Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Лидерот на ДУИ Али Ахмети конечно по 24 години од основањето на партијата го поставил државното знаме во неговата канцеларија во седиштето во Мала Речица. Државниот симбол е виден за време на средбата на Ахмети со австрискиот амбасадор, Мартин Памер. Впечатливо е дека Ахмети во изјава за порталот на албански јазик Тетова сот рекол дека отсекогаш бил за унитарна држава но и дека државното знаме го поставил во канцеларијата по сугестија на ...
Силна песочна бура го погоди Истанбул вчера попладнево пред поројниот дожд, небото се затемни, ветерот корнеше дрвја и крена покриви, а возачите имаа проблеми поради намалена видливост поради облаци прашина. Поради силни ветрови и неповолни временски услови, некои авиони кои се обидуваа да слетаат на аеродромите „Истанбул“ и „Сабиха Гокчен“ беа принудени да кружат во воздух, објави порталот „Сон Саика“. Деца кои си играа на улица и минувач ...
Претставничкиот дом на САД го усвои Законот за овластување на трошоците за националната одбрана, со кој се одобруваат рекордни 1,15 трилиони долари за одбраната, во согласност со барањето на претседателот Доналд Трамп. Предлог-законот беше усвоен со 216 гласа „за“ и 212 „против“, што претставува значително потесна поддршка од вообичаената бидејќи таа законска рамка традиционално добива широка двопартиска поддршка во Конгресот. Демократите се ...
Јеменските Хути нападнаа два саудиски танкери за нафта во Црвеното Море. Инцидентот се заканува целосно да ги блокира клучните бродски рути, што може да предизвика сериозни нарушувања на глобалниот енергетски пазар. Портпаролот на војската на Хутите, Јахја Сари, во средата изјави дека целите биле танкерите „Енцелија“ и „Лејла“, а причината била „кршење на одлуката за блокада издадена од вооружените сили“. Нападите биле извршени со употреба ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информира АМСМ. На граничниот премин „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува ...
Собранието денеска ќе ја одржи 116. седница на чиј дневен ред се четири закони од областа на образованието и научноистражувачката дејност. Пратениците на седницата треба да ги разгледаат Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, по скратена постапка, Предлог-законот за обезбедување на квалитет во високото образование и науката – прво читање, како и Предлог законот за научноистражувачката дејност. Во ...
Во тетовското село Непроштено денеска ќе се одбележат 25 години од киднапирањето и убиството на Македонците – жители на ова населено место. Комеморативниот настан ќе се одржи во Спомен-паркот, каде ќе биде одржана панихида и ќе биде положено цвеќе пред спомен-обележјето. По церемонијата е предвидено обраќање на Иницијативниот одбор. Годишнината е посветена на сеќавањето на Стојан Михајловски, кој беше убиен, како и на Крсто Гоговски, Цветко ...
Македонскиот фудбалски шампион Вардар со пораз го започна настапот во Конференциската лига. „Црвено-црните“ на арената „Тодор Проески“ во Скопје загубија од летонскиот првак Рига со 2-3, па во реваншот на гостински терен ќе се обидат да ја надоместат негативата и да обезбедат пласман во следната рунда. Натпреварот се одигра пред околу 2.000 гледачи, токму на денот кога Вардар го одбележа својот 79. роденден. Домашниот тим прв стигна до ...
Силното невреме проследено со обилни врнежи и силен ветер, кое во текот на ноќта ја зафати јужна Албанија, однесе два човечки живота, а уште три лица се повредени, соопштија надлежните албански институции. Една од жртвите е Башким Бочи, електричар во државната електроенергетска компанија (OSSH), кој загинал за време на интервенција во Химара. Според албанските медиуми, несреќата се случила околу 3 часот по полноќ во областа Потами, кога при ...
Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа, на 23 јули 2026 година (четврток) дел од корисниците во општина Бутел ќе останат без електрична енергија, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје. Според известувањето од ЕВН Македонија АД, прекинот во снабдувањето со електрична енергија е планиран во периодот од 05:30 до 14:30 часот. Без струја ќе бидат корисниците на: улицата Ѓоре Ѓоревски ...
