Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Кризниот штаб формиран за справување со вонредната состојба во Гостивар ги почна првите координирани активности за итно обезбедување техничка вода за граѓаните. Во акцијата се вклучуваат општини од целиот Полошки Регион, но и повеќе градови од државата, кои најавиле помош со цистерни и друга потребна логистика. На состанокот на градоначалниците од регионот присуствувал и претставникот на Централниот кризен штаб, Горан Савовски, кој побарал ...
Микробиологот Никола Пановски побара од министерот за здравство да ги извести медиумите повеќе да не го контактираат за коментари и совети поврзани со состојбата во Гостивар. Тој смета дека јавноста отсега треба да ја информираат епидемиолози и инфектолози. Пановски наведува дека во изминатиот период дал бројни изјави за телевизии, радија и портали, а на дел од медиумите им се извинил затоа што физички не можел да одговори на сите барања. ...
Граѓаните чии домови и имот беа оштетени во силното невреме што го погоди Скопје ќе можат да ги пријават штетите пред комисии што ќе ги формираат скопските општини. Сите пријавени оштетувања ќе бидат стручно проценети во координација со Град Скопје. Потоа, согласно законските процедури и расположливите средства, ќе почне постапка за финансиска поддршка при санацијата на оштетените станбени објекти, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски по ...
Новите научни откритија отвораат можност за порано препознавање на ризикот од деменција преку едноставен тест на крвта. Истражување покажува дека постарите лица кои немаат когнитивни нарушувања, но имаат зголемено ниво на биомаркерот p-tau217 во крвта, имаат значително поголеми шанси во следните години да развијат рани симптоми на деменција. Според резултатите од студијата, лицата со покачени вредности на овој биомаркер имале околу 38 отсто ...
Легендарната американска скијачка Линдзи Вон сè уште има сериозни проблеми со опоравувањето по тешкиот пад на олимпискиот спуст во Кортина д’Ампецо. Повеќе од пет месеци по несреќата, таа откри дека сè уште има потешкотии со движењето и дека закрепнувањето се одвива многу побавно од очекуваното. Во интервју за магазинот „People“, 41-годишната Вон призна дека сè уште се соочува со последици од повредата и дека нејзиното враќање во нормала е ...
Екстремните температури што ја зафатија Франција во втората половина на јуни и почетокот на јули се поврзуваат со значителен пораст на бројот на починати лица. Новите податоци на француската Агенција за јавно здравје покажуваат дека во периодот од 17 јуни до 2 јули биле евидентирани 5.764 дополнителни смртни случаи, иако засега не може со сигурност да се утврди колкав дел од нив директно се должи на високите температури. Според привремените ...
Скопските општини ќе формираат комисии пред кои граѓаните ќе можат да ги пријават штетите предизвикани од невремето. Во координација со Град Скопје, ќе се врши стручна процена на пријавените штети, по што, согласно законската регулатива и расположливите можности, ќе започне постапка за поддршка на граѓаните при санацијата на оштетувањата на објектите за домување, најави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски по Координативниот состанок со ...
Побарувачката за европски стоки и услуги од земји надвор од Европската Унија во 2024 година поддржувала 31,6 милиони работни места, односно 14,4 проценти од вкупната вработеност во Унијата. Најновата анализа на Евростат покажува дека приближно секое седмо работно место во ЕУ е поврзано со купувачи од трети земји, а најголемо влијание врз европскиот пазар на трудот имаат Соединетите Американски Држави, Велика Британија и Кина. Бројот на ...
Партнерството со земјоделците подразбира институциите да бидат присутни на терен и да дејствуваат координирано кога нивниот труд и производството се загрозени, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, при денешната посета на селата Дабиље и Пиперово во струмичкиот регион, каде што невремето предизвика штети врз градинарските култури. Министерот Серафимовски, заедно со градоначалникот на Општина ...
