Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свика состанок на Штабот за заштита и спасување, на кој присуствуваа сите раководители на сектори, претставници на МВР, ЈП ПОЦ и други надлежни служби. На состанокот беа донесени повеќе насоки за справување со последиците од силното невреме што ја зафати општината, информираат од локалната самоуправа. Како што посочуваат, меѓу мерките што беа договорени се формирање комисија за проценка ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец со брзина од над 60 километри на час. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени Целзиусови. Како што информира Управата за ...

Велемајсторот Звонко Станојоски и член на ШК Алкалоид е првиот шампион на Македонија во конкуренција на ветерани, откако триумфираше на турнирот што се одигра во Негорски Бањи. Тој успеа да освои 6,5 поени од 7 партии, при што единственото реми се случи во мечот од второто коло против ФМ Александар Кралевски, кој на крајот се најде на втората позиција со 5,5 поени. Третото место со по 4,5 поени го поделија ФМ Александар Качаковски и Илија ...

Ансамблот на НУ Народен театар Битола синоќа во Верона премиерно ја изведе преставата „Кориолан“ од Вилјам Шекспир во режија на Џон Блондел. Битолските актери на Шекспир фестивалот во Верона, град домаќин на бројни уметници од светот и театри од Италија, Велика Британија, Малта, Ерменија и Унгарија, на македонски начин ја презентираа безвременската трагедија на Шекспир, „Кориолан“. Во претставата настапија Васко Мавровски, Петар Горко, Марјан ...

Кризниот штаб на Општина Куманово одржа седница по силното невреме што вчера го зафати градот и околината. Надлежните информираа дека сите општински служби биле на терен во текот на вчерашниот ден, ноќта и утринава, при што приоритет биле расчистување на сообраќајниците, отстранување на опасните дрвја и санација на штетите. Според првичните информации, пријавени се повеќе од 100 паднати дрвја, а пожарникарите интервенирале на над 20 локации. ...

Најголемата штета од синоќешното невреме има во Клиничка болница-Штип, каде што од силниот ветар дел од кровот падна околу болницата. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов денеска изјави дека штети има и на кровните конструкции на ООУ „Ванчо Прќе“ кое е најголемо основно училиште во Штип и на детската градинка „Вера Циривири-Трена“. -Односно тоа коешто можевме да го забележиме, кровната конструкција на Клиничката болница е најповеќе ...

Македонскиот културно-информативен центар во Софија со свечена програма ја одбележа 100-годишнината од упокојувањето на Крсте Петков Мисирков, еден од најзначајните македонски интелектуалци, филолози, публицисти и втемелувачи на македонската национална мисла и јазична самобитност. Како што соопштуваат од КИЦ Софија, на настанот, на кој присуствувале припадници на македонската заедница во Бугарија, како и претставници на научната и културната ...

Американската компанија за вештачка интелигенција, „Опен-АИ“ соопшти дека за време на внатрешна евалуација, нивниот систем за ВИ независно ги хакирал серверите на „Хагинг фејс“, користејќи украдени акредитиви и непозната ранливост. „Опен-АИ“ го опиша инцидентот како невиден случај во којшто ВИ-агент „дејствувал самостојно за да постигне тесно дефинирана пробна цел“. Според компанијата, системот „отишол до крајни граници“ за да добие ...

Кејли Хотл, актерката со оштетен слух, можеби најпозната по улогата на Џија во филмовите „Годзила против Конг“, трагично загина во сообраќајна несреќа во американската сојузна држава Мериленд на 18-годишна возраст. Фаталната несреќа со едно возило се случи вчера утрото, кога автомобилот излетал од патот и удрил во канал. Нејзиниот татко Џошуа ја потврди веста за нејзината смрт во видеопорака на Фејсбук. Видеото е снимено на американски ...

Рафаел Лузан, претседател на Кралската шпанска фудбалска федерација (RFEF), очекува главниот селектор на Шпанија, Луис де ла Фуенте, да продолжи со тимот до Светското првенство во 2030 година. – Никогаш немаше никакви сомнежи за Луис де ла Фуенте. Воопшто никакви. Мислам дека сите го разбираат тоа. Секоја одлука што ја направи беше апсолутно точна. Луис ја чита играта одлично и, што е најважно, учи од претходниот натпревар. Благодарение на ...

Реал Мадрид може да го потпише играчот од средниот ред на Шпанија и Манчестер сити, Родри, во овој преоден рок, објави новинарот Рамон Алварез на платформата за социјални медиуми Икс. Според Алварез, мадридскиот клуб е подготвен да ги исполни условите на договорот на 30-годишниот Шпанец, кој претходно одби продолжување на договорот со Сити. Сепак, Реал Мадрид мора да постигне финансиски договор и со англискиот клуб. Претходно, медиумите ...

