Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Го читам внимателно колегата Љубиша Николовски, како се обидува да објасни дека Платформата 12.05 отвора прашања што постојат и меѓу членството на СДСМ и дека пласира ставови за демократизација, кадровска политика, отчетност и потреба од нова визија. И “наместо тие прашања да станат тема за дебата, конфликтот се персонализира“, пишува колегата на Фејсбук. Е баш штета… Пишува: Бранко ГЕРОСКИ „Раководството, од своја страна – мудрува ...
ВРЕДИ со соопштение реагираше на вториот протест што го организираше ДУИ во Тетово во врска со имињата на улиците и плоштадите, оценувајќи дека станува збор за обид на партијата да ги заштити сопствените политички интереси, а не за протест во интерес на граѓаните. Од ВРЕДИ тврдат дека протестот не бил израз на незадоволство на тетовци, туку, како што наведуваат, „манифестација на стравот на партијата на која ѝ истекува политичкото време“. Во ...
Силно невреме проследено со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и чести електрични празнења попладнево го зафати Скопје, носејќи нагла промена на временските услови во главниот град. Според последните информации од Управата за хидрометеоролошки работи, атмосферската нестабилност брзо се шири и кон други делови од земјата. Интензивните врнежи и силниот ветер веќе го забавија сообраќајот на повеќе градски сообраќајници. Влажните коловози и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговарал со сенаторот Линдзи Греам само неколку часа пред неговата ненадејна смрт и го опиша како човек кој му бил близок како член на семејството. Во интервју за емисијата „Meet the Press“ на телевизијата NBC, Трамп рече дека Греам му се јавил за да разговараат за предлог-законот „SAVE America Act“, кој во тој момент немал доволна поддршка во Сенатот. „Ми рече дека е уморен, но дека сака ...
Опозицијата на чело со СДС, Левица и ДУИ не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик, истакна на денешната прес конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „За првпат по подолг период постоеше реална можност новиот Изборен законик да биде донесен со широк политички консензус. Со месеци сите политички партии беа вклучени во разговорите, се усогласуваа текстови, се прифаќаа предлози и се бараше ...
Во Кочани денеска беше осветен новопоставениот крст кај кружниот тек во близина на „Национал“, подигнат во чест и вечен спомен на децата кои трагично ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“. Чинот го изврши митрополитот Иларион Осветувањето го изврши Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение со свештеници од Кочанското архиерејско намесништво. Крстот поставен во спомен на загинатите ...
Караванот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, организиран под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“, продолжи во Битола. Од партијата го посочија градот како еден од најзначајните центри во Пелагонискиот Регион, препознатлив по своето историско наследство, културата, традицијата, образовниот развој и современиот потенцијал. Димитриевски: Европска Македонија е начин на организирање на државата На панел-дискусијата ...
Апелациониот суд во Скопје донесе правосилна пресуда со која делумно ја уважи жалбата на Зијадин Села и го зголеми надоместот што државата треба да му го исплати за нематеријалната штета предизвикана од нападот во Собранието на 27 април 2017 година. Со судската одлука, државата е задолжена да му исплати вкупно 7,8 милиони денари, односно околу 127.000 евра, за повреда на неговите лични права, телесното и душевното здравје. Апелација го ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на „Галичка свадба“, којашто и годинава се одржа под нејзино покровителство. Во духот на вековната традиција, пречекана со домашна нафора и сол од најмладите галичани, претседателката проследи дел од свадбарските обичаи што со векови се пренесуваат низ мијачкиот крај, како еден од најавтентичните изрази на македонското културно наследство. По венчавањето во храмот „Св. Петар и Павле“, ...
Од понеделник, 14 јули, во стариот дел на Охрид ќе почне да важи нов режим на сообраќај и паркирање. Мерките се воведуваат за да се намали метежот во туристичката сезона и да се овозможи полесно движење на жителите, пешаците и службите за итни интервенции. Од Општина Охрид информираа дека пристапот со моторни возила во најатрактивниот дел од градот ќе биде строго регулиран. Паркирањето ќе биде дозволено само за возила што имаат соодветна ...
