Во емисијата „Став на регионот“ на телевизија Њузмакс Балканс гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој истакна дека Владата продолжува со економска политика насочена кон силни капитални инвестиции и поддршка на градежниот сектор со цел зголемување на бруто-домашниот производ. „Овие 260 милиони евра кои Република Македонија ќе ги повлече ќе бидат за финансирање на одредени капитални проекти коишто се финансираат од ...

Иранската државна телевизија објави детали од неофицијалниот меморандум Иран добил нацрт-првична и неофицијална рамка за меморандум за разбирање со САД, објави денес иранската државна телевизија. Според информациите, рамката предвидува Техеран во рок од еден месец да го врати комерцијалниот превоз низ Ормутски Теснец на нивото од пред почетокот на воените тензии. За возврат, САД би ги повлекле воените сили од близина на Иран и би ја укинале ...

Од Владата велат дека европската ориентација се покажува преку конкретни чекори Владата порача дека Македонија останува посветена на европскиот пат и оцени дека нема потреба од иницијативи што, како што наведуваат, би значеле дополнително трошење време и пари на граѓаните. Во соопштение од владината прес-служба се наведува дека европската ориентација на актуелната власт се потврдува преку конкретни активности и резултати. „Да не трошиме ...

Сиљановска-Давкова и Лафчиски ќе присуствуваат на презентацијата по вежбата „Блесок 26“ Претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, утре ќе присуствува на презентација на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата, која ќе се одржи на градскиот стадион во Штип. Настанот ќе почне во 12 часот, а претседателката ќе биде придружувана од началникот на Генералштабот на Армијата, ...

Сè поголем притисок за ограничување на пристапот за малолетници Водечки британски лекари предупредуваат дека социјалните мрежи можат сериозно да му наштетат на здравјето на децата и младите, споредувајќи ги нивните последици со пушењето и неносењето безбедносен појас во автомобил. Академијата на кралските колеџи на лекари, која обединува 23 медицински факултети од Велика Британија и Ирска, доставила извештај до владината консултација за ...

Разговарале за дигитализација, инвестиции и поддршка на општините Министерот за локална самоуправа Златко Перински и претседателот на Стопанската комора Бранко Азески одржале работна средба посветена на локалниот економски развој, инфраструктурните инвестиции и подобрувањето на условите за работа на компаниите во општините. На средбата било оценето дека функционалните и финансиски стабилни општини се важен предуслов за привлекување ...

Македонскиот јазик се изучува и во Кина, а според филологот, лингвист и синолог Игор Радев, интересот во Пекинг е поголем отколку што многумина би очекувале. Радев, кој гостуваше во студиото на Радио Лидер, откри изненадувачка информација дека има повеќе запишани студенти по македонски јазик во Пекинг отколку во Скопје. Тој, како човек кој студирал во Кина, зборуваше за животот таму, кинеската граматика, образовниот систем и за врските меѓу ...

Полицијата во Лајпциг имаше полни раце работа пред вечерашното финале во Конференциската лига, во кое Кристал Палас и Рајо Ваљекано ќе се сретнат од 21 часот. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат судири меѓу навивачите во близина на паб во германскиот град. Група луѓе облечени во црни маици трчале кон навивачи облечени во дресови на Кристал Палас, по што интервенирала полицијата. Германската полиција го блокирала просторот во ...

Тринаесетгодишник завршил во болница откако избувнал пожар во стан во центарот на Скопје. Детето добило изгореници и вдишало чад додека се обидувало само да го изгаси огнот. Случајот ги вознемирил соседите. Од МВР информираат дека пожарот бил пријавен околу 12.40 часот. Интервенирале пожарникари и Итната помош. Според неофицијални информации, детето било само во станот кога почнало да готви. Во еден момент се запалиле кујнска крпа или ...

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници дека крајниот рок за проверка и потврда на Годишната даночна пријава за 2025 година истекува на 31 мај. Со оглед дека станува збор за неработен ден (недела), рокот за потврдување на годишната даночна пријава е 01 јуни. Ова значи дека граѓаните кои оствариле приходи во 2025 година треба најдоцна до 01 јуни 2026 година да извршат увид во своите даночни пријави преку системот „е-Даночни ...

На 1 септември на градскиот плоштад во Скопје по повод 35 години независност ќе биде одржан концерт на кој ќе настапи еден од најголемите оперски пејачи на сите времиња, шпанскиот тенор Хозе Карерас, како и Македонија олл стар – Каролина Гочева, Влатко Стефановски, Калиопи, Наум Петрески, Сузана Спасовска и Игор и Ана Дурловски. Ова е втор настан во рамки на одбележувањето на 35 години независност по настапот на Давид Гета и Монолит шоу на 8 ...

