
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Судскиот совет денеска ги утврди кандидатските листи за членови на судски совет од Врховниот суд и од Апелационото подрачје Битола, на двете листи има вкупно пет судии. Со шест гласа за и 5 против, Судскиот совет ја утврди кандидатската листа за член од Врховниот суд на која се кандидатите Цветанка Периќ и Исамедин Лимани. На кандидатската листа за избор на член на Советот од апелационо подрачје Битола беа утврдени кандидатите Александар ...
Иконата на автомобилскиот дизајн, Марчело Гандини, почина вчера на 85 години во Торино, Италија. Причината за неговата смрт сè уште не е објавена. Роден во 1938, Гандини во 1965 година влегува во Бертоне по заминувањето на главниот дизајнер Џорџето Џуџаро. Гандини минал 14 продуктивни години во компанијата, ја формирал дивизијата Стиле Бертоне, и дизајнирал некои од најлегендарните возила во историјата. Неговиот дизајнерски талент бил ...
Министерот за надворешни работи во техничката влада вчера во министерскиот кабинет имал средби со неколкумина aмбасадори од западните земји на кои им се пожалил за одлуките на ДИК и обвини за „изборен инжинеринг“. Инаку, одлуките на ДИК за прегласување на некои изборни места ја тангираат токму коалицијата на ДУИ, на која припаѓа Османи. Османи преку својот приватен фејсбук-профил информира дека имал средби со амбасадорите на Обединетотот ...
Клиниката за Токсикологија станува се’ по токсична. ”Фрчат” разрешувања,обвинувања, клевети и тужби помеѓу министерот за здравство и медицинскиот персонал на клиниката. Доктор Нико Беќаровски ќе го тужи министерот за здравство Илир Демири доколку за 24 часа не добие јавно извинување.Смета дека обвинувањата од страна на Министерството за здравство дека наводно ги навредувал вработените по национална основа се неосновани и лажни. Беќаровски ги ...
Според словачките медиуми, напаѓачот испукал неколку куршуми кон премиерот. На видеото се гледа како петмина полицајци го апсат напаѓачот. На видеото се гледа како полицајците и обезбедувањето во цивилна облека го совладуваат атентаторот и го соборуваат на земја додека граѓаните кои случајно се нашле таму се обидуваат да им се тргнат од патот. Може да се види и како чуварите држат пиштоли и се обидуваат да го обезбедат местото каде што се ...
Повеќе од една година, автомобилите на вработени и раководни лица во затворот „Идризово“ се мета на неоткриени пиромани. Заедничко за сите случаи е што автомобилите се запалени среде ноќ, а сторителите не се откриени. Сите пожари се подметнати. Извори за „Скопје1“ велат дека целта е заплашување, а станува збор за нарачки кои можеби доаѓаат и од затворот. Возилото на директорот на затворот, Зоран Јовановски, е седмо кое беше опожарено. ...
Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов најави дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, на која од неодамна припаѓа и неговата партија, наскоро ќе обезбеди вкупно 63-64 пратеници. Тој не откри кои новоизбрани пратеници смета ВМРО-ДПМНЕ. Во гостување на ТВ24, Трајанов нагласи дека зборува за бројки без да ја има предвид бројноста на идната пратеничка група на коалицијата Вреди. На извесен начин, лидерот на Демократски сојуз наговести дека ...
Власта во Приштина им забрани на поглаварот на Српската православна црква (СПЦ), патријархот Порфирије и на седумте владици кои го придружуваат да влезат во Косово, каде за утре е закажан состанок на советот на СПЦ во Пеќската патријаршија. Патријархот требаше да пристигне во Косово во текот на попладневните часови, но пред да пристигне на преминот Мердаре од Приштина, стигна забрана во која се наведува дека поглаварот на СПЦ не може да влезе ...
Поранешниот претседател Стево Пендаровски се откажа од правото на користење државна пензија, и одлучил да и се врати на академската кариера. – Кaко поранешен претседател, Пендаровски нема да ја користи државната пензија која му следува по закон, затоа што веќе се врати на својата академска кариера како професор на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје. Претставници на Министерството за внатрешни работи ќе продолжат да го обезбедуваат ...
Двојно убиство се случи денеска во скопско Стајковци. На скалите и на терасата од семејна куќа со крвави рани на главите биле пронајдени В.К. (64) и С.К. (57), сопруга на еден од браќата на В.К. На лице место лекар констатирал смрт кај С.К., додека В.К. починал во скопскиот Клинички центар. Настанот бил пријавен во СВР Скопје во 12.30 часот. Полицијата во 14 часот го пронашла Љ.К. (67), брат на В.К, кој имал убодни рани на телото и за кого ...
