– Да се води политика за младите значи да престанеме да зборуваме за нив само како за иднината и да почнеме да ги третираме како активни учесници во сегашноста. Младите не сакаат институциите да ги повикуваат само на конференции или симболични настани. Тие сакаат нивните идеи да бидат слушнати, разгледани и претворени во конкретни решенија, вели министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски во интервју за Курир. ...

Годишната инфлација во Македонија во јули 2026 година изнесува 2,3 проценти, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Во споредба со јули минатата година, индексот на трошоците на животот е повисок за 2,3 проценти, додека индексот на цените на мало е зголемен за 1,8 проценти. Во однос на претходниот месец, инфлацијата изнесува 0,1 процент, што укажува на минимален месечен раст на трошоците на животот. Во споредба ...

Американски суд ѝ наложи на матичната компанија на Фејсбук, „Мета“, да плати 567 милиони долари за санирање на штетите нанесени врз младите од нејзините платформи. Судијата од Ново Мексико, Брајан Бидшајд, пресуди дека платформите на „Мета“ претставуваат „јавна опасност“ и дека компанијата се вклучила во активност што „ги нарушува јавното здравје, безбедноста и добросостојбата“ во Ново Мексико. „Иако Мета не е единствена во овој поглед, ...

Државниот долг заклучно со 30 јуни 2026 година изнесува 9,432 милијарди евра или 51,7 проценти од БДП, што претставува намалување од 41 милион евра во споредба со претходниот месец, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, на денешната прес-конференција. Според Попов, покрај намалувањето на јавниот долг во вториот квартал од годинава, забележано е и намалување на државниот долг за 0,2 процентни поени од БДП на месечно ниво. „Ова ниво ...

Лет од солунскиот аеродром „Македонија“ кон Германија бил откажан синоќа откако во еден од моторите на авионот била пронајдена птица, пренесе локалниот информативен портал Теспост. Авионот, во кој требало да се качат околу 150 патници, бил планиран за почеток на летот вчера рано навечер. Меѓутоа, по подолг престој кај излезот за качување, патниците биле официјално известени дека летот се откажува поради утврдено присуство на птица во моторот ...

Брза и храбра реакција на двајца случајни минувачи денеска придонесе за успешно спасување на жена од Вардар кај Камениот мост во центарот на Скопје, објави порталот Скопје1. Жената, на возраст од околу 50 години, била пренесена во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде ѝ била укажана лекарска помош. На местото пристигнале две екипи на интервентната полиција, една екипа на „алфа“ и екипа на Итната медицинска помош. ...

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, ја потпиша одлуката за распишување на предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври 2026 година. Како што соопшти Гаши, одлуката е донесена во согласност со Уставот, Изборниот законик и важечките закони, а од Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија во Брвеница и сите надлежни институции очекува изборниот процес да биде ...

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, ги прифати сите услови на новиот договор, со кој се обврза на договор до 2032 година. Тековниот договор на Винисиус истекува следното лето, поради што медиумите шпекулираа дека би можел да го напушти Реал. Продолжувањето за дополнителни шест години ги отстрани сите дилеми во врска со неговиот престој во Мадрид. Арсенал беше заинтересиран – дури и да отстапи од своите финансиски и други принципи за ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре ќе ја оствари својата прва официјална посета на Белград, соопшти кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ. Деталите за посетата не се објавени, а Вучиќ, најавувајќи го доаѓањето на украинскиот шеф на државата, вчера им рече на новинарите дека имале „неколку теми“, вклучувајќи го и европскиот пат на Украина и на Србија. – Се соочуваме со истите проблеми по патот, па верувам дека ќе ...

Апелациониот суд во Скопје ја уважи жалбата на ОЈО Кавадарци и ја зголеми затворската казна за Илија Панов (44) од 16 на 20 години. Тој беше прогласен за виновен за убиството на неговата вонбрачна партнерка Сузана Серенакова (52), извршено во јануари 2025 година во Кавадарци. Панов и обвинителството се жалеа на првичната пресуда, но Апелација одлучи казната да биде повисока. Според обвинението, Серенакова била убиена во нејзиниот дом, а како ...