На 11.07.2026 околу 18:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во стан на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат Ѓ.П.(40) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција. На 11.07.2026 околу 18:20 ...
Шестнаесетгодишен малолетник во скопско е лишен од слобода откако вчера во тепачка со две години помладо момче му нанел тешка телесна повреда со остар предмет. – На 11.07.2026 во СВР Скопје е пријавено дека околу 15:00 часот пред угостителски објект во с.Сарај, скопско по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 14-годишен малолетник и друг малолетник. По кратко време пред продажен објект се сретнале ...
Минатата година, речиси еден милион луѓе ширум светот се приклучија на клубот на милионери, мерено во американски долари. Тоа се повеќе од 2.680 нови милионери дневно, 112 на час, или речиси двајца секоја минута, според извештајот за глобалното богатство објавен од швајцарската банка UBS. Бројот на милионери најмногу се зголеми во Соединетите Американски Држави, за 441.078. Во просек, Соединетите Американски Држави добиваа 1.208 нови ...
Од првиот ден, постапките на амбасадорот Мејдани оставаат впечаток дека неговиот ангажман бил повеќе во функција на враќање на ДУИ на власт, отколку на зачувување на улогата што му припаѓа на еден дипломат, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук пратеничката на ВРЕДИ Саранда Имери Стафаи во однос на однесувањето на албанскиот амбасадор во Македонија Денион Мејдани. -Колку и механизми да се користат и колку и сценарија да се креираат, едно е ...
Најмалку две лица загинаа, а уште четворица се повредени во пукање што се случи на уличниот фестивал „Салса на Сент Клер“ во канадскиот град Торонто, соопшти локалната полиција. Полицијата добила пријава за активен напаѓач околу 20:12 часот по локално време, по што на местото на настанот биле пронајдени шест лица со прострелни рани. Две од нив им подлегнале на повредите на самото место. Полицијата: Станува збор за размена на оган ...
Американските и иранските сили разменија силни ракетни напади и удари со беспилотни летала, при што Техеран ги таргетираше американските објекти во земјите од Персискиот Залив и соопшти дека повторно го затворил Хормускиот Теснец. По серијата напади во изминатите денови, американскиот претседател Доналд Трамп прогласи крај на прекинот на огнот, кој требаше да ги запре борбите започнати на 28 февруари. Сепак, тој ја остави отворена можноста ...
Бугарија ќе отвори конзуларни пунктови и ќе организира прием на барања за бугарски лични документи во Босилеград и Димитровград – општините во Србија каде живее најголемиот дел од бугарската заедница. Со оваа одлука, жителите на Босилеград, Димитровград и околните места повеќе нема да мораат да патуваат до Ниш или Белград за да поднесуваат барања за бугарски пасоши и лични карти. За оние кои веќе имаат бугарско државјанство, ...
Планинска спасителна служба ќе биде достапна на Водно и во Кањон Матка, со цел побрза интервенција при несреќи и укажување помош на посетителите, соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој информираше дека проектот се реализира во соработка со Црвениот крст на Град Скопје, а денеска на Водно бил презентиран тимот за подготвеност и дејствување при катастрофи, како и била изведена симулациска вежба за спасување повредено лице во ...
Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Зоран Пејев, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар од 100 мм, тешка 13,6 кг, на брегот на Дојранското Езеро. Како што информираат од Дирекцијата, гранатата потекнува од Првата светска војна, наменета е за „хаубица“ М14, а вакви неексплодирани убојни средства најчесто се пронаоѓаат во Дојранскиот, Гевгелискиот, Битолскиот и Охридскиот регион. Пиротехничарот ...
Владата го започнува еден од најзначајните инфраструктурни проекти – изградбата на автопатот Скопје–Блаце, патен правец кој ќе ја поврзе државата и бизнисот со пристаништата во Албанија и Црна Гора и ќе ја забрза економската активност во регионот, истакна замeник претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во поткастот “Радар”. „Во понеделникот го потпишавме договорот за грант. Обезбедивме околу 31 милион евра ...