Јувентус е заинтересиран да го потпише дефанзивецот на Вест Хем, Жан-Клер Тодибо, објави „Газета дело Спорт“. Дваесет и шестгодишниот Французин се разгледува за позајмица. Во Јувентус сметаат дека ваква опција е полесна по испаѓањето на Вест Хем од Премиер лигата. Тодибо е во Вест Хем од 2025 година, а неговиот договор е до 30 јуни 2028 година. Во сезоната 2025/26, поранешниот француски репрезентативец има една асистенција на 25 натпревари. ...

На програмата на Фестивалот „Охридско лето“ за вечерва се предвидени две содржини – Словачка вечер со концерт на Државниот камерен оркестар од Жилина и балетската претстава „Кармен свита и Болеро“ во изведба на Опера и театар „Мадленијанум“ од Србија. Гудачкиот квартет на Државниот камерен оркестар Жилина го сочинуваат Роберт Копелман, прва виолина, Катерина Миронова , втора виолина, виолистот Александр Дјагилев и виолончелистката Дарја ...

Со импресивен „Алумни“ концерт на единаесет истакнати уметници, синоќа на фестивалот „Охридско лето“ беа одбележани 60 години од постоењето на Факултетот за музичка уметност – Скопје. Пред публиката настапија поранешни студенти на таа високообразовна институција – сопранистките Весна Гиновска-Илкова и Ана Дурловски, басот Игор Дурловски, пијанистите Катерина Гелебешева-Костадиновска, Кристина Светиева, Јанинка Невчева и Глигор Гелебешев, ...

По вчерашното невреме што го зафати Кочани, во просториите на Општина Кочани се одржа состанок на Кризниот штаб за заштита и спасување. На состанокот биле разгледани и мапирани сите проблеми пријавени од граѓаните, а надлежните служби ги координираа досегашните активности на терен. Благодарение на нивната навремена интервенција, патиштата се проодни, а паднатите дрвја што предизвикуваа непроодност на повеќе улици се отстранети. Денеска ...

Општина Центар ги информира граѓаните дека средствата предвидени за субвенционирање на купување велосипеди и е-велосипеди се целосно исцрпени. Поради тоа, како што соопштија денеска, јавниот повик за оваа мерка повеќе не е активен и нема да се примаат нови барања во архивата на Општина Центар. Јавниот повик за субвенционирање на велосипеди и е-велосипеди, отворен на 29.04.2026 се реализираше по принципот „прв дојден, прв услужен“, до ...

Англискиот фудбалски судија Ентони Тејлор објави денеска дека ја завршува кариерата во која судеше на 831 натпревар во текот на изминатите две децении, јави Би-Би-Си. Последниот натпревар на кој судеше 47-годишниот Тејлор се одигра на 6 јули, кога Шпанија ја победи Португалија со 1-0 во осминафиналето на Светското првенство. Тејлор, кој работеше како затворски службеник пред да стане професионален фудбалски судија, ја почна кариерата во 2006, ...

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ и во новата сезона ќе го носи дресот на Милан, јавија вечерва италијанските медиуми. Според истите извори, финансиските услови ќе останат непроменети и 40-годишниот Модриќ ќе заработува 3,5 милиони евра, плус евентуални дополнителни бонуси. Новиот тренер на Милан, Рубен Аморим, претходно навести дека сака хрватскиот ветеран да остане во клубот, опишувајќи го како исклучително важен ...

Краткотрајното невреме проследено со силен ветер и дожд, кое втор пат за 24 часа ги зафати струмичко и радовишко, предизвика големи штети. Според информациите од терен, настрадаа голем број пластеници во струмичко од кои ветрот го искина најлонот, регистрирани се повеќе паднати дрвја, кабли и жици за пренос на електрична енергија, бандери, а оштетени се и повеќе автомобили. Од невремето општинскиот центар Босилово е без струја, а според ...

Силно невреме го зафати Кочани и регионот денеска во доцните попладневни часови. Ветерот и водената стихија петнаесетина минути носеа се пред себе. Првичните информации велат дека повеќе сообраќајници во градот се непроодни поради искршени стебла од дрворедот, неколку куќи се останати без кров, во селото Бање, според изјавата на градоначалникот Владко Грозданов, има пожар во куќа. Грозданов е на терен со припадниците на ТППЕ и на ДПД Кочани. ...

Силниот урагански ветар однесе дел од кровната конструкција на штипската Клиничка болница. Поради паднатиот лим од кровната конструкција дел од пациентите од одделението за ортопедија се преместени на другите одделенија во болницата. Билјана Ефтимова заменик директор на Клиничка болница-Штип вели дека одделенијата ортопедија и единицата за интензивна нега сега функционираат со намален интензитет. -Пациентите се сместени во делот каде што е ...

