Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Основното јавно обвинителство Гостивар отвори истражна постапка против три лица, кои се осомничени за кривичното дело Тешки дела против животната средина и природата предизвикани со дејствија на Загадување на вода за пиење. Според Обвинителството, тие со свои постапки предизвикале загадување на системот за водоснабдување на Општина Гостивар и дел од околните села. Осомничени се вршителката на должност директорка на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, ...
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски вечерва на скопскиот аеродром ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која пристигна во официјална посета на Македонија. Во рамките на престојот на индиската претседателка се предвидени повеќе средби и активности, со кои се очекува дополнително зајакнување на односите меѓу двете земји. „Очекувам тие да ги потврдат одличните билатерални односи и да дадат нов поттик за ...
Аргентина не успеа да ја одбрани титулата светски првак, откако во финалето на Светското првенство беше поразена од Шпанија со 1:0. По завршувањето на натпреварот, капитенот Лионел Меси им се обрати на навивачите преку социјалните мрежи. Аргентинците одиграа еден од своите најслаби натпревари во историјата на финалињата на Мундијалите, а поразот стави крај на нивната одбрана на светската титула. Меси на Инстаграм објави емотивна порака, која ...
Новиот британски премиер Енди Барнам во првиот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп ја истакнал посветеноста на Обединетото Кралство кон одбраната и безбедноста, соопшти Даунинг стрит. Барнам, кој функцијата премиер ја презеде во понеделникот, му порачал на Трамп дека безбедноста на Велика Британија и нејзините сојузници ќе биде еден од неговите највисоки приоритети. „Новиот челник на владејачките британски лабуристи ...
Министерот за правда Јетон Шасивари и заменик-министерот за правда Ален Деребан одржаа работна средба со претседателката на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска, и со судиите-поротници, на која биле разгледани нивните барања и предизвиците со кои се соочуваат при извршувањето на функцијата. Во фокусот на разговорите била висината на надоместоците за судиите-поротници, но и нивната улога во судскиот систем. На средбата било ...
До 18 часот денеска на територијата на државата се евидентирани осум пожари на отворен простор. Според информациите на Центарот за управување со кризи (ЦУК), еден пожар е активен, два се ставени под контрола, а пет се целосно изгаснати. Активен останува пожарот во Општина Старо Нагоричане, на атарот меѓу селата Степанце и Добрача, каде што гори сува трева и ниска шума. Под контрола се два пожара. Едниот е во Општина Василево, кај селото ...
Силното невреме што попладнево зафати повеќе делови од источна и југоисточна Македонија предизвика материјална штета, паднати дрвја и неколку пожари. Најсериозни последици се регистрирани во Делчево, каде што е оштетен покрив на објект, а надлежните служби се на терен и работат на расчистување на штетите. Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, изјави дека засега нема информации за повредени лица. „Дел од жителите, меѓу кои и деца, се ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати, кои од 21 јули 2026 година ќе бидат повисоки во просек за 5,88 отсто. Новите цени ќе стапат во сила од 00:01 часот, а зголемувањето е резултат на порастот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во однос на претходната пресметка. Според РКЕ, ...
Владата, на денешната седница, донесе Одлука со која се определува видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата. Намалувањето на акцизите на бензинот и дизелот, како навремена мерка е насочена кон ублажување на последиците од растот на цените на светските берзи и заштита на животниот стандард на граѓаните. Во изминатиот период е евидентен висок просек на котациите на суровата нафта и нафтените деривати на ...
Жителите на неколку скопски улици утре ќе останат без вода за пиење поради интервенција на водоводната мрежа, информираат надлежните. Од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, повикувајќи се на информации од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, соопштија дека прекин во водоснабдувањето ќе има за корисниците од улиците „Аминта Трети“, „Антоние Грубишиќ“, „Пиринска“ и „Чедомир Миндеровиќ“. Водоснабдувањето ќе ...
Во Охрид од денеска започнуваат засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај по повод престојната посета на претседателката на Индија, која во градот ќе престојува до 22 јули 2026 година. Од Секторот за внатрешни работи Охрид информираат дека мерките ќе бидат насочени кон обезбедување на сообраќајниците, објектите и безбедноста на сите учесници во сообраќајот. „Активностите се насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на ...
