Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Грчките царински служби денеска ќе штрајкуваат, поради што се очекуваат големи гужви на граничните премини Евзони, Дојран и Ники. Патниците што патуваат во Грција или се враќаат од таму треба да очекуваат бавен сообраќај и подолги застои на одредени гранични премини поради штрајкот на грчките царински служби. Според достапните информации, прекинот на работата се однесува на премините Евзони, Дојран и Ники. На премините Евзони (Богородица), ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Иран веќе ја нападнал Украина во моментот кога таа почнала да испорачува оружје на Русија и предупреди дека мора да се направи сè за да се спречи отворање на нов фронт. Во интервју за Sky News, тој ги коментираше и несогласувањата меѓу военото раководство и Министерството за одбрана, кои го отежнуваат мобилизирањето и организирањето на воздушната одбрана, и ја изрази својата проценка ...
Францускиот претседател, Емануел Макрон, свика итен состанок на владата за денес поради шумските пожари кои се приближуваат кон Бордо на југозападот од земјата. Борбата против пожарот ќе биде дополнително комплицирана од новиот топлотен бран, а големи пожари се активни и во Шпанија, пишува Би-Би-Си. Градоначалникот на Бордо, Томас Казенав, изјави дека пожарот се наоѓа на само 15 километри од градот. Според него, евакуацијата на ...
Две лица се убиени, а најмалку пет се повредени во пукотница што се случи вчера вечер по локално време на популарниот фестивал на храна „Bite of Seattle“ во центарот на Сиетл. Меѓу повредените е и двегодишно дете, а полицијата потврди дека го истражува инцидентот со повеќе жртви и ги замоли граѓаните да ја избегнуваат областа, пишува BBC. WATCH: Moment gunshots fired at Seattle Center near iconic Space Needle pic.twitter.com/ZlmQTYmUiA — ...
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека заедничките воени операции меѓу Израел и САД значително ја ослабнале нуклеарната програма на Иран и ја вратиле неколку години назад. Во интервју за „Фокс њуз“, тој тврди дека 20 водечки ирански нуклеарни научници биле ликвидирани во две операции. „Во двете операции што ги спроведовме со Соединетите Американски Држави, ликвидиравме 20 од нивните врвни нуклеарни научници“, рече Нетанјаху. ...
Врвна пијанистичка уметност, префинета музичка интерпретација и силна емоција ѝ приреди на фестивалската публика британската пијанистка Исата Кане-Мејсон, која синоќа настапи на фестивалот „Охридско лето“ во рамки на традиционалната „Британска вечер“. Една од најистакнатите пијанистки на својата генерација, Кане-Мејсон уште еднаш ја потврди својата светска репутација, освојувајќи ја публиката со виртуозна техника, музикалност и исклучителна ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер (над 60 km/h), електрични празнења и изолирана појава на град, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Во Скопје, претежно облачно со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за ...
Реал Мадрид обезбеди нов трансфер, Јан Диоманде од РБ Лајпциг во текот на оваа недела официјално ќе стане играч на „Кралскиот клуб“. Според инсајдерот, Фабрицио Романо, договорот меѓу клубовите е постигнат, а обештетувањето за крилниот напаѓач од Брегот на Слоновата Коска ќе изнесува повеќе од 100 милиони евра. Диоманде ќе отпатува за Мадрид оваа недела, каде што ќе помине медицински прегледи и ќе потпише договор што ќе го врзе со Реал до ...
Челниците на англискиот првак Арсенал се подготвени да реализираат блокбастер трасфер до крајот на преодниот рок. Не е тајна дека нивна цел е Винисиус Жуниор. Според „Телеграф Спорт“, парите не се проблем. Подготвени се да му понудат на Бразилецот повеќе од 400.000 фунти неделно колку што заработува во Реал. Бразилецот има само уште една година од договорот со „кралскиот клуб“, а кога ќе се земе предвид неговиот конфликт со новиот тренер ...
