Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, ја освои Големата награда на Белгија од шампионатот во Формула 1, што се одржа попладнево на патеката Спа-Франкоршан. Возачот на Ферари, Шарл Леклер, заврши втор, додека Макс Верстапен во својот Ред Бул заврши трет. Луис Хамилтон го освои четвртото место и се искачи на второто место во пласманот на возачи, претекнувајќи го Џорџ Расел, со кого се судри на почетокот од трката. Петтото место му припадна ...
Грчкиот тенисер Стефанос Циципас го победи Белгиецот Рафаел Колињон во денешното финале на турнирот во Гштад, Швајцарија со 6:4, 6:7 (3:7) и 6:3. Мечот траеше 2 часа и 18 минути. Циципас сервираше 4 аса, не направи двојни грешки и реализираше 5 од 13 брејк топки. Колињон сервираше 2 аса, направи 4 двојни грешки и реализираше 2 од 4 брејк топки. За 27-годишниот Грк, ова беше 13-та АТП титула во поединечна конкуренција во неговата кариера и ...
Реал Мадрид го обнови својот интерес за играчот од средниот ред на Манчестер сити, Родри. Според „Sport.es“, настапот на 30-годишникот за Шпанија на Светското првенство во 2026 година го поттикнал Реал Мадрид да го обнови својот интерес за играчот. Се очекува преговорите да започнат веднаш по финалето. Главниот тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, верува дека Родри ги има потребните квалитети за да игра за својот тим. Играчот од средниот ред ...
Плакатот за претставата „Трговци со презервативи“, во режија на Дејан Ангелов, а во продукција на Театарот „Антон Панов“ од Струмица, е избран во официјалната селекција на Меѓународно биенале на театарски плакат – „TPAM 2026“ во Ерменија, соопштија од оваа културна установа. -Дизајнот на плакатот е авторско дело на Ване Костуранов, чиј препознатлив визуелен јазик и креативен пристап добиваат значајно меѓународно признание. Избраниот плакат ќе ...
По шест години стручна работа конечно е зацврстен, конзервиран и му е вратен оригиналниот сјај на монументалниот Иконостас во прилепската црква „Свето Благовештение“ кој е еден од највредните и најголемите во Македонија. Иконостасот го добил оригиналниот изглед од пред 188 години. -Оваа година одевме на тонирањето и на враќање на елементите кои беа отпаднати. Се вршење конзервација и пронајдување на основната боја на оригиналноста на самиот ...
Очигледно е дека СДСМ Охрид има сериозен проблем со амнезијата, па нивниот претседател Асен Шајн мора под присила од скопската централа да чита памфлети за теми кои самите тие ги девастираа. Да излезеш денес и да зборуваш за УНЕСКО, урбанистички планови и заштита на Охрид, по сè што направивте, не е само лицемерие туку во најмала рака е потценување на интелигенцијата на охридската јавност, се наведува во соопштението на Општина Охрид кое МИА ...
Викенд метеж на граничниот премин “Дојран” е евидентиран денеска уште од раните утрински часови, потврдуваат одговорните од преминот, а за зголемена фреквенција на возила на истата граница за излез кон Грција, информираат и од Авто мото сојузот на Македонија. Од АМСМ велат дека времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На граничниот премин, за МИА потврдија дека колони од возила има од утрото, а сега полека метежот се ...
Претседателот на Движење ЗНАМ за наша Македонија, Максим Димитриевски од Тетово со порака политичките субјекти да ги почитуваат законите и уставните норми, во однос на прашањето и процесот за преименување на улици кој го води Општина Тетово. На новинарско прашање каков став има партијата со оглед на учеството во Владата, тој посочи дека Движење ЗНАМ се темели на АСНОМ и е против на секој спротивен процес. -Нашиот став од првиот момент е ...
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски се огласи на Фејсбук по повод печатената грешка на билбородот што беше поставен на влезот на Скопје. Тој во објавата напиша дека кој работи и греши и оти печатената грешка е веќе корегирана. -Кој работи и греши, а ме радува кога најголемиот проблем во Скопје е печатена грешка. Тоа е така затоа што јас и мојот тим го слушаме гласот на граѓаните и ги решаваме нивните проблеми. Веќе нема заборавени маала и ...
Голем број корисници денеска пријавија проблеми при пристапот до социјалната мрежа „Фејсбук“, при што дел од нив не можеле да се најават на своите профили поради привремен технички дефект. При обид за најава, корисниците добиваат порака: „Профилот е привремено недостапен. Вашата сметка моментално не е достапна поради проблем со страницата. Очекуваме проблемот наскоро да биде решен. Обидете се повторно за неколку минути.“ Според платформата ...