Враќањето на навивачите на аргентинскиот клуб Тигре од натпреварот во Копа Судамерикана во Уругвај беше одбележано со вооружен напад врз нивниот автобус, при што беше ранет 57-годишен маж. Инцидентот се случил кратко откако тие го напуштиле стадионот во Монтевидео. Иако првичните информации говореа за двајца повредени, клубот и аргентинските медиуми потврдија дека е повредено само едно лице. Мажот бил погоден во раката и дланката, но ...
Германската влада ги отфрли тврдењата дека тајно спроведува истражувања поврзани со развој на нуклеарно оружје, оценувајќи дека станува збор за руска кампања за дезинформации. Заменик-владиниот портпарол Штефен Мајер на прес-конференција во Берлин изјави дека овие наводи се дел од, како што рече, вообичаената руска пропаганда. – Германската влада оваа изјава ја смета за дел од вообичаената руска пропаганда – изјави Мајер. Според германските ...
Очекувањата дека Европската Унија полесно ќе постигне договор за нови санкции против Русија по заминувањето на Виктор Орбан од власта во Унгарија не се остварија целосно. И покрај променетата политичка ситуација, неколку земји членки побараа ублажување на дел од мерките со цел да ги заштитат сопствените економски интереси. Амбасадорите на земјите членки на ЕУ денеска повторно ќе се обидат да ги усогласат ставовите за 21. пакет санкции против ...
Европската Унија и Пакистан денеска упатија заеднички повик за продолжување на дипломатските напори и дијалогот со цел да се стави крај на конфликтот на Блискиот Исток, оценувајќи дека дипломатијата претставува единствено одржливо решение за воспоставување мир и стабилност. Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, се сретна со пакистанскиот министер ...
Општина Карпош донираше еден тон вода за пиење за жителите на Гостивар, кои во моментов се соочуваат со сериозни проблеми со квалитетот на водата за пиење. Како што соопшти градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, донацијата е обезбедена од општинската администрација и раководството на општината, а во текот на утрешниот ден ќе биде доставена до општинскиот пункт за помош во Гостивар. Според Лукровски, тој и градоначалникот на ...
Законот е усвоен поради загриженоста за влијанието на дигиталните содржини врз менталното здравје на младите Франција стана првата земја членка на Европската Унија која воведе целосна забрана за користење социјални мрежи за деца помлади од 15 години. Француските пратеници во вторникот го усвоија законот со кој се ограничува пристапот до овие платформи, во услови на сè поголема загриженост за последиците од прекумерната изложеност на дигитални ...
Гостиварчанецот Дарко Грујоски објави микробиолошки наод на социјалните мрежи и тврди дека кај него биле пронајдени јајца од цревниот паразит Ascaris lumbricoides. По објавувањето на резултатот, тој побара одговорност за загадувањето на водата во Гостивар. Грујоски наведува дека паразитот се пренесува по фекално-орален пат, преку загадена вода, храна или нечисти раце. Според препораката што ја добил од лекар, треба да се испитаат и неговите ...
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, утре (23 јули, четврток) ќе присуствува на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот градски базен во Општина Кавадарци, соопшти Владата. Настанот е закажан за 12:00 часот, а по официјалното отворање на реконструираниот објект, предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите. Од Владата засега не соопштуваат дополнителни детали за реконструкцијата на ...
Агентот за модели Даниел Сиад, кој беше осомничен дека регрутирал жени за покојниот сексуален престапник Џефри Епстин, е пронајден мртов во Франција, објави Би-би-си. Француските власти отвориле истрага за неговата смрт, но засега не се познати околностите под кои починал. Сиад (69) бил пронајден мртов во својот дом во Коломб, во францускиот департман От-де-Сен. Надлежните работат на утврдување на причините за неговата смрт. Името на ...
Бугарскиот парламент одобри американско барање за користење на воздухопловната база Безмер како логистички центар за поддршка на операциите на САД на Блискиот Исток. Одлуката беше изгласана со 136 гласа „за“, 13 „против“ и двајца воздржани пратеници. Според одобрениот план, од 24 јули до 1 октомври во базата Безмер ќе можат да бидат распоредени до осум американски авиони-танкери KC-135, до 250 припадници на воениот персонал, како и ...