Во водата за пиење од градскиот водовод во Валандово е утврдено зголемено ниво на арсен, соопшти денес ЈП „Комунален сервис“ од Валандово. Според информацијата објавена на социјалните медиуми од страна на јавното претпријатие, присуството на арсен во водата за пиење е утврдено во добиените резултати од извршените анализи од Институтот за јавно здравје – Скопје. – Поради наведеното, се препорачува водата од градскиот водовод во Валандово да ...
Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против 62-годишен струмичанец, осомничен дека силувал дете, помладо од 15 години, соопшти Министерството за внатрешни работи. „На 15 јули 2026 година, пријавениот во семејната куќа извршил обљуба врз малолетничка. Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“, против 62-годишниот А.С. од струмичко е поднесена кривична ...
Градежен работник на возраст од 65 години се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од зграда на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово додека извршувал работни задачи. Повредениот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што му била укажана лекарска помош. Случајот бил пријавен на 21 јули 2026 година во 17 часот во СВР Куманово од лекар од Итната медицинска помош. Според пријавата, во нивната служба ...
Во Гостивар продолжува стабилизирањето на состојбата со гастроентеритис, а во текот на вчерашниот ден, 21 јули 2026 година, бил забележан значителен пад на бројот на новопрегледани пациенти. Според податоците од јавните здравствени установи, станува збор за лица кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис. Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар биле регистрирани 60 нови прегледи на Инфективното одделение, ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го назначи генерал-мајорот Михајло Драпатји за нов врховен командант на вооружените сили на Украина, во рамки на промените во воениот врв додека земјата ја продолжува војната со Русија. Четириесет и тригодишниот Драпатји доаѓа на местото на Олександр Сирски, кој беше разрешен по неколкудневните улични протести што избувнаа по смената на популарниот министер за одбрана Михајло Федоров. Драпатји ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека Соединетите Американски Држави ќе уништуваат по еден мост или електрана секогаш кога Иран ќе нападне брод во Ормускиот теснец. Изјавата доаѓа во услови на натамошна ескалација на конфликтот меѓу двете земји и растечка загриженост за последиците врз глобалната економија. Новата закана за напади врз цивилна инфраструктура се појавува во период кога војната дополнително се интензивира, што го ...
Во силното невреме што го зафати Скопје биле повредени 33 лица, а материјална штета била предизвикана и на здравствени установи во Скопје и Штип. Сите повредени се во стабилна состојба. Во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ медицинска помош побарале 22 лица, од кои двајца биле задржани на болничко лекување, додека во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, биле примени уште 11 лица, од кои тројца со скршеници. ...
Одделот за трауматологија во Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ е целосно реконструиран и повторно ставен во функција по инвестиција од 230 илјади евра. Станува збор за последниот нереновиран оддел во болницата, во кој, освен помали поправки, не било интервенирано од 1962 година. Од вкупната сума, 200 илјади евра биле обезбедени од буџетот на установата, а преостанатите средства преку донации. Директорот на ...
Над 12 илјади повици за помош биле примени во Центарот за управување со кризи по силното невреме што го зафати Скопје. Телефоните во институцијата не престанувале да ѕвонат ниту следниот ден, а сите пријави биле проследени до надлежните служби. Според директорот на ЦУК, Мухамед Али, барањата за интервенција пристигнале исклучиво од скопското подрачје, додека итните екипи постојано биле на терен. Али изјави дека последиците од невремето биле ...
Поранешниот бразилски репрезентативец Роналдо не штедеше пофалби за Шпанија по финалето на Светското првенство, оценувајќи дека резултатот од 1:0 воопшто не ја покажува вистинската разлика во квалитет меѓу новиот светски шампион и Аргентина. Според еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот, шпанската репрезентација целосно го контролирала натпреварот од почетокот до крајот. „Беше историски ден. Шпанија доминираше од почеток до ...
