Уште еден доказ за неорганизираност на нашето општество, за честото носење избрзани одлуки, без јасна предвидливост, непријатна ситуација од која сите ги чувствуваме последиците. Вака денеска претседателот на Сојузот на стопански комори (ССК) Трајан Ангелоски ги оцени последните случувања околу цените за осигурување на возилата. Според него, треба точно да се знае која мерка е во сила, а и кога се донесува некаква нова, поинаква одлука таа ...

Во скопската општина Аеродром денеска се одржа централната прослава за одбележување на Денот на македонската полиција 7-ми Мај, со обраќања на раководството во МВР, како и изложба и презентација на опрема на различни полициски единици. Изложена опрема на МВР Денеска е одбележан Денот на македонската полиција во паркот „Авион“ во скопски Аеродром. На настанот беше презентирана опрема од Министерството за внатрешни работи низ годините која ја ...

Утрешното гласање, вториот круг за претседател и парламентарните избори ќе ги следат вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски новинари. Акредитирани се 1.078 домашни набљудувачи, потоа 770 странски набљудувачи. Вообичаено за меѓународните мисии е ангажирање на преведувачи, овој пат нивниот број е 85. Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР има акредитирано 410 набљудувачи и 14 експерти, а од домашните, најмногубројни, или 752 набљудувачи се ангажирани од ...

Владимир Путин денеска го почна петтиот претседателски мандат откако положи заклетва на свечена церемонија во Кремљ, која беше бојкотирана од САД и најголем дел од западниот свет. По убедливата победа на изборите во март, кога освои 87% гласови, Путин ја зацементираше својата власт најмалку до 2030 година, кога ќе може да се бори за уште еден мандат, станувајќи најдолготрајниот руски лидер од Јосиф Сталин. Меѓу гостите на инаугурацијата беше и ...

Бојан Јовановски-Боки 13 посочи дека Зоран Милевски-Кичеец го пријавил поради статусот во кој вели дека лица блиски до него пробуваат да го замолчат. Посочи дека Кичеец е дел од неговите кривични пријави за сторени кривични дела за кои тој има докази па додаде: „Тоа ќе биде предмет на постапка, а ова го чувствувам како директен притисок бидејќи се случи вчера кога скоро цела држава знаеше дека имам јавен настап, најавено интервју. Пријавителот, ...

Бојан Јовановски-Боки 13 во гостувањето кај „Лазаров“ кажа дека во домот во Тафралиџе го барала полиција додека тој е во живо на подкаст. Тој соопшти дека во два наврати бил баран од припадници на полицијата. Како што соопшти Јовановски-Боки 13, пријавен бил од Зоран Милески-Кичеец, за загрозување на сигурноста. „Пријавен сум за загрозување на безбедност. А тој е човекот што сакаше да ме замочи. Тој тоа го пробува и преку полицијата тоа го ...

Животниот стандард го уништија, јас малку постручно велам животниот стандард меѓутоа нема семејство што не живее полошо отколку што живеело претходно, цените отидоа нагоре многу. Не е суштината ти платата да му ја зголемиш ако вредноста на платата се намалува или на пензијата, значи не постигнале ништо од актуелната власт. Многу е смешно кога ќе ветуваат плати и пензии, а притоа не размислуваат во делот на цените. И во тој дел апсолутно немаат ...

На раскошно украсени епитафи и традиционалните торжества, моштите на „Свети Георгиј Победоносец“, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица, утре ќе ја осветат Струга. Традиционално, на 7 мај, моштите и чудотворните икони носени од угледни граѓани, предводени од локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски, манастирите во Рајчица и Пречиста, по вечерната служба ќе тргнат од храмот „Свети Георгиј“ и ќе ...

Средба со европскиот емисар, Питер Ванхоуте со кандидатот за претседтел на ВЛЕН Арбен Таравари, па вест дека албанската опозиција ќе ја поддржи кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг на изборите. Вака изгледаше од прилика обзнанувањето на соработката помеѓу ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ. „Денеска имавме добра и продуктивна средба со европскиот емисар г. Питер Ванхоут. Европскиот пат на земјата ќе биде во сигурни раце!“, ...

Бојан Јовановски-Боки 13 тврди дека добива разни форми на закани и притисоци за да го откаже гостувањето кај јутуберот Стефан Лазаров, за каде најави „второ полувреме“ со докази. Преку фејсбук статус алармираше дека дека пред влезот на неговиот стан го пречекале лица за да му пренесат порака, како што тврди од, Зоран Милески-Кичеец. Неговиот статус интегрално: „Ја известувам јавноста дека лица блиски и под команда на Зоран Милевски-Кичеец веќе ...

