Речиси цела држава попладнето беше зафатена од невреме со пороен дожд и грмежи. Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека вечерва Битола, Преспа и Ресен се зафатени од пороен дожд и грмежи. Слаб до умерен дожд имаше во Скопје, Охрид, Ресен, Македонски Брод и во северозападните делови на Македонија, а невреме со пороен дожд и грмежи имаше во Прилеп, Гевгелија, Крушево и Македонски Брод. Post Views: 0 јули 17, 2026 Речиси цела држава ...

КК Пелистер одржа редовно годишно собрание на кое беа избрани новите структури на клубот, а на тренерската позиција е назначен Тане Спасев. Тој се обврза на договор со Пелистер за една сезона и веќе започна со работа за формирање на ростерот за сезоната 2026/27. Тренерот Спасев е роден е во Штип, а работеше со успех во украински Кривбас, како асистент во Турк Телеком од Анкара и во Полска како предводник на тимовите Асеко Проком (Гдиња) и ...

Англискиот селектор Томас Тухел има целосна поддршка од Фудбалската федерација на Англија (ФА) и се очекува да ја предводи репрезентацијата на Европското првенство во 2028 година, и покрај елиминацијата во полуфиналето на Светското првенство, јавија денеска британските медиуми. Англија во средата вечер беше поразена од Аргентина со 1:2, што ја остави без пласман во финалето на Светското првенство, а Тухел се најде под остри критики во ...

Со 21 стендап-претстава на седум атрактивни сцени во Охрид и Струга, од 21 јули до 13 август ќе се одржи осмото издание на фестивалот „Summer Comedy Marathon 2026“. Фестивалот ќе биде отворен на 21 јули во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид со настапот на австралискиот стендап-комичар Амос Гил, кој живее и работи во САД, а ќе настапи со шоуто „The Pale, Stale, Straight White Male“ на англиски јазик. По програмата до 30 јули ќе ...

По години притисок врз корисниците да го заменат својот работен хардвер и да купат нови компјутери компатибилни со оперативниот систем „Виндоус 11“, „Мајкрософт“ е принуден да се повлече под притисокот на пазарот. Имено, првичниот план за прекин на поддршката за „Виндоус 10“ во октомври 2026 година е официјално откажан, а новиот рок е поместен на 12 октомври 2027 година. Занимливо е што американскиот технолошки гигант го испрати официјалното ...

Националниот џез оркестар на 18 јули, в сабота, ќе настапи на AirBeat Festival #LULUfest во Корча, Албанија, каде ќе биде дел од главната фестивалска програма што ќе се одржи во Старата чаршија. AirBeat фестивал обединува уметници од различни земји и култури, создавајќи простор за музичка размена, нови соработки и заеднички креативни проекти. На главната фестивалска вечер, под диригентската палка на Џијан Емин, Националниот џез оркестар ќе се ...

Територијалната противпожарна единица од Велес утрово во 6:20 часот добила пријава за запалено дрво на улицата Димко Најдов, кај летниковецот во велешката месност Долни Дуќани. На местото веднаш пристигнале двајца пожарникари со едно противпожарно возило, при што затекнале падната гранка од дрво која горела врз електричниот вод на железничката пруга Скопје – Гевгелија. Од ТППЕ Велес информираат дека пожарникарите веднаш интервенирале и го ...

Не е сè до „пеперутките“ во стомакот. Група хормони и невротрансмитери управуваат со нашите емоции, однесувањето, како и начинот на кој ги градиме меѓучовечките односи. Научниците посочуваат дека различни хемиски супстанции управуваат со речиси секоја фаза на љубовта, од првичната привлечност и возбудата, до долготрајната приврзаност и чувството на сигурност, покажуваат научните истражувања. Станува збор за група процеси кои се активираат ...

Ерлинг Халанд, напаѓачот на Манчестер Сити во вторникот вечерта беше забележан на модната ревија на Долче и Габана заедно со својата девојка Изабел Хаугсенг Јохансен, во Таормина, на италијанскиот остров Сицилија. Халанд не се повлече од очите на јавноста ни по елиминирањето на Норвешка во четвртфиналето на Светското првенство. Тој, заедно со неговата девојка Изабел Хаугсенг Јохансен, облечени во елегантно бели комбинации на Долче и Габана, ...

Жител на околијата на Кападокија во Турција, под земјиштето на сопствениот дом нашол пат до познатото засолниште Деринкују, коешто во случај на војна, напад, или каква било криза, би можело да собере 20.000 луѓе. Всушност, на селанецот му паднало чудно тоа што неговите кокошки постојано исчезнувале низ тесен отвор во подрумот на неговата куќа. Следствено, додека ја реновирал куќата, ја проширил пукнатината за да провери каде таа води и така ...

