Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
По повод претстојната посета на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, во Охрид денеска и утре на сила ќе бидат засилени безбедносни мерки и ќе биде воведен посебен режим на сообраќај. Станува збор за активности насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците, објектите и локациите опфатени со протоколот за посетата. Од СВР – Охрид информираат дека за реализација на активностите веќе се воспоставени контакти и ...
Деветтото издание на Фестивалот на нов европски филм „Охрид Beach Film Festival 2026“ ќе се одржи од 21 до 26 јули на пет локации во Охрид, носејќи богата програма со долгометражни, краткометражни, студентски и документарни филмови, како и работилници, мастеркласови и музички настани. Фестивалот ќе започне денеска со претпрограма на плажата Сараиште, каде ќе бидат прикажани долгометражните филмови „Железна тврдина“ и „Самоуништување“. ...
Десетици повеќегодишни дрвја на десеттина локации низ Стар Дојран синоќа беа откорнати при силното невреме со поројни дождови, силен ветер, грмежи и град кои го зафатија овој дел од општината. Паднати јавори и борови, багреми и црници, оштетија настрешници, урбана опрема на плажата, неколку возила, како и кровот на еден од дуќаните на градскиот пазар, информираа општинските власти. Според информациите од Доброволното противпожарно друштво ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка на ВТА 125 турнирот во Палермо, откако денеска во првото коло загуби од Ерика Андреева Русија со 2:0 во сетови (6-2, 6-0). Руската тенисерка дојде до победата по 82 минути игра. Во првиот сет Андреева ја искористи 10-та сет топка, додека во вториот, тенисерката од Русија имаше три брејка и сетот го доби со максимални 6:0 во гемови. Ѓорческа за учеството на турнирот во ...
Македонската фудбалска репрезентација остана на 69. место на најновата ранг-листа на ФИФА со 1369.16 бодови колку што имаше и на последното рангирање. Најновата ранг-листа на ФИФА донесе промени на врвот на кој се врати новиот светски првак Шпанија, додека Аргентина која загуби во неделното финале на Светското првенство се спушти на второто место. Франција и Англија останаа на третото и четвртото место, додека Бразил се искачи на петтата ...
Краткотрајното невреме проследено со силен ветер и дожд, кое го зафати Струмичкиот и Радовишкиот регион доцна попладнево, предизвика паѓање на дрвја и пожари, објавија Територијалните против пожарни единици на Струмица и Радовиш. Четири против пожарни возила и девет пожарникари биле ангажирани во Радовиш за отстранување на паднати дрвја од три улици. Благодарение на брзата интервенција на екипите, дрвјата биле отстранети за кратко време, а ...
Силното невреме што го зафати Делчево предизвика материјални штети на повеќе локации, при што најсериозно е оштетен кров на објект, чија санација е во тек. Надлежните служби се на терен и работат на расчистување на последиците. Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски за МИА изјави дека засега нема информации за повредени лица. -Дел од жителите, меѓу кои и деца, се безбедно евакуирани. Поради паднати дрвја на повеќе патни правци, во ...
Силниот ветер што вечерва го зафати Скопје предизвика повеќе проблеми, меѓу кои паднати дрвја на улици и јавни површини, како и скинат електричен кабел. Од општината потврдија дека при еден од инцидентите е повредена граѓанка, на која ѝ е укажана соодветна помош. -Во тек сме со случувањата и нејзината здравствена состојба преку надлежните служби, додаваат од Општина Карпош. Екипите на Општина Карпош веднаш излегоа на терен и успешно ...
Женската тениска асоцијација (ВТА) објави денеска дека воведува задолжителен генетски тест за сите тенисерки кои сакаат да се натпреваруваат на турнирите под нејзино покровителство. Тестирањето за генот SRY е еднократна процедура, со земање брис или примерок од крв, а правилото стапува на сила од утрешниот ден. Според сегашните правила, на ВТА турнирите можеа да настапуваат тенисерки на кои им била извршена операција за промена на полот и во ...
Прославите по победата на Шпанија во финалето на Светското фудбалско првенство завршија со две жртви, повеќе од 80 повредени лица и најмалку 12 приведени низ земјата. Во Мадрид, во текот на ноќта приведени се седум лица. Петмина се уапсени поради поттикнување омраза по расправија во еден бар, едно лице поради нарушување на јавниот ред и напад врз службено лице на плоштадот Сибелес, каде што се собраа илјадници навивачи, а уште едно лице ...
Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец, тренер и селектор Кевин Киген почина на 75-годишна возраст, по тешко боледување, јавија денеска британските медиуми. Во јануари оваа година на Киген му беше дијагностициран рак, а во јуни беше обелоденето дека болеста е во четвртиот стадиум. „Со огромна тага објавуваме дека Кевин Киген почина на 75-годишна возраст. Поранешниот фудбалер и селектор на Англија се бореше со рак и беше опкружен со ...
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) започна истрага против Аргентина во врска со серијата инциденти што се случија по финалето на Светското првенство, јавија вечерва британските и шпанските медиуми. Според истите извори, ФИФА ќе го анализира судискиот извештај, како и снимките од финалето меѓу Шпанија и Аргентина пред да одлучи дали ќе преземе соодветни санкции. Истрагата ќе се фокусира на неколку инциденти што се случија по последниот ...
Премиерлигашот Астон Вила ги засили денеска своите редови со бразилскиот фудбалски репрезентативец од средниот ред Жоао Гомес. Клубот од Бирмингем не ги објави финансиските детали од договорот со 25-годишниот Гомес, но според англиските медиуми, трансферот изнесува 34 милиони фунти, плус дополнителни четири милиони фунти во бонуси. Гомес доаѓа во Астон Вила од Вулверхемптон каде се пресели во 2023 година од редовите на бразилски Фламенго. Во ...
Советот на Општина Гостивар едногласно донесе одлука за доделување 600 илјади денари на Црвениот крст за активности поврзани со справувањето со епидемијата на територијата на општината. Средствата ќе бидат наменети за набавка и дистрибуција на вода за пиење, пробиотици и други неопходни средства за граѓаните кои се загрозени од епидемијата. Покрај оваа одлука, членовите на Советот на вонредната седница низ куси дискусии ја разгледаа ...
Силно невреме проследено со интензивен дожд, ветер и ситен град попладнево предизвика штети на повеќе локации во Куманово, при што се урнати дрвја и делови од лимени конструкции, а надлежните служби интервенираат на терен. Според првичните информации на Регионалниот центар за управување со кризи Куманово, ветерот турнал неколку дрвја на различни локации во Куманово, меѓу кои „Благоја Илиев Гуне“, „Лесковачка“, „Октомвриска револуција“ и на ...
Фудбалерите на Вардар и Шкендија попладнево со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион ги дознаа евентуалните противници во 3 квалификациско коло во Конференциската лига (КЛ), доколку успешно ја минат втората квалификациска пречка. Доколку успее да ја елиминира летонска Рига, шампионот Вардар во 3. квалификациско коло во КЛ ќе игра против победникот од пресметката меѓу Атерт Бисен од Луксембург и унгарски Ѓер. Вицешампионот Шкендија, пак, ќе се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп му порача на првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, дека САД повторно ќе побараат да бидат домаќини на Светско фудбалско првенство и тоа „веднаш“, истакнувајќи ја успешната организација на мундијалскиот турнир што заврши во неделата вечер со победа на Шпанија во финалето над Аргентина. Останува нејасно на што мислеше Трамп кога рече „веднаш“ во интервјуто за Фокс Спорт, бидејќи ФИФА веќе ги одреди ...
Белгиската фудбалска федерација (РБФА) објави денеска дека нема да ја продолжи соработката со селекторот Руди Гарсија, откако ќе му истече договорот на 31 јули. Францускиот стратег седна на белгиската клупа во февруари 2025 година и ја предводеше репрезентацијата на Светското првенство 2026. Белгија го заврши настапот на мундијалскиот турнир во четвртфиналето по поразот од 2-1 од Шпанија која потоа ја освои светската титула. „Руди Гарсија ...
Безбедна е водата за пиење во Скопје, покажале денешните резултати од испитувањата. Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје попладнево информираа за дневните мониторинг – активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење. – Во текот на денов, од страна на секторот Санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, се земени 43 примероци од водоводната мрежа на град Скопје од кои три примероци ...
Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ денеска престојуваше во работна посета на Општина Кочани, каде со градоначалникот Владко Грозданов разговараше за реализацијата на инфраструктурните проекти, регионалниот развој, прекуграничната соработка и идните инвестиции. На средбата беше направен преглед на реализацијата на најзначајните капитални проекти. Во изјавата по средбата, градоначалникот Грозданов соопшти дека изградбата на ...