Министерката за образование Весна Јаневска денеска потврди дека годинава свидетелствата за прво, второ и трето одделение ќе бидат електронски, но, со оглед дека прв пат се издаваат во ваква форма, паралелно ќе се доделат, како што изјави, и печатени. Според Јаневска, идната година ќе има електронски свидетелства и за четврто, петто и шесто одделение, а во 2028-ма процесот ќе биде заокриужен вклучително и со деветто одделение. Од оваа година ...

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во однос на најавите за укинување на роамингот на ЕУ со Западен Балкан, вели дека тоа не зависи од нас, туку од ЕУ, а оптимистичко сценарио тоа да се случи би можело да биде 1 јануари 2027 година. – Едно оптимистичко сценарио е дека до крајот на годината би ја имале оваа можност за нашите граѓани. Тоа сепак зависи од Европската Унија, рокот не зависи од нас, но би значело оптимистичко ...

Лидерот на СДСМ Венко Филипче повика власта да распише референдум за прашањето на уставните измени, со цел да се внесе бугарско малцинство во Уставот и да се деблокираат преговорите со Европската Унија. – Затоа што ова веќе не е политичко прашање. Ова е прашање на сите нас, за секој еден граѓанин, за нашите семејства. Едноставно, прашање за нашата иднина. Нема да дозволиме децата да се селат во Европа, во Америка, во Австралија. Не сакам ...

Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците кои од својата плата ги даваат за чланарина, обвини Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели додека во Македонија велел дека се мали платите и дека се борел за поголеми плати, дека граѓаните живееле во сиромаштија и мизерија, Трпе Деаноски во Црна Гора се луксузирал на трошок на неговите синдикалци. „Трпе Деаноски, ...

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје го објави Конкурсот за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Македонија и студенти за потребите за управување со кризи и заштита и спасување на прв циклус студии во учебната 2026/2027 година. Министерството за одбрана упатува повик до сите млади лица кои сакаат своето образование и работна кариера да ја продолжат како идни ...

Граѓаните со возачка дозвола од „Б“ категорија за автомобил, од денеска имаат право да управуваат мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“ со зафатнина на моторот од 125 м3 и чија сила на моторот не е поголема од 11 KW, откако стапија во сила измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Законските измени беа подготвени и поднесени од пратеничичката група на Движење ЗНАМ со поддршка на пратениците од ...

Граѓаните со возачка дозвола од „Б“ категорија за автомобил, од денеска имаат право да управуваат мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“ со зафатнина на моторот од 125 м3 и чија сила на моторот не е поголема од 11 KW, откако стапија во сила измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Законските измени беа подготвени и поднесени од пратеничичката група на Движење ЗНАМ со поддршка на пратениците од ...

Благодарение на моите родители можам да кажам дека од далечната 1998 година по до ден денешен еден голем период во текот на годината го поминувам во Охрид. Така низ годините поминати покрај Охридското езеро се изнаслушав еден куп приказни кои како нематеријално културно наследство се пренесувале од генерација на генерација Варошани, жителите на Варош во Охрид, оние кои живеат во стариод дел на Охрид, околу Самоиловата тврдина. Една од тие ...

Очигледно е дека единствениот кој безрезервно им верува на пораките на Румен Радев дека уставните измени се последната пречка на патот кон Европската Унија е токму специјалниот бугарски пратеник во Македонија, Венко Филипче, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. Премиерот на Бугарија, Румен Радев излегува во јавноста и вели дека македонските револуционери како Гоце Делчев и Јане Сандански се ...

Откако минатата година беше претставен дизајнерски концепт, проектот за оживување на „Југо“ влегува во нова фаза со откривање на првите технички детали и целната цена. Новите информации за враќањето на автомобилот, кој во Југославија се произведуваше од 1980 до 2008 година, пренесува германскиот Welt.de. Дополнителните фази на концептот и првите технички детали беа претставени на конференција во Белград. Според тие информации, првиот модел ...

Реновирањето на два дела од старатата зграда на Комерцијална Банка – Нов дел и Бисер – е комплетно завршено, а во моментов се одвиваат активности во т.н. Стар дел, за кои се очекува да бидат завршени во втората половина на јуни – рече директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски синоќа во интервју за 4ТВ. Минимум два пати неделно одржуваме состаноци со проектанти, ревиденти, изведувачи и ние како инвеститори. Секојдневно ...

