Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Авион на „Американ ерлајнс“, кој летал од Рим кон Филаделфија, принудно слетал во Даблин откако неколку членови на екипажот почувствувале мачнина и вртоглавица. Од авиокомпанијата соопштиле дека во кабината бил забележан необичен мирис, но засега не е утврдено од што потекнувал. Според неофицијални информации, здравствени тегоби почувствувале шест од деветте членови на кабинскиот екипаж. Авионот безбедно слетал во ирската престолнина, каде ...
Седум локални манифестации посветени на домашната храна, земјоделското производство, руралната жена, задругарството, лозарството и локалните традиции ќе се реализираат со финансиска поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Договорите за техничка поддршка за организирање локални манифестации и саеми од областа на земјоделството и руралниот развој денес ги потпиша министерот Борче Серафимовски, а нивната вкупна ...
Водата во Гостивар од денеска може да се користи за технички потреби, како капење, перење, миење садови и одржување на домаќинството, но и понатаму не е дозволена за пиење и подготовка на храна, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Одлуката е донесена по повеќекратни анализи на квалитетот на водата, кои покажале дека таа повеќе не е загадена со фекалии. Хемискиот инженер Емилија Аневска од ЈП „Водовод“ Скопје изјави дека ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на капитални инвестиции и проекти кои обезбедуваат почиста животна средина, подобра комунална инфраструктура и повисок квалитет на живот за граѓаните. Преку значајни вложувања во регулирање на речните корита, изградба и реконструкција на водоводни и канализациски системи и пречистителни станици, Владата создава современи и одржливи услови за развој на локалните заедници и заштита на ...
Полицијата поднесе кривична пријава против струмичанец за подметнување пожари на трактор и патничко возило, сопственост на две лица од Струмица. Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против В.К.(41) од Струмица поради постоење на основано сомневање дека сторил кривични дела „предизвикување општа опасност“. На 25.07.2026 околу 22:00 часот и на 26.07.2026 околу 01:00 часот во Струмица, пријавениот подметнал пожари на ...
Министерството за здравство објави ажурирани податоци за бројот на пациенти кои првпат побарале лекарска помош во Општата болница и Здравствениот дом во Гостивар, со пресек заклучно со 26 јули. Според објавените информации, од 14 до 26 јули се реализирани вкупно 4.197 први прегледи, од кои 2.351 во Општата болница и 1.846 во Здравствениот дом. Најголем број прегледи биле регистрирани на 18 јули, кога биле извршени 649 први прегледи – 334 во ...
Претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска, е избрана за член на Управниот Одбор на Светската федерација на училишен спорт (ISF), највисокото управувачко тело на оваа организација, соопшти Федерацијата на училишен спорт на Македонија. На првиот состанок на новиот Извршен одбор на ISF, кој се одржа во Белград, беше формирана управувачката структура за новиот четиригодишен мандат, од 2026 до 2030 година. ...
Украина во текот на ноќта изврши напад со дронови врз повеќе руски региони, при што биле погодени трговското пристаниште во Ростов, складиште со државни резерви на гориво во Удмуртија и градот Белгород, објави Kyiv Post, повикувајќи се на независниот медиум Astra. Според руските власти, во Ростов загинале две лица, а петмина се повредени. При нападот избувнале пожари во приватна компанија и складишта, а оштетени биле и станбени објекти. В ...
Италијанската финансиска полиција денеска извести за заплена на повеќе од 2,6 тони кокаин во Атлантскиот Океан, покрај португалскиот брег. Проценетата улична вредност на дрогата достигнува 500 милиони евра, објавува „Ројтерс“. Кокаинот е откриен на брз чамец, а уапсени се четири лица на бродот. Станува збор за двајца Шпанци, жител на Гибралтар и албански државјанин кој живее во Италија. Италијанската Guardia di Finanza во соопштение ...
Андреа Пирло нема да стане нов селектор на италијанската фудбалска репрезентација. Неговото назначување беше суспендирано во последен момент од страна на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) поради комерцијалната соработка на Пиро со руската обложувалница Фонбет. Веста за прекин на преговорите го затекна тренерот синоќа во автобус, додека се враќаше од пријателски натпревар во Салцбург. Малдини и Леонардо, технички директор и советник ...
