Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврди сериозни пропусти во работењето на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви за 2024 година. Извештајот покажува дека Министерството за одбрана повеќе од осум години не враќа позајмица од 600 илјади килограми мазут издадена во 2017 година. Ревизорите констатираа и дека Владата четири години по ред нема донесено одлуки за количината и структурата на залихите. Според ревизорскиот извештај, поранешната ...
Директорката на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), Ивана Гиновска, на денешната прес-конференција во Владата информира за деталите од теренскиот увид поврзан со појавата на епидемија во Гостиварско. Хронолошки раскажувајќи за случајот, рече оти по барање на Основното јавно обвинителство Гостивар, инспекторите на ДИЖС на 16 јули извршиле вонреден вечерен увид во координација со крим-полицијата, Агенцијата за храна и ...
Царинската управа, преку Одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги, во наредниот период ќе спроведува зајакнати теренски контроли на пловните објекти кои се користат на Охридското Езеро. Контролните активности ќе бидат насочени кон проверка на тековниот царински статус на пловните објекти и исполнетоста на законските обврски согласно царинските прописи. Царинската управа ги повикува сите сопственици и корисници на ...
Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба во општината Гостивар во траење од 30 дена. „Со оглед дека локалната самоуправа не може да се справи со настаната состојба во општината Гостивар, Владата донесе ваква одлука за прогласување на кризна состојба, со цел побрза координација на институциите, како и ставање на водоснабдителниот систем во функција и обезбедување вода за пиење во најкраток можен рок. Здравјето на граѓаните на ...
Град Скопје е подготвен за најавеното силно невреме, објави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје денес, како и секојдневно во континуитет, вршат интензивно расчистување на канализациската линија, шахтите и сливниците, со цел да се обезбеди непречено прифаќање и одведување на атмосферските води и да се намали ризикот од поплавување на критичните точки во градот. -Согласно најавите на ...
Посетата на претседателката на Индија, Друпади Мурму, е важен исчекор во проширувањето и зајакнувањето на билатералната соработка – напиша на „Фејсбук“ претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по средбата со индиската колешка во Вила Водно. – Со огромна чест ја пречекав Друпади Мурму, прв претседател на Република Индија кој престојува во официјална посета на македонската држава. Разговаравме за македонско-индиските односи, со акцент на ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција од Гостивар упати серија прашања до надлежните институции во врска со, како што рече, навременоста на нивната реакција за време на актуелната здравствена криза, барајќи целосно разјаснување на околностите и утврдување на одговорност. Филипче изјави дека јавноста има право да знае што се случувало во изминатиот период и дали можело порано да се спречи ширењето на проблемот. ...
Има ли срам Валбон Лимани градоначалникот на Гостивар кој вели дека не чувствува никаква морална одговорност за скандалот со водата, праша Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Кандидатот на Филипче, Ахмети и Таравари, Валбон Лимани вчера вели дека за скандалот со водата во кои директно беше погоден целиот град Гостивар, не чувствува никаква морална одговорност. Па со кое лице излегува пред неговите сограѓани и без срам и образ, вели ...
Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски денеска преку социјалните мрежи соопшти дека само годинава, откриени се 12 случаи на шверц со над 27.000 парчиња лекови и медицинска опрема. -Ова покажува дека улогата на Царината не е само собирање приходи, туку и директна заштита на здравјето и безбедноста на македонските граѓани – напиша тој. Николовски посочува дека запленетите лекови не се само спречен шверц, туку и заштита на здравјето ...
Утрово во 8:03 часот, на јужниот влез на археолошкиот локалитет Акропол, спроти Музејот на Акропол и билетарницата, беше активирана тревога по пријавата дека маж вооружен со нож им се заканува на минувачите. Според достапните информации, минувач го известил Центарот за полициски операции за инцидентот. Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, било утврдено дека мажот нападнал двајца американски туристи со нож без провокација. ...
Тројцата осомничени во истрагата за загадувањето на водата за пиење во Гостивар денеска се изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар, откако Основното јавно обвинителство отвори истрага против нив за кривичното дело „Тешки дела против животната средина и природата предизвикани со дејствија на загадување на вода за пиење“. Пред судија на претходна постапка беа изведени вршителката на должност директорка на ЈП ...
Две возила изгореле во пожар што утринава, околу 4 часот, избувнал на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје. На местото интервенирале екипи на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, кои успеале да го изгаснат пожарот. Според досегашните информации, нема повредени лица, а причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати. Повеќе детали се очекуваат од Министерството за внатрешни работи. Две возила изгореле во пожар што ...
Воведувањето на 7- от авион во базата на Визер во Скопје е огромно достигнување во развојот на ависообраќајот во Македонија. Веќе имаме преку 2 милиони патници во првите шест месеци, многу нови дестинации и оваа визија продолжуваме да ја развиваме заеднички, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на промоцијата на новиот 7-ми авион на Визер во Скопје. „Ова е трета најголема база што Визер ...
Новите сознанија изнесени од Обвинителството значително ги зајакнуваат заклучокот и оцената дека гостиварската епидемија е поврзана со микробиолошка контаминација на водоснабдителниот систем, а посочуваат и конкретен можен механизам преку кој загадената вода навлегла во системот за вода за пиење – анализира во објава на Фејсбук епидемиологот и професор Драган Даниловски. Анализата следува откако ОЈО Гостивар синоќа ги објави резултатите од ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која престојува во дводневна официјална посета на земјава. По свеченета церемонија, Сиљановска-Давкова и Мурму заминаа на тет-а-тет средба, по што ќе биде одржан пленарен состанок на македонската и индиската делегација и заедничка прес-конференција на двете претседателки. Предвидено е ...
