Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Подзаконските акти за Законот за органодарителство – уредбите и правилникот се ставени на јавна расправа на веб-страната на Министерството за здравство по што се очекува да поминат на седница на Владата. Со примената на Законот за органодарителство, најавена за 1 октомври годинава, граѓаните ќе може кај својот матичен лекар да потпишат согласност за органодарителство. Во Велес денеска се одржа панел дискусија за органодарителството, со цел ...
До 18 часот денеска на територијата на Македонија се евидентирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а осум се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во атарот на селата Плешинци и Стрмош во Општина Пробиштип, каде што гори ниска вегетација, грмушки и ниска шума, во кумановското село Винце, каде што е зафатена сува трева, како и на ...
Безживотно тело на 44-годишен маж е пронајдено денеска попладне покрај реката Босут во хрватскиот град Винковци. Телото било пронајдено околу 15:35 часот од полициски службеници, по што на местото на настанот бил извршен увид по налог на надлежното државно обвинителство, со стручна помош од судски лекар. Според првичните наоди од увидот, не се утврдени елементи што упатуваат на сторено кривично дело. Во текот на постапката е утврден ...
Поранешниот репрезентативец на Мали и ексиграч на Истра 1961, Калилу Траоре, загина во сообраќајна несреќа вчера, 24 јули, на 38-годишна возраст, објавија локалните медиуми. Веста за неговата прерана смрт ја потресе фудбалската јавност, особено навивачите во Пула, Хрватска, каде што Траоре остави длабока трага. Како дефанзивен играч од средината, Траоре за репрезентацијата на Мали одигра 17 натпревари и постигна еден гол. Беше дел од ...
Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан упати остри критики до актуелната власт, оценувајќи дека Унгарија сè повеќе наликува на Венецуела и предупредувајќи на, како што рече, воспоставување авторитарен политички систем. Орбан изјави дека ваквите споредби најпрво ги слушнал од свои американски сојузници, по што и самиот заклучил дека во Венецуела бил развиен политички модел на кој, според него, европската левица со децении му се восхитува. ...
Во електровлечната подстаница Драчево, која се наоѓа меѓу железничките станици Лисиче и Драчево, е извршена кражба од големи размери, при што е уништен значителен дел од електроенергетската опрема неопходна за функционирањето на железничката инфраструктура, соопштуваат од Министерството за транспорт. Според информациите од Министерството за транспорт, сторителите насилно превртеле два електроенергетски трансформатори, тешки повеќе од 30 ...
Министерот за здравство Сашо Клековски денеска ја посети Специјалната болница за белодробни заболувања во Лешок, по информациите во јавноста дека водата за пиење во установата не е исправна. Тој изјави дека состојбата со епидемијата во Гостивар постепено се стабилизира и дека бројот на нови пациенти значително се намалува. „Денеска се регистрирани 80 нови пациенти, што е двојно помалку во однос на претходните денови. Вкупно се евидентирани ...
Службеник вработен во прилепскиот Центар за вработување побарал поткуп од 18.000 денари за да му помогне на жител од селото Бело Поле да не ја изгуби социјалната помош, како и неговата сопруга да ја стави на листата на лица што бараат работа. Полицијата го фатила вчера, кога му биле предавани последните 6.000 денари од поткупот. Откако оштетениот и неговата сопруга, корисници на социјална помош, на 23 април добиле СМС-порака од Агенцијата ...
Вчера во 00:10 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Т.Б.(42) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 71-годишна мајка дека во семејниот дом, по кратка расправија, ѝ се заканувал и ја нападнал со остри предмети, по што ѝ нанел расекотина на раката, а потоа фрлал и кршел предмети во домот. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе ...
Во централниот дел на грчкиот остров Крф избувна шумски пожар, поради што локалната противпожарна служба прогласи тревога. Огнот зафатил подрачја во близина на Јанадес и Ливади Ропи, јавуваат грчките медиуми. На терен веднаш биле распоредени силни противпожарни екипи, кои со помош на копнени и воздушни сили се обидуваат да го стават пожарот под контрола пред да се прошири. Во акцијата учествуваат 18 пожарникари, припадници на 15-та ...