Опозицијата на чело со СДС, Левица и ДУИ не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик, истакна на денешната прес конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. -За првпат по подолг период постоеше реална можност новиот Изборен законик да биде донесен со широк политички консензус. Со месеци сите политички партии беа вклучени во разговорите, се усогласуваа текстови, се прифаќаа предлози и се бараше ...
Караванот на Движење ЗНАМ – за Наша Македонија под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ продолжи во Битола. Во рамки на панел-дискусијата, претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека главната обврска на секоја одговорна политика е да создава држава во која граѓаните имаат сигурност, еднакви можности и доверба во институциите. „Европска Македонија не е само политичка цел, туку начин на кој треба ...
Во Македонија во моментов се градат шест автопати истовремено, што е невидено во целиот регион. Динамиката на работите на секоја од овие делници се одвива одлично и во наредните години ќе имаме модерно патно поврзување во сите делови на државата, истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. во гостување во поткастот „Радар“. Вицепремиерот детално информираше за напредокот на сите автопатски проекти ...
Уставниот суд упати критики кон, како што наведува, обидите за партизација и политизација на неговата работа, оценувајќи дека одредени политички партии ги користат одлуките и меѓународните активности на Судот за дневнополитички цели. Во соопштението од Судот се наведува дека унапредувањето на меѓународната соработка било ставено во политички контекст и искористено за партиски пресметки и стекнување политички поени. Од Уставниот суд ...
Христијан Мицкоски и неговата влада се подготвуваат за предвремени парламентарни избори Иако коалициониот партнер Фатмир Лимани најави 18 април 2027 година како можен термин, поради драматичниот пад на рејтингот и целосниот економски колапс, Мицкоски ќе се обиде да ги распише многу порано – најверојатно до крајот на оваа или на почетокот на следната година, велат од СДСМ. Причината е јасна и не може да се прикрие: во буџетот нема пари, ...
Американскиот рапер Канје Вест, кој во последните години настапува под името Је, одржа голем концерт во Тирана, на кој присуствуваа илјадници посетители од Албанија и од земјите во регионот. Настанот беше едно од најголемите музички случувања во албанската престолнина ова лето, а публиката имаше можност да ги слушне неговите најпознати хитови и да го проследи неговиот препознатлив сценски настап. Голем број посетители пристигнале од ...
Во моментов во општините низ Македонија се реализираат околу 1.200 инфраструктурни проекти со поддршка од Владата, а целта е да се подобри локалната инфраструктура што директно го олеснува секојдневниот живот на граѓаните, истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостувањето во поткастот „Радар“. Според него, општините со години биле запоставувани, поради што Владата одлучила паралелно со ...
Американскиот сенатор Линдзи Греам, долгогодишен влијателен републиканец и близок сојузник на претседателот Доналд Трамп, почина од ненадејна болест, соопшти неговата канцеларија. Греам, кој штотуку наполни 71 година, почина во саботата вечерта, 11 јули. „Семејството на сенаторот Греам ги цени молитвите во ова време и бара приватност во овој неверојатно тежок период“, се вели во соопштението. Неговата смрт предизвика шок во Вашингтон и ...
Сопственикот на познатата скопска сендвичарница „Baking Bread“, Мише Цвејевски, се огласи по пожарот што избувна во нивниот локал на Рекорд, во центарот на Скопје. Нема повредени лица Цвејевски информираше дека во пожарот нема повредени, а поголеми последици биле спречени благодарение на брзата реакција на вработените и навремената интервенција на пожарникарите. „Фала Богу, никој не е повреден. Благодарение на обуката што ја имаат нашите ...
Романски државјанин синоќа бил успешно пронајден во кањонот Матка, откако побарал помош преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Лицето се изгубило при самостојно движење во реонот на Матка, во близина на пештерата Врело, на подрачјето на Општина Сарај. Веднаш по приемот на пријавата, Центарот за управување со кризи (ЦУК( ги презел сите неопходни активности и ги известил Министерството за внатрешни работи (ЦИК Скопје), ...