативците на Аргентина, Лионел Меси и Родриго де Пол, ќе земат пауза пред да се вратат во Интер Мајами по учеството на Светското првенство во 2026 година, објави „ESPN“. Триесет и деветгодишниот Меси ги започна сите осум натпревари на Аргентина на Светското првенство. додека 32-годишниот Де Пол играше на седум натпревари. Меѓународната федерација на професионални фудбалски здруженија (FIFPRO) претходно побара период на одмор од 21 ден ...
Силното невреме проследено со поројни дождови, грмежи, силен ветер и град предизвика повеќе пожари, материјална штета и прекини во снабдувањето со електрична енергија во Куманово, Старо Нагоричане и Липково. Кумановските пожарникари вчера интервенирале во селата Челопек и Руѓинце, каде гаснеле опожарена куќа и пожар на житни површини. Дополнително, тие отстраниле паднато дрво врз возило на булеварот Октомвриска револуција, а интервенирале и ...
Галеријата „Аполон“ во парискиот музеј Лувр, од каде што беше украден накит вреден 88 милиони евра, од утре повторно ќе биде отворена за посетители. „Галеријата ќе биде отворена во среда“, изјавил добро информиран извор, потврдувајќи ги информациите објавени во весникот „Ле Паризиен“, додавајќи дека на отворањето ќе присуствува министерката за култура, Катрин Пегар. Директорот на Музејот, Кристоф Лерибо, во интервју за „Ле Паризиен“ изјавил ...
Сопственикот на Филаделфија 76ерс, Џош Харис, имал краток и пријателски разговор со слободниот агент Леброн Џејмс за време на ВИП настан на „Fanatics Fest“ во Њујорк, објави „NBC Sports“. Харис, заедно со играчите на Сиксерс, Тајрис Макси, Џоел Ембид и Џејлен Браун, наводно му дале до знаење на Џејмс дека би биле среќни да го имаат во тимот. Филаделфија, заедно со Мајами и Кливленд, е меѓу клубовите кои се сметаат за главни кандидати за ...
Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси им кажал на своите соиграчи дека финалето на Светското првенство во 2026 година против Шпанија (0:1 по продолженија) е неговиот последен натпревар за репрезентацијата, објави новинарот Хернан Кастиљо. Меси играше на своето шесто Светско првенство. Триесет и деветгодишниот Аргентинец постигна осум гола и имаше четири асистенции на осум натпревари на Мундијалот во САД, Канада и Мексико. Претходно беше објавено ...
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Родри, сака да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, објави новинарот Рамон Алварез. Според Алварез, 30-годишниот Шпанец ги отфрла понудите за продолжување на договорот со Манчестер сити, надевајќи се дека ќе се приклучи на Реал Мадрид. Родри претходно ја освои Златната топка на Светското првенство во 2026 година, наградата што му се доделува на најдобриот играч на турнирот. Шпанија ја победи ...