Околу еден милион денари се потребни за санација на кровните конструкции на Општинското основно училиште (ООУ) „Ванче Прќе“ и на градинката „Вера Циривири-Трена“ покажаа пресметките на проценителите по силното невреме проследено со дожд и ветар кој се движел со бризина од 134 километри на час во Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов вели дека ова се пресметките на проценителите за штетите на институциите кои се под надлежност ...
Младиот англиски репрезентативец, 19-годишниот Габриел Лангтон, доживеа тежок пад од вратило, поради што финалето на екипното натпреварување во спортска гимнастика на Игрите на Комонвелтот во Глазгов беше прекинато повеќе од десет минути. За време на изведбата на сложена вежба, Лангтон изгуби падна од голема висина директно на глава. Во салата веднаш настана тишина, додека медицинските екипи потрчаа на теренот, а останатите гимнастичари во ...
На 24.07.2026 во 16:50 часот на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.А.(53) од с.Стримница, тетовско. Пријавениот, управувајќи патничко моторно возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници, и со возилото удрил полициски службеник. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен ...
Водата веќе не е за пиење во 7 населени места во Македонија. Гостивар, Валандово, Крушево, Пласница, Прилеп, Лешок, Преглово. Прашање е кој град е следен, вели Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор. „Бидејќи изворот Студенчица го користат и Кичево, Македонски Брод, Долнени ризикот е дека и за овие места водата може да биде загадена. Мицкоски отвора базени додека во седум населени места водата е неисправна за пиење а низ Лепенец и Вардар ...
Вчера во 14:10 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода К.С.(39) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 46-годишна поранешна партнерка, дека подолг период ја следи и вознемирува, а на нејзиниот малолетен син упатувал пораки со навредлива и невистинита содржина, со што не ја почитувал одлуката од Основниот суд Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. ...
Ноќеска во 01:12 часот во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет на градниот кош бил донесен 15-годишник од Скопје. Во разговор со полициски службеници тој изјавил дека бил повреден во населба Гази Баба од малолетник кој го познавал и дека бил повреден при игра без намера да се повредат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Ноќеска во 01:12 часот во ...
Четириесет лица се повредени откако патнички автобус се превртел на автопатот Кирикале – Самсун во Турција, откако возачот изгубил контрола над возилото. Несреќата се случила во близина на населбата Кимески, а во автобусот во моментот на несреќата се наоѓале вкупно 42 лица, меѓу кои и тројца вработени во транспортната компанија. На местото на несреќата веднаш пристигнале екипи на итната медицинска помош, полицијата, жандармеријата, ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, јавно нападна еден од најголемите кошаркарски ѕвезди на сите времиња – Леброн Џејмс, изјавувајќи дека тој „можеби е расист“. Со оваа негова забелешка тој го засили судирот меѓу нив кој трае цела деценија. Коментарот дојде откако Џејмс потпиша договор со Филаделфија Севентисиксерс, а Трамп повторно ја отвори вечната дебата за тоа кој е најголем кошаркар во историјата – Леброн или Мајкл Џордан. „Мајкл ...
СДС денес го испрати мали Фрчко, да дели совети за како треба да се прослави независноста на државата, а не му кажаа да побара одговорност од Валбон Лимани, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Во ниту еден момент од СДС не побараа одговорност од градоначалникот на Гостивар, за скандалот кој се случи со водата, и продолжуваат да го заобиколуваат Лимани. Во коалиција со ДУИ и Таравари, се обидуваат и оваа криза да ја претворат во алатка за да си собираат ...
Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се реализира со забрзана динамика. Две галерии се целосно завршени, а на третата интензивно се работи. Во следните неколку месеци ќе отвориме уште 10 километри коишто се најкомплицирани, 10 километри каде што влегуваат тунелите и галериите, најави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска изврши увид во градежните активности на трасата и изградба на ...
Здруженијата за заштита на животните „Корина“ и „Рука-Шапи“ побараа од полицијата да ѝ одреди притвор на државјанка на Македонија која е осомничена дека намерно прегазила куче во Црна Гора. На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како автомобилот неколку пати со поголема брзина поминува преку животното, а се слушаат и вознемирувачки крици. Од здруженијата соопштија дека, според нивните информации, осомничената по убиството на ...
