Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Не смее да се профитира на грбот на граѓаните. Нема да се толерира некоректност. Ако се констатира непазарно однесување и енормно зголемување на цените, не е исклучено да се преземат соодветни мерки, изјави заменик министерот за економија, Марјан Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите. Тој рече дека на средбата ќе бидат презентирани анализите на Државниот пазарен инспекторат во однос на цените – како се движат ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата денеска на вонредна седница ќе донесе одлука за намалување на акцизите за безоловните бензини и дизел-горивата, со цел да се ублажи влијанието од растот на цените на светските пазари. Тој посочи дека новите воени дејства во Персискиот Залив повторно предизвикуваат раст на цената на нафтата и нафтените деривати, што претставува сериозен предизвик и за македонската економија. „Ќе ја продолжиме ...
Директорката на ЈП „Комуналец“ Артана Асани е суспендирана заедно со уште неколку лица, кои се одговорни за градскиот водовод, рече денеска Валбон Лимани, градоначалникот на општина Гостивар. Три дена по забраната на АХВ за пиење на гостиварската вода и илјадници заболени од нејзино конзумирање, Валбон Лимани, градоначалникот на општината најави дека за состојбата во изминативе денови во Гостивар ќе се дискутира на вонредна седница на ...
Полицијата ја уапси директорката на НП „Комуналец“ во Гостивар, Артана Асани. Според првичните информации, со неа се уапсени и двајца нејзини соработници, техничкиот директор, Леон Нуредини и раководителот на водоводот, Вадедин Дервиши. Се очекува двајцата наскоро да се појават пред обвинителството, а судијата на претходна постапка ќе им одреди мерки на претпазливост. Инаку, Асани, откако избувна епидемијата, тврдеше дека зголемениот број ...
Во ниту еден момент немало криење на информации од Министерството за здравство за состојбата во Гостивар, изјави денеска миинистерот за здравство Сашо Клековски. – Јас бев првиот што во саботата информирав дека првите случаи се регистрирани на 13 јули. Министерството за здравство и јас ќе продолжиме транспаретно да ги соопштуваме податоците бидјеќи немаме што да криеме, рече Клековски на денешната прес-конференција во Владата. Првата ...
За населението во Гостивар каде што е прогласена епидемија денеска ќе бидат обезбедени три шлепери со 76 илјади литри вода. Во наредните денови количината ќе се зголемува зависно од потребите, а ако треба ќе бидат вклучени и цистерни со вода, Ова денеска го кажа Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата, кој ги презентраше и локациите каде ќе се дистрибуира водата. – Покрај институционалната одговорност, ...
Хрватската гранична полиција ќе може привремено да ја поедностави примената на европскиот Систем за влез и излез – EES, доколку се процени дека патниците на надворешните граници ќе чекаат подолго од 45 минути. Олеснувањето не значи отворање на границата без контрола. Пасошите и натаму ќе се проверуваат, а за патникот ќе биде креирано електронско досие, но полицијата привремено ќе може да не зема фотографија од лицето и отпечатоци од прстите. ...
Сојузот на синдикатите на Македонија ја објави вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јули 2026 година. Според податоците од ССМ таа изнесува изнесува 68.498 денари и во споредба со јуни, кошницата е намалена за 156 денари, но четиричлено семејство и натаму има потреба од значителни средства за покривање на основните месечни расходи. Доколку во пресметката се вклучи и изнајмен стан од 60 квадратни метри, потребниот месечен ...
Премиерот Христијан Мицкоски беше денеска во посета на Општина Велес и оттаму порача дека со ребалансот ќе се обезбедат средства за поврзување на хидросистемот Лисиче со езеротот Младост. Би сакал да изразам задоволство за сите овие проекти коишто се во фаза на реализација и проекти коишто ќе се реализираат во периодот којшто следи. Би сакал кратко само да го дополнам тоа што го спомена градоначалникот во делот на цевководот којшто треба да ...
Владата, преку Министерството за транспорт инвестира околу 9 милиони евра во инфраструктурниот развој на Велес, истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Тој денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски престојуваше во работна посета на општина Велес, каде со градоначалникот Марко Колев направија увид на бројни проекти што се реализираат со поддршка на Владата и Министерството. „Со гордост ...