Дождот и силниот ветар кој носеше се пред себе направи штети и во општините Свети Николе и Пробиштип. Поржарникарите од ТППЕ-Свети Николе информираат дека имале неколку интервенции за време на невремето. -По силното невреме кое го зафати Свети Николе и Овчеполието во 17.46 часот интервенирано е со едно противпожарно возило на запалена трева и ниска вегетација во село Црнилиште, Свети Николе, а со три противпожарни возила на запалена трева, ...

Во Градската општа болница „8 Септември“ не се примени повредени лица во невремето во Скопје, но е предизвикана огромна материјална штета, изјави за МИА директорот на болницата, д-р Синиша Стојаноски. Посочи дека чекаат комплетен увид за да се утврди обемот на штетата. – Тоа ние денеска нема да го знаеме прецизно додека не излезе проценител на терен и не се направи официјален записник за штета од надлежните институции. Засега најголема штета ...

Силното невреме проследено со силен ветер кое го погоди Скопје, остави зад себе паднати дрвја и искршени гранки низ повеќе локации во општина Кисела Вода. Кризниот штаб на Општина Кисела Вода е веднаш активиран, а сите расположливи служби се веќе излезени на терен – соопшти општинската прес-служба. Оттаму велат дека интензивно се работи на сечење и отстранување на паднатите дрвја и расчистување на блокираните улици и јавни површини. – За ...

Светскиот првак во Мото ГП од 2021 година Фабио Квартараро потпиша двегодишен договор со Хонда, објави денеска јапонскиот тим. По осум сезони минати во Јамаха, која пред три недели го објави неговото заминување, 27-годишниот француски мотоциклист ќе се обиде да се врати во трката за титулата со друг јапонски производител. „Хонда Рејсинг Корпорејшн (ХРЦ) со гордост го објавува доаѓањето на Фабио Квартараро за сезоните 2027 и 2028 година во ...

Белгискиот репрезентативец од средниот ред, Амаду Онана и фудбалер на премиерлигашот Астон Вила денеска го оперираше предниот вкрстен лигамент на десното колено во приватна болница во Лион и ќе биде надвор од терените околу девет месеци, јавија белгиските медиуми. Дваесетичетиригодишниот Онана ќе ја мине рехабилитација под надзор на медицинскиот на англискиот клуб. Онана, кој досега одигра 33 натпревари за Белгија, се повреди во ...

Невреме проследено со силен ветер и дожд го зафати Куманово попладнево. Граѓаните јавуваат за паднати дрвја и бандери, како и за откорнати лимени кровови во централното градско подрачје и во близина на поранешниот „Минимаркет“. Директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Сашо Томиќ, изјави дека сите расположливи екипи се мобилизирани. Екипите веќе се на терен, мобилизирани се не само од ‘Чистота и Зеленило’, туку и од другите јавни ...

Невреме со дожд и силен ветар го зафати и Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов за МИА вели дека досега се пристигнат околу десет пријави од страна на граѓани за паднати дрвја, сообраќајни знаци и лимови од кровни конструкции. Јорданов информира и дека екипите на штипските Јавни претпријатија и пожарникарите од ТППЕ-Штип се на терен и ги санираат штетите од невремето со дожд и силниот ветар. Пријави за паднати дрвја, како и на ...

Пожар избувнал попладнево во кавадаречката населба Глишиќ, а пожарникарите спречиле огнот да зафати производствен објект, куќи и возила. Во изјава за МИА, од Територијалната противпожарна единица рекоа дека горела сува трева, а навремената дојава за пожарот и навремената интервенција, спречиле огнот да се прошири. Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот, но како што вцелат будно ја следат состојбата на терен. Post Views: 1 јули 22, 2026 ...

Невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на суградица попладнево го зафати Скопје, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Невремето, како што посочуваат од УХМР, се движи од северозапад кон југоисток. Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски информира дека поради силното невреме Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со сите надлежни служби и јавни претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза и навремена ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
1.98
33%
1017
weather icon

Белград

29ᴼ / 25ᴼ
3.13
58%
1014
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
1.13
48%
1014
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.1
36%
1018
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.45
35%
1016
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
0.82
66%
1015
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.79
43%
1014
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.04
61%
1016
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
2.88
51%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
3.13
48%
1017
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 31ᴼ
3.33
36%
1015
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
2.57
76%
1015
Currency

61.5217

Currency

53.3836

Currency

71.8674

Currency

37.3567

Currency

38.0586

Currency

66.1057

Currency

7.89933

Currency

0.67321

Currency

0.33925

Currency

0.52457

Currency

1.12287

Currency

0.55908

Калај

54.92

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Сребро

1873.42

Паладиум

40863.60

Цинк

0.00

Бакар

13.13

Злато

130712.08

Алуминиум

3.19

Кобалт

56.29

Родиум

265243.66

Платина

52920.13