Српскиот парламент во понеделник, 27 јули, ќе ја разгледува иницијативата за гласање недоверба на Владата, која опозицијата ја поднесе уште во февруари, објави телевизијата Н1 повикувајќи се на свои извори. Предлогот за изгласување недоверба на Владата беше поднесен на 13 февруари од опозициски пратеници поради случајот со укинувањето на статусот на културно наследство на комплексот на поранешниот Генералштаб, како и поради кривичната ...
Од синоќа, во текот на целата ноќ, како и денес, екипите на Општина Чаир продолжуваат со работа на терен за санирање на последиците од невремето и што побрзо нормализирање на состојбата во погодените подрачја. Сезонските работници, две екипи за сечење и кастрење дрвја, компанијата ангажирана од Општината, како и четири камиони, континуирано се ангажирани на расчистување на секундарните улици и јавните површини, како и на отстранување на ...
Кризниот штаб формиран за справување со вонредната состојба во Гостивар ги почна првите координирани активности за итно обезбедување техничка вода за граѓаните. Во акцијата се вклучуваат општини од целиот Полошки Регион, но и повеќе градови од државата, кои најавиле помош со цистерни и друга потребна логистика. На состанокот на градоначалниците од регионот присуствувал и претставникот на Централниот кризен штаб, Горан Савовски, кој побарал ...
Микробиологот Никола Пановски побара од министерот за здравство да ги извести медиумите повеќе да не го контактираат за коментари и совети поврзани со состојбата во Гостивар. Тој смета дека јавноста отсега треба да ја информираат епидемиолози и инфектолози. Пановски наведува дека во изминатиот период дал бројни изјави за телевизии, радија и портали, а на дел од медиумите им се извинил затоа што физички не можел да одговори на сите барања. ...
Граѓаните чии домови и имот беа оштетени во силното невреме што го погоди Скопје ќе можат да ги пријават штетите пред комисии што ќе ги формираат скопските општини. Сите пријавени оштетувања ќе бидат стручно проценети во координација со Град Скопје. Потоа, согласно законските процедури и расположливите средства, ќе почне постапка за финансиска поддршка при санацијата на оштетените станбени објекти, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски по ...
Новите научни откритија отвораат можност за порано препознавање на ризикот од деменција преку едноставен тест на крвта. Истражување покажува дека постарите лица кои немаат когнитивни нарушувања, но имаат зголемено ниво на биомаркерот p-tau217 во крвта, имаат значително поголеми шанси во следните години да развијат рани симптоми на деменција. Според резултатите од студијата, лицата со покачени вредности на овој биомаркер имале околу 38 отсто ...
Легендарната американска скијачка Линдзи Вон сè уште има сериозни проблеми со опоравувањето по тешкиот пад на олимпискиот спуст во Кортина д’Ампецо. Повеќе од пет месеци по несреќата, таа откри дека сè уште има потешкотии со движењето и дека закрепнувањето се одвива многу побавно од очекуваното. Во интервју за магазинот „People“, 41-годишната Вон призна дека сè уште се соочува со последици од повредата и дека нејзиното враќање во нормала е ...
Екстремните температури што ја зафатија Франција во втората половина на јуни и почетокот на јули се поврзуваат со значителен пораст на бројот на починати лица. Новите податоци на француската Агенција за јавно здравје покажуваат дека во периодот од 17 јуни до 2 јули биле евидентирани 5.764 дополнителни смртни случаи, иако засега не може со сигурност да се утврди колкав дел од нив директно се должи на високите температури. Според привремените ...
Скопските општини ќе формираат комисии пред кои граѓаните ќе можат да ги пријават штетите предизвикани од невремето. Во координација со Град Скопје, ќе се врши стручна процена на пријавените штети, по што, согласно законската регулатива и расположливите можности, ќе започне постапка за поддршка на граѓаните при санацијата на оштетувањата на објектите за домување, најави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски по Координативниот состанок со ...
Побарувачката за европски стоки и услуги од земји надвор од Европската Унија во 2024 година поддржувала 31,6 милиони работни места, односно 14,4 проценти од вкупната вработеност во Унијата. Најновата анализа на Евростат покажува дека приближно секое седмо работно место во ЕУ е поврзано со купувачи од трети земји, а најголемо влијание врз европскиот пазар на трудот имаат Соединетите Американски Држави, Велика Британија и Кина. Бројот на ...