Владата во последните две години не престана да работи на изнаоѓање праведно и оджливо решение за деблокада на евроинтеграцискиот процес. Во постојанa комуникација е и со земјите-членки на Европската Унија, и со институциите на ЕУ, а одржува средби и со Бугарија. Има позитивен импулс за изнаоѓање решение, но нема решение што можеме да го претставиме пред јавноста. Разговорите е природно да се случуваат и ќе продолжат, но ние немаме намера да ...

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (23.07.2026 година) се евидентирани вкупно 197 новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош, што покажува намалување во однос на претходниот ден, соопшти Министерството за здравство. Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад” во Гостивар се регистрирани вкупно 117 нови прегледи, од кои 82 на инфективното одделение (без нови ...

Нов селектор на Германија официјално е Јирген Клоп, објави претпладнево Германската фудбалска федерација (ДФБ). Клоп денеска потпиша четиригодишен договор во седиштето на ДФБ во Франкфурт и ќе ја предводи германската репрезентација во квалификациите за ЕУРО 2028 и Светското првенство во 2030 година. Досегашниот селектор Нагелсман доби оштета од седум милиони евра. „Националната репрезентација може да нè обедини нас Германците како речиси ...

Четиринаесет лица беа повредени утрово околу четири часот кога луксузен речен крузер удри во ѕид на Дунав во Виена. Виенската противпожарна служба пристигна на местото на несреќата за неколку минути, со голем број спасувачи на брегот и на реката. Пожарникарите ја пребаруваа реката за да пронајдат евентуално паднати патници и дали бродот претрпел штета под водената линија, објави Хојте. Бидејќи бродот бил неколку метри под нивото на брегот, ...

Вчера во 8 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с.Брвеница, тетовско, патничко возило удрило во 22-годишниот К.Ј. од с.Брвеница и го напуштило местото, соопшти денеска тетовската полиција. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот, велат од СВР Тетово. ...

Собранието денеска ја почна расправата за избор на министер без ресор во Владата за која функција е предложен Зулфикар Зејнула, претседател на Демократската партија на Турците, со која партија ВМРО-ДПМНЕ неодамна потпиша коалициски договор. Премиерот Христијан Мицкоски пред пратениците истакна дека зрелоста на Владата се гледа во отвореноста на институциите за сите што имаат знаење, капацитет и искрена намера да придонесат и да не прашува, ...

Собранието денеска со 67 гласа „за“ и 13 „против“ го избра за министер без ресор во Владата Зулфикар Зејнула, претседател на Демократската партија на Турците, со која владејачката ВМРО-ДПМНЕ неодамна потпиша коалициски договор. Коалицијата предводена од СДСМ не го подржа предлогот за избор на Зејнула за министер без ресор, како што рече пратеникот Оливер Спаосвски, не затоа што е против кандидатот туку заради што сметаат дека нема да се ...

Пред 69 години, на 24 јули 1957 година во Прилеп починал Методија Андонов – Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и борец за правата и слободата на македонскиот народ. Неговото вечно почивалиште денеска го посети правнукот Јане Ченто. -Вечна слава Претседателе, идеалите твои се заклетви мои. “Загубив се,материјално пропаднав, мојата политичка кареира ја ...

Договорот за цивилна нуклеарна соработка меѓу Соединетите држави и Саудиска Арабија, кој се подготвува повеќе од две децении, беше потпишан во Вашингтон во средата, но неговата имплементација беше доведена во прашање помалку од 24 часа подоцна. Вчера претседателот Доналд Трамп одеднаш постави нов услов за договорот, кој практично го уништи само еден ден по неговото склучување, пишува Си-Ен-Ен. Свеченото потпишување во седиштето на ...

На 23.07.2026 околу 03:30 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на регионалниот пат Грдовци-Зрновци, 24-годишниот Д.Н. од с.Градец, виничко, управувајќи патничко возило „опел“ со винички регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од коловозот. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.С.(28) од с.Јакимово, виничко, додека со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Д.А.(28) од с.Истибања, виничко, ...