Контроверзните инфлуенсери Ендру и Тристан Тејт вчера беа уапсени од страна на федералните власти во Мајами, соопшти Американската маршалска служба. Тие се уапсени откако британските власти објавија дека поднесуваат нови обвиненија против нив, јави Би-Би-Си. Портпаролот на службата Брејди Меккарон изјави дека судските документи и останатите материјали поврзани со случајот засега нема да бидат објавени во јавноста. Кралската служба за ...
Вкупно 350 лежалки исчезнале пред две години преку ноќ од рекреативниот комплекс „Onde Chiare“ на Виа Фенули, во италијанскиот град Реџо Емилија, кои според тамошната полиција „ биле украдени од непознати лица“. -Една година подоцна, минатото лето, лежалките изненадувачки се „појавија“, сè уште со видливо лого „Onde Chiare“, на плажа на објект на познатото одморалште „’Ртот Родон“, карпест полуостров на јадранскиот брег, северно од Драч. Нив ...
Шпанија и Аргентина вечерва ќе се борат за најголемиот фудбалски трофеј, но финалето на Светското првенство на ФИФА 2026 ќе одлучи и како ќе се подели најголемиот финансиски фонд во историјата на турнирот. ФИФА објави рекордни 871 милион долари за 48-те национални асоцијации што учествуваат на турнирот во САД, Канада и Мексико. Оваа сума ги опфаќа наградите поврзани со перформансите, подготовките и дополнителната поддршка за учесниците. ФИФА ...
Францускиот претседател Емануел Макрон му се обрати на селекторот Дидие Дешан, кој се пензионираше од репрезентацијата. Педесет и седумгодишниот тренер ја напушти репрезентацијата по натпреварот за третото место на Светското првенство во 2026 година против Англија (4:6). Дешан ја тренираше француската репрезентација од 2012 година. -Денес е пресвртница во историјата на францускиот фудбал. Ти благодарам, Дидие Дешан, за легендарните победи, ...
ФИФА ќе објави рекордни приходи од 15 милијарди долари за Светското првенство во 2026 година, информира „Гардијан“. На 18 јули, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ги информирал националните асоцијации дека приходите од Светското првенство значително ги надминале очекувањата. Организацијата првично проектирала приходи од 11 милијарди долари. Се забележува дека значителен дел од приходите доаѓаат од продажба на билети и пакети за ...
Англискиот фудбалер Букајо Сака постигна три гола ноќеска против Франција во натпреварот за третото место (6:4) на Светското првенство 2026. Дваесет и четиригодишниот напаѓач стана четвртиот Англичанец кој постигнал хет-трик на натпревар од Светското првенство. Претходно тоа им успеало на Џеф Херст, Хари Кејн и Гари Линекер. Сака стана и вториот играч во историјата кој постигнал три гола против Франција, по Пеле на Светското првенство во 1958 ...
Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, им се обрати на своите соиграчи, тренери и персонал. – Најубавото нешто во текот на сите овие години никогаш не биле само титулите, туку целото патување. Споделувањето на секој ден со овој тим, натпреварувањето заедно, издигнувањето на висината на пригодата и уживањето во секој чекор. Благодарам на секој од моите соиграчи, тренерскиот персонал и на сите што работат секој ден за да го направат овој тим ...
Селекторот на Англија, Томас Тухел, коментираше за победата од 6:4 над Англија ноќеска на Светското првенство 2026. – Ова е прв медал по 60 години, најдобар резултат на Светско првенство надвор од нивната матична земја, па се надевам дека со текот на времето играчите ќе можат да бидат горди на ова. Ние сме многу конкурентни, па едвај си дозволуваме да бидеме горди на третото место. Пред осумнаесет месеци си поставивме највисока цел, највисок ...
Селекторот на Франција, Дидие Дешан, го коментираше поразот од 4:6 од Англија во натпреварот за третото место на Светското првенство во 2026 година. -Пораз е пораз. Губевме со 4:0 и имавме срамно прво полувреме. Сепак, покажавме карактер и имаше работи што ги направивме добро. Имавме две шанси да израмниме на 4:4. Направивме она што знаеме да го правиме. Моја е вината; сигурно не успеав да го направам она што беше потребно во првото ...