На 26.05.2026 во 06:30 часот на наплатна станица Демир Капија на автопатот Гевгелија-Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода А.Г.(42) и Г.Г.(39), двајцата од Косово. Претходно, полициските службеници запреле возило „фолксваген траснспортер“ со косовски национални ознаки, управувано од А.Г. и возило „шкода октавија“ со косовски национални ознаки, управувано од Г.Г., при што во ...

Запленивме половина милион евра кеш, 25 илјади парчиња лекови и медицински инструменти, во тек е истрага за заплена на 80 килограми марихуана по информација на царинското разузнавање, а веќе неколку месеци во тек е и опсежна истрага за акцизна стока која досега било незамисливо некој воопшто да работи на ова. Стекнатата доверба на меѓународно ниво е клучна за добивање и размена на информации во нулта време. Една институција може многу да ...

Најстудено утрово било во Берово и на Попова Шапка, каде се измерени 9 степени, додека најтопло утро е забележано во Велес со 19 степени. Според податоците на УХМР, утринава се измерени 10 степени во Маврови Анови и Лазарополе, 11 во Крива Паланка, 12 во Битола, 13 во Тетово, Охрид, Претор и Крушево, 14 во Скопје-Петровец, 15 во Прилеп, Штип, Демир Капија и Струмица, 16 во Виница и Куманово, 17 во Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци и Гевгелија, ...

Собранието на акционери ја одобрило продажбата Култните скопски хотели „Бристол“ и „Јадран“, познат и како „Арапска куќа“, во центарот на Скопје ќе бидат ставени на продажба, објавува Фокус. „Македонијатурист“ преку Македонска берза објави дека Собранието на акционери ја одобрило продажбата на овие два хотела. Покрај нив, на продажба ќе бидат ставени и становите што ги поседува акционерското друштво на улицата „Максим Горки“, како и деловниот ...

Директорот на СОЗР, Ивица Томовски во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на „4ТВ“ откри дека Владата подготвува масовна и досега невидена централна прослава за Денот на независноста – 8-ми Септември. Тој посочи дека покрај светската диџеј ѕвезда Дејвид Гета (David Guetta), на сцените ширум државата ќе продефилираат преку 120 домашни изведувачи. На прашањето кој ќе го плати Дејвид Гета и колку ќе чини неговиот ангажман, директорот на ...

Почитувани граѓани од исламска вероисповед, по повод големиот празник Курбан Бајрам упатувам искрени честитки до вас и вашите семејства, со желби за добро здравје, мир, спокој и благосостојба во секој дом, пишува во својата честитка на Фејсбук премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски. Курбан Бајрам нѐ потсетува на вредностите на солидарноста, човечноста, меѓусебната почит и грижата за ближните. Во духот на празникот, да ...

Неколку лица загинаа, а повеќе се тешко повредени во пожар што избувна во фабрика во Лонгвју, во близина на границата меѓу сојузните држави Вашингтон и Орегон на северозападот од САД, соопштија локалните власти. Противпожарната служба на Лонгвју, во заедничко соопштение со компанијата Nippon Dynawave Packaging и локалните власти, потврди дека во инцидентот има смртни случаи и дека повеќе лица се тешко повредени. Точниот број на жртви засега ...

Македонски традиционални вкусови, домашни специјалитети и внимателно избрани вина биле дел од заедничкиот ручек на премиерите Христијан Мицкоски и Андреј Пленковиќ. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во текот на вчерашната посета имал можност да вкуси дел од препознатливата македонска кујна, а на менито доминирале исклучиво автентични домашни јадења и традиционални вкусови. На трпезата биле послужени кебапи, ајвар, питулици, тавче гравче, ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.59
55%
1018
weather icon

Белград

24ᴼ / 21ᴼ
0.75
67%
1016
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.06
82%
1018
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
77%
1019
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
0.04
71%
1016
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 19ᴼ
0.76
90%
1019
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
0.45
45%
1011
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.73
45%
1016
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.92
40%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
0.89
70%
1016
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 26ᴼ
2.24
44%
1018
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
3.43
100%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.9872

Currency

71.521

Currency

37.0916

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Калај

50.54

Паладиум

38355.84

Иридиум

233896.68

Сребро

1862.96

Рутениум

49029.89

Алуминиум

3.11

Платина

50476.67

Бакар

12.22

Кобалт

56.29

Злато

129060.56

Цинк

0.00

Родиум

249168.29