Од Министерството за здравство утрово информираа дека се известени од компанијата – носител на одобрението за ставање во промет на лекот „Фостер“, што се наоѓа на Позитивната листа на лекови, дека се направени промени во интерес на пациентите на кои им е потребен. – Почнувајќи од овој месец, осигурениците повторно ќе можат да го подигнат лекот од аптеките без доплата, односно само со плаќање на законски утврдената партиципација за услугата ...

Уставниот суд за првпат пријавил судија поради неизвршување на негова одлука, откако било утврдено дека судија од Основниот граѓански суд Скопје не постапил согласно одлука поврзана со предметот на новинарката Наташа Стојановска. Од Уставниот суд информираат дека на 24 јули 2026 година за случајот биле известени Јавното обвинителство и Судскиот совет. Станува збор за одлуката БЗСП.бр.8/2025, која се однесува на заштитата на слободите и ...

До 7:30 часот утрово на територијата на Македонија биле регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор. Од нив, еден пожар е активен, два се ставени под контрола, додека 20 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Активен останува пожарот кај Стојанова Населба во селото Грешница, Општина Македонски Брод, каде што огнот зафатил ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола се ставени пожарот на ...

Најмалку две лица беа убиени и 13 беа ранети при експлозија на минибус во предградие на Дамаск, пренесе сириската државна новинска агенција Сана. Претставници на Министерството за здравство изјавија дека внимателно го следат развојот на ситуацијата и оти блиските болници и службите за итна медицинска помош се во зголемена подготвеност. Претставник на службите за безбедност за државната телевизија „Ехбарија“ изјави дека според првичните ...

На 06.08.2026 во 17:35 часот во с.Стрезовце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишија од слобода К.И.(77) од Куманово поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик. При претрес во негови простории во с.Стрезовце, извршен со судска ...

Скопјанец управувал возило со 3,29 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајна незгода, соопшти полицијата. На 06.08.2026 во 17:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.А.Л.(34) од Скопје. Претходно, во 15:10 часот на улицата Пролет во Скопје, со патничко возило „матиз“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „хонда“ со скопски ...

Православните христијани денеска, 7-ми август, го празнуваат успението на Света Ана, мајката на Пресвета Богородица Марија. Света Ана била ќерка на свештеникот Метан. Мајка на Пресвета Богородица. Денес се празнува нејзиното успение, но нејзиниот главен празник е на 9 септември, под кој датум се напишани и службата и житието. Ана беше од коленото Левиево, ќерка на Матан свештеникот. По долг и богоугоден живот се упокои во длабока старост.Со ...

Фудбалерите на Шкендија синоќа го загубија првиот натпревар со 2:1 од шкотски Хибернијан на негов терен од третото квалификациско коло од Конференциската лига. Хибернијан поведе со погодокот на Елдинг во 73 минута, но радоста на домаќините траеше кратко. Марко Ѓорѓиевски кој летово го засили тетовскиот тим, само три минути откако влезе во игра постигна гол за 1:1. До 90 минута беше 1:1, кога Хибернијан изведе корнер по кој топката најпрво ...

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти војната со Иран наскоро ќе заврши и призна дека американската војска има ограничени залихи од некои видови оружје. „Мислам дека наскоро ќе заврши. Не мислам дека можат да издржат уште долго“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба, осврнувајќи се на Иран. Неговата изјава доаѓа по пет месеци војна во текот на кои американската војска потроши голем дел од своите ...

Пукање во елитно училиште во Тајланд, најмалку 7 мртви, 15 повредени, напаѓачот 14-годишен ученик е пронајден мртов. Најмалку седум лица се убиени во пукотница во училиште на периферијата на тајландскиот главен град Бангкок, објави Би-Би-Си. Полицијата им соопшти на локалните медиуми дека меѓу жртвите е и вооружениот напаѓач. – Најмалку 15 лица се повредени, од кои две се во критична состојба – соопшти полицијата. Се сомнева дека во нападот ...

Западнонилската треска може значително да се спречи доколку граѓаните доследно ги применуваат мерките за заштита од комарци, предупредува епидемиологот д-р Драган Даниловски. Тој апелира да не се остава застоена вода околу домовите, бидејќи токму таму најлесно се размножува тигрестиот комарец. Во интервју за ТВ Телма, Даниловски посочи дека најголем ризик од тешка форма на болеста имаат постарите лица, хронично болните и луѓето со ослабен ...