Јувентус е водечки кандидат за фудбалерот на Монако и на американската репрезентација, Фоларин Балогун, објави „Мундо Депортиво“. Според шпанскиот медиум, Монако немаат намера да го пуштат играчот за помалку од 50 милиони евра. Освен Јувентус, Борусија Дортмунд и Сандерленд ја следат ситуацијата со Американецот. „Атлетик“ објави дека Балогун, чиј договор со Монако е до 2028 година, е подготвен да го смени клубот. Дваесет и петгодишниот ...
До вторник во земјава ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност, а во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, на одделни места можно е невреме со појава на град. Промена на временските услови се очекува од среда, кога поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен ...
Македонската музичка традиција во своето најавтентично издание синоќа беше претставена на сцената Долни Сарај, каде во рамките на фестивалот „Охридско лето“ настапија оперските уметници Ана и Игор Дурловски, придружувани од Оркестар „Ајга“, со концертот „Македонски љубовни песни“. Пред бројната публика беа изведени некои од најпознатите бисери на македонското музичко наследство во нови оркестарски аранжмани на Сони Петровски. Концертната ...
Според Општина Кочани, градската депонија кај селото Бели, повторно е изложена на неодговорно и несовесно однесување кое директно го загрозува здравјето на граѓаните и животната средина. -Депонијата повторно е намерно запалена од несовесни поединци. Ваквите постапки не се само чин на неодговорност, туку претставуваат сериозна опасност за сите нас. Наместо да придонесуваат за почиста и побезбедна средина, поединци свесно создаваат проблеми чии ...
Во тек е реализацијата на втората фаза од проектот „Конзервација и реставрација на одбранбената кула Пирг“ на локалитетот „Пирго Каљ’ната“ во село Мокриево, Општина Ново Село, објавија од НУ „Завод и Музеј Струмица“. -Активностите ги спроведуваме согласно одобрената проектна документација, со цел зачувување, конзервација и реставрација на овој значаен споменик на културното наследство, се наведува во објавата. Според археолозите, станува збор ...
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, е незадоволен од ставот на клубот за неговата иднина, објави „Диарио Спорт“. Претходно, извршниот директор на Атлетико Мадрид, Мигел Анхел Гил, изјави дека клубот нема да го продаде играчот за 150 милиони или 200 милиони евра. Според извор од Атлетико, Гил разговарал со претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, за евентуален трансфер на Алварез и го замолил да го отфрли прашањето. Дваесет и ...
Поранешниот тренер на Барселона, Чави, смета дека шпанската репрезентација се претстави особено добро во полуфиналето (2:0) со Франција на Светското фудбалско првенство 2026. -Мислам дека ова беше најдобриот натпревар на Шпанија на ова Светско првенство, вистинска ода за фудбалот. Не сум видел толку обединет тим со години, играјќи со таква самодоверба и во нападот и во одбраната. А ова беше против Франција, која се сметаше за најсилен тим. ...
Познатиот рапер Дрејк се обложил со 1,5 милиони долари дека Аргентина ќе ја победи Шпанија во регуларното време во финалето на Светското првенство во 2026 година. Доколку Аргентина ја победи Шпанија во регуларното време, музичарот ќе добие над 5 милиони долари. Дрејк е познат по тоа што неговите предвидувања често се остваруваат. Сепак, кон крајот на мај, тој се обложил со еден милион долари дека Арсенал ќе го освои финалето на Лигата на ...
Со бројни посетители од повеќе градови од земјава и странство и со познатиот пенлив пијалак и вкусна скара почна 23-тиот Пивофест во Прилеп којшто ќе трае до доцна во ноќта во недела. Организаторите ветуваат тридневна забава со познати музички ѕвезди. – Означуваме старт на 23-тото издание на Фестивалот на пивото во Прилеп. Имаме гости од повеќе страни, се надевам во следниве два фестивалски дена ќе имаме гости и од странство. Посакувам само ...
Центарот за податоци на „Мајкрософт“ во холандската покраина Северна Холандија потрошил 1,17 терават-часови електрична енергија во 2025 година, што претставува околу еден процент од вкупната потрошувачка на електрична енергија во земјата, покажуваат податоците на Холандската агенција за претприемништво. Првпат се објавуваат податоци за потрошувачката на електрична енергија на конкретен голем центар за податоци во Холандија. Според ...
Возачот на Ферари, Шарл Леклер, објасни како неговиот став кон возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, се променил низ годините. – И двајцата созреавме низ годините, но животот многу се промени. Искрено мислев дека е лоша личност, а тој го мислеше исто за мене. Растењето нè научи дека луѓето се сосема различни надвор од патеката – и тоа целосно го промени нашиот однос, рече Леклер во интервју за „Скај Спорт Италија“. Дваесет и осумгодишниот ...