Дивиот приклучок поставен на гостиварскиот водоснабдителен систем не се наоѓал во заштитните санитарни зони, туку на околу 800 до 900 метри од последната точка опфатена со дозволата што ја имал Комуналец – Гостивар. За овој приклучок што е предмет на истрагата за загадувањето на водата во Гостивар, не е доставено барање до Министерството за животна средина и прострона планирање (МЖСПП). -Овој див приклучок воопшто не е во рамки на дозволата, ...
Полициски службеници од ОВР Делчево вчера околу 15:05 часот го лишија од слобода А.Т.(26) од с.Митрашинци, беровско. -При сообраќајна контрола на бул.„Македонија“ во Делчево, полициските службеници сопреле патничко возило „ровер“ со беровски регистарски ознаки, при што било констатирано дека А.Т. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 4,35 промили алкохол во крвта, велат од МВР. Тој бил задржан во полициска ...
Ребалансот на Буџетот за 2026 година не е последица на проблеми со јавните финансии, туку претставува развоен документ со кој се обезбедуваат дополнителни средства за капитални инвестиции, поддршка на граѓаните и натамошен економски раст во услови на зголемена неизвесност на светските пазари, геополитички ризици и ценовни притисоци, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за Плусинфо. Владата преку ребалансот ...
Два милиони луѓе ја пречекаа шпанската фудбалска репрезентација синоќа на улиците на Мадрид, откако ја освоија титулата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Фудбалерите и тренерскиот штаб пристигнаа во Шпанија од САД, каде што во недела навечер го победија бранителот на титулата Аргентина со 1:0 во финалето по продолженија и ја освоија титулата светски шампион по втор пат во историјата. Победничкиот гол го постигна Феран Торес во ...
Додека Јапонија се соочува со екстремни горештини и температури што на некои места се приближуваат до 40 Целзиусови степени, две јапонски компании претставија необично решение за разладување – „фрижидер за луѓе“. Уредот, наречен Do Hiemon, претставува кабина изработена од нерѓосувачки челик со вградено седиште. Откако корисникот ќе влезе внатре, системот испушта силни млазови воздух разладен на околу 5 степени Целзиусови, насочени кон ...
Владата на новиот британски премиер Енди Бeрнам ќе ги намали даноците на сметките за електрична енергија, соопшти денес Даунинг стрит, додека се обидува да го исполни своето ветување за ублажување на кризата со трошоците за живот. Британската влада планира да го укине данокот на додадена вредност (ДДВ) на сметките за електрична енергија за домаќинствата од 1 октомври, се вели во соопштението. Дигиталната лична карта ја плаќа сметката Цената ...
По првичниот застој, предизвикан од незавршени административни процедури, неусвоени детални урбанистички планови, експропријација на земјиштето и задоцнети плаќања кон изведувачот, денес изградбата на Пречистителната станица за Скопје се одвива со забрзана динамика и согласно планираниот работен план, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Речиси 40% од градежните работи се веќе завршени. Согласно договорот склучен меѓу ЈП „Водовод и ...
Сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност, најавија за денеска од УХМР. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец. Температурата се очекува да се движи од 12 до 37 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така е најавено сончево и ...
Останува на сила донесената забрана за користење на водата од гостиварскиот водовод, за пиење и за подготвување храна, се додека со лабораториски анализи не се потврди нејзината безбедност, рече денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов. На прес-конференција во Владата, Миланов информира дека и денеска продолжуваат активностите на инспекциските служби преку спроведување контроли над операторите со храна ...
Случајот со загадувањето на водоводната мрежа во Гостивар е сериозен инцидент кој директно го загрози здравјето на илјадници граѓани. Сакам јасно да кажам дека очекувам целосно да се утврдат сите факти и околности, како и да се утврди и кривична и морална одговорност за сите кои со своето постапување или непостапување придонеле за оваа состојба. Кога е загрозено здравјето на граѓаните, не смее да има компромиси, ниту прикривање на ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, воведе царини од 50 проценти за одредени производи од Канада, зголемувајќи ја можноста за трговска војна со вториот најголем трговски партнер на Америка. Трамп се повика на трговскиот закон од 1930 година, пишува CNN. Според три прогласи потпишани од Трамп во понеделник, новите царини опфаќаат низа производи, од електрична опрема како што се фрижидери до машини. Мерката ќе стапи на сила за 30 дена. ...
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска ќе присуствува на прес-конференција што ТАВ Македонија ја организира на Меѓународниот аеродром Скопје по повод додавањето на седмиот авион на авиокомпанијата „Виз ер“ во нејзината база на скопскиот аеродром. Како што информираат од ТАВ Македонија, на настанот, покрај Николоски, ќе се обратат и генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, како и ...
Обвинителството ги објави резултатите од анализата на примероците на вода во Гостивар од кои се констатира дека таа е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена. Отворена е истрага против директорката и уште двајца раководители на гостиварски „Комуналец“, кои се приведени. Основното јавно обвинителство Гостивар започна истражна постапка за тројцата приведени за „Тешки дела против животната средина и природата предизвикани ...
Десетици повеќегодишни дрвја на десеттина локации низ Стар Дојран синоќа беа откорнати при силното невреме со поројни дождови, силен ветер, грмежи и град кои го зафатија овој дел од општината. Паднати јавори и борови, багреми и црници, оштетија настрешници, урбана опрема на плажата, неколку возила, како и кровот на еден од дуќаните на градскиот пазар, информираа општинските власти. Според информациите од Доброволното противпожарно друштво ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска со највисоки државни и воени почести ќе ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која престојува во дводневна официјална посета на земјава. По церемонија во Кабинетот на претседателката, ќе следи тет-а-тет средба, пленарен состанок на македонската и индиската делегација и заедничка прес-конференција на претседателките. Индиската претседателка пристигна во Скопје синоќа, ...