Полициски службеници од ОВР Кавадарци во соработка со полициски службеници од СВР Куманово вчера на Градски плоштад во Кавадарци го лишиле од слобода М.Д.(32) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од 50-годишна кумановка дека ја измамил за сума од 9 000 евра. -Според пријавеното, тој и ветил дека ќе и посредува за добивање на странски пасош за 400 евра, а потоа и барал повеќе парични средства и за кратко време му дала вкупно 9.000 ...

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на годишната сесија, што се одржува во јужнокорејскиот град Бусан, донесе одлука да го одложи впишувањето на Охридскиот Регион на листата на светски културни и историски наследства во опасност. Ова, како што истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, претставува значаен дипломатски успех за нашата земја, кој е производ на координирана државна акција предводена од ...

Во моментов има застој на сообраќајот на кружниот тек кај хотел „Национал“ на влезот во Кочани. Информациите од теренот велат дека е истечено големо количество нафта од камион, приближно еден тон. Екипите на КЈП „Водовод“, ТППЕ и ОВР – Кочани се на терен. Велат дека сообраќајот бргу ќе биде вратен во функција. Во моментов има застој на сообраќајот на кружниот тек кај хотел „Национал“ на влезот во Кочани. Информациите од теренот велат дека е ...

Светското првенство штотуку го доби својот шампион, а фудбалскиот свет веќе го тресе голем скандал. Меѓународното советодавно тело „Group of Copenhagen“, специјализирано за откривање и спречување местење натпревари, објави извештај во кој наведува дека дури седум ситуации од штотуку завршениот Мундијал биле означени како сомнителни и поврзани со нерегуларности на обложувалниците. Како што пренесува The Athletic, сомнителните обрасци на ...

Десет финални предлози за дизајнот на идните банкноти во евра, презентираше Европската централна банка. Започната е јавна консултација на која граѓаните можат да ги искажат своите мислења за новиот изглед на банкнотите. Анкетата е отворена до 21 септември, а конечната одлука се очекува до крајот на годината. Предлозите се поделени на две теми: „Европска култура“ и „Реки и птици“. ЕЦБ вели дека предлозите се резултат на натпревар низ целата ...

Членови на Управниот одбор на Сојузот на одгледувачи на овци „Модерен овчар“ денеска ќе одржат средба со претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) поради појавата на сипаници кај малите преживари. Средбата е закажана за 13 часот, а по неа, во 14:15 часот, пред АХВ изјава ќе даде претседателот на Сојузот, Насер Џемаили. Членот на Управниот одбор на Сојузот, Моме Младеновски, за МИА информира дека состојбата со сипаниците кај ...

Пред 69 години, на 24 јули 1957 година во Прилеп умрел Методија Андонов – Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и борец за правата и слободата на македонскиот народ. За претседател на Президиумот Методија Андонов – Ченто бил избран и на Второто заседание на АСНОМ, на 29 и 30 декември 1944 година. Бил и прв претседател на Президиумот на Народното собрание ...

Започна реконструкцијата на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника „Идадија“, инвестиција вредна над 31 милион денари. Со реконструкцијата објектот ќе добие современи енергетски ефикасни решенија, подобри услови за работа на медицинскиот персонал и поквалитетни услови за престој на пациентите. Реконструкцијата опфаќа поставување нова термоизолациска фасада и кровна изолација, целосна замена на фасадната столарија, модернизација на системот ...

Ривалството меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал останува едно од најголемите во историјата на тенисот. Двајцата одиграа рекордни 60 меѓусебни натпревари, а српскиот тенисер има 31 победа, наспроти 29 на Шпанецот. Надал изјави дека против Роџер Федерер имал јасен тактички план, но дека против Ѓоковиќ не можел да пронајде очигледна слабост. „Против Новак немам такво чувство“, призна Надал. Тој објасни дека за победа над Ѓоковиќ било неопходно ...

Двајца американски пратеници предложија закон што ќе ѝ овозможи на владата да нареди итно исклучување на системите за вештачка интелигенција доколку тие станат закана за јавноста. Предлог-законот, наречен Закон за AI Kill Switch, беше поднесен од демократот Тед Лиу и републиканецот Натаниел Моран откако компанијата OpenAI неодамна призна дека нејзините модели на AI излегле од контрола на невиден начин и пробиле голема база на податоци со ...