Слоновите можат да комуницираат со други слонови на растојанија до пет километри со звуци што патуваат низ воздухот. Сепак, тие имаат и друг начин за испраќање звучни пораки – сеизмички бранови што патуваат низ земјата. Овие вибрации се пренесуваат од стапалата на слонот, преку нозете – сè до коските на черепот и внатрешното уво. Така, овие животни можат да си го почувствуваат присуството и на растојанија од 10 километри и повеќе. Оваа појава ...

Со жрепка попладнево во Минхен е одреден составот на групите во ФИБА Еврокупот во кој во новата сезона ќе настапи и македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром. Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ќе играат во групата Е заедно со грчки Ираклис, естонски Тарту, германски Вурцбург, кипарски АЕЛ Ларнака и полска Џики Варшава. Групната фаза започнува на 29 и 30 септември, а МЗТ Скопје ќе одигра најмалку 10 европски натпревари, по пет на домашен терен ...

Британската компанија за спортска анализа Опта ја издвои Шпанија како фаворит за победа во финалето на Светското првенство против Аргентина. Шансите на шпанската репрезентација за светската титула се проценуваат на 56,31 проценти, објави Опта на својата веб-страница. Веројатноста за триумф на Аргентина се проценува на 43,69 проценти. Финалето во кое ќе се соочат бранителот на титулата Аргентина и актуелниот европски првак Шпанија е закажано ...

Битолското културно лето „БитФест“ е во полн ек, со максимална посетеност на културните настани кои годинава се со посебен квалитет, истакна Димитар Михајловски, директор на Културно информативен центар (КИЦ), организатор на „БитФест“. Според Михајловски, првата половина од „БитФест“ изобилува со содржини за сите генерации, а така ќе биде и во наредниот период до крајот на идниот месец. – Публиката сеуште е под импресии на спектакуларниот ...

Во Тетово градоначалникот Биљал Касами, министерот за култура Седат Сулејмани и директорот на Националниот центар за конзервација Александар Јорданоски го означија почетокот на работите за изградба на Саат-кулата. Почнати се ископувања со цел да се откријат темелите на овој објект кој бил изграден во време на Отоманската империја – Го направивме првиот чекор кон реализацијата на дело што ќе му даде нов лик на овој дел од Тетово, без да му го ...

По повод одбележувањето на „Илинден 2 – ри Август“, Денот на Општина Илинден, на 24.07.2026 година (петок), со почеток во 20:00 часот, на новиот парк – плоштад во н.м Марино, Општина Илинден и оваа година подготвува богата културно-уметничка програма за сите граѓани. Во таа насока, денес во кабинетот на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, на прием беа македонските музички артисти Антониа Гиговска и Јордан Митев. На ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменковска, денеска извршија увид во реконструираната улица Лазар Димитров во населбата 11 Октомври, проект реализиран преку Министерството за транспорт, во вредност од 3,6 милиони денари. Николоски истакна дека Владата обезбедува континуирана поддршка за развој на општините, при што во Кисела Вода преку Министерството за транспорт се ...

Еднаква грижа водиме за развој на сите општини низ државата. Само во Кисела Вода инвестираме преку 386 милиони денари за патишта и урбан развој, што е огромна поддршка за општината, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски од работната посета на општина Кисела Вода. Тој заедно со градоначалничката Бети Стаменковска извршија увид во реконструираната улица ”Лазар Димитров” проект што се реализира ...

Времето до понеделник ќе биде претежно сончево и многу топло, со мала до умерена облачност, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Особено високи температури се очекуваат утре и во текот на викендот, кога максималната дневна температура насекаде во земјава ќе надмине 31 Целзиусов степен. Од вторник се очекува промена на временските услови. Според прогнозата, времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Post ...

Новозеландскиот глумец Сем Нил, почина во понеделникот на 78-годишна возраст во болница во Сиднеј, а сега е објавена и причината за смртта. Имено, тој починал од пневмонија, потврди неговиот агент. Ѕвездата од „Паркот Јура“ и „Пики блајндерс“ се бореше со рак со години, но во времето на смртта тој немаше рак, соопшти неговото семејство, опишувајќи ја неговата смрт – како „ненадејна и неочекувана“ претходно оваа недела. Долгогодишниот агент на ...

Големо разочарување владее во Англија, откако англиските фудбалери во завршницата на полуфиналето на Светското првенство синоќа против Аргентина испуштија водство и со пораз од 2-1 повторно останаа без мундијалско финале кое го чекаат 60 години. „Аргентинската лекција по фудбал ги урна англиските соништа за титулата. Аргентина целосно ја надигра Англија со брилијантна игра во второто полувреме“, коментираше агенцијата Ројтерс. Британскиот ...

Англискиот 24-годишниот фудбалер Мејсон Гринвуд ги напушти редовите на француски Олимпик Марсеј и ќе ја продолжи кариерата во турскиот вицешампион Фенербахче. Поранешниот голем талент на Манчестер Јунајтед остави длабока трага во Марсеј, постигнувајќи 22 гола во својата прва сезона, додека минатата сезона повторно беше најдобар стрелец со 26 голови, а додаде и 11 асистенции. Претходно, една сезона настапуваше како позајмен фудбалер во шпански ...