Тадеј Погачар уште еднаш влезе во историјата на велосипедизмот. Словенечкиот ас по петти пат во својата кариера го освои Тур д’Франс, најпрестижната велосипедска трка во светот, со што се изедначи со најголемите легенди на овој спорт. Словенечкиот ас рутински ја заврши последната, 21-ва етапа во Париз и со тоа одбрани голема предност во генералниот пласман. Трката ја заврши 6 минути и 26 секунди пред Белгиецот Ремко Евенепул. Со овој ...
Денеска од страна на Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија во содејство со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен е претрес на дом и други простории кај С.Б.(23) од село Брест, скопско. При претресот пронајдена е поголема количина кокаин. С.Б. е лишен од слобода во Полициска станица Гази Баба по член 215 од Кривичниот законик и по целосно документирање на случајот ќе биде ...
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, триумфираше на Големата награда на Унгарија – 11. трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1. Британецот ја забележа својата прва победа оваа сезона и прва откако минатата година стана шампион. Норис дојде до триумф со 15 секунди предност пред Макс Ферстапен во болидот на Ред Бул, додека третото место му припадна на возачот на Мерцедес, Кими Антонели. Тимскиот колега на Норис, Оскар Пјастри, беше ...
Албанскиот премиер Еди Рама, повторно реагираше на протестите и барањето за негова оставка, при што за првпат директно кажа дека нема намера да поднесе оставка. Според него, мандатот што го користи произлегува од гласот на граѓаните и не може да биде прекинат од барањата на демонстрантите. – Тие повторуваат дека не сакаат дијалог, не сакаат преговори, само сакаат моја оставка! Големо недоразбирање, напиша Рама на платформата Х . Вели тој ...
Пожарите во близина на Мадрид и во регионот Авила влегуваат во ризична фаза. Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека иако борбата против огнената стихија се развива позитивно, но и дека пред земјата се наоѓаат неколку тешки часови. Во рок од помалку од 24 часа, вкупната изгорена површина во Шпанија се зголеми од 130.000 на 150.000 хектари. Армиската единица за вонредни ситуации постигна значителен напредок во сузбивањето на огнот. ...
Руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека на планината Елбрус се пронајдени телата на двајца планинари од Босна и Херцеговина, додека по уште тројца членови на групата се трага и се стравува дека и тие настрадале. Двајца планинари биле спасени. Седумчлената планинарска експедиција од Босна и Херцеговина била зафатена од снежна бура за време на искачувањето на Елбрус. Еден член на групата успеал самостојно да се спушти и да ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ги паузираше нападите врз Иран за да „даде простор“ за обновување на преговорите, изјави денеска амбасадорот на САД во Обединетите нации, Мајк Волц, откако Иран објави дека нема да напаѓа сè додека САД не го сторат тоа. „Тој остава простор за преговори“, изјави Валц за Фокс њуз за одлуката на Трамп, без да открие дополнителни детали. Во текот на викендов имаше затишје во непријателствата меѓу Иран и ...
Силното невреме во Штипско и Кочанско изминатава недела остави голема штета зад себе, но донесе и една убава приказна за грижа и хуманост. Неколку млади штркови, кои невремето ги соборило од гнездата, наидоа на помош од вработени во Општина Чешиново-Облешево. Тие ги згрижија птиците и секојдневно им обезбедуваат соодветна нега, храна и вода, додека целосно не закрепнат. Од Општината информираат дека два од штрковите веќе се подготвени ...
Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира. Редовен карго сообраќај на Коридор 10 кој носи најмногу приход на Железници ќе има, патнички возови за Велес, Гевгелија, Прилеп и Битола ќе има… напиша вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил, после брзата реакција на надлежните институции по направената штета на ЈП МЖ Инфраструктура кај Драчево. –После тешката штета нанесена ...
Во Старата скопска чаршија денеска беше откриена спомен-плоча во чест на истакнатиот полски урбанист Адолф Циборовски, како признание за неговиот значаен придонес во зачувувањето на едно од највредните културно-историски обележја на главниот град. На свеченоста присуствуваа градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, внуката на Циборовски, ...
Пожар избувнал во семејна куќа на булеварот „Словенија“ во Скопје, при што била зафатена кровната конструкција, информира Министерството за внатрешни работи. Според МВР, случајот бил пријавен на 25 јули во 14:17 часот. Опожарена била куќа во сопственост на Б.М. (84) од Скопје. На местото интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која го локализирала и изгаснала пожарот. Во инцидентот нема повредени лица, а ...