Советот на Општина Ѓорче Петров денес одржа вонредна седница на која беа донесени две одлуки насочени кон справување со последиците од природни непогоди и изразување солидарност со погодените граѓани. Советот донесе Одлука за формирање Комисија за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи. Комисијата ќе биде надлежна за процена на штетите на територијата на Општина Ѓорче Петров, нивно ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со Фернандо Мариано Сампедро Маркос, државен секретар за ЕУ во Министерството за надворешни работи, ЕУ и соработка на Шпанија. „Во фокусот на разговорите беа европската интеграција на Република Северна Македонија и актуелните случувања во процесот на проширување на Европската Унија. Министерот Муцунски изрази благодарност за доследната и ...
Пензионираниот актер на Драмски театар Скопје, незаборавниот Цанде од „Солунски патрдии“ и еден од најпопуларните и најпрепознатливи македонски актери, почина на 75-годишна возраст. Од Драмски театар Скопје велат дека со неговото заминување, македонскиот театар, филм и телевизија загубија уметник чиј талент речиси половина век беше дел од колективната меморија на публиката. „Гоце Тодоровски не ја бараше наклонетоста на гледачите. Ја ...
Четири дена откако бела пена течеше од Лепенец во Вардар и го загадуваше Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски веднаш пушти дрон. Најави дека „толеранција нема да има за никого“. Вети дека брзо ќе се открие кој го направил тоа. И? Што открија Орце и дронот по четири дена? Кој ги загадил Скопје, Лепенец и Вардар?, прашуваат од СДСМ и го обвинија скопскиот градоначалнил за молк на оваа тема. „Истиот Орце што ни го подари билбордот изработен ...
Општина Аеродром денеска свечено ќе ги испрати учесниците на 48. традиционален Илинденски коњички марш, кои и оваа година ќе ја продолжат долгогодишната традиција во чест македонскиот национален празник – 2 Август – Илинден. Свечената церемонија ќе започне во 17:00 часот во паркот „Јане Сандански“, каде што градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, на коњаниците ќе им го предаде знамето на Општина Аеродром како симбол на поддршката ...
Собранието денеска ќе одлучува за ребалансот на Буџетот за 2026 година. Левица најави дека ќе гласа против предложениот ребаланс, бидејќи, како што велат, амандманската расправа покажала дека Владата не само што нема намера да ја промени својата економска политика, туку го одбила речиси секој предлог што значел поголема јавна корист, подобра заштита на граѓаните и поодговорно трошење на буџетските средства. „Левица поднесе 47 амандмани со ...
Во јавноста деновиве се отворија повеќе прашања за реализацијата на проектот „Водоснабдување на Гостивар II – SECO II“, . Од ЈП „Комуналец“ објавија соопштение во кое наведуваат дека оценката дека проектот во целина „пропаднал“ не може да се изведе без увид во одобрениот проектен опфат, договорите, изведените и тестираните работи, документацијата за примопредавање и причините поради кои одредени делови сè уште не се целосно оперативни „Со ...
Одлуката на Флорентино Перез и неговите блиски соработници, Реал Мадрид да издвои троцифрена милионска сума за потписот на 19-годишниот Јан Диоманде предизвика вистински фудбалски земјотрес. Младиот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска го воодушеви светот со брилијантните настапи на неодамна завршеното Светско првенство и одличната сезона во Лајпциг, но сумата што надминува 100 милиони евра ја подели и јавноста, како и клупските ...
Сè што правиме сега ќе ги покаже своите ефекти дури подоцна, а кожата секогаш се сеќава на сè. Кога ќе наполните 25 години, време е за посебна нега на кожата. Кога ќе наполните 25 години, вашата кожа бара посебна нега. Треба да најдете рамнотежа помеѓу правилно чистење, хидратација и спречување на првите знаци на стареење. Маска за лице По 25-годишна возраст, нанесувајте маска за лице три пати неделно. Исто така, во текот на летото, ...
Односите меѓу Карим Бензема (38) и саудискиот клуб Ал-Хилал дополнително се влошија. Францускиот напаѓач одбива да го напушти клубот и не прифаќа ниту една понудена опција за летен трансфер, што му создава сериозни проблеми на клупските челници во подготовките за новата сезона. Раководството на Ал-Хилал се обиде да ја реши ситуацијата нудејќи му на Бензема трансфер во еден од новите прволигашки тимови во лигата, но францускиот фудбалер ја ...