Демократскиот сојуз на Павле Трајанов ги повика граѓаните да гласаат за Гордана Силјановска Давкова и за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Партиите кои се на власт, кои ги разградија институциите, ја криминализираа државата, ги загрозија националните и државните интереси, ги доведоа граѓаните во очај и предизвикаа масовно иселување, треба да одат во опозиција и да одговараат за грабежот и загрозувањето на опстанокот на државата. Во овие ...

Утре стартуваат парламентарните и вториот круг од претседателските избори. Гласаат болните и изнемоштени лица во домашни услови. За првиот круг до ОИК во Штип беа поднесни и усвоени 158 барања и истите не мораа да поднесуваат ново барање, зашто им важи и за вториот круг, а во меѓувреме се пријавија и нови. Согласно роковникот на ДИК, бидејќи до 30-ти април беше поднесувањето за парламентарните избори за гласање дома. Имаме поднесено 54 такви ...

Кандидатот за пратеник од коалицијата ВРЕДИ Халил Снопче изјави дека „Европски фронт“ не може да се промовира со старата гарда на Груевски. „Велиме дека Груевски бил најкриминализирана сила. Не можете да го промовирате „Европскиот фронт“ со кандидат за пратеник на црната листа на Америка. Не можете да го промовирате „Европскиот фронт“ со целосно неприродна соработка. Мендух Тачи го нарече Али Ахмети, убиец. Зијадин Села пак, рече дека тој бил ...

Агим Красниќи, Бесим Красниќи, Сехат Рамадани и Фадиљ Точи се уапсени во Урошевац. Македонското Министерство за внатрешни работи (МВР) добило известување од косовските колеги. Телма уште вчера објави дека четворица македонски државјани, кои ги уапси косовската полиција, се браќата Красниќи и нивните соработници од кондовската група која пред, речиси, две децении беше страв и трепет во Скопско. На веб страницата на македонското МВР, во делот за ...

Помина една година од масовното пукање во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, кога тринаесетгодишниот Коста Кецмановиќ усмрти девет ученици и еден училишен чувар. Тој вооружен со два пиштоли на татко му го изврши масакрот. На 3 мај 2023-та, истиот ден, додека некои родители се уште ги чекаа своите деца пред училиштето, се одржа прес-конференција на која беа презентирани првите официјални информации. Масакрот бил планиран еден месец Како што ...

Младата Јована Богдановска (16) од тетовска Брвеница уште еднап никој не остави рамнодушен со препевањето на псалмот 163 – Славете го Господа“. Jovana Bogdanoska – Slavete Go Gospoda (Psalm 136) (youtube.com) Јована ја освои македонската публика и кога ја препеа песната „Не плачи мајко, не жали“ Не само што талентирана Јована, туку таа е носечки изведувач на музичкиот проект „МАКЕДОНИУМ“ на кој продуцент е Темелко Андреев, а на кој ќе се најдат ...

„Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ да го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден, на сите верници. Христовото Воскресение му покажа на човекот колку Бог го сака, и дека беше спремен да биде распнат за спасението на човештвото. Љубовта на Бога кон човека е неизмерна. Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи, човековата волја, љубов и верба можат да допринесат за поубав свет. ...

Навивачката група „Комити“ традиционално низ годините, секој преод од Велика Сабота кон Велигден прават спектакл во населбата Драчево. Со помош на општината најголемата навивачка сила во земјава одново приреди ноќ за паметење. Во чест на најголемиот христијански празник Велигден, навивачите на Вардар и локалните жители на Драчево прават вистински спектакл. ,,Овој ден го создаде Господ, да се радуваме и веселиме во него!” ХРИСТОС ВОСКРЕСНА од ...

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии. Воскресението Христово е празник што ги спојува верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на ...

Во Урошевац, соседно Косово денеска се уапсени тројца државјани на Македонија, тројца поради пукање, а еден бил баран со потерница. Телма дознава дека станува збор за следниве лица Бесим Красниќи, Агим Красниќи и Сеад Рамадани Цапи, кои се сега во притвор. Како што соопшти косовската полиција, три лица се уапсени за „убиство во обид и учество во тепање“, а едно било барано со меѓународна потерница. Според полицијата, првите три лица учествувале ...

„Начинот на кој што тие се обидуваат да ги добијат симпатиите кај гласачите не е поради тоа што имаат политичка програма, која што ја нудат или начин на кој што тие го артикулираат кон гласачите, туку едноставно тоа е притисок и состојба во која што сите тие заедно артикулираат една позиција која што не е во склад на демократијата“, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија. ...