Собранието на почетокот на денешната пленарна седница ја констатираше оставката на уставниот судија Гоце Наумовски. Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски соопшти дека е информиран од Наумовски дека нема да ја образложи оставката пред пратениците. – Врз основа на член 121 став 1 од Деловникот на СОбранието, судијата на Уставниот суд доктор Гоце Наумовски може да ја облазожи оставката, но бидејќи сум известен дека судијата на ...
Македонскиот музичар Петар Георгиевски – Камиказа се здоби со потрес на мозокот, повреда на главата и повеќе нагмеченици при незгода додека возеше велосипед на Кејот на Вардар во Скопје. Како што раскажа на Фејсбук, несреќата се случи пред неколку дена на стотина метри пред мостот „Аминта Трети“. Додека се движел во својата лента, од спротивната страна ненадејно му излетал рекреативец кој, според неговите зборови, не погледнал пред да го ...
Во мојата долгогодишна кариера речиси секогаш сум имал контакт со дипломатијата. Неколку констатации за Министерството за надворешни работи ми беа неспорни: Пишува: Бранко АЗЕСКИ 1. дека се работи за професионална институција; 2. дека има суштинска улога во државата; 3. дека е министерство со најдобра соработка со Комората. Но, исто така, воочив и определени слабости: 1. кадровски (наметнување нестручни надворешни лица); 2. смешно глумење ...
Од денеска до 23 јули во официјална посета на Република Македонија ќе престојува претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, поради што ќе биде воведен посебен режим на сообраќај во Скопје, соопшти МВР. Посебниот режим на сообраќајот ќе се применува во поширокото централно подрачје на Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници. ...
Финансиската полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против службено лице вработено на Меѓународниот универзитет во Тетово, кое извршувало работни задачи како административен службеник. Пријавата е поради сомнение дека сторило кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 и „Фалсификување исправа“ од член 378 од Кривичниот законик на Република Македонија. Пријавениот А.З., како ...
Владата денеска испорачува дополнителни 60.000 литри вода за пиење за граѓаните на Гостивар, кажа денеска премиерот Христијан Мицкоски од посетата во Велес. Владата продолжува со конкретни активности за справување со состојбата со водоснабдувањето во Гостивар. Водоснабдувањето е во надлежност на локалната самоуправа, но Мицкоски истакна дека владата не дозволила граѓаните да останат без поддршка и активно се вклучила во надминување на ...
Иако Шпанија со победата над Аргентина ја освои титулата светски шампион, тензиите не стивнаа ниту по последниот судиски свиреж. Веднаш по завршувањето на натпреварот дојде до жесток судир меѓу фудбалерите на двете репрезентации, а во центарот на инцидентот се најдоа Ерик Гарсија, Гави и Леандро Паредес. Вербалната расправија брзо прерасна во физичка пресметка. Фудбалерите разменуваа навреди и обвинувања, по што на теренот настана голема ...
Големите компании во Европската унија повеќе нема да смеат да ја уништуваат непродадената облека и обувки. Наместо фрлање, компаниите ќе мораат производите да ги препродаваат или да ги донираат. Ова се новите правила кои стапија на сила. Исклучоци ќе има само во случаи кога производите се опасни, оштетени, контаминирани или не можат повторно да се користат, поправат или обноват. Новите правила се дел од европската регулатива за екодизајн, ...
Потпретседателот на САД Џеј Ди Венс и неговата сопруга, втората дама Уша Венс, во недела го објавија раѓањето на нивното четврто дете, кое ќе се вика Алек Нил Венс. Алек Нил Венс им се придружи на своите браќа Еван (9), Вивек (6) и сестрата Мирабел (4). Венс го објави раѓањето на својот син на социјалните мрежи во изјава потпишана од него и неговата сопруга. „Возбудени сме што можеме да објавиме дека нашиот син Алек Нил Венс се роди утрово. ...
Демократската унија за интеграции (ДУИ) ги обвини градските власти од Град Скопје поради, како што велат, двојно прекршување на законската обврска за употребата на албанскиот јазик во официјалната комуникација во рок од само еден ден. Оттаму велат дека Скопје е двојазичен град и оти сите институции имаат законска обврска да го користат албанскиот јазик, а градската администрација пред очите на целата јавност го игнорира законот со ...