Западнонилската треска се пренесува преку убод од заразен комарец, но вирусот не се шири директно од човек на човек. Најчесто заразата поминува без симптоми или со лесни тегоби, но кај дел од пациентите може да предизвика сериозни невролошки компликации. Особено внимателни треба да бидат лицата постари од 50 години. Комарецот се инфицира кога се храни со крв од заразена птица, а потоа вирусот може да го пренесе на човек со убод. ...

Австралија ќе издвои речиси 736 милиони австралиски долари, односно околу 475 милиони американски долари, за набавка на ракети воздух-воздух од новата генерација АИМ-260 (AIM-260 JATM). Со оваа набавка, земјата ќе стане првата држава надвор од САД што ќе располага со ова оружје. Набавката ја објави австралискиот министер за одбрана Ричард Марлес за време на меѓународната воздухопловна воена вежба „Пич блек“ во Дарвин. „Ова е уште еден важен ...

Полицијата денеска го уапси 19-годишниот Н.Н. од Скопје, кој се бараше откако вчера вечер со „фиат пунто“ удрил 48-годишна жена на крстосницата меѓу улиците „Борис Сарафов“ и „Крсто Раковски“, а потоа го напуштил местото на несреќата. Жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. По насоки на јавен обвинител, осомничениот е задржан во полициска станица, а возилото е одземено. По целосното ...

Андреј Жерновски шири невистини и создава хистерија околу францускиот предлог и евроинтегративниот процес, иако неговите тврдења за наводни тајни преговори веќе се демантирани од надлежните институции, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Нема да го прифатиме францускиот предлог и нема да отстапиме од утврдените државни позиции. Македонија треба да стане членка на Европската Унија како рамноправен партнер, со целосно зачувани национални интереси, ...

Турција очекува преговорите меѓу САД и Иран да завршат со позитивен исход уште денеска и да овозможат брзо обновување на прекинот на огнот. Анкара истовремено се надева и на повторно отворање на Ормускиот теснец, изјави турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан. На заедничката прес-конференција со сирискиот министер за надворешни работи Асад ал Шибани, Фидан порача дека Турција ќе продолжи да ги поддржува разговорите меѓу Вашингтон ...

Граѓаните во Албанија отсега можат да ги коригираат или ажурираат своите адресни податоци електронски, без да посетуваат административни шалтери. Новата услуга е достапна преку државниот портал е-Албанија. Националниот адресен систем претставува единствен и стандардизиран регистар преку кој се овозможува прецизна идентификација на улиците, објектите и административните единици на територијата на целата земја. Менаџерката за информатичка ...

Цената на златото денеска достигна највисоко ниво во последните седум недели, поттикната од послабите од очекуваните податоци за вработеноста во приватниот сектор во САД, слабеењето на американскиот долар и очекувањата дека наскоро би можел да биде постигнат договор за повторно отворање на Ормуската Теснина. Спот-цената на златото во текот на денот достигна околу 4.300 долари за унца, пред да се стабилизира на околу 4.260 долари, ...

СДСМ обвини дека продолжува кампањата со навреди и говор на омраза насочена кон претседателот на партијата Венко Филипче и кон опозицијата. Повод за реакцијата е објава на министерот Иван Стоилковиќ на социјалните мрежи, преку која, според СДСМ, бил промовиран текст со навредливи квалификации за Филипче и за партијата. Од СДСМ тврдат дека ваквиот речник дополнително ги поттикнува омразата и нетрпеливоста во јавниот простор. Владејачката ...

Несовесно паркирање на возило со тетовски регистарски таблички предизвика нервоза меѓу туристи во Улцињ, Црна Гора. На социјалните мрежи беше објавено видео во кое се гледа автомобил „БМВ“ со тетовски ознаки, паркиран така што го блокирал излезот од паркинг за осум други возила. Жената која го снимила видеото апелирала доколку некој го познава возачот или случајно го види, да му пренесе да го помести автомобилот, за да се избегне повикување ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
86%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.275
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Рутениум

61086.42