Дваесет и третото издание на Пивофест во Прилеп заврши успешно, без ниту еден регистриран инцидент и со рекордна посетеност, оцени прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски. Тој истакна дека сите три фестивалски дена поминале во позитивна и весела атмосфера, а според првичните проценки, фестивалот привлекол двојно повеќе посетители во однос на претходните години. -Ги постигнавме сите цели за изведувањето на Пивофест. За мене најбитно е што ...
Оградувањето на нова парцела за изградба на станбена зграда во близина на езерото „Младост“ повторно ги отвори реакциите на велешани и еколошките здруженија, кои се против натамошната урбанизација на рекреативниот центар. Градоначалникот на Велес, Марко Колев, тврди дека не станува збор за нова урбанизација, туку за реализација на урбанистички планови донесени пред повеќе од една деценија. Одговарајќи на новинарско прашање, Колев изјави дека ...
Следната видеоигра од серијата на „Блекмил гејмс“ (BlackMill Games) за Првата светска војна, е насловена „Галиполе“ (Gallipoli). На пазарот, таа ќе биде објавена на 20 август. Приказната се одвива на Фронтот на војната, и е инспирирана од Битката кај Галиполе (во Турција, кај Босфорот) од 1915 година. Ова е четврта игра од серијалот – по „Верден“, „Таненберг“ и „Изонцо“. Секоја игра е инспирирана од историските битки по коишто е именувана, со ...
„Нетфликс“ (Netflix) објави дека користел генеративна вештачка интелигенција (ВИ) во приближно 300 филмови и серии во 2026 година. Компанијата истакнува дека најголемиот дел од апликацијата е поврзан со постпродукцијата, каде што ВИ помага во креирањето сложени визуелни секвенци, ја забрзува работата и ги намалува трошоците. „Нетфликс“ истакна дека сè повеќе ја користи ВИ за да испорача содржина со повисок квалитет, побрзо и по пониска цена ...
Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов во изјава за медиумите денеска информираше дека пожарот на Градската депонија во Кочани, кој избувнал вчера околу 2 часот по полноќ, според првичните сознанија е предизвикан со намерно палење. – Некому најверојатно му пречи како е средена и како функционира депонијата, најверојатно му треба чад и отров со што би нѐ тровел, па од многу тешко пристапен терен, некој пироман направил еден вид ...
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и неговата сопруга Уша Венс четвртипат станаа родители. Алек нил Венс е роден вчера. – Уша и бебето се среќни и здрави, а нашите деца се пресреќни што ќе го запознаат својот мал брат, објави Ди Венс на платформата Икс, упатувајќи благодарност до лекарите. Двојката се во брак од 2014 година. Post Views: 0 јули 21, 2026 Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и неговата сопруга Уша Венс четвртипат ...
Градоначалничката на јапонскиот град Јавате, Шоко Кавата е прва жена, која извршува локална функција, а користи породилно отсуство. Согласно јапонските закони, на вработените жени во градската управа им се загарантирани 16 недели породилно отсуство, но не постоеше протокол за градоначалничките. – Се изненадив кога дознав дека сум прва градоначалничка. која користи породилно отсуство. Тоа покажува дека досега немало многу млади жени, па ни ...
Екипите на ТФТ, Маџари и на Чаир не добија лиценца за настап во најсилната македонска лига во новата сезона, објави денес КФСМ. – Во рамките на процесот на лиценцирање за натпреварувачката сезона 2026/2027, Кошаркарската федерација на Македонија за првпат воведе систем на лиценцирање кој, покрај организациските и техничките критериуми, предвидува и задолжително исполнување на критериумите за финансиска дисциплина. Сите клубови беа навремено и ...
Еден тинејџер загина, а тројца беа повредени кога фонтана се урна во Шпанија за време на прославата на победата на националниот тим на Светското првенство во 2026 година, објави „Европа Прес“, повикувајќи се на полициски извори. Трагедијата се случи во градот Сиудад Родриго (провинција Саламанка) ноќта 19 кон 20 јули. Млади луѓе, инспирирани од победата на Шпанија, наводно се собрале околу фонтаната. Дел од структурата се урна, а камен паднал ...
Водечка британска компанија за спортска аналитика која користи вештачка интелигенција и таканаречен „суперкомпјутер“ за собирање податоци, Опта Спортс го објави својот идеален тим на Светското првенство во 2026 година. Тимот е составен со користење на „Opta Index“ (просечна оценка на играчите што ги сумира клучните статистички индикатори). Симболичен идеален тим на Опта: голман: Грегор Кобел (Швајцарија) – најдобар по спречени голови (оценка ...