Шпанија синоќа стана светски шампион по втор пат во историјата, а еден детаљ од церемонијата на доделување на трофејот е тема на разговор во светот. Секако, главната улога ја имаше претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп. Моментот во кој капитенот на Шпанија, Родри, и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се обидоа да го отстранат Доналд Трамп од централната сцена стана апсолутен хит на социјалните мрежи. Откако ...
Утврден е идентитетот на трите лица кои го загубија животот во тешката сообраќајна несреќа на патниот правец од граничниот премин „Блаце“ кон Скопје. Станува збор за Ејуп Тернава, Џенет Тернава и Фатмире Шабани, за кои нивните семејства претходно пријавија дека се исчезнати. Според информациите објавени од телевизијата „Алсат“, нивниот автомобил бил пронајден превртен во близина на границата со Косово. Првичните информации укажуваат дека две ...
Собранието денеска ќе ја одржи 115. седница, на чиј дневен ред, меѓу другото, е и Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за продолжување на рокот на кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати во државата. Владата на седницата одржана на 17 јули ја усвои оваа предлог-одлука, со која се предлага кризната состојба да се продолжи од 21 јули до 20 октомври. Според Владата, со тоа ќе се обезбеди ...
Резултатите од лабораториските анализи на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на примероците од водата земени на четири локации во Гостивар покажале отстапувања од нормалните параметри, кои, според информациите до кои дошол „Слободен печат“, соодветствуваат на актуелната состојба во градот, каде што стотици граѓани деновиве побараа лекарска помош поради стомачни тегоби, дијареја и повраќање. Според објавените информации, точните лабораториски ...
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ја повика локалната власт во Гостивар, предводена од коалицијата на СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари, да понесе одговорност за случајот со загадената вода, по кој голем број граѓани побараа лекарска помош. Од партијата наведуваат дека за време на локалните избори биле дадени ветувања за подобри услови за живот, но дека, според нив, жителите на Гостивар се соочиле со сериозен проблем со безбедноста на водата за пиење. Во ...
Шпанија е светски шампион откако заслужено ја победи Аргентина со 1-0 во финалето, со голот на Феран Торес. Во текот на сите 120 минути од натпреварот, Шпанија беше тимот што играше фудбал. Од друга страна, Аргентина исклучиво се бранеше и не „гледаше“ подалеку од центарот. Голманот на Аргентина, Емилијано Мартинез, имаше неверојатен ден и одбрани 11 удари при резултат 0-0 што оди во продолжение. Тој самиот го одведе својот тим во ...
Откако Шпанија ја победи Аргентина со 1-0 и стана светски шампион, беа доделени наградите за најдобрите поединци на натпреварувањето. Шпанија стана светски шампион по втор пат во својата историја со голот на Феран Торес со резултат 1-0, откако ја освоија и својата прва титула во продолжение во 2010 година. По завршувањето на натпреварувањето, беа доделени наградите за најдобрите поединци. Најважната награда му припадна на Родри. Шпанскиот ...
Соединетите Американски Држави рано утринава извршиле нов бран воздушни напади врз Иран, на што Техеран возврати со ракетни и напади со дронови врз Јордан, Бахреин и Кувајт што дополнително ги зголеми стравувањата од проширување на конфликтот на Блискиот Исток. САД и Иран се повеќе се приближуваат кон отворена војна, откако привременото примирје постигнато минатиот месец пропадна, а пловидбата низ Ормуската Теснина е сериозно нарушена. Во ...
Синоќа на 19.07.2026 во 22:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патот ГП Блаце-Скопје има превртено возило “мерцедес” со германски национални ознаки. На местото на настанот веднаш биле упатени полициски службеници и утврдено е дека во возилото има три починати лица ( едно машко и две женски лица). Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Претходно, во 13:40 часот во ПС Бит Пззар, државјанин на Косово пријавил дека три лица ...
На граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 40 минути, додека пак на преминот „Табановце“ времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути, информира АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ укажува дека на грчката страна од премините времето на чекање постојано варира ...