Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 литри на метар квадратен). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 километри на час). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени. Во Скопје, ...
ИКАРУС Еlectric Zrt во заедничка понуда со ЕВН достави најниска понуда на електронската аукција за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење, соопшти Министерството за транспорт. На јавниот повик понуди доставиле четири компании – Xiamen Golden Dragon Bus Co., Ltd., YES-EU DENMARK A/S YUTONG, BMC Otomotiv Sanayi ve Ticaret Anonim Sirketi и IKARUS Electric Zrt во заедничка понуда со ЕВН. По евалуацијата, Комисијата за јавни ...
Во организација на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, со поддршка од СЗО, денеска, во Владата се одржа работилница посветена на унапредување на управувањето со боледувањата во Македонија. Во рамки на работилницата беа презентирани податоци за состојбата во земјава, предизвиците со кои се соочува системот, европските политики и искуства за подобрување на управувањето со боледувањата. -Целта на работилницата е ...
Општина Кисела Вода започнува процедура за обесштетување на граѓаните кои претрпеа материјални штети од силното невреме што го погоди подрачјето на Град Скопје на 21 јули 2026 година. По одржаниот координативен состанок со Градот Скопје, во Општина Кисела Вода итно се формираше Комисија за утврдување на фактичката состојба на терен. Со ова започнува процесот за прием на барања, што е предуслов за обесштетување на граѓаните, а ќе се реализира ...
Отворена е сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст за собирање средства за помош на Гостивар. „Црвениот крст е на терен и активно спроведува активности за поддршка на погоденото население, а и во наредниот период ќе продолжи со своите хуманитарни активности со цел да обезбеди помош таму каде што е најпотребна. Секоја донација, без разлика на нејзината висина, претставува значајна поддршка за погодените семејства и ќе помогне во ...
Кетрин Хајгл, најпозната по улогата на Изи Стивенс во серијата „Grey’s Anatomy“, и нејзиниот сопруг, музичарот Џош Кели, го продаваат својот луксузен дом во планините на Јута. Имотот каде што семејството поминало многу години е на пазарот преку агенцијата Engel & Völkers за цена од 10,6 милиони долари, или околу 9,3 милиони евра. Двојката ја изградила куќата во 2008 година, а имотот се смета за еден од најатрактивните во овој дел од ...
Демократската унија за интеграција уште еднаш го повика градоначалникот на Град Скопје веднаш да го отстрани незаконскиот билборд за добредојде и да го замени со билборд што, како што велат, целосно ги почитува законските обврски за употреба на албанскиот јазик. „И покрај бројните реакции на граѓаните и јавноста, Град Скопје продолжува да ја игнорира двојазичноста и мултиетничкиот карактер на главниот град. Исклучувањето на албанскиот јазик ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер. На средбата се разговараше за унапредување на билатералните односи во земјоделството и руралниот развој, фитосанитарната политика и безбедноста на храната. „Австрија е значаен партнер од кој можеме да добиеме вредни искуства во развојот на модерно, одржливо и конкурентно земјоделство. Целта ни ...
За Гоце Делчев се напишани многу историски книги, студии и биографии во кои се претставени неговото дело, идеалите и револуционерниот пат. Но, без амбиција да создаде уште едно историско четиво, Зоран Спасов Ѕоф во својот најнов роман „Гоце Делчев: Љубов и смрт“ се обидува да го открие човекот зад револуционерот. Три месеци по големата промоција, одржана на отворањето на Саемот на книгата на 23 април 2026 година, разговаравме со Ѕоф за тоа ...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со Баграт Тунјан, координатор за Република Македонија од СИГМА – заедничката иницијатива на ОЕЦД и Европската Унија. На средбата беше разговарано за тековните активности поврзани со реформата на јавната администрација, како и за подготовките за претстојната оценска мисија на СИГМА, која ќе се фокусира на следењето и оценувањето на напредокот во спроведувањето на ...
Министерот за правда, Јетон Шасивари, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Косово во Република Северна Македонија, Флоријан Ќехаја, на која беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка и интензивирање на партнерството во областа на правдата и евроинтеграциите. „Македонија и Косово, како добри соседи и партнери, ја делат истата визија за стабилен регион заснован на владеење на правото, ...
Венко Менгеле е последниот кој има кредибилитет да говори за здравството во Македонија. Исто така за кризата во Гостивар, наместо прашања и обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ и Владата предводена од претседателот Мицкоски, нека се состане со неговите коалициони другари Ахмети и Таравари и нека побараат одговорност за скандалот во Гостивар директно од градоначалникот Валбон Лимани, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека, ...
Томас Милер повторно предизвика дебата за тоа дали присуството на Лионел Меси влијае на судиските одлуки. Германскиот фудбалер се потсети на ситуација со аргентинскиот капитен од која, според него, произлегува дека судиите го фаворизираат Меси. Неговата изјава се прошири на социјалните мрежи во видео и беше поврзана со контроверзиите од Светското првенство во 2026 година, пишува Goal.com. 🚨🗣 Thomas Müller speaks about referees favoring ...
По иницијатива на градоначалникот Горан Герасимовски, на денешната седница на Советот на Општина Центар е предложена дополнителна точка со која ќе се утврдат начинот и условите за доделување еднократна парична помош за граѓаните и правните лица чии објекти беа оштетени во силното невреме што го зафати градот на 21 јули. „Уште од првиот ден сме на терен со сите наши служби за да им помогнеме на граѓаните. Паралелно со расчистувањето на ...