Последниот свиреж во финалето не го означи крајот на тензиите на теренот. По натпреварот, меѓу фудбалерите на Аргентина и новиот светски првак дојде до конфликт во кој беа вклучени повеќе играчи и членови на стручните штабови. ФИФА потврди дека ги разгледува случувањата и веќе започна со собирање докази за евентуално покренување официјална дисциплинска постапка. Според првичните најави, дел од аргентинските фудбалери и претставници би можеле ...
Градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, изјави дека не чувствува морална одговорност за состојбата со водата во градот, откако беше прогласена епидемија поради проблемите со водоснабдувањето. На прес-конференција, Лимани посочи дека директорката на ЈП „Комуналец“, заедно со уште неколку лица одговорни за градскиот водовод, се суспендирани. Тој ги повика надлежните институции да ја завршат истрагата објективно и порача дека локалната ...
Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ денеска престојуваше во работна посета на Општина Кочани, каде со градоначалникот Владко Грозданов разговараше за реализацијата на инфраструктурните проекти, регионалниот развој, прекуграничната соработка и идните инвестиции. На средбата беше направен преглед на реализацијата на најзначајните капитални проекти. Во изјавата по средбата, градоначалникот Грозданов соопшти дека изградбата на ...
Бројот на граѓани кои побарале медицинска помош поради симптоми на гастроентероколит во Гостивар почна да се намалува, но причината за појавата на епидемиолошката состојба сè уште не е официјално утврдена. Анализите на водата за пиење од градскиот водовод, кои треба да покажат дали постои поврзаност со случаите, сè уште не се објавени. Од Министерството за здравство информираат дека во текот на вчерашниот ден е забележан пад на бројот на ...
Американскиот претседател смета дека успехот на Мундијалот 2026 е доказ дека САД заслужуваат повторно да бидат домаќин, но ФИФА веќе ги има одредено организаторите за 2030 и 2034 година. Американскиот претседател Доналд Трамп му порача на претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, дека Соединетите Американски Држави повторно ќе поднесат кандидатура за организација на Светското првенство, истакнувајќи дека ...
Нова ескалација на тензиите на Блискиот Исток беше регистрирана попладнево откако Иран повторно изврши напади врз Кувајт. Поради заканата, кувајтските вооружени сили ја активираа противвоздушната одбрана, додека во соседен Бахреин повторно се огласија сирените за воздушна опасност. Кувајтската армија соопшти на платформата Икс дека експлозиите што се слушнале биле резултат на дејствувањето на системите за противвоздушна одбрана при ...
Дресот што легендарниот Пеле го носеше во финалето на Светското првенство во 1958 година е продаден за 4,9 милиони долари на аукција организирана од аукциската куќа „Сотбис“ во Њујорк. Со оваа продажба, тој стана вториот најскап фудбалски дрес што некогаш бил продаден на аукција, а воедно и највредниот предмет поврзан со бразилската фудбалска легенда. Пред него на листата останува само дресот што Диего Марадона го носеше против Англија на ...
Трагично заврши потрагата по три лица од Косово кои беа пријавени за исчезнати откако заминале од Меѓународниот аеродром Скопје. Тие биле пронајдени починати во превртено возило на автопатот Граничен премин Блаце–Скопје, делница која е затворена за сообраќај и е во изградба. Во Полициската станица Бит Пазар на 19 јули во 13:40 часот, М.Ш. (56) од Косово пријавил дека не може да стапи во контакт со неговата сопруга Ф.Ш.Т., нејзиниот брат У.Т. ...
Министерството за економија и труд и Државниот пазарен инспекторат ќе продолжат внимателно да ги следат движењата на цените и нема да дозволат неоправдани поскапувања на товар на граѓаните. Ова било порачано на работната средба што денеска ја одржаа министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски со претставници на производителите и дистрибутерите. На состанокот биле презентирани ...