Согласно резултатите од анализите на мострите извршени од Институтот за јавно здравје, водата во Гостивар во моментов е неисправна за пиење и за техничка употреба. Граѓаните се повикуваат строго да ги почитуваат препораките на надлежните институции и до понатамошно известување да не ја користат водата од водоводната мрежа. Ова е информација за која, меѓу другото, се разговарало на денешната седница што се одржала во Центарот за управување со ...
Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан по вчерашната рација во опозициската партија Фидес и одземање на серверите, ја обвини новата влада дека воспоставува „нелегитимен“ политички систем и ги повика неговите приврзаници да се спротивстават на „тиранијата“. Во Унгарија повторно почна ерата на тиранијата … Унгарија не е веќе демократска држава. Новиот политички систем создаден на овој начин е нелегитимен. Фидес ќе ги искористи сите мирни ...
Британскиот премиер Ендру Бернам најави дека Владата повторно ќе ја разгледа политиката за предвремено ослободување на затворениците. Тој посочи дека заедно со новиот министер за правда Алекс Норис ќе направат детална анализа пред да се донесат натамошни одлуки. Бернам изјави дека не може да се игнорира притисокот врз затворскиот систем во Велика Британија, кој се соочува со недостиг на затворски капацитети, но нагласи дека сака внимателно ...
Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на крстосницата меѓу улиците „Ѓорче Петров“ и „Македонски војски“ во Скопје, а возачот на автомобилот кој учествувал во судирот избегал од местото на настанот. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во несреќата учествувале мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од 44-годишниот Ш.Ш. од скопското село Волково, и патничко возило, чиј возач веднаш ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе има нова шанса да избори настап на гранслем-турнир. Таа се најде на листата на пријавени учеснички за ОП на САД, последниот турнир од „големата четворка“ оваа сезона. Таа ќе игра три квалификациски кола пред да се најде на главниот жреб. Тоа и успеа на Вимблдон. Првото коло на УС Опен стартува на 30 август, а квалификациите ќе се играат во Њујорк една седмица порано. Ѓорческа минатиот месец ...
Легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам оствари огромен профит за време на неодамна завршеното Светско првенство во 2026 година, дополнително зголемувајќи го своето богатство, кое се проценува на повеќе од 1,38 милијарди евра. Иако ја заврши својата играчка кариера пред повеќе од една деценија, 51-годишниот поранешен капитен на Англија беше едно од најкористените лица во рекламите низ целиот свет, собирајќи околу 22,1 милиони евра. ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во две одделни акции биле спречени два обиди за криумчарење мигранти, при што се лишени од слобода две лица, против кои ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Првиот случај бил откриен на 21 јули околу 12:25 часот на улицата „Партизански одреди“ во Гевгелија, каде што полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го привеле С.С. (35) од ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесуваше 49.544 денари, а во однос на мај лани е повисока за 8,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 11,9 проценти, ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп собрала повеќе од 13 милијарди долари приходи од продажбата на венецуелска нафта оваа година, но сè уште е нејасно каде се парите и како се користат, објави „Фајненшл тајмс“. Според пресметките на весникот, САД ја презедоа контролата врз извозот на нафта на Венецуела откако ја презедоа власта во јануари и ја поставија потпретседателката Делси Родригез. Приходите од нафта сочинуваат ...
Вчерашното невреме кое зафати повеќе градови во државата сериозно ја погоди и електродистрибутивната инфраструктура, како на среден така и на низок напон. Поради оштетувања и неколку стотици паднати столбови, без напон останаа 2.308 трафостаници на Електродистрибуција, информираат од ЕВН Македонија. Нагласуваат дека засилени екипи на компанијата работеа без престан во исклучително тешки услови и успеаја да санираат дури 90 отсто од ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска имал онлајн-состанок со директорот на Директоратот за соседство и проширување на Европската комисија, Герт Јан Копман, на кој се разговарало за законите и реформските чекори што треба да ги преземе државата до декември годинава во рамките на евроинтеграцискиот процес. Мицкоски денеска на новинарско прашање оцени дека државата продолжува да ги исполнува обврските, како и дека со исклучок на Изборниот ...