Полицијата поднесе кривична пријава за локал во Охрид затоа што на 14-годишно дете му бил послужен алкохол. Според информациите на МВР, по послужувањето на алкохолот, на малолетникот му се слошило и паднал во несвест. СВР Охрид поднесе кривична пријава против правен субјект – угостителски објект од Охрид и против сопственикот и управителот Е.Н. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалаци на ...
Насилник во Тетово се заканувал на сопругата дека ќе ја убие, а отишол и кај неа на работа да ја бара и таму на нејзиниот претпоставен му викал дека неговата сопруга не смее да работи таму. Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 50-годишник за кривично дело – Загрозување на сигурноста, а за него доставен е и предлог за определување мерка притвор до надлежниот суд. „Осомничениот ја загрозил сигурноста на сопствената ...
Министерот за здравство и сите надлежни институции мора да понесат политичка и кривична одговорност за случајот со загадената вода во Гостивар, бидејќи со своето непостапување го доведоа во ризик здравјето на граѓаните, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче. „Загадувањето на водата започнало уште на крајот на јуни. И никој не реагирал. Никој ништо не кажал. Ги оставиле луѓето во Гостивар да пијат загадена вода. Институциите со недели ...
Билијардските спортови доживуваат невидена експанзија, како на светско, така и на локално ниво, па новата генерација млади македонски играчи со спортски жар и огромна желба за бранење на државните бои настапи на Европското првенство кое се одржа во Подчетртек, Словенија. За прв пат младинците имаа можност да настапат во екипна конкуренција, бидејќи пропозициите налагаат земјата да учествува со тројца играчи. Бидејќи едниот од нив веќе имаше ...
До крајот на оваа недела премиерот Христијан Мицкоски очекува водата во Гостивар да биде дозволена за техничка употреба, а до крајот на следната недела да биде добра и за пиење. Одговарајќи на новинарски прашања денес при посетата на Кавадарци, премиерот рече дека е предвидено целосно чистење на системот за водоснабдување во Гостивар. „Ако биде се како што треба бидејќи се вклучија екипи и од скопскиот Водовод и експерти, јас очекувам до ...
Општина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на Град Скопје на 21 јули. Образецот за пријавување штета е достапен во просториите на Општина Аеродром, а може да се преземе и од официјалната веб-страница на следниов линк: https://shorturl.at/L3rcJ Образецот, заедно со потребната документација, се доставува во Архивата на Општина ...
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во вторникот, во Гостиварско спроведоа 70 вонредни надзори со кои беа опфатени промет, кафе барови, пицерии, пекарници, слаткарници, сендвичарници, ќебапчилници, производство и пакување на овошје и зеленчук и др оператори со храна. Акцент при контролите беше ставен на утврдување дали операторите од овој регион ја почитуваат донесената забрана на АХВ за употреба на водата од ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција покажа документи за кои вели дека докажуваат дека водата во болница во Лешок е загадена. Како што кажа Филипче, официјалните документи доставени од укажувачи откриваат дека во Болницата за белодробни заболувања во Лешок била регистрирана здравствено небезбедна вода за пиење, а институциите не презеле ништо. Филипче нагласи дека извештајот на Центарот за јавно здравје, за ...
Здравствениот систем во државата е доведен до колапс, а власта предводена од Христијан Мицкоски не ја исполнува основната функција на државата, да го заштити здравјето на граѓаните, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. „Ова што се случи во Гостивар не е само еден изолиран случај, станува збор за системски знаци на неефикасност и нефункционирање. Едноставно, здравствениот систем се распаѓа во држава под ...
Венко Филипче е последниот што има кредибилитет да зборува за состојбите во здравството. СДС нема право да зборува за здравството, СДС за нивните 7 години власт направи скандали кои граѓаните ги плаќаа со своите животи, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувања на лидерот на СДСМ дека здравствениот систем е во колапс. „Граѓаните добро паметат во каква состојба го остави здравствениот систем по неговиот мандат со наталожени проблеми, недостиг на ...
Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска беше во Кавадарци каде што беше пуштен во употреба реконструираниот Градски базен. „Повторно сме во Кавадарци. Минатиот пат кога бев тука пред десетина дена почнувавме проект, сега пуштаме во употреба проект. Овој спортско-рекреативен центар мислам дека има регионално значење и е добар, да не речам, одличен. Од целосно запуштен објект, којшто сведочеше на едно лошо време, денеска гледаме како добива ...
Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје, најави премиерот, Христијан Мицкоски. „Што се однесува до обештетувањето на граѓаните кои претрпеа штета од невремето кое што се случи, само можам да кажам дека општините и институциите под општините формираат комисии. Граѓаните кои имаат штета треба да ја пријават таа штета во комисиите. Тие ќе направат проценка и потоа во Комитетот за проценка на штети ќе ги ...
Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Рита Колумбија и Марко Вујачиќ од Канцеларијата на UNOPS на која беа разгледани приоритетите во реформата на правосудството и следните чекори за модернизација и унапредување на системот. Посебно внимание беше посветено на експертската поддршка што Обединетите нации ја обезбедуваат во реформските процеси, ...
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави дека немаше наместени натпревари за време на Светското првенство во 2026 година, објави „SBC News“. Експертите на ФИФА изјавија дека не утврдиле постоење на наместени натпревари на Светското првенство. Претставници на организацијата ја следеа состојбата на пазарите за обложување во реално време, како и настаните на терен. Формирана е посебна работна група за контрола на интегритетот на ...
Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе Обвинителен предлог со кој побара и определување мерка притвор за едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство, ноќта меѓу 18 и 19 јули, обвинетиот телесно ја повредил ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница според член 133 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 30-годишник со нож се заканувал на двајца сопружници во чија фирма работел, барајќи да му ги исплатат последните неисплатени дневници. На 21 јули попладне, кога мажот и жената со нивниот ...