Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираното одделение за Трауматологија во ЈЗУ Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” – Скопје. Од владината прес-служба информираат дека предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми. Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираното одделение за ...

Вкупно 15 лица се повредени во силното невреме што попладнето го зафати Скопје и биле згрижени во две здравствени установи. Девет пациенти се примени на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), а шест на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“. Директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, проф. д-р Игор Мерџаноски, изјави за МИА ...

Припадниците на Армијата се вклучија во расчистувањето на последиците од силното невреме што го зафати Скопје, соопштија од Армијата. Во објавата се наведува дека војниците без одлагање излегле на терен за да им помогнат на надлежните служби во справувањето со последиците од невремето, кое предизвика паднати дрвја, искршени гранки и отежнато движење на повеќе локации во главниот град. Од Армијата истакнуваат дека брзата реакција, ...

Шест лица повредени во силното невреме што го зафати Скопје биле донесени во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, каде им била укажана медицинска помош. Директорот на Клиниката, д-р Небојша Настов, информираше дека пациентите се со посекотини и набиеници и дека сите се третираат амбулантски. „Сите се во стабилна состојба. Првично не оддаваат впечаток дека ќе бидат задржани на натамошно лекување“, изјави Настов. ...

Осумдесет и шестгодишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако врз неа паднало дрво на подрачјето на Карпош, а при потрагата по нејзината чанта била пронајдена и експлозивна направа, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, настанот бил пријавен на 20 јули околу 20:25 часот во СВР Скопје. По падот на дрвото, К.М. (86) од Скопје била пренесена во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“, каде ѝ била ...

Современите методи за експлоатација на бакар овозможуваат високо ниво на заштита на животната средина и значително се разликуваат од рударските практики што се применувале во минатото. Ова го оценува професорот Благој Голомеов, коментирајќи ја технологијата предвидена за проектот „Иловица – Штука“. Според него, процесот на преработка на рудата е добро познат во светската рударска практика и се спроведува преку контролирани технолошки ...

Силно невреме што во моментов ја зафаќа Црна Гора се движи кон Македонија, предупреди вечерва Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Претходно попладнево по 17 часот, невреме проследено со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на суградица зафати повеќе делови од државата. Последици од невремето се регистрирани во Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Виница и Струмичко, каде што се пријавени различни штети. Од УХМР информираат дека ...

Една од најпознатите уметнички имиња од просторот на поранешна Југославија, Оливера Катарина, почина денеска на 87-годишна возраст. Веста за нејзината смрт ја соопшти нејзиното семејство, а дополнително ќе бидат објавени информациите за комеморацијата и погребот. Оливера Катарина беше актерка, пејачка и писателка, која со својата долгогодишна кариера остави значаен белег во југословенската, но и во пошироката светска уметност. Најголема ...

Кризниот штаб на Општина Ѓорче Петров е активиран по силното невреме што ја зафати општината, а екипите се на терен и интервенираат на локациите каде има потреба. Градоначалникот Александар Стојкоски информираше дека општинските служби работат на расчистување и оспособување на блокираните патишта предизвикани од невремето. „Во моментов Општина Ѓорче Петров е зафатена од силно невреме. Кризниот штаб е активиран, а општинските екипи веќе се на ...

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани преку Единствениот број за итни повици 112 поради силното невреме што попладнево го зафати Скопје, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али. Невремето проследено со силен ветер предизвика повеќе штети низ главниот град, при што се пријавени паднати кровни конструкции, дрвја и оштетени возила. Во Скопје е регистрирана падната кровна конструкција од зграда на ...

Сите расположливи екипи на Општина Карпош се на терен по силното невреме што ја зафати општината, а досега нема информации за повредени лица, информира градоначалникот Сотир Лукровски. Тој во видео обраќање посочи дека општинските служби постојано добиваат пријави од граѓани за последици од невремето, меѓу кои паднати дрвја и кровни конструкции од згради. „Сите расположливи екипи на општина Карпош се излезени на терен, постојано добиваме ...

Македонија има потенцијал да стане важен економски партнер на Индија, со можности за продлабочување на соработката во трговијата, инвестициите, иновациите, образованието, дигиталната трансформација и културата, порача министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на Македонско-индискиот бизнис форум во Скопје. Форумот се одржува во присуство на претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, и ...

Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со екипите на јавните претпријатија и надлежните служби, е мобилизиран по силното невреме што го зафати главниот град, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Тој посочи дека сите расположливи капацитети се ставени во функција со цел заштита на граѓаните и спречување на поголеми штети и последици. „Поради силното невреме што пред малку го зафати Скопје, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со сите ...

Силното невреме што попладнево го зафати Скопје остави последици и во централното градско подрачје. Поради силниот ветер, паднати се повеќе дрвја во паркови и на улици во Центар и Капиштец. На фотографиите се гледаат последиците од невремето, со паднати стебла и гранки кои го отежнуваат движењето на одредени локации. Силното невреме што попладнево го зафати Скопје остави последици и во централното градско подрачје. Поради силниот ветер, ...

Владата го назначи Златко Перински за вршител на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Одлуката беше донесена на денешната владина седница, а Перински на функцијата доаѓа по предлог на министерот за здравство Сашо Клековски. Клековски претходно раководеше со Фондот за здравствено осигурување, пред неодамна да биде избран за министер за здравство. Перински досега ја извршуваше функцијата министер за локална ...

Невреме, проследено со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и појава на град го зафати Скопје. Во делови од западниот дел на Скопје попладнево започна најавеното силно невреме, проследено со пороен дожд, силен ветер, а во некои населби има и прекин на електричната енергија. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), силното невреме беше очекувано во попладневните часови. Поради тоа, Кризниот штаб на Град Скопје одржал ...