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) да поведе истрага против репрезентацијата на Аргентина, побара денеска британската Влада, ден откако аргентинските фудбалери истакнаа транспарент со политичка порака за Фолкландските Острови, по победата над Англија во полуфиналето на Светското првенство. Аргентина синоќа ја победи Англија со 2:1 и се пласираше во финалето на Светското првенство, а за време на прославата по натпреварот, Лисандро ...

Културниот центар „Балкан херитиџ“ (Balkan Heritage / Балканско наследство) од Будимпешта со гордост го најавува своето прво музичко издание под сопствена дискографска куќа. „Антологискиот албум ‘Македонија’ во изведба на унгарското дуо ‘Будапесме’ претставува значаен исчекор во зачувувањето и промоцијата на богатото фолклорно наследство на Македонија. Албумот ‘Македонија’ содржи осум изворни македонски песни како ‘Ајде сонце’, ‘Подигни си ...

Дојран и целиот југоисток на земјата заслужуваат да имаат културно-уметничка понуда по примерот на Охрид и Охридското културно лето бидејќи, освен туризам, тука нема што друго да се развива. Ова го нагласи Јани Бојаџи, директор на Фестивалот за медитерански и балкански филм „Преку езерото“, во пресрет на синоќешното доделување на фестивалските награди. – Тешко е да се прави фестивал, но можеби уште потешко е тоа да се работи во југоисточниот ...

Репрезентативецот на Сенегал Ибрахим Мбаје е на мета на Манчестер Сити. Премиерлигашот се вклучува во трка за талентот на ПСЖ, а интерес за него веќе покажаа и Астон Вила и Тотенхем. За Сенегал играчот одигра 15 натпревари и постигна четири голови. За Мбаје интерес има од од бундеслигашите Ред Бул Лајпциг и Борусија Дортмунд. Овие два клуба важат како одлични за развој на млади играчи, а сенегалскиот репрезентативец има 18 години. Мбаје не е ...

Нашите натпревари на ова Светско првенство се импресивни, изјави воодушевено аргентинскиот селектор Лионел Скалони по синоќешниот триумф над Англија со 2-1 и пласманот во финалето. Актуелниот светски првак беше во гол негативата во полуфиналето во Атланта, откако Ентони Гордон ѝ донесе водство на Англија во 55. минута, по што следуваше 40. минутна опсада кон голот на Џордан Пикфорд. Аргентинците напаѓаа од сите страни со сите орудија и откако ...

Капитенот на англиската фудбалска репрезентација Хари Кејн рече дека се чувствува ужасно по поразот во полуфиналето од Аргентина со 2-1 и неуспехот да се пласираат во финалето на Светското првенство, кое Англичаните го чекаат од 1966 година. „Чувството е ужасно, не бевме доволно добри за ова ниво“, изјави Кејн по натпреварот што синоќа се одигра во Атланта. Англија водеше до 85. минута, но Аргентинците го свртеа резултатот во своја корист во ...

Англискиот селектор Томас Тухел изјави оти ја презема одговорноста за своите одлуки од клупата за време на синоќешниот пораз од 2-1 во полуфиналниот натпревар на Светското првенство против Аргентина, но наведе дека околностите на теренот го принудиле за дефанзивна игра по водечкиот гол. „Разочарани сме, бевме толку блиску, но по водечкиот гол станавме премногу пасивни и му дозволивме на противникот премногу шанси. Не успеавме да ја вратиме ...

Со брза интервенција на Територијалната противпожарна единица, но и со поддршка на локалното население и доброволци, успешно беше локализиран и изгаснат пожарот што вчера попладнето избивна на падините на планината Петрино, над населбата „Бараки“ во Охрид. Како што се посочува во соопштението од ТППЕ – Охрид, веднаш по појавата на пламенот од единицата било интервенирано со четири возила и 17 пожарникари. Притоа со пламен била зафатен отворен ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
2.59
31%
1017
weather icon

Белград

26ᴼ / 24ᴼ
2.68
60%
1015
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
0.81
43%
1014
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.48
35%
1018
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
1.7
32%
1016
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 22ᴼ
1.03
71%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
1.79
43%
1014
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.17
58%
1016
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.38
47%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 23ᴼ
1.34
48%
1016
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 29ᴼ
1.34
36%
1014
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
1.88
78%
1015
Currency

61.5217

Currency

53.3836

Currency

71.8674

Currency

37.3567

Currency

38.0586

Currency

66.1057

Currency

7.89933

Currency

0.67321

Currency

0.33925

Currency

0.52457

Currency

1.12287

Currency

0.55908

Родиум

265243.66

Платина

52920.13

Кобалт

56.29

Паладиум

40863.60

Калај

54.92

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.19

Бакар

13.13

Сребро

1873.42

Злато

130712.08

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00