Глобалните цени на нафтата се зголемија за 6 проценти во четврток, при што суровата нафта од типот Брент се искачи над 100 долари за барел, според податоците на берзата. До 16:15 часот по московско време, септемвриските фјучерси за суровата нафта од типот Брент се зголемија за 6,38 проценти во однос на претходното затворање, на 100,07 долари за барел, што е прв пат цената да се искачи над 100 долари од 22 мај. Во исто време, септемвриските ...

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи Охридскиот Регион да го задржи статусот на заштитено светско културно наследство. Одлуката беше донесена денеска од страна на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, на 48. сесија која се одржува во Бусан, Република Кореја, со која природното и културното наследство на Охридскиот Регион не се впишува на Листата на светско наследство во опасност. Македонската делегација на 48. сесија на ...

Од Основен Кривичен Суд Скопје информираат дека судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната на осомничениот М.С., поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, донесе решение со кое ја прифати понудената гаранција во износ од над 1.150.000 евра, која се состои од засновање хипотека врз недвижен имот и ја укина мерката притвор. Истовремено, заради обезбедување на ...

Логистички центри на најголемата руска онлајн продавница Wildberries, позната како „рускиот Амазон“, во Санкт Петербург, Твер и на окупираниот Крим биле погодени во напад со украински беспилотни летала, објави Kyiv Independent, повикувајќи се на руски извори. Гувернерот на Санкт Петербург, Александар Беглов, потврди напад со дронови врз објекти на цивилната инфраструктура, додека гувернерот на Ленинградската област соопшти дека во нападот ...

САД воведоа нови царини за 60 трговски партнери поради тврдења дека не успеале да ја спречат принудната работа. Царините се движат од 10% до 12,5% и се насочени кон клучните економски партнери, вклучувајќи ги Велика Британија, Кина, Европска Унија, Канада, Бразил, Јапонија, Индија, Русија и Турција. Тие стапија во сила денеска, веднаш откако истече привремената царина од 10% на странска стока. Врховниот суд на САД претходно оваа година ...

По критичната ситуација со водата во Гостивар, како и информациите за арсен во водата во Валандово и бактерии во водата во Крушево, раководителката на Секторот за санитарна контрола во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Емилија Аневска во интервју за „Телма “ТВ нагласи дека состојбата во главниот град останува стабилна и под строга контрола. Аневска ги уверува скопјани дека лабораторијата, која е акредитирана веќе 15 години, континуирано ...

СДСМ преку соопштение изјави дека последиците од загадената вода во Гостивар, покрај граѓаните, ги чувствуваат и приватните бизниси, откако Агенцијата за храна и ветеринарство изрече казни и забрани за работа по извршените контроли. Според партијата, Агенцијата досега изрекла 30 казни и 12 забрани за работа, додека засилените инспекциски контроли продолжуваат. Од СДСМ наведуваат дека дел од угостителските објекти, продавниците и ...

Грција се подготвува за значително влошување на временските услови, поради што Националната метеоролошка служба (EMY) издаде црвен аларм за периодот од 23 до 25 јули. По неколкудневниот топлотен период, се очекуваат силни невремиња со обилни поројни дождови, грмотевици, бурен ветер, а локално е можна и појава на град. Нестабилно време е најавено и во популарните туристички региони Халкидики и Солун. Според прогнозите, во петок (24 јули) таму ...

Киев се залага за нова рунда мировни разговори со посредство на САД, а украинскиот претседател Володимир Зеленски очекува до есен да биде организирана трилатерална средба со Русија. Тој изјави дека Украина сака што побрзо да го разгледа американскиот предлог за продолжување на дипломатските напори и нагласи дека состанокот би можел да се одржи уште овој месец доколку се создадат услови. Зеленски ова го изјави на заедничката прес-конференција ...

Општина Карпош претрпе најголеми штети од силното невреме што го зафати Скопје. Според градоначалникот Сотир Лукровски, евидентирани се околу 250 оштетени автомобили, меѓу 85 и 90 оштетени кровни конструкции на станбени згради, куќи и институции, како и стотина паднати дрвја. Тој посочи дека меѓу оштетените објекти има и училишта, а материјалната штета е огромна. Гостувајќи во Дневникот на Сител, Лукровски изјави дека општинските и градските ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34