Пејачката Андријана Јаневска, која е професор по солфеж и соло пеење на катедрата за популарни жанрови на Факултетот за музичка уметност, но и виолинистка во НОБ, вчера (13.05) ја зеде својата диплома. Таа на социјалните мрежи објави фотографии од прогласувањето за доктор на науки. Со неа беше и сопругот, гитаристот Драган Гиновски – Гино, кој не само сега, туку и години наназад ѝ е најголема поддршка. „Денес во Ректоратот на УКИМ бев ...
Од утре треба да тргнат натамошните разговори за формирање на новата Влада, откако во саботaта партиите собрани околу коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ постигнаа начелен договор за соработка, во составување на иднатa Влада. Партиски извори од двете партии денеска потврдија дека се формирани работните групи кои се подготвени утре да ја одржат првата средба на која ќе ги продолжат разговорите. Од двата табора посочуваат и дека имињата на ...
Чекајќи ја одлуката од Управниот суд, партиите на Албанците меѓусебно се обвинуваат за нерегуларности при сумирањето на изборните резултати. Тоа станало видливо од разгледувањето приговори во ДИК а треба да заврши со кривични пријави. Коалицијата Вреди укажува дека отворањето на неколку гласачки кутии покажало неправилности, кражба на гласови, бугарски воз и броење на неважечки ливчиња како гласови за Европскиот фронт. -Тие се во паника. Не ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими шефот на делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир. На средбата претседателката Сиљановска Давкова се заблагодари за упатените честитки од челниците на Европската Унија по повод нејзиното стапување на функцијата и изрази подготвеност за целосна соработка со делегацијата на Европската Унија во Скопје во однос на пристапниот процес на државата, истакнувајќи ја значајноста ...
Министерот за здравство Илир Демири го потпишал решението со кое се разрешува медицинскиот директор на Клиниката за Токсикологија, доктор Данил Петровски. Решението денес пристигнало во правните служби на Клиниката, а за разрешувањето добивме потврда и од министерството и од директорот Петровски. Медицинскиот директор беше разрешен од вршител на должност директор поради неправилности во работата. Во однос на годишниот одмор ве известуваме дека ...
„Амандманите на Уставот во Службен весник беа објавени на 12 јануари 2019 година. Од тогаш до март 2024 година се направени шест измени и дополнувања на Изборниот законик. И никој не видел дека името на државата во сите тие измени останало Република Македонија? И сега виновна е професорката, претседателката Гордана Сиљановска Давкова затоа што при давањето на свечена изјава не кажала северна“? Со овие зборови во изјава за МКД.мк реагира ...
Ја прочита, но јавно не ја покажа. Лидерот на ДУИ Али Ахмети ги собра денеска лидерите од Европскиот фронт на средба, на која ги наброја имињата на потписниците на декларацијата со која наводно Таравари, Меџити, Касами и Гаши уште на 13 јануари се заложиле дека ќе ги поддржат уставните измени. На неа, според Ахмети стои дека нема да прават коалиција со партија која нема да се согласи да бидат вметнати Бугарите во уставот, пренесува Алфа ТВ. ...
Ќе се прегласува на едно избирачко место во Желино одлучи Државната изборна комисија. Приговорот е на коалицијата Вреди од вкупно 10 за избирачки места кои се дел од шестата изборна единица како Тетово, Гостивар, Боговиње и Врапчиште поднесени поради неправилности при гласањето за кои сметаат дека влијаеле на сумирањето на резултатите. Во шестката Вреди има 7 пратенички мандати а Коалицијата предводена од ДУИ 9. Дури 110 гласачи од ова ...
Коалицијата „Европскиот фронт“ освои 19 пратенички места. Само 10 од нив се на ДУИ, која ја предводи коалицијата. Другите се на ДПА, Народно движење, Алијанса за Албанците, Демократската партија на Турците и Движењето на Турците во Македонија за правда и демократија. Оваа се кандидатите за пратеници. Доколку некој од нив се откаже од пратеничкиот мандат, за пратеник се избира следниот на пратеничката листа. Од Изборната единица (ИЕ) 1 – 2 ...
По првата средба денеска мирен ден во преговорите за идната владина коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ кои заедно 71 пратеник. Од коалицијата Вреди брифираат дека денеска нема да се одржат преговори со преставници на ВМРО-ДПМНЕ. По разговорите од викендов, иако за денеска беше најавена нова средба, одлучено е секој во своите штабови да прави своја анализа за содржината од разговорите, велат до Вреди. Од коалицијата Вреди за ТВ ШЕЊА најавија ...