Силното невреме кое го зафати Скопје предизвика штети во повеќе делови од градот, а особено погодена е општина Аеродром. Од силниот ветер се откорнати дрвја, а оштетени се и реквизити на јавни површини. На фотографиите може да се видат последиците од невремето и материјалната штета што ја остави зад себе. Силното невреме кое го зафати Скопје предизвика штети во повеќе делови од градот, а особено погодена е општина Аеродром. Од силниот ...

Тројцата осомничени Артан Асани, Леон Уредини и Вадедин Дервиши, кои се на раководни функции во комуналното претпријатие во Гостивар, добија мерка притвор во траење од 30 дена. Одлуката ја донел судијата на претходна постапка во Основниот суд во Гостивар, Ќирко Михајлоски, откако Јавното обвинителство побара определување на притвор за лицата осомничени за случајот со труењето во општина Гостивар. Тројцата се сомничат за кривично дело ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски порача дека Општина Гостивар мора да биде вклучена во целиот процес за нормализирање на состојбата со водоснабдувањето, откако загадувањето на водата предизвика сериозни проблеми во градот. Одговарајќи на новинарско прашање за соработката со локалните власти и евентуалното проширување на истрагата за одговорноста на други лица, Тошковски оцени дека одговорноста за настанатата состојба е кај ...

Претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, денеска престојуваше во официјална посета на Собранието, што претставува прва посета на индиски претседател на Македонија. Посетата се оценува како значаен чекор во унапредувањето на билатералните односи и зајакнувањето на соработката меѓу двете земји. Во Собранието, Мурму беше пречекана од претседателот Африм Гаши, со кого одржа тет-а-тет средба. По средбата, таа се потпиша во Книгата на ...

Со метална конструкција на галериите со витражи и стакла почна превентивно да се заштитува Македониумот во Крушево во кој со години протекува. Работите се изведуваат под стручен надзор на прилепскиот Завод и музеј и треба да завршат до крајот на месецов. Оваа мерка е поради протекување во Споменикот од прва категорија кој во ноември 2025 година е прогласен за културно добро во опасност. Со цел да се заштитат галериите со витражи кои имаат ...

Американските сили го бомбардираа Иран откако претседателот Доналд Трамп објави дека Техеран ќе плати скапо за смртта на американските војници, додека Иран во вторникотот возврати со удари врз американските бази и интереси во Бахреин, Кувајт и Јордан, а еден танкер е погоден во Хормускиот теснец. Размената на оган се случи ден откако јеменските Хутист, шиитска заедница поврзана со Иран, објавија поморска блокада на Саудиска Арабија, што ...

Албанија воведува дронови за откривање на сообраќајни прекршоци како дел од новите мерки за зголемување на безбедноста на патиштата. Секој прекршок што ќе биде регистриран од дрон ќе биде веднаш пријавен до најблиската полициска патрола, која ќе го запре возачот и ќе му изрече казна. Според албанските медиуми, со примената на овој систем се очекува бројот на смртни случаи во сообраќајот да се намали за 45 отсто. Албанскиот министер за ...

Голем интерес за мерката „Вработување и раст на правни субјекти“ Вкупно 44 компании од Делчево поднеле апликации за мерката „Вработување и раст на правни субјекти“ од Оперативниот план за вработување, со што е планирано да се обезбеди работа за 65 невработени лица. На национално ниво, досега интерес пројавиле повеќе од 1.400 компании, додека се регистрирани над 1.700 апликации од невработени лица. Овие податоци беа презентирани на денешниот ...

Преземање активности за подигнување на билатералните односи на уште повисоко ниво од сегашното, можноста за отворање резидентна Амбасада на Индија во земјата, но и зајакнување на економската соработка – биле дел од темите на кои денеска во Скопје разговарале претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и нејзината индиска колешка Друпади Мурму, која престојува во дводневна официјална посета на Македонија. Ова е прва посета на индиски ...

Висока бизнис-делегација од Индија, составена од претставници на двете најголеми стопански комори ASSOCHAM и FICCI, како и од сопственици и директори на водечки индиски компании, денес ја посети ТИРЗ Скопје, каде што беа презентирани инвестициските можности во земјата, условите за работа во технолошко-индустриските развојни зони и потенцијалите за продлабочување на економската соработка и привлекување нови инвестиции. Како што соопштуваат ...

Од прес службата на Влада информираа дека утре 22.07.2026 година (среда) во 11:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираното одделение за Трауматологија во ЈЗУ Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје. Превидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски. Од прес службата на Влада информираа дека утре 22.07.2026 ...

Граѓанин вчера, барајќи ја чантата на жената врз која падна дрво при невремето во Карпош, нашол бомба. „На 20.7.2026 година во 20:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош паднало дрво и со тешка телесна повреда се здобила К.М.(86) од Скопје, по што била пренесена во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Исто така, граѓанин пријавил дека, додека ја барал чантата на повредената, ...

Премиерот Мицкоски денеска имаше работен ручек со претседателката на Република Индија, Драупади Мурму, која престојува во својата прва официјална посета на Македонија. Во пријателска и конструктивна атмосфера разговарале за можностите за понатамошно унапредување на билатералните односи, продлабочување на економската соработка, трговската размена, инвестициите, како и за зајакнување на партнерството во повеќе области од заемен интерес. Оваа ...

Основното јавно обвинителство Гостивар отвори истражна постапка и поднесе предлог за 30-дневен притвор против директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ – Гостивар и против двајца раководители во претпријатието. Тие се сомничат дека преку нелегално поставување пумпи во преливната комора во село Вруток, предизвикале загадување на водата за пиење со која се снабдува Гостивар. Ова беше соопштено на денешниот брифинг во гостиварското ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42