По милоста божја, архиепископот охридски и македонски, заедно со Светиот архијерејски синод, до свештенослужителите, до монаштвото и до сите чеда на Македонската православна црква, а по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов до Бога, поздравувајќи ги со величествениот и торжествен поздрав – Христос воскресе! Денес сето создание се весели и се радува, зашто – Христос воскресна! Возљубени празникољупци, Христовото воскресение е ...

Утринава, кандидатката за претседател на Република Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова оддаде почит кон ликот и делото на апостолот на Македонската револуционерна борба, Гоце Делчев со положување на цвеќе на неговиот гробот во црквата Св. Спас на Скопоското Кале. Во прилог Ви ги пренесуваме личните ставови на проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова во однос на делото на Гоце Делчев: Никој нема право да се откажува од апостолот на ...

Вицепремиерот Бојан Маричиќ, кој е и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, очекува неговата матична партија да го подобри резултатот на 8 мај – кога се закажани парламентарните и вториот круг од претседателските избори во земјава. Вели дека ќе се борат за секој глас, а граѓаните ќе одлучат колку пратеници ќе добијат. „В среда, на 8 мај, очекуваме прво секако подобар резултат од првиот круг. СДСМ е силна партија, која има и процедури и ...

Во црквата „Св. Спас“ во Скопје се одбележуваат 121 година од смртта на Гоце Делчев. Македонија одбележува 121 година од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев. По тој повод, делегации и граѓани ќе положат цвеќе пред гробот на Делчев во црквата „Свети Спас“, а во Собранието ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката. Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како ...

Најпрвин ќе ми дозволите на сите православни христијани да им го честитам Христовото воскресение, да им посакам на сите граѓани во Македонија и насекаде во светот благосостојба, мир, љубов, хармонија во нивните домови, во нивното семејство. Ова се денови кога православните христијани го слават Христовото воскресение, нешто што за нас многу значи, за сите семејства. И уште еднаш ќе потенцирам дека ова се денови кога треба да ги минеме во ...

Квази социјалдемократот Венко Филипче е еден од најодговорните за актуелната состојба во која се наоѓа СДСМ, реагираат од партијата ЗНАМ. „Би сакале да ја потсетиме јавноста, додека некогашната државотворна СДСМ се бореше против режимот на Груевски, наметнатиот носител на листа од СДСМ во ИЕ 4 беше прв советник на министерот за смрт Никола Тодоров и беше дел од најкриминалната Влада на Груевски. По доаѓањето на власт на СДСМ, беше исфорсиран од ...

ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ – објави на Фејсбук диркетор на ЦУК и претседател на партијата „Достоинство“, Стојанче Ангелов. „На таблата е нацртана една маса. Околу масата седат и разговараат 10 македонски граѓани. Од нив само 2,5 се Албанци. Останатите 7,5 лица се Македонци и други наши сограѓани. Од оние пак 2,5 Албанци максимум еден е од ДУИ. Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен и без него останатите 9 лица од масата не ...

Американската технолошка корпорација Apple најави купување на своите акции за рекордни 110 милијарди долари, откако најновите финансиски резултати за тримесечниот период од јануари до март укажаа на забавување на продажбата, пренесува Танјуг. Во првите три месеци од 2024 година, кои го претставуваат вториот фискален квартал на компанијата, Apple забележа приход од 90,75 милијарди долари, што е за четири отсто помалку од истиот квартал минатата ...

Убиството на палестинско момче на Западниот Брег може да биде првото воено злосторство за кое Израел е обвинет од почетокот на конфликтот со Хамас! На 29 ноември минатата година, неколку палестински момчиња излегоа на улица во Џенин да играат заедно. An Israeli occupation forces sniper killed a nine-year-old child in Jenin. His name was Adam al-Ghoul.https://t.co/cnftZ46V6D — Lowkey (@Lowkey0nline) November 29, 2023 Меѓутоа, само неколку ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
94%
1012
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
3.6
67%
1010
weather icon

Загреб

18ᴼ / 14ᴼ
1.03
70%
1011
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
77%
1013
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
3.2
84%
1011
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
0.0
89%
1011
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
2.57
59%
1010
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
77%
1012
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
72%
1011
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 15ᴼ
2.06
54%
1012
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
62%
1010
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
7.72
76%
1012
Currency

61.525

Currency

53.9688

Currency

71.8364

Currency

34.5242

Currency

39.1483

Currency

65.5163

Currency

7.46101

Currency

0.65242

Currency

0.37903

Currency

0.52878

Currency

1.42095

Currency

0.63592

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15519.00

Рутениум

20190.67

Калај

31.20

Сребро

1057.05

Злато

107001.17

Бакар

9.87

Паладиум

29707.29

Платина

30669.41

Родиум

172810.26

Цинк

2.57