УКИМ го делат само 10 места од последното на најдобри 2000 универзитети во светот според последната ранг листа на Центарот за рангирање на светски универзитети кои најпрестижниот универзитет во земјава го позиционираа на „опашката“, односно на 1990 место. Државниот универзитет Св. Кирил и Методиј пет години е во слободен пад на листите, спуштајќи се 174 места подоле или само годинава паднал за 26 места. Поразителната состојба е очекувана според ...
14 годишно момче од Битола ненадејно починало во атарот на селото Крстоар, близу Битола. Станува збор за момче, осмоодделенец од ОУ „Коле Канински“ во Битола, за кое наставници од училиштето велат дека претходно немало видливи здравствени проблеми. Ненадејната смрт ја вознемири битолската јавност. Според информацијата на СВР Битола, вчера, попладне околу 16 часот и 45 минути, од Итната медицинска помош Битола било пријавено дека околу 15.30 ...
Денот на инаугурацијата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе бројни реакции како од Грција и од Европската Унија, денеска и од Бугарија, така и во домашната политичка јавност со силен интензитет. Причината за тоа не беше нејзиното обраќање во парламентот, ниту преземањето на должност во Вила Водно, туку само зборот „северна“ кој новата претседателката не го изговори иако од страна на претседателот на Собранието Јован Митрески ...
Да не се заборави она што се случи пред 75 години, да покажеме дека постоиме и дека нас никој не не измислил, ова се пораките на Македонците од Егејот кои денеска се собраа на „Беломорските средби“, од каде испратија порака за обединување и посветла иднина на Македонија. Порачаа егзодусот никогаш да не се заборави и никогаш никаде во светот да не се повтори. „Обврската на нас следната генерација, да ја предадеме палката на овие помладите, ...
Македонската ракометна репрезентација со 34:26 ја победи селекцијата на Фарските Острови и се пласираше на Светското првенство во 2025 година, по натпреварот што на 12 мај се одржа во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје. По првите 30 минути Македонија водеше со 19:15, во 37 минута ги имаше посакуваните плус седум разлика, а во неколку наврати водеше и со девет разлика. Жарко Пешевски со осум погодоци беше најефикасен во победничкиот ...
Грчкото министерство за надворешни работи објави соопштение по повод изјавата на новата претседателка Гордана Силјановска Давкова во која таа не го кажа уставното име, туку само кажа Македонија. „За време на денешната свечена заклетва во Собранието, и покрај тоа што во официјалниот текст на заклетвата што и беше прочитана, земјата се нарекува „Северна Македонија“, новата претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска ...
Денеска на инагурацијата на првата жена претседател – Гордана Силјановска Давкова ве запознаваме со надлежности на македонскиот претседател. Претседателот на Македонија ја претставува Републиката и е врховен командант на вооружените сили. Своите права и должности Претседателот ги врши врз основа и во рамките на Уставот и законите. Претседателот на Републиката се избира на општи и непосредни избори, со тајно гласање и со мандат од пет години. ...
Во свечената собраниска сала каде што беше инаугурацијта на Гордана Силјановска Давкова за претседателка на државата покрај пратениците од сега стариот собраниски состав по протокол беа верските лидери на МПЦ-ОА и ИВЗ председателката на Уставниот суд, домашни и странски дипломати и екс председателот Ѓорѓе Иванов и Вилма Трајковска, сопруга на загинатиот председател Борис Трајковски, а екс претседателот Бранко Црвенковски и досегашниот Стево ...
Новата претседателка на Македонија Гордана Сиљановска Давкова ја даде свечената заклетва со што стана 6-ти по ред шеф на државата од независноста на Македонија. При давањето на заклетвата Сиљановска Давкова наместо уставното име го употребуваше името Македонија. По заклетвта, свеченото обраќање, Сиљановска Давкова им го посвети на жените, а на мажите политичари им порача да бидат витези кои ќе им помогнат на жените за една подобра Македонија. ...
Инаугурацијата на Силјановска Давковка во Собранието се одржува во овие моменти. Таа даде свечена изјава пред претходниот парламентарен состав по што официјално ќе ја преземе функцијата и ќе започне нејзиниот пет годишен мандат. Универзитетската професорка Гордана Сиљановска – Давкова е шестиот претседател на земјава и воедно првата претседателка на Македонија. Таа пристигна во присуство на својот сопруг. MRT 1 VO ZIVO – Makedonska radio ...