Словенечкиот фудбалски судија Славко Винчиќ ја заврши својата судиска кариера само една недела откако го судеше финалето на Светското првенство. Винчиќ се пензионира на 46 години, а неговото заминување беше потврдено од Фудбалскиот сојуз на Словенија. Винчиќ стана меѓународен судија во 2010 година. Две години подоцна, беше вклучен во Европското првенство како шести судија, а со словенечкиот тим учествуваше и во четвртфиналниот натпревар. Во ...
Бредли Баркола, одби да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен, и според сè, следната негова дестинација ќе биде Премиер лигата. Баркола сака да го напушти клубот, поради жестоката конкуренција на неговата позиција. Ливерпул засега покажува најголем интерес. Пари Сен Жермен реагираше и постави цена за крилниот напаѓач од 170 милиони евра. Ако ова е премногу за Ливерпул, шампионот на најсилната лига во светот сака да ја искористи шансата. ...
Патникот на летот на „Рајанер“ кој речиси излета од авионот откако се скрши прозорецот на надморска височина од шест илјади метри тврди дека компанијата му понудила само нов авионски билет како компензација. Љубиша Каровиќ, 61-годишник од Србија, ангажирал адвокат и бара компензација од ирската авиокомпанија, објавува The Telegraph. Инцидентот се случи пред две недели на утрински лет од Грција до Германија. Каровиќ спиел кога прозорецот до ...
Граѓаните да бидат спокојни, затоа што владините институции преземаат конкретни мерки за стабилизирање на состојбата во Гостивар и процесот на нормализирање на состојбата е при крај, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на обвинувањата од СДСМ. „СДС наместо да побара одговорност од своите поставени кадри во Гостивар, се обидува политички да профитира од скандалот со водата, кој кадри на нивната коалиција со ДУИ и Таравари, го создадоа. Во моментов, ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, продолжи да му се заканува на Иран вчера, и покрај привременото прекинување на непријателствата. На својата социјална мрежа Truth Social, тој објави серија слики генерирани од вештачка интелигенција кои го покажуваат уништувањето и запленувањето на ирански бродови и енергетска инфраструктура, пишува The Times of Israel. На најавите им претходеа два мирни дена на Блискиот Исток, по 13 дена интензивни ...
Мицкоски вели дека од денес техничката вода во Гостивар е чиста. Дали му верувате, прашуваат од СДСМ. „Над 4.070 граѓани во Гостивар побарале медицинска помош. Вчера беа регистрирани уште 125 прегледи на лица со симптоми, а едно дете е хоспитализирано во болница. Водата била загадена со фекалии. А институциите молчеле. Симптомите почнале на 14 јули. Епидемија е прогласена дури на 19 јули. Цели пет дена институциите не ја информирале јавноста ...
Во гостувањето во подкастот „Baby, This is Keke Palmer“, Опра Винфри се потсети на својот единствен музички сингл „Run On“, кој беше искористен како воведна шпица за 13-та сезона на нејзиното иконско ток-шоу „The Oprah Winfrey Show“ во 1999 година. Иако со децении беше една од најпознатите телевизиски презентерки во светот, таа признава дека пеењето никогаш не било нејзин талент. Во времето кога била напишана песната, Винфри размислувала ...
Некои луѓе оставаат свој белег дури и откако ќе заврши љубовната приказна. Со текот на времето, емоциите се смируваат, животот продолжува, но нивните сеќавања остануваат изненадувачки живописни. Според астрологијата, еден хороскопски знак се издвојува затоа што остава силен впечаток кај своите поранешни партнери. Станува збор за Скорпија. Скорпиите ретко влегуваат во врски површно. Кога веруваат на некого, вложуваат многу емоции, време и ...
Експертите предупредуваат дека покрај стресот, и исхраната може да придонесе за зголемување на кортизолот, особено кога често се консумираат слатки појадоци, засладени житарки, брза храна и рафинирани јаглехидрати како што е белиот леб. Во последниве години, сè повеќе се зборува за кортизолот и неговото потенцијално негативно влијание врз здравјето, а социјалните мрежи, нутриционистите и здравствените портали често го истакнуваат како еден ...
Уште една тажна вест. Нѐ напушти Гоце Тодоровски – голем човек, голем актер и едно од најпрепознатливите лица на македонската театарска и филмска сцена, објави градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски. „Со неговите улоги растеа генерации. Нѐ смееше, нѐ трогнуваше и оставаше трага што никогаш нема да избледи. Неговото дело ќе продолжи да живее, затоа што вистинските великани никогаш не заминуваат – тие остануваат во срцата на народот и ...