Мерките од Оперативниот план за вработување да бидат достапни за секој занаетчија, да биде поедноставен начинот за аплицирање и постапката за добивањето на поддршката да биде транспарентна како во изминатиот период. Ова му порача денеска од Занаетчиската комора на заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Засега најатрактивна е мерката Поддршка за креирање нови работни места, но не помал интерес има и за мерката Обука за ...
Европската комисија денеска соопшти дека ја казнила кинеската компанија за е-трговија „Али експрес“ со 550 милиони евра поради тоа што не успеала да го намали ризикот од продажба на нелегални, небезбедни и фалсификувани производи. Во соопштението на ЕК се наведува дека „Али експрес“ е казнет за прекршување на одредбите од Законот за дигитални услуги (ДСА) бидејќи компанијата не успеала соодветно да процени дали има доволно персонал за ...
Резултатите за водата во Гостивар направени од Институтот за јавно здравје во текот на денот ќе бидат испратени до Јавното обвинителство – соопшти директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, на прес-конференцијата во Владата. Не е важно само да се одреди причината, туку она што е најважно – да се утврди одговорноста. Никој не смее да го загрозува здравјето на граѓаните. Како Институт продолжуваме да ја следиме епидемиолошката ситуација – рече ...
Американскиот милијардер и инвеститор Ворен Бафет изјави дека среќата била клучен фактор во неговиот успех, што го направило еден од најбогатите луѓе во светот и дека токму ова сознание го инспирирало да донира поголем дел од своето богатство. „Мојата перспектива е следнава: од осум милијарди луѓе во светот, веројатно сум меѓу 10-те кои имаа најмногу среќа“, рече претседателот на „Беркшир Хатавеј“ во интервју за CNBC. Неговата нето вредност ...
Вкупно 3.100 граѓани досега побарале медицинска помош по епидемијата со гастроентеритис во Гостивар. Ова го соопшти министерот за здравство Сашо Клековски. Клиничката слика се стомачни проблеми, а поретко со температура и треска. Тој објасни дека бројката не се однесува само на пациентите прегледани во Општата болница „Ферид Мурад“, туку претставува интегрирани податоци од сите здравствени установи во градот. „Во моментот досега има околу ...
Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, рече дека во Гостивар останува целосната забрана за користење на водата. – Агенцијата за храна и ветеринарство издаде наредба за забрана за користење на водата во Гостивар, што подразбира целосна забрана, и до моментот додека нема други насоки, Институтот за јавно здравје исто така се држи до овој став – рече Андоновска. Таа појасни дека стручни екипи веднаш по барањето на Обвинителството зеле ...
Постапувањето на Јавното обвинителство во следниот период треба да биде брзо и експидитивно. Колку што е важно навременото постапување од страна на надлежните институции, толку е важно и утврдувањето на одговорност со цел никогаш повеќе да не се случуваат вакви состојби, изјави денеска владината портпаролка Марија Митева во однос на случувањата во Гостивар каде е прогласена епидемија по зголемениот број на пациенти со стомачни тегоби. Митева ...
„Целосна реконструкција следи насекаде во касарните, но еве овде може да видиме на лице место дека има поголема динамика“ рече министерот за одбрана Владо Мисајловски при денешниот увид во градежните активности кои се изведуваат во Командата за обука и доктрини во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес. Тој посочи дека се вложуваат околу 11 милиони денари за темелна внатрешна реконструкција на оваа зграда што опфаќа промена на врати, ...
Со 88 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржани“, Собранието денеска ја донесе Одлуката за продолжување кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври. Владата на седницата одржана на 17 јули ја донесе одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на Република Македонија. Со донесената ...
Новиот лидер на британската Лабуристичка партија, Енди Бернам, е назначен за нов премиер на земјата, со што започнува нова ера во британската политика. Откако поранешниот премиер Кир Стармер го одржа својот проштален говор, Бернам беше примен од кралот Чарлс и му беше доделена задачата да формира нова влада. „Неговото Височество го прими на аудиенција почитуваниот Ендру Бернам, пратеник во Парламентот, и го замоли да формира нова ...