Израелски доселеници рано утринава нападнале палестински села на окупираниот Западен Брег, запалиле две џамии и испишувале графити на објектите, соопштија палестински претставници. Жителите излегле од своите домови за да им се спротивстават на доселениците, по што дошло до вооружен судир, наведоа палестински претставници. Според податоците на Обединетите нации и на Палестинската управа, годинава во насилство поврзано со израелските ...
Тарик Прусац, кој се наоѓаше во притвор поради сомнение дека на 1 мај годинава ја убил сопругата Елма Годињак во сараевската населба Добриња, починал во Казнено-поправниот завод Игман, откако, според информациите на медиумите во БиХ, извршил самоубиство. Според весникот „Аваз“, тој си го одзел животот така што од својата дуксерка направил јамка, која ја прицврстил за дел од затворскиот кревет. Наводно, го искористил моментот кога останатите ...
Дваесет и четиригодишен жител на скопско село во општина Петровец е приведен под сомнение дека со автомобил ја влечел својата 42-годишна мајка, при што таа се здобила со повреди, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, инцидентот се случил на 25 јули околу 18:50 часот. Осомничениот, управувајќи патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, преку отворениот прозорец ја фатил својата мајка и ја влечел околу 20 ...
Осум лица биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие во одделни полициски акции спроведени во Скопје и тетовско, откако кај нив била пронајдена дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во Скопје, на повеќе локации, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Ј.Ч. (47), А.Б. (19), Ф.Р. (27), Н.К. (19), М.О. (26), сите од Скопје, како и В.М. (35) од селото Морани. При преглед кај нив биле пронајдени и одземени кафеава ...
Кумановка возела 5-годишо дете на четирицикл, изгубила контрола, се превртеле, при што детето е тешко повредено. „На 25.7.2026 година околу 20:15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница меѓу улиците Козјачка и Велко Стаменковски во селото Доброшане, кумановско, 30-годишната С.П. од с. Доброшане, управувајќи четирицикл со кумановски регистарски ознаки, изгубила контрола и се превртела на коловозот. Во несреќата со тешки ...
СВР Струмица поднесе кривични пријави против шест лица од селото Просениково поради сомнение дека сториле кривични дела „насилство“, а дел од нив се товарат и за противправно лишување од слобода и напад врз службено лице. Како што информира Министерството за внатрешни работи, пријавени се Б.Д. (22), Т.Ј. (49), С.Д. (47), В.М. (36), Г.Т. (42) и М.Т. (21), сите од село Просениково. Според истрагата, на 24 јули околу 21:20 часот тие насилно ...
Поширокиот регион на највисоката грчка планина Олимп, од денеска е дел од Списокот на светско наследство на УНЕСКО по едногласна одлука на надлежниот Комитет донесена на 48-та сесија што се одржува во Јужна Кореја, соопштија Министерствата за култура и животна средина и за енергетика на Грција. Според нив, одлуката е „едно од најзначајните меѓународни признанија во областа на заштитата на културното и природното наследство, бидејќи ја ...
Тинејџер на 16 годишна возраст од скопското село Кондово починал откако му се слошило за време на посета на роднини во селото Сингелиќ, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според објавата на МВР, дечкото заедно со неговата мајка кратко по пристигнувањето во Сингелиќ изгубил свест и бил пренесен на скопските клиники, каде кратко време по приемот починал. – На 25.07.2026 во 16.22 часот во СВР Скопје, од Комплекс клники „Мајка ...
Времето утре ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата, на одделни места ветерот ќе достигнува брзина поголема од 60 километри на час. Метеоролозите најавуваат дека по утрешната нестабилност, под влијание на поле со висок воздушен ...
Технички исправна вода за користење се очекува да добијат жителите на Гостивар уште во текот на утрешниот ден, потврди премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека кризата се санира во рекорден рок од една недела. Според него, иако управувањето со водоводната мрежа е во директна ингеренција на локалната власт, Владата веднаш се вклучила на терен преку обезбедување хуманитарни донации во флаширана вода и со ангажирање стручни екипи од ...