Во меѓувреме, ситуацијата е драматична и во Шпанија, каде што три големи пожари западно од Мадрид се споија во еден огнен фронт што пожарникарите повеќе не можат да го контролираат. Шпанската влада прогласи вонредна состојба на национално ниво, а со евакуацијата на 25.000 луѓе, на речиси 40.000 жители им беше наложено да не ги напуштаат своите домови. Во југозападна Франција, во регионите Жиронд и Ланд, властите евакуираа околу 200.000 ...
Мастерсот во Монтреал доживеа тежок удар уште пред да биде утвдрен редослеот. Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер официјално го откажаа учеството на канадскиот турнир од серијата 1000, кој ќе се одржи од 3 до 10 август. Водечките тенисери на светот во овој период свесно го жртвуваат канадскиот турнир за да се одморат и целосно подготвени да го дочекаат US Open. Со откажувањето, Синер го прекина импресивната низа од шест последователни мастерс ...
На граѓаните на Гостивар им се случи огромна здравствена катастрофа, труење со вода. Најдраматичен доказ за целосниот системски распад на здравството и институциите кои ги води ВМРО-ОКГ, велат од СДСМ Гостивар. „За труењето на над 3.000 граѓани на Гостивар мора да има одговорност, од локално па до централно ниво. Политичка и кривична. Од сите. Не може да се отруе цел град и да нема ниту една оставка од оние кои потфрлиле, не може да луѓето ...
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи Охридскиот регион да не биде впишан на Листата на светско наследство во опасност. Наместо тоа, на Владата ѝ се дадени дополнителни пет години за спроведување на забелешките на УНЕСКО за заштита на регионот. „Со тоа УНЕСКО повторно ѝ даде шанса на Македонија. Но ова не е победа. Ова е веројатно последната опомена“, велат од Левица. Од партијата посочуваат дека одлуката не треба да биде причина ...
Андреа Пирло е новиот селектор на италијанската фудбалска репрезентација. Службената потврда се очекува во понеделник или вторник, а според информациите, сите детали околу четиригодишниот договор се веќе договорени. Светскиот првак од 2006 и европски вицепрвак од 2012 ќе ја води „азурната“ селекција со годишна плата од 1,5 милиони евра. Пирло стана главен кандидат откако Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола ги одбија понудите. Анчелоти неодамна ...
Во мај 2026 година, вкупното бруто-производство на електрична енергија во земјава изнесувало 462.653 мегават-часови, што претставува 96,5 отсто од вкупната бруто-домашна потрошувачка на електрична енергија, покажуваат претходните податоци за енергетиката. Вкупната потрошувачка на енергенти во овој период изнесувала 479.603 мегават-часови електрична енергија, 4,463 милиони нормални кубни метри природен гас, 264.997 тони јаглен и 78.468 тони ...
Голманот на Зеленортските Острови и еден од најголемите херои на Светското првенство 2026, Возиња, ќе ја продолжи кариерата во чилеанскиот гигант Коло-Коло. Постигнат е усмен договор, а потписот на документите и медицинските прегледи се очекуваат во наредните денови. Возиња, кој беше без клуб по настапите на Мундијалот, беше поврзуван со бразилски екипи и со Интер Мајами, каде играат Лионел Меси и Луис Суарез, а неодамна пристигна и ...
Полицијата синоќа во 19.30 часот во близина на крстосница од локален пат с.Богородица-Гевгелија и регионален пат Гевгелија-Богданци, го лишила од слобода Д.К.(36) од Струмица поради основи на сомнение за сторени кривични дела по член 418-Б, член 378 и член 297-а од Кривичниот законик. При контрола во возило „фиат стило“ со австриски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти, од кои четири од пакистан, две од ...
Полициски службеници од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода М.М.(18) од Куманово откако при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од бела прашкаста материја, боксирачи и пиротехнички средства. – По целосно документирање на случајот, против М.М. ќе следува соодветна пријава – информира МВР. Полициски службеници од